Славниот шпански тенор Хосе Карерас и некои од најпознатите македонски музичари ќе настапат на плоштадот Македонија во Скопје на 1 септември во рамките на одбележувањето на 35 години независност на Македонија. Како и настапот на Дејвид Гета на стадионот „Тоше Проески“ на 8 септември, и настанот насловен „Хосе Карерас и македонскиот ол-старс“ ќе биде отворен за јавност. „Сфативме дека е ова идеален проект за концептот каков што е замислен: ...

Во тек е втората и завршна фаза од реновирањето на просторот за Националниот џез оркестар (НЏО), кој се наоѓа под објектот на Националната опера и балет (НОБ), кажаа денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков и директорот Гоце Стевковски. Станува збор за современ и функционален простор од околу 500 квадратни метри, каде ќе има голема сала за вежбање на Оркестарот која ќе биде поврзана со тонско студио, гардероби, канцеларии и други ...

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас и официјално ја лансираше својата нова политичка партија Грчка левичарска алијанса или ЕЛАС, претставувајќи ја како „возило кон нова Грција“, додека остро ги нападна конзервативната влада и традиционалниот централно-левичарски естаблишмент во земјата. Зборувајќи на настан во центарот на Атина, Ципрас рече дека новото движење ќе биде повеќе од партија и ќе претставува широка политичка традиција. „Повеќе ...

Белата куќа почна да гради кафез за ултимејт фајт (УФЦ) на својот јужен тревник, во пресрет на одбележувањето на 250 години независност на САД следниот месец. Работниците склопуваат лакови од куполата и простор за сцена, кои ќе формираат прстен во форма на осумаголник, опкружен со ограда од жичана мрежа и илјадници привремени седишта. Доналд Трамп претходно кажа дека тоа ќе биде најголемиот настан во историјата на УФЦ, со арена сместена пред ...

Преку десетдневна програма, 17 професори и студенти од областа на антропологијата, политичките науки, правото и историјата од Грција и Мкедонија истражуваа како културата, животната средина и пограничните простори можат да создадат нови мостови на соработка и разбирање. Десетдневна истражувачка програма содржеше теренска работа во Солун, Скопје, Битола и Преспа. Активностите беа дел од проектот „Од граници до мостови: истражување на животната ...

Споменикот на Мајка Тереза, кој е дивоградба и го блокира влезот на главниот државен Плоштад Македонија во Скопје, ниту се урива ни се доградува. Десет години стои во најстрогиот центар на Скопје и го попречува движењето, а бидејќи со години нема никави градежни активности сега е обраснат со треви и грмушки, околу се собира ѓубре, а тарабите со кои е заграден се ‘рѓосани. САКАМДАКАЖАМ.МК прати прашања во Министерството за култура и туризам ...

Израел објави дека го убил новиот заповедник на вооруженото крило на Хамас, Мохамед Одех, во напад во Газа, неколку дена откако неговиот претходник загина во сличен напад. Најмалку тројца Палестинци загинале, а десетици се повредени, откако Израел бомбардираше станбена зграда во градот Газа. Израелската безбедносна агенција Шин Бет објави дека зградите кои служеле како скривалиште на Одех биле нападнати откако неговото движење било следено со ...

Русија донесе закон со кој им се дозволува на централната банка и на другите финансиски институции да управуваат со одбранбени системи и да вооружуваат персонал за да се одбранат од напади со дронови без вклучување на специјалните сили, покажа документ објавен од Долниот дом на парламентот. Системите за одбрана од дронови ќе бидат лоцирани веднаш до централната банка, најголемата банка во земјата „Сбербанк“ и Руската асоцијација за собирање ...

Од 15 јуни, патарините лентите означени за M-ТАГ ќе бидат наменети исклучиво за корисници со електронски тагови. Со ова, на овие ленти се укинува наплата со M-КАРД. Со М-КАРД ќе може да се плати на останатите достапни ленти на патарината, согласно со нивната намена, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Со уредот М-ТАГ поминувањето на наплатните рампи на ЈПДП е брзо и без чекање. Уредот се поставува на внатрешната страна на ...

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се простуваат до 10 милиони рубли (140.000 долари) неплатен долг за новите воени регрути, што претставува најнова државна финансиска стимулација насочена кон привлекување повеќе мажи да се борат во војната против Украина. Законот се однесува на секој Русин кој ќе потпише најмалку едногодишен договор со војската за да служи во Украина по 1 мај 2026. Ослободувањето од долг се однесува и на ...

Пристапот до интернет почна да се обновува во Иран откако беше прекинат пред речиси три месеци, изјави првиот потпретседател на земјата. „Првиот чекор кон слободен и регулиран пристап до сајберпросторот е направен“, напиша Мохамед Реза Ареф на Икс. Иранската влада го прекина пристапот до интернет по почетокот на американско-израелските напади на 28 февруари. Официјалните лица рекоа дека целта била да се спречат надзор, шпионажа и ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, по средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Охрид, рече дека стратешка цел на државата останува членството во Европската Унија (ЕУ), но оти евроинтегративниот процес неправедно се претворил во билатерално прашање наместо да се темели на Копенхашките критериуми и заслугите на државата. Тој кажа дека Владата ќе се фокусира на домашните реформи, Планот за раст и на Реформската агенда каде, како што ...

Пратеникот од СДСМ Фатмир Битиќи, поранешен вицепремиер за економија, на денешната собраниска седница низ бројки ги предупреди власта и јавноста дека со новиот кредит на Владата од 260 милиони евра Македонија опасно се приближува до 61 проценти долг од Бруто домашниот производ (БДП). Битиќи рече и дека поранешниот вицепремиер Зоран Ставрески лично преговарал за задолжување на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) со кредит од 300 ...

Поранешниот градоначалник на скопската Општина Карпош Стевчо Јакимовски вели дека актуелниот градоначалник Сотир Лукровски боледува од неработење и неодговорност и оти се шета низ трговскиот центар „Сити мол“ додека му трае боледувањето. Лукровски е на боледување повеќе од две недели и го овласти општинскиот советник од ВМРО-ДПМНЕ Неделчо Крстевски за заменик-градоначалник. Одлуката на 7 мај беше објавена во Службен гласник на Општината. ...

Неколкумина луѓе загинаа во судир на воз и школски минибус во Бугенхут во Белгија, изјави министерот за образование на Фландрија, Зухал Демир. Фламанската телевизија „ВРТ“ извести дека во автобусот имало седум деца и двајца возрасни кога бил удрен од воз на железнички премин во градот. Портпаролката на федералната полиција Ан Бергер кажа дека несреќата се случила набргу по осум часот, кога бариерите на преминот биле спуштени. Деталите за ...

На 77 години почина новинарот, дипломат и министер во првата македонска влада Мартин Треневски, објави неговото семејство. Роден во Скопје во 1949, Треневски дипломирал англиски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје и потоа магистрирал политички науки, а кариерата ја почнал во новинарството. Во 1980-тите бил именуван за дописник на „Танјуг“ од Австралија и Јужен Пацифик и во тој период се поврзал со македонската заедница во Австралија и ...

Израелската војска започна со нов бран напади низ Либан, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху објави дека Израел ќе ги засили нападите против Хезболах. Израелските одбранбени сили кажаа дека го нападнале Хезболах во долината Бека на истокот и во други делови од Либан. Хезболах објави дека се одмаздил со десетици напади врз израелски воени мети. Порано овој месец, Либан и Израел го продолжија прекинот на огнот, но Нетанјаху синоќа објави дека ...

Русија се закани со нови „систематски напади“ врз Киев, неколку дена откако го изведе еден од најголемите напади врз главниот град на Украина од почетокот на војната. Руското министерството за надворешни работи кажа дека мети на новите напади ќе бидат центри за донесување одлуки, заповедни центри и локации за производство на дронови, при што ги повика странските државјани и дипломати да го напуштат градот најбрзо што можат, а жителите да ...

Македонија се наоѓа на листата на најлоши здравствени системи во светот, објави Хелткер (Healthcare), користејќи го Индексот за здравствена заштита на Намбео (Numbeo) за 2026 година, базиран на анкети со јавноста кои го оценуваат квалитетот на медицинските услуги, инфраструктурата, персоналот, времето на чекање и трошоците. Ова не е официјално мерење на Светската здравствена организација (СЗО), туку индекс базиран на искуства и мислења на ...

Сопственичката на возилото, врз кое падна бандера откако по свлечиште од градилиштето на улицата Теодосиј Гологанов во скопската Општина Центар пропадна тротоарот, вели дека со жителите на околните згради се чувствуваат несигурни и надлежните треба да направат испитувања за безбедноста. „По свлечиштето кое се случи, оштетено е моето возило од пад на бандерата која беше во непосредна близина до возилото. Со свлечиштето е срушен и тротоарот во ...

САД кажаа дека извеле нови напади врз Иран, погодувајќи ракетни лансери и бродови што поставувале мини. Централната команда на американската војска соопшти дека нападите во јужниот дел на земјата биле самоодбрана и имале за цел да ги заштитат американските трупи од закани од иранските сили. Иран досега не одговорил на овие напади и нејасно е дали тие ќе имаат влијание врз мировните разговори. Портпаролот на Централната команда, Тим Хокинс, ...

Над 1.900 деца моментално се водат како исчезнати во Германија, нешто повеќе од пред една година, според бројките од Федералната канцеларија на кривичната полиција (БКА). На 1 мај, канцеларијата евидентирала 1.933 отворени случаи на исчезнати деца низ целата земја, во споредба со 1.810 нерешени случаи една година претходно, изјави агенцијата пред Меѓународниот ден на исчезнати деца на 25 мај. Бројките вклучуваат и неодамнешни исчезнувања и ...

Постојано расте бројот на заболени од рак на кожа (меланом) и е еден од туморите со најголема експанзија во последно време, вели Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Годишното зголемување на бројот на заболени е за 4-5%, што значи дека бројот на заболени двојно се зголемува на секои 10-15 години. Во Македонија во 2023 вкупниот бројот на новозаболени од меланом е 49 со стапка на инциденца од 2.7/100 000 жители, додека бројот на новозаболени мажи ...

Се излизга земјиштето на градилиште на булеварот Теодосиј Гологанов во близина на Католичка црква во Скопје, по што цел тротоар пропадна и бандера падна врз кола. Според граѓани кои се јавија во нашата редакција, земјата се срушила додека багер работел во внатрешноста на ископот, при што пропаднал дел од улицата покрај градилиштето. Од МВР ни рекоа дека ќе извршат проверка на местото. Жителите од околните згради велат дека уште од стартот ...

Папата Лав Четиринаесетти се извини за улогата на Католичката црква за време на ерата на ропството. Во својата прва енциклика, објавена денеска, поглаварот на 1,4 милијарди католици во светот призна дека неговата Црква не ја осудила решително трговијата со робови – која траела со векови – сè до 19 век. Енциклика е официјално писмо или послание што го издава папата, најчесто упатено до бискупи, свештеници и верници, а понекогаш и до сите луѓе. ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска во Белград во населбата Дорќол, кога трамвај излета од шините и се заби во зграда покрај улицата. Во несреќата се повредени повеќе од 10 лица. „Трамвајот удри во блиска зграда, при што, за жал, се повредени повеќе патници, како и возачката на трамвајот. Најголемиот број повреди, според досегашните сознанија, се од полесна природа, додека кај двајца патници се констатирани потешки телесни повреди во ...

Авион на „Изиџет“ на лет кон Велика Британија беше пренасочен кон Рим откако беше откриено дека во багажот на еден патник се полни полнач односно надворешна батерија (power bank). Летот од Хургада во Египет до Лондон Лутон слета во Рим на 20 мај како мерка за претпазливост. Авиокомпанијата соопшти дека капетанот одлучил да го пренасочи летот „во согласност со безбедносните прописи“ откако патник го информирал екипажот за време на летот дека ...

Здружението на Србите во Македонија „Мир, слога и стабилност“, кое на 23 мај во Куманово го организираше собирот за поддршка на на српскиот претседател Александар Вучиќ непосредно пред голем студентски антивладин протест во Белград, е финансирано од Министерството за надворешни работи (МНР) на Србија, објави порталот НОВАЕКОНОМИЈА.РС. Според јавно достапните податоци, на ова здружение во април годинава му биле доделени пари на конкурс на ...

Над 5.800 артефакти кои биле пронајдени за време на капиталните истражувања на Калето во Скопје ќе бидат дел од поставката во Музејот на праисторијата и Музејот на отоманското наследство. Во 2011 почнаа да се градат три музеи – за праисторија, за османлиски и за средновековен период, но на нив не се работеше до пред 2 години. Калето во моментов е уредено и чисто, но не нуди никаква содржина за бројните домашни и странски посетители. ...

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи денеска изјави дека се постигнати заклучоци за многу теми дискутирани за потенцијален меморандум за разбирање со САД, но тоа не значи дека Техеран е блиску до потпишување договор. Портпаролот Есмаил Багаи додаде дека Иран преговара за крај на војната и во моментов не разговара за нуклеарни прашања и повтори оти промените во ставовите на американските претставници создаваат проблеми за ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.64
34%
1019
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
2.68
54%
1020
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
1.82
43%
1019
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
4.52
33%
1022
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.83
39%
1021
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
0.68
64%
1020
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
6.26
38%
1016
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
1.89
35%
1017
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
1.43
33%
1018
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
2.68
36%
1021
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 34ᴼ
1.34
37%
1019
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
8.25
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Калај

50.56

Цинк

0.00

Родиум

249168.29

Сребро

1902.84

Иридиум

233896.68

Платина

51923.46

Бакар

12.33

Рутениум

49029.89

Кобалт

56.29

Паладиум

38195.09

Злато

131072.82

Алуминиум

3.20