Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
„Кралот на ѓубрето“ на Георги М. Унковски доби 30 милиони денари (485.000 евра) од Агенцијата за филм на Конкурсот за финансирање на проекти во прв рок за 2026. Ова е музички филм на авторот Унковски, кој дебитираше со наградуваниот „Диџеј Ахмед“, и е во продукција на „Синема Футура“ и копродукција со Бугарија, Чешка и Хрватска. Поддршка добија и „Никој не го сака Садик“ на Ибрахим Деари со 19 милиони денари (307.000 евра) и „Татко“ на Јани ...
Девојка со пречки во развојот која што завршила средно специјализирано училиште, била одбиена да аплицира за мерката Практикантство, финансирана од државата. Таа поднела претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), која откако го истражила случајот, утврдила директна дискриминација во работата и работните односи, врз основ на припадност на маргинализирана група, образование и попреченост сторена од Министерството ...
Руски дрон удри во високoкатна станбена зграда во романскиот град Галаци, во близина на границата со Украина, соопштија властите. Ударот предизвика пожар на 10-тиот кат, а две лица се полесно повредени и им беше укажана медицинска помош на местото на настанот, соопшти романското Министерство за внатрешни работи во објава на Фејсбук. Романија е членка и на Европската Унија и на НАТО. Министерството за одбрана во Букурешт соопшти дека Русија ...
На 6 јуни почнува полагањето на екстерните испити од матурата за повеќе од 14.500 ученици кои завршуваат средно образование во учебната 2025/2026 година. Ќе се почне во 9 часот со полагање на изборниот екстерен предмет. Согласно измените на Законот за средното образование, годинава матурантите ќе полагаат три типа матурски испит: државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. Од вкупно пријавени 14.587 ученици за полагање ...
Уште не се поминати административните процедури во Владата за Предлог-законот за заштита од пушење да стигне во Собрание, кажа денеска министерот за здравство Азир Алиу. Првично беше најавено дека законот ќе почне да се применува од 1 март, но беше одложен поради реакции и забелешки од угостителите и тутунската индустрија. Алиу неколкупати досега најави дека ќе биде ставен на владина седница. „Предлог-законот ги помина буквално сите филтри и ...
Kога и да побара детето храна на училиште, нездравата опција е секогаш тука, а здравата честопати ја нема, покажа новата Национална проценка на нутритивните средини во училиштата во Македонија. Според наодите, нездравите опции на храна и пијалаци се широко достапни и се промовираат во и околу училиштата, додека здравите опции се ограничени, обликувајќи ги навиките во исхраната кај децата и отежнувајќи им го изборот на здрава храна. ...
САД и Иран постигнаа договор за продолжување на прекинот на огнот и укинување на ограничувањата за превоз низ Ормускиот Tеснец, иако американскиот претседател Доналд Трамп сè уште не го одобрил, а иранските државни медиуми соопштија дека договорот сè уште не е финализиран. Не е јасно колку време ќе му треба на претседателот за да донесе одлука. Според американскиот портал Аксиос, условите на договорот главно биле усогласени до 26 мај, но ...
Русија и Авганистан потпишаа договор за воена соработка, една година откако Кремљ ги отстрани талибанците од листата на терористички групи. Иако деталите остануваат нејасни, авганистанскиот министер за одбрана Мохамед Јакуб рече дека договорот означува проширување на билатералните односи помеѓу двете земји. „Интеракцијата со Русија е важна за нас. Авганистан и Русија имаат долгогодишни и историски односи и сакаме да продолжиме во оваа ...
Европската Унија изрече казна од 200 милиони евра за кинескиот онлајн трговец „Тему“ за продажба на нелегални производи, како што се опасни играчки за бебиња и неисправни полначи. Европската комисија соопшти дека компанијата не успеала внимателно да ги идентификува, анализира и процени системските ризици од производите и штетата што тие би можеле да им ја предизвикаат на потрошувачите. „Тему“ е под истрага од октомври 2024 за тоа дали ги ...
Функционери од американското министерство за финансии вршат притисок за креирање нова банкнота од 250 долари со ликот на Доналд Трамп, во рамките на одбележувањето на 250 години независност на САД. Весникот „Вашингтон пост“ ја доби скицата на предложената банкнота, во чиј центар се наоѓа портрет на претседателот Доналд Трамп, заедно со зборовите „250 Америка“. Сличен дизајн сподели и конгресменот на Републиканската партија од Кентаки, Енди ...
Во 2025 имало најмногу болнички лекувања во две подрачја: очните болести и болестите на мускулно-скелетниот систем, а имаме пад на хоспитализација од 3% за циркулаторни и кардиоваскуларни болести, рече денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски, презентирајќи извештај за болничкото лекување во 2925 година со споредба со претходните две години. Во 2025 во 62 здравствени установи во Македонија се остварени ...
Од 1 октомври студентите ќе бидат сместени во реконструираните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје, а до септември најдоцна се очекува да почне реконструкција и реновирање на сите други студентски домови во Македонија, најави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. „Условите ќе бидат модерни, по високи европски стандарди за сместување, но и за енергетска ефикасност. Сигурна сум дека ...
Судијката Билјана Коцевска од Одделот за гонење организиран криминал го отвори судскиот процес против апелациониот судија Ѓоко Ристов, кому истражителите му најдоа 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом во Неготино. Во воведниот говор обвинителката Искра Хаџи Василева рече дека Ристов свесно презел дејствија спротивно на одговорноста на која го повикува судската тога. Додека бил апелационен судија, тој дал погрешни податоци за имотната ...
„Скопско“ започна со нова наградна игра пред стартот на летната сезона. Со секое купено „скопско“ или „скопско смут“ во стаклена амбалажа се добива шанса да се освои една од многубројните награди за опуштање, забава и авантура. Главната награда е џип за кампување со монтажен шатор, подготвен за нови патувања, викенд бегства и незаборавни летни авантури. „Скопско“ доделува и други награди создадени за добра атмосфера и вистинско уживање, како ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека е посветен на етничкото чистење на Газа преку миграција на Палестинците во голем обем, како дел од долгорочните планови на Израел за територијата. Кац рече дека владата ќе спроведе план за голем број Палестинци да ја напуштат Газа во вистинско време и на вистински начин. Ова би било прекршување на планот за прекин на огнот на Доналд Трамп, кој Израел го потпиша минатата година. Во втората ...
Во Кривичниот суд Скопје денеска продолжи судскиот процес против 13-темина полицајци, третата обвинета група службени лица, од кои 9 поминале во кочанското диво диско „Пулс“ само десет минути пред да се случи катастрофалниот пожар со 63 жртви и над 230 повредени, и не ја спречиле трагедијата со пиротехниката внесена и запалена без одобрение на полицијата. Откако на минатото рочиште сите 13 полицајци се изјаснија дека не се виновни, денеска ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) објави Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи и бара отсега да се внимава на облеката кога ќе се доаѓа за сликање или за подигање лични документи. На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК како треба да се облечени странките, но и вработените, во МВР ни одговорија во детали, назначувајќи дека сè што важи за граѓаните, странките, истото е и за вработените. „За ...
Режисерката Марија Апчевска-Петровска во скопско Пржино почна да го снима долгометражното деби „Пролетно чистење“. Филмот е по нејзино и сценарио на Ереник Бекири од Албанија, а играат дебитантките Јулиа Марковска-Фалзон и Зоја Николова, како и Стефан Вујисиќ и Ана Костовска од Македонија, и Ника Розман од Словенија. Апчевска-Петровска е авторка на краткиот „Северен пол“, кој во 2021 беше првиот македонски филм во конкуренција за Златна палма ...
Блага Петреска ја доби наградата за животно дело на Фолк фест Валандово, кој по 39. пат се одржа во Домот на културата „Јанко Узунов“. Кога ја прими наградата, фолк ѕвездата кажа дека фестивалот ѝ помогнал во најтешките моменти, кога починал нејзиниот сопруг. „Еден од првите настапи на фестивалот ми помогна во најтешките моменти од животот. Настапот беше мојата шанса и ми помогна во тагата, а подоцна беше и моја радост. Ви благодарам што ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен за политичките последици од продолжениот конфликт со Иран и дека иранските лидери погрешно пресметале ако мислеле дека ноемвриските меѓуизбори во САД ќе го принудат на договор. „Мислеа дека ќе ме надмудрат. Знаете, ‘Ќе чекаме, тој има избори’. Не ми е гајле за меѓуизборите“, кажа Трамп. Тој првично кажа дека војната со Иран ќе трае четири до шест недели, но таа сега се ближи кон ...
Норвешка ќе започне разговори со Франција за приклучување кон нејзиниот нуклеарен чадор, изјавија францускиот претседател Емануел Макрон и норвешкиот премиер Јонас Гар Стере, одразувајќи ја растечката загриженост на Европа за потпирање врз САД за безбедност. Макрон и Стере го објавија планот на состанок во Париз, каде што потпишаа поширок договор за одбрана, кој вклучува приклучување на Норвешка кон иницијативата за нуклеарно оружје ...
Американската војска го нападна Иран вторпат за три дена, а мета повторно беше стратешкиот пристаништен град Бандар Абас. Централната команда на војската соопшти дека нејзините сили собориле четири ирански дрона кои претставувале закана за околината на Ормускиот Теснец. „Локацијата во Бандар Абас беше погодена додека требаше да се лансира петтиот дрон. Нашите дејствија беа одмерени, целосно одбранбени и немаа намера да го нарушат прекинот на ...
Највисокиот суд во Италија пресуди дека хотел со пет ѕвездички во Доломитите постапил законски кога одбил да ѝ обезбеди вода од чешма на туристка. Жената од Рим безуспешно тврдеше дека „водата е природен ресурс и универзално човеково право“ откако келнер ѝ понудил минерална вода во шише од седум евра во ресторанот на хотелот „Сасонгер“ во Корвара за време на скијачката сезона во 2019. Врховниот суд на Италија го отфрли нејзиното барање за ...
Владата и „Авалон“ ја објавија втората светска музичка ѕвезда која ќе настапи на прославите по повод 35 години независност на Македонија, но колку ќе се плати за Дејвид Гета и Хозе Карерас од државниот буџет, ќе биде кажано дури по објавувањето на сите настани. Според владината портпаролка Марија Митева, Владата не крие ништо во однос на организацијата, но поради некои договорни клаузули, во моментот не можат да ги објават сумите. „Како влада ...
Одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп нема пари во својот официјален фонд за реконструкција на Газа, и покрај тоа што земјите-членки ветија милијарди долари, изјави еден извор за новинската агенција АФП. Трамп го осмисли одборот заради координирање на обновата на Газа, откако Израел и Хамас се согласија на прекин на огнот во октомври. Тој потоа испрати покани за членство до десетици држави, вклучително и до рускиот ...
Тринаесетгодишно момче е повредено во пожарот кој настана денеска во стан во зграда на улицата Христо Смирненски број 14, во скопската Општина Центар. Од МВР велат дека денеска во 12:38 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан во зграда на улицата Христо Смирненски во Скопје настанал пожар. „Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а од пожарот со повреди се здобил 13-годишник, кој бил во станот, а со возило на ...
Командантот на украинските сили за беспилотни системи, Роберт Бровди-Маѓар, изјави дека веќе идентификувале 500 потенцијални мети во Белорусија, предупредувајќи го Александар Лукашенко против подлабокото вклучување на Минск во војната на Русија против Украина. „Првите 500 цели се веќе идентификувани. Бесплатен и многу практичен совет: не се закачајте со Украина“, напиша Бровди на Фејсбук. Тој истакна дека девет од 13-те руски рафинерии за ...
Граѓаните ја оцениле работата на Собранието со просечна оценка 2.7, на скалата од 1 до 5. Тоа е умерено ниско задоволство, оценува Институтот за демократија „Социетас цивилис“, во објавеното истражување за перцепцијата на граѓаните врз Собранието, што вчера беше претставено во Парламентот. Но, перцепцијата кај граѓаните е дека Владата има поголемо влијание врз Собранието отколку што Собранието има ефективна контрола врз извршната власт. ...
Лидерот на СДСМ Венко Филипче, по вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски пред хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Охрид дека земјава останува надвор од ЕУ и оти сме спремни да ја платиме цената за тоа, денеска на прес-конференција реагираше дека на Мицкоски и на вмровските функционери им е убаво, а на граѓаните ќе ја платат цената, и оти нема ни морално ни политичко право да носи сам такви одлуки. „Вчера го слушнавме Христијан ...
Во Македонија има околу 2.500 дијагностицирани пациенти со мултипла склероза (МС). Трендот на откривање на нови пациенти со МС има нагорна линија, што се потврдува со регистрираните 115 новодијагностицирани пациенти во текот на 2025, кажа денеска в. д. директорот на Клиниката за неврологија асс. д-р Јован Божиновски, на одбележувањето на Светскиот ден на мултипла склероза. Д-р Божиновски кажа дека Клиниката е во интензивен процес и напори за ...