Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни, а по разговорите со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од први јуни. „Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар“, ...

Писателката Гордана Јовиќ-Стојковска е нова претседателка на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) избрана на вчерашното Собрание, соопшти ДПМ. Јовиќ-Стојковска, која живее и работи во Скопје, е српско-македонски романсиерка, раскажувачка, поетеса, преведувачка и книжевена критичарка, која твори на српски и македонски јазик. „Верувам дека имаме многу добро конципирана изборна програма и дека успешно ќе соработуваме. Па и половина од ...

Организирано во групи, претежно од основните и средните училишта во Македонија, но и голем број намерници го посетуваат Музејот во Штип, кој се наоѓа во центарот на градот. Во павилјонот со витрини богати со стари и вредни археолошки артефакти, има и главно поставки на штипските револуционери и други позначајни личности од историјата на градот. Пијаниното е ставено во главната одаја на еден од двата павилјона и го привлекува вниманието на ...

Дебитантскиот документарец „Руини” на Елена Чемерска, за реставрацијата на Споменикот на слободата во Кочани, монументално дело на татко ѝ Глигор Чемерски и архитектот Радован Раѓеновиќ, ќе има светска премиера во конкуренцијата за награди на филмскиот фестивал во Шангај, Кина. „Руини“ ќе игра во селекцијата за документаци на овој фестивал од А категорија, а премиерата е на 14 јуни. „’Руини’ произлезе од мојот долгогодишен ангажман околу ...

За да се дозволи отстрел на мечка, која е животно под заштита, потребно е таа да се појави во населно место и да претставува опасност за луѓето, изјавија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК што може да се преземеме за зачестената појава на мечки во Битолско. Вчера околу 9:30 часот, во атарот на селото Крклино кај местото викано Црна Река од мечка било нападнато стадото со овци, ...

Вардарската регата по 26. пат ќе заплови на 19 јуни од под Мало Mовче во Велес за да стаса до Солун на 23 јуни. Ова е третпат како регатата ќе плови до вливот на реката Вардар во Егејско Mоре за потоа да стигне до Солун. Како и претходните години, има четири базни логори Криволак и Демир Капија во Македонија и Поликастро и Акропотамис во Грција. „Деталите се утврдени со грчките партнери, солунските скаути. Промени на трасата нема, ја знаеме ...

Над 400 луѓе се уапсени во судирите меѓу фудбалските навивачи и полицијата низ цела Франција по победата на Пари Сен Жермен (ПСЖ) во финалето на Лигата на шампионите против Арсенал. Илјадници полицајци беа распоредени за да ги спречат немирите што ги прекинаа автобуските, железничките и железничките услуги во главниот град Париз. Беа активирани огномет и ракети, додека неколку полицајци беа повредени во тепачката. Полицијата употреби солзавец ...

Забраните или ограничувањата на возраста за користење на социјалните медиуми не се доволни сами по себе за да ги заштитат малолетниците од штетните ефекти на платформите, изјавија експертите на ОН, кои велат дека компаниите и нивните алгоритми мора да се соочат и со построги заштитни мерки. „Државите треба да бараат од технолошките компании да ја вградат безбедноста во своите платформи по дизајн, наместо да го префрлаат товарот врз родителите ...

Биографскиот музички документарец „Слушни ме“ на режисерот Радован Петровиќ и „ОХО Продукција“, не е филм кој се занимава исклучиво со музичката кариера на Марко Маринковиќ-Слаткаристика, еден од најпопуларните македонски хоп-хоп музичари, туку преку неговата лична приказна ја отвора темата за говорните и комуникациските потешкотии кај децата и младите, појасни денеска Министеството за култура, по критиките од јавни личности блиски до власта ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, му соопшти на новиот премиер на Унгарија Петер Маѓар дека 16,4 милијарди евра од средствата од ЕУ ќе бидат ослободени ако неговата влада протурка низа „долгоочекувани реформи“. Одлуката е значаен поттик за Петер Маѓар, кој е на функцијата помалку од три недели по убедливата изборна победа над Виктор Орбан. Тој рече дека неговиот договор со ЕУ е „историски пробив“, додека фон дер ...

Русија денеска соопшти дека го повикала својот амбасадор во Ерменија на консултации во знак на протест против нејзиното приближување кон Европската Унија, пред изборите на 7 јуни. Формално сојузничка со Русија, кавкаската земја со околу 3 милиони жители ги продлабочува врските со Западот во последните години и покрај својата економска зависност од Москва. „Амбасадорот на Руската Федерација во Република Ерменија, С.П. Копиркин, е повикан во ...

Милиони жени со рак на дојка би можеле да бидат поштедени од хемотерапија со револуционерен геномски тест, според резултатите од испитувањето кое би можело да ги трансформира упатствата за здравствена заштита низ целиот свет. Третманот за рак на дојка, најраспространетата форма на болеста во светот, вклучува операција за отстранување на туморите. Хемотерапијата потоа обично се препорачува кога лекарите веруваат дека постои ризик болеста да се ...

Во Казнено-поправната установа (КПУ) Затвор Струмица беа издадени првите свидетелства на осуденици кои како вонредни ученици успешно завршија дел од учебните години од средното стручно образование. Станува збор за проект на Управата за извршување санкции и Министерството за образование, како дел од процесот за посупешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица. Меѓу првите осуденици кои добија свидетелство за завршена учебна година ...

Денеска околу 9 часот, летовите беа запрени околу еден час на аеродромот во Минхен во јужна Германија откако двајца пилоти пријавија дека виделе дрон, соопштија аеродромските власти и полицијата. За време на затворањето, повеќе од 20 летови што требаше да слетаат во Минхен беа пренасочени кон други аеродроми, изјави портпаролот на аеродромот. Околу 9 часот, двајца пилоти во одделни авиони на пистата пријавиле дека виделе дрон над аеродромот, ...

1 Владата вели дека дури по објавувањето на сите настани поврзани со прославата по повод 35-годишнината од прогласувањето на независноста на државата ќе каже колку ќе чинат настапите на Дејвид Гета и Хосе Карерас. Портпаролката на Владата, Марија Митева, вели дека имало некои договорни клаузули за кои не се во можност сега да зборуваат. „Ќе ни дозволите да завршиме со најавите за сите настани и потоа достоинствено и доследно ќе информираме за ...

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ на 29 мај доставила барање за итна привремена заштита на куќа на улицата Димитар Влахов изградена во 1927, која се наоѓа во непосредна близина на охридското старо градско јадро. Барањето поднесено до Министерството за култура и туризам, Управата за заштита на културното наследство и Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид. Според „Охрид СОС“, објектот претставува исклучително вреден ...

Градежната компанија која отпушти градежен инженер зашто Државниот инспекторат за труд пријавил дека не плаќа за прекувремена работа и му остана должна, по 7 дена откако за неговиот проблемот беше објавен текст во САКАМДАКАЖАМ.МК, му го исплати целиот долг. Инженерот Игор Димовски, кој го пријави својот случај и на платформата „Пријави корупција“ на САКАМДАКАЖАМ.МК, тогаш кажа и дека газдата не дозволувал ни користење годишен одмор и ...

Бугарија ќе им дозволи на американските воени авиони да останат во земјата-членка на НАТО само до крајот на јуни, откако САД не успеаја да одобрат систем за безвизен режим за бугарските посетители, изјави премиерот Румен Радев. „Целосно ја разбирам сложеноста на регулаторните процедури и потребата од време, но и ние имаме свои приоритети и процедури и не можеме позитивно да одговориме на барањето за долг престој на авиони и тенкови на ...

Министерството за правда, кое досега не знаеше дека избеганиот осуден, обвинет и осомничен експремиер Никола Груевски уште во 2022 добил унгарско државјанство, за САКАМДАКАЖАМ.МК денеска изјави дека внимателно ги следи информациите објавени во јавноста во врска со наводите дека Груевски го стекнал државјанството. Од Министерството ни рекоа дека дека Груевски сè уште е државјанин на Македонија и сè уште ќе се бара екстрадиција. Повикувајќи се ...

Британските туристи треба да пристигнат на европските аеродроми три часа пред полетувањето на нивниот лет поради долгите редици предизвикани од новите гранични проверки со новиот систем за биометриско скенирање на граѓаните кои не се од Европска Унија, предупреди британската директорка на нискобуџетната авиокомпанија „Визер“. Ивон Мојнихан изјави дека долгите доцнења при поминување на пасошката контрола на некои европски аеродроми ...

Во преговорите за договор за прекин на војната со Иран уште нема пробив. Средбата за разгледување на ситуацијата во Белата куќа заврши без резултати, спротивно на претходната најава на американскиот претседател Доналд Трамп. Состанокот за војната меѓу САД и Иран во Белата куќа заврши без одлука од Трамп, кој заминал по два часа. Тој претходно на својата платформа Трут соушл најави „конечна одлука“ во врска со преговорите со Иран. Зошто, ...

Федерален судија пресуди дека името на претседателот Доналд Трамп е нелегално додадено на Центарот „Кенеди“ во Вашингтон и ја блокираше администрацијата да го затвори културниот и уметничкиот објект за големи реновирања – најновата правна пречка за напорите на Трамп да остави свој личен белег на пејзажот на главниот град на земјата. Окружниот судија на САД, Кристофер Купер, во Вашингтон, пресуди дека гласањето на Одборот на Центарот „Кенеди“ ...

21-годишен Австриец е осуден на 15 години затвор за планирање џихадистички напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена за време на турнејата „Ерас“ на американската пејачка во август 2024 година. Мажот од македонско потекло, именуван само како Беран А. во согласност со австриските закони за приватност, беше прогласен за виновен и за низа други кривични дела поврзани со тероризам. Тој беше уапсен по дојава од ЦИА непосредно пред првиот од ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека алијансата е „подготвена да ја брани секоја педа“ од својата територија откако руски дрон удри во станбена зграда во Романија, земја-членка, за време на ноќниот напад врз соседна Украина. „Неодговорното однесување на Русија е опасност за сите нас“, напиша Руте на социјалните мрежи по телефонскиот разговор со романскиот претседател, Никушор Дан. „Потврдив дека НАТО е подготвена да ја брани ...

Осум ученици беа спасени неповредени откако со часови висеа на врвот на ролеркостер кој заглави во Тексас. На фотографиите од инцидентот се гледа ролеркостер заглавен на врвот на огромен речиси вертикален пад на ролеркостерот „Ајрон шарк“ со поглед на Мексиканскиот Залив на пристанишниот док „Плежур пиер“ во Галвестон. Осумте млади луѓе – сите ученици од две училишта во блискиот град Хјустон – поминаа речиси четири часа заглавени во кабината, ...

Најголемиот малопродажен трговски комплекс во регионот „Мега шопинг парк“ во Гевгелија, денеска официјално почна со работа, привлекувајќи над 10.000 посетители во првите 24 часа. Со површина од над 20.000 метри квадратни и повеќе од 50 светски и домашни брендови, овој комплекс претставува најголемиот ритејл-парк на Балканот од овој тип. Трговскиот комплекс отвори генералниот директор Сотирис Јанакудакис, а присуствуваше и прмиерот Христијан ...

„Нема ни милиметар да се отстапиме идентитетски, нашите позиции се јасни, некултурно би било да го промениме ставот преку ноќ, рече премиерот Христијан Мицкоскиво Гевгелија на прашањето што очекува од средбата со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта кој на 2 јуни доаѓа во Скопје, пред на 5 јуни да копретседава со самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора. Мицкоски кажа дека Македонија и граѓаните на оваа држава премногу дале ...

Девојка со пречки во развојот која што завршила средно специјализирано училиште, била одбиена да аплицира за мерката Практикантство, финансирана од државата. Таа поднела претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), која откако го истражила случајот, утврдила директна дискриминација во работата и работните односи, врз основ на припадност на маргинализирана група, образование и попреченост сторена од Министерството ...

„Да не ја вртам на политика работата, но за жал, главни ѕвезди во нашето живеење станаа политичарите и само оние актери кои им служат во оставрувањето на политичките и партиските интереси се спомнуваат одвреме-навреме, рече актерот и продуцент Симеон Мони Дамевски на oмажот на неговиот татко, легендарниот актер Дарко Дамевски (1932-1983), што синоќа се одржа во киното „Мис Стон“ во неговиот роден град Прилеп. Поводот беше 55-годишнината ...

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски добил унгарско државјанство во 2022 година, и тоа му обезбедува силна заштита од можна екстрадиција во Македонија. Повикувајќи се на извор во унгарската влада, истражувачкиот портал ВиСквер (VSquare), објави дека Груевски, кој живее во Будимпешта од 2018 каде избега за да не оди в затвор откако стана правосилна пресудата, добил целосно унгарско државјанство во 2022, врз основа на „државен интерес ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.64
34%
1019
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
2.68
54%
1020
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
1.82
43%
1019
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
4.52
33%
1022
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.83
39%
1021
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
0.68
64%
1020
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
6.26
38%
1016
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
1.89
35%
1017
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
1.43
33%
1018
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
2.68
36%
1021
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 34ᴼ
1.34
37%
1019
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
8.25
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Паладиум

38195.09

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.20

Цинк

0.00

Калај

50.56

Бакар

12.33

Сребро

1902.84

Злато

131072.82

Платина

51923.46

Иридиум

233896.68

Родиум

249168.29

Рутениум

49029.89