Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Уметничкиот директор на Операта Христо Саракинов е избран за претседател на Советот на Општина Карпош. Тој на локалните избори беше носител на листата за советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Саракинов лани беше назначен за уметнички директор на Операта, откако Оливер Арсовски стана генерален директор на Националната опера и балет (НОБ). Оваа институција има и уметнички директор на Балетот, примабалерината Марија Кичевска-Шокаровска. Саракинов од ...
Амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер на гимназијата „Јосип Броз-Тито“ од Битола ѝ го врачи брендот „LabelFranceEducation“, што го доделува француското Министерство за Европа и надворешни работи како признание за извонредност на двојазичните (билингвални) франкофонски паралелки во странство. Призанието гимназијата го доби на 20-годишниот јубилеј од почнувањето со работа на билингвалните паралелки на француско-македонски наставен јазик. ...
Српската влада лани во тајност основала заедничко вложување со компанијата за развој на недвижности на зетот на Доналд Трамп, Џеред Кушнер, за изградба на хотелско-станбен комплекс во Белград, при што Србија има рок до мај да ги сруши постојните згради на местото на денешниот генералштаб. Според протечените документи за инвестицискиот договор што ги објави независниот медиум „Радар“, фирмата на Кушнер „Атлантик инкјубејшн партнерс“ ќе има 77,5% ...
Русија изведе голем напад врз Киев со дронови и проектили, што предизвика пожари во речиси сите градски окрузи, изјави градоначалникот Витали Кличко. Повредени се најмалку 11 луѓе, од кои еден е во сериозна состојба, додаде тој. Официјални лица кажаа дека остатоци од дронови и пожари оштетија станбени висококатници, училиште, медицинска установи и административни згради. Кличко кажа дека е оштетен и градскиот систем на греење, додавајќи дека би ...
По неколку месеци дискусии, германската влада одлучи да не воведува повторно задолжителна воена обврска. Место тоа, сите 18-годишници ќе мора да пополнат прашалник, а младите мажи наскоро ќе одат на задолжителни физички прегледи. Иако на германските вооружени сили им недостигаат десетици илјади војници, нема да има враќање на задолжителниот воен рок, според владејачките партии. Новата воена служба ќе се базира на доброволна служба, стои во ...
Новата членка на Конгресот, демократката Аделита Гриџалва, ја потпиша петицијата чија цел е да се изнуди гласање за тоа дали да му се наложи на министерството за правда да ги објави досиејата на сексуалниот престапник и педофил Џефри Епстајн. Таа стана 218. потписник на петицијата, со што беше достигнат потребниот праг за да се продолжи со процедурата. Меѓу потписниците се и четворица републикански конгресмени, вклучувајќи го Томас Мејси, кој е ...
Изборната комисија на Општина Брвеница денеска му го предаде Уверението за избор на градоначалник на Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ. На Илиевски ова му е втор мандат како градоначалник на Општината. „Продолжуваме со работа со заеднички сили без поделби, без предрасуди и со исто темпо како во првиот така и во вториот мандат. Започнатите проекти во првиот мандат мислам дека сите ќе ги завршиме во вториот за да докажеме дека Општина Брвеница е ...
Реконструкцијата на Плоштадот Крушевска Република во Охрид започнува утре, а до крајот на овој месец ќе се распише и нов тендер за избор на изведувач за изградба на катната гаража. На денешната трета седница на Советот на Општина Охрид, општинскиот секретар Александар Китески рече дека за проектот за изградба на катна гаража на претходната тендерска постапка биле пријавени двајца изведувачи кои не ги исполнувале условите и таа треба да биде ...
Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, денеска обвини дека државата доживува „драматичен економски пад“ откако Христијан Мицкоски е на власт, посочувајќи на, како што рече, „колапс на странските инвестиции“. „Откако премиерот заврши со сликање со нашите инвестиции и китење со туѓи перја, дојде реалноста за неговата неспособност. Имаме трипати помалку донесени странски инвестиции“, рече Филипче на прес-конференција. Тој направи ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија е на истата позиција во однос на евроинтеграциите како пред 25 години, и покрај промената на името. „Пред 8 години кога менувавме имиња и презимиња ни велеа дека сме ‘фронт ранери’. И кога ќе смениме име и презиме за 3-4 години сме во Европската Унија, тие 3-4 години изминаа пред 3-4 години. Кај сме ние денес? Онаму кај што бевме пред 25 години“, рече Мицкоски при увид на изградбата на спортска ...
Поранешниот градоначалник на Сарај Блерим Беџети, сегашен пратеник од ДУИ, по обемна истрага од Финансовата полиција денеска доби кривична пријава за проневера на 108 милиони денари или 1,7 милиони евра. Сомневањата се дека групата на чело со тогашниот градоначалник Беџети (поранешен министер за правда) измислила урбанизација на неурбанизирана парцела во ДУП, изработила лажна дозвола за градба, измислиле надомест за уредување градежно земјиште, ...
Германските медиуми објавија дека во Хамбург е пронајдена дива форма на вирусот на детска парализа во примерок од канализација, велејќи дека е формирана работна група и ќе бидат земени повеќе примероци. Институтот за јавно здравје „Роберт Кох“ (РКИ) претходно објави дека тестот за отпадни води на неодредена локација во Германија бил позитивен на вирусот на детска парализа. Ова откритие следува повеќе од 30 години откако во Германија биле ...
Затворска казна од четири години доби мајката која лани на 12 јули го остави шестмесечното бебе во центарот на Велес и побегна. Ова е пресуда на Основниот суд Велес, откако С. К. (22) е прогласена за виновна, осудена за кривично дело Запуштање и малтретирање на дете, а пресудата е правосилна. Според обвинението, таа со грубо запоставување на својата должност за родителска грижа и воспитување, го запуштила новороденото дете и во услови на ...
Еден од главните осудени за тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 патници, Ремзи Мифтари, кој покрај газдата на компанијата „Дурмо турс“ Дурмиш Белули, доби исто така казна 10 години затвор, не дојде во затворот „Идризово“. „’КПУ ‘Идризово’ во петокот на 7.11.2025 година испрати известување до судијата за извршување на санкциите во Основниот суд Гостивар дека правосилно осудениот Ремзи Мифтари не се јави за одлежување на ...
Град Скопје го распиша тендерот за изградба на првата фаза на булевар Македонија, односно пристапите за влез и излез од подземната сообраќајница под станбено-трговскиот комплекс „Лимак“ во центарот на градот. Според тендерската документација објавена на Бирото за јавни набавки, ќе се гради потегот од крстосницата кај „Тутунски комбинат“ до влезот на подземната улица, а рокот за доставување понуди е до 15 декември. „По завршувањето на правната ...
Володимир Зеленски отпушти двајца министри кои се обвинети дека се вмешани во големиот корупциски скандал во енергетскиот сектор на земјата од 100 милиони долари. Тој кажа дека министерот за правда Герман Галушченко, кој вчера беше суспендиран од премиерката Јулија Свириденко и министерката за енергетика Свитлана Гринчук веќе не можат да останат на своите функции. Зеленски исто така побара санкции за неговиот пријател и поранешен деловен партнер ...
Доналд Трамп го потпиша законот за финансирање на владата, со што заврши нејзината блокада, најдолга во историјата на земјата. Тој го потпиша краткотрајниот закон неколку часа откако беше изгласан во Претставничкиот дом со 222-209 во гласови и два дена по неговото усвојување во Сенатот. Трамп кажа дека владата ќе продолжи со нормалното работење откако „луѓето беа тешко погодени“ од 43-дневната блокада. Многу владини служби беа затворени од ...
Демократите во Претставничкиот дом објавија е-пошта за која велат дека отвора нови прашања за односот на Доналд Трамп со сексуалниот престапник и педофил Џефри Епстајн и колку тој знаел за злоупотребата на малолетни девојчиња, што Белата куќа го оцени како лажен наратив. Демократите објавија мејлови што Епстајн ги разменил со неговата соработничка Гилејн Максвел и авторот Мајкл Волф. Во еден мејл до Волф од 2019, Епстајн напишал дека Трамп ...
Територијалната противпожарна единица во Куманово доби противпожарно возило со хидраулична корпа, донација од противпожарната служба на покраината Тирол во Австрија. Ова е прво вакво возило во градот и во регионот. „Ова возило ни е повеќе од потребно бидејќи имаме висококатници во Куманово. Првичната намена му е за спасување од височина, бидејќи има 32 метри скала и хидраулична корпа, меѓутоа се користи и за гаснење на пожари на повисоките ...
Исчистен е долниот тек на Отовичка Река, една од мерките за ревитализација на Езерото Младост. Една седмица механизација го чистеше просторот од трска, шавар, кал, отпад, сè што гравитира кон Отовичкиот Залив. „Како една од активностите за спас на Езерото Младост, деновиве се исчисти дел од коритото на Отовичка Река. Следи чистење на крајбрежјето“, соопшти локалната власт на Општина Велес. Бидејќи на неодамнешниот јавен повик за чистење на ...
„’Варвари’ од Максим Горки е моја последна претстава во Македонскиот народен театар (МНТ). Тоа е запишано кај мене. Имав обврска да ја направам оваа претстава“, рече режисерот Владимир Милчин на денешната прес-конференција пред утрешната премиера на претставата во 20 часот. Делото „Варвари“ за првпат се поставува на театарска сцена во Македонија. Напишана во 1906, драмата на Горки се занимава со длабоки социјални и морални конфликти на почетокот ...
Средношколците од Тетово Емили Андрееска и Давид Апостолоски влегоа во потесниот избор за награда од еден милион денари. Тие со својата платформа „Услуги.мк“ се одбрани меѓу 20-те финалисти од вкупно пријавените 438 учесници на натпреварот „Средношколец милионер“. „Замислете, ви се расипа машината за перење и не знаете кого да повикате да ви ја поправи или ви треба некој да ви направи веб-страница. А, што ако постои едно место каде што можете да ...
Десетици кутнати стебла и исечени над 1.500 кубици дабови дрвја затекнавме во манастирската шума над Љубојно во Преспа, која жителите ја бранат со жив штит од натамошна гола сеча веќе 3 месеци. Некогашната густа шума денес е претворена во пуст дол. Оддалечен е на 400 метри воздушна линија од првите куќи во Љубојно, па постои реална опасност од ерозија на земјиштето и појава на одрони и поплави во селото. Сечата запре откако почнаа протестите, но ...
Родителите за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на 15 ноември ќе протестираат во Скопје. Протесниот „Марш на ангелите“ ќе почне во 12.05 часот на Плоштадот Македонија, од каде што продолжи пред Собранието и пред Кривичниот суд. Родителите на загинатите деца во видеопорака побараа граѓаните да им се придружат на маршот и да ги поддржат во нивното барање правда за смртта на нивните деца. „Нашите деца умреа на 16 март. Не ...
Украинската премиерка Јулија Свириденко го суспендираше министерот за правда Герман Галушченко среде обемната истрага за корупција во енергетскиот сектор на земјата. Ова следува откако антикорупциските агенции ја засилија истрагата за голема шема за подмитување и перење пари од 100 милиони долари, во која се вмешани високи функционери од енергетскиот сектор. Украинските власти досега обвинија седум лица за овој случај. Галушченко, кој порано ...
Дел од новоотворен мост во југозападната кинеска провинција Сичуан се урна заедно со национален автопат што ја поврзува земјата со Тибет, објавија локалните власти, додавајќи дека нема извештаи за жртви. Полицијата го затвори 758 метри долгиот мост за сообраќај во понеделникот попладне откако се појавиле пукнатини на структурата и на околните падини и биле забележани поместувања на теренот на една планина. Вчера попладне, условите на планинската ...
Густа магла им помага на руските сили да навлезат подлабоко во источниот украински град Покровск, што се обидуваат да го освојат повеќе од една година. Украинската војска кажа дека временските услови, особено густата магла, ги поттикнале руските сили да ги засилат своите напори за внесување на сè поголем број војници во разурнатиот град, каде што се обидуваат да ги опколат украинските сили во изминатите денови. Видео објавено на социјалните ...
Американската морнарица објави дека најголемиот воен брод на светот „Џералд Форд“ пристигнал на Карибите, што следува по зачестените американски напади врз бродови кои наводно превезуваат дрога и засилените тензии со Венецуела. САД досега извеле 19 напади врз бродови во Карибите и источниот Пацифик, при што биле убиени најмалку 76 луѓе. Венецуелските власти го обвинија Вашингтон дека измислува криза и сака да го собори левичарскиот претседател ...
Судот во Минхен пресуди дека „ОпенАИ“ ги прекршил авторските права за девет популарни германски песни по тужба поднесена од групата за музички права ГЕМА. Беше утврдено дека американската технолошка компанија без дозвола користела текстови на песни заштитени со авторски права за да го тренира својот четбот ЧетГПТ. Тужбата на ГЕМА против компанијата се фокусираше на незаконската употреба на девет познати германски песни. ЧетГПТ репродуцирал ...
Обвинителите во Милано отворија истрага за Италијанци кои наводно им плаќале на припадници на војската на босанските Срби за да можат да убиваат граѓани за време на четиригодишната опсада на Сараево во 1990-тите. Повеќе од 10.000 луѓе беа убиени во Сараево од гранати и снајперски оган меѓу 1992 и 1996 година. Снајперистите беа можеби најстрашниот елемент од животот под опсада во Сараево бидејќи тие убиваа луѓе на улиците по случаен избор, ...