Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Српската Безбедносно-информативна агенција (БИА) го советуваше претседателот Александар Вучиќ да не патува во Црна Гора на самитот ЕУ-Западен Балкан од безбедносни причини поради сознанијата дека таму се наоѓа водачот на криминалниот кавачки клан Радоје Звицер. „Поради непријателското дејствување на странски служби и криминални кланови во Црна Гора, Безбедносно-информативната агенција официјално го советуваше претседателот на Република Србија ...
Израел и Либан се согласија да го спроведат прекинот на огнот, објави Стејт департмантот, но еден од условите е целосно запирање на нападите на Хезболах. „Сите земји потврдија дека за иднината на односите помеѓу Израел и Либан мора да одлучат само двете суверени влади. Тие го отфрлија секој обид, од која било држава или недржавен актер, да ја држи иднината на Либан како заложник“, се вели во соопштението. Притоа е наведено дека договорот, ...
По 30 дена притвор добија ексдиректорот на Царина Стефан Богоев и уште тројца осомничени за злоупотреба при јавна набавка за чистење на граничните премини и за поткуп од 1.800 евра. „Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) за определување мерка против 4 лица за кои постои основано сомнение дека сториле ...
Литванија е во преговори со Вашингтон за потенцијално распоредување американско нуклеарно оружје на нејзина територија, изјави министерот за одбрана Робертас Каунас. „Разговорите се во тек. Литванија сигурно нема да стои настрана“, изјави Каунас. Разговорите доаѓаат во време кога Вашингтон презема потези за намалување на американското воено присуство во Европа, што предизвика загриженост кај сојузниците од НАТО. Уставот на Литванија забранува ...
Црногорските власти не им дозволија на речиси 90 српски државјани да влезат во земјата и по неколкучасовно задржување на аеродромот во Тиват, ги вратија назад во Белград. Чартер летот слета во Тиват пред почетокот на самитот ЕУ-Западен Балкан, поради што големи полициски сили го држеа аеродромот под контрола. Во авионот беа и 87 државјани на Србија, на кои им беше наредено да се вратат назад. Нивниот авион веќе слета во Белград. Весникот ...
Пијаниот 72-годишен Д. М. од битолското село Бистрица возел трактор и предизвикал сообраќајна несреќа, соопштија од СВР Битола. Тој на 2 јуни околу 14 часот на локален пат за село Бистрица, возејќи трактор се судрил со патничко возило при што била причинета материјална штета. Полицајците со алко-тест му измериле 1,77 промили алкохол во крвта, повеќе од два пати од максимално дозволеното ниво кое е 0,5 промили. Полицајците го уапсиле и против ...
Полскиот автор Маќеј Кавка е добитник на почесното Рациново признание за 2026, за афирмација и промоција на македонскиот јазик, литература и култура во странство. Тој е професор на Јагелонскиот универзитет во Краков. Признанието ќе му биде врачено на завршната вечер од 63. Рацинови средби кои годинава ќе се одржат на 15 и 16 јуни во Велес. За наградата Рациново признание годинава стигнале пријави за 25 книги, а за победникот ќе решава жирито ...
Педесет и двегодишен пациент доби ново срце, а 23-годишно момче бубрег, по трансплантацијата од починат дарител, соопшти Министерството за здравство. 52-годишниот пациент од 2021 е на националната листа за трансплантација. Донирани се и коскени ткива. Пациентите се во стабилна состојба. „Огромна почит до семејството на починатиот донор, кое со оваа храбра одлука одлучи да го промени крајот на нечија приказна. Кога сме сплотени и имаме една ...
Постапувајќи по кривична пријава поднесена од Управата за финансиска полиција, предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица – директор и помошник директор на Царинската управа, управител на правен субјект и вработен во истиот субјект. На осомничените им се ставаат на товар кривичните дела Злоупотреба на ...
Премиерот Христијан Мицкоски, ден по средбата со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во Скопје, рече дека иако имале конструктивна средба, една од темите за кои не се сложувале бил ставот на Владата околу преговорите со ЕУ односно уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот. „Нашиот став е јасен и непроменет. Не постои цена која што може мене, како претседател на Владата, да ме натера да влезам во таква авантура, а во ...
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, кој денеска е во официјална посета на земјава, кажа дека само со направени уставни измени Македонија може да ги почне преговорите со Европската унија. Нагласи дека нема простор за нови договори или ново преговарање на веќе усвоената преговарачка рамка. „Европската Унија им обезбеди траен мир и стабилност на своите земји-членки преку отпорни демократски институции и силни економски врски. ...
Македонија е во првите пет во Европа според растот на бруто домашниот производ, забележа раст на индустриското производство од 7,6% во однос на април минатата година, како и намалување на невработеноста во изминатите 21 месец, објави премиерот Христијан Мицкоски, повикувајќи се на најновите податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС). Тој истакна дека податоците за растот на бруто домашниот производ се преземени од Евростат, при што ...
Едно лице загина во Кувајт во денешниот ирански напад, што е прва жртва во заливските земји од прогласувањето на прекинот на огнот помеѓу САД и Иран во средината на април. Кувајтското министерство за надворешни работи кажа дека има и повредени и дека во нападот биле оштетени витални објекти и дипломатски претставништва. Кувајтската војска објави дека ирански дронови го погодиле и меѓународниот аеродром, предизвикувајќи значителна штета на ...
„Ако веруваш во себеси и во своите соништа, со труд и работа од гасеница можеш да станеш пеперутка“, е лајтмотивот на мјузиклот „Као какао“, инспириран од музиката на Влатко Стефановски, чија премиера беше синоќа во Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје. Насловот на музиклот е според истоимениот девети студиски албум на легендарната група „Леб и сол“ од 1987, кој се смета за еден од најуспешните во историјата на југословенската рок ...
Седум луѓе загинаа, а 11 се повредени откако дрон погоди патнички автобус во окупираниот дел на Доњецк. Денис Пушилин, шефот на Доњецк поставен од Кремљ, изјави дека автобусот бил погоден во раните утрински часови во градот Јенакиеве додека патувал од Москва до Симферопол на Крим. „Според првичните извештаи, седуммина луѓе загинаа“, изјави Пушилин, додека руските државни медиуми објавија фотографија од целосно изгорениот автобус. Ова се случи ...
Базенот во Спортскиот центар (СЦ) „Борис Трајковски“ во Скопје наесен комплетно ќе се реновира, поради што ќе треба да биде затворен подолг период. Директорот Даниел Апостоловски вели дека во моментов се прави проектот за реконструкција, по што ќе треба да се распише тендер за изведувач. Тоа значи дека летово базенот ќе работи, а градежните работи би почнале најрано во септември. „На базенот му е потребна целосна реконструкција и затоа ќе ...
Русија објави дека соборила 50 дронови над Ленинградскиот регион и продолжува да одбива украински напади, непосредно пред почетокот на голема годишна економска конференција. Снимки објавени на Телеграм покажаа голем чад од правецот на нафтениот терминал во пристаништето во Санкт Петербург. Во Санкт Петербург од вчера се одржува таканаречениот „руски Давос“, чиј домаќин е Владимир Путин. Форумот беше отворен неколку часа откако Русија изведе ...
Американската војска кажа дека извела нови самоодбранбени напади врз Иран и соборила балистички проектили и дронови испукани кон бродови и заливските земји. Централната команда (Центком) на војската објави дека нападите врз островот Кешм во Ормускиот Теснец биле одговор на иранските напади низ Блиски Исток. Иран кажа дека се одмаздил така што нападнал американски бази и хеликоптери во една регионална земја. Според Центком, Иран лансирал два ...
Раперот Марко Маринковиќ-Слаткаристика на Фејсбук објави дека со екипата се откажуваат од поддршката доделена од Агенцијата за филм за биографскиот музички документарец на режисерот Радован Петровиќ и „ОХО продукција“. Проектот доби 1,5 милиони денари (24.000 евра) на Конкурсот на Агенцијата за филм за 2026 во прв рок, чии резултати беа објавени на 29 мај. Режисерот Петровиќ, исто така на Фејсбук, објави дека целосно ја поддржува одлуката на ...
Министерството за транспорт и врски донесе одлука според која се забранува возење скутери во Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро од 1 јули до 31 август. Забраната ќе важи од 11 до 19 часот, заради поголема безбедност на капачите, велат од Министерството. Со новата одлука на Министерството се забранува и пловидба на чамци навечер. Односно, од 3 јуни до 31 август забраната ќе биде од 21 до 5 часот, од 1 септември од 20 до 6 часот и од ...
Во полициската станица Кисела Вода од вечерва е приведен Стефан Богоев, поранешен директор на Царинската управа на Македонија и поранешен потпретседател на СДСМ. Неофицијално, приведен е под сомневање за влијание за избор на фирма за чистење за време на мандатот од една година. Од Финансиската полиција велат дека во акцијата се опфатени и други лица, како и други кривични дела, а и дека во неа учествува не само обвинител, туку и судија на ...
Во ситуација кога има одлив на обвинители и на обвинителска служба, оспорен закон пред Уставниот суд кој може дополнително да им ги намали платите на обвинителите кои се меѓу најниските во регионот, Државниот обвинител Ненад Савески денеска повторно упати апел до Владата и до Собранието дека сиромашно обвинителство пред богатиот криминал постои бадијала. „Сиромашно јавно обвинителство не може да му се спротивстави на богатиот криминалитет. ...
Унгарија сигнализираше дека ќе се откаже од долгогодишното противење на кандидатурата на Украина за членство во ЕУ, што ќе ѝ овозможи на неа и на Молдавија да започнат формални преговори за приклучување кон блокот во наредните денови, изјавија четворица дипломати за „Политико“. Отворањето на првиот преговарачки кластер треба да се случи за време на меѓувладината конференција во Луксембург на 15 јуни, изјавија тројца од дипломатите. Двете ...
Албанските обвинители против корупција истражуваат проект за луксузно одморалиште поврзан со зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, додека продолжуваат протестите на граѓаните и еколошките организации. Проектот ги опфаќа ненаселениот јадрански остров Сазан и неколку стотици хектари од заштитениот предел Вјоса-Нарта, крајбрежна мочуришна област каде што се гнездат фламинга, фоки и морски желки. Специјалното обвинителство против корупција на ...
Приемот и потрошувачката на вакцини не е евидентиран во деловните книги на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Тоа е само една од забелешките во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР), кој изврши ревизија на финансиските извештаи на Институт за 2024 година. Во тој период директор беше Шабан Мемети. „Изразивме неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските ...
Судењето за рушењето на зградата на Работничкиот универзитет во Велес продолжи со сослушување сведоци. Семир Шаботиќ, син и внук на инвеститорите, како сведок на одбраната одговараше на прашањата од адвокатата Павлина Зефиќ-Јакимовска. „‘Беровиќ транспорт‘ беше ангажиран за вршење на ископ на градежната јама. Тие копаа со багер, се товареше во камиони и се носеше. Ѕидот на зградата на Работничкиот универзитет не беше ископан како другите ...
Повеќе од половина од жените отсуствувале од училиште или работа поради менструални предизвици. Недостапноста на менструални производи и несоодветните санитарни услови остануваат сериозен предизвик за голем број жени, покажуваат резултатите од истражувањето за менструална хигиена, пристап и потребата од пакет за прва менструална помош (Menstrual First Aid Kit), спроведено на примерок од 2.700 испитанички. Наташа Доковска, програмска ...
Денеска е пуштен во употреба чилишен базен во Општина Карпош, до спортската сала „Партизан“. Станува збор за базен со длабочина од 0,80 до 1,20 метри, со ширина од 9 метри и должина од 25 метри. Базенот се градеше со средства од Агенцијата за млади и спорт и чини околу 760.000 евра. Денеска беше предаден во владение на Општина Карпош. На свеченоста за отварањето на базенот присуствуваа премиерот Христијан Мицскоски, директорот на Агенцијата ...
Руското министерство за одбрана кажа дека ноќешниот голем воздушен напад врз Украина бил одговор на „терористичките дејствија“ против цели во Русија, додавајќи дека биле погодени бројни украински воени мети. Украинските власти рекоа дека најмалку 18 луѓе загинале, а над 100 се повредени низ Украина, а Киев беше особено тешко нападнат со дронови и проектили. „Ноќеска, како одговор на терористичките дејствија на режимот во Киев, вооружените ...
Нефер и несериозно е да се очекува дека ќе дојде висок европски политичар и ние наеднаш ќе ја промениме позицијата, рече премиерот Христијан Мицскоски одговарајќи на новинарско прашање што очекува од денешната средба во Скопје со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Евроинтерграцијата на Македонија е блокирана од Бугарија која бара измени на Уставот за да бидат внесени околу 3.000 македонски граѓани кои се изјасниле како Бугари ...