Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Веќе три дена светиниколчани не пијат вода од водовод. Како што беше соопштено од градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, пронајдени се микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа, поради што се обезбедени цисерни со вода за готвење и пиење. При редовни контроли на две мерни места низ градската водоводна мрежа и покрај утврденото присуство на хлор од 0,4мг/л, кој е главен идникатор за безбедна вода за пиење, се утврдени ...
Епидемија на западно-нилска треска е прогласена во скопските општини – Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден. Здравствените власти убедуваат дека нема место за паника и апелираат да се почитуваат мерките за лична заштита од Западно-нилска треска. Во земјава, од почетокот на годината се евидентирани 26 пациенти заболени од Западно-нилска треска, а еден заболен починал. Починатиот пациент бил 83-годишна возраст од Скопје, кај кого е ...
Утре и во четврток наместа низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Темепратурата ќе опадне за неколку степени, соопштуваат од УХМР. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата. Утре и во четврток наместа низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд и засилен ветер. ...
Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување. Како што информираат од Општината, денешната акција е фокусирана на сузбивање на ларвите, при што специјализираните екипи на терен вршат прскање со соодветен ларвицид во сите критични точки, каналите, ...
Српски туристи кои се враќале од одмор на Халкидики доживеале вистинска драма кога, според еден од патниците, возачот на комбето седнал зад воланот уморен, игнорирал црвени светла на семафорот, па дури и заспал додека возел, принудувајќи ги патниците да побараат спас од македонските полицајци среде ноќ. Еден од патниците сподели детална исповед во која наведува дека возачот, покрај тоа што доцнел 10 часа, седнал зад воланот целосно ненаспан и ...
Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје од Скопје прогласија епидемија на западнонилска треска во повеќе делови од главниот град на Македонија. Епидемија е прогласена во следните делови од Скопје: Кисела Вода кај Пржино, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево. Здравствените власти препорачуваат граѓаните да ставаат мрежи, да се прскаат со средства и да не излегуваат кога заоѓа сонцето и ...
Секој четврти ученик на возраст од 15 и 16 години се коцкал за пари во последните 12 месеци, а кај оние што се коцкаат, уделот на проблематично коцкање пораснал од 4,5 проценти во 2019 на 7,6 проценти во 2024 година, објави Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА Млади, заедно со Иницијативата „Фрли ја коцката!“, во чест на 12 Август, Меѓународниот ден на младите. Податоците, според ХЕРА, покажуваат дека коцкањето сè ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека ги следел упатствата од Тајната служба на САД кога тајно го сменил авионот минатиот месец пред да полета од Турција, каде што присуствуваше на самит на НАТО. „Зависи само од Тајната служба. Јас само правам што сакаат да се направи и ги следам упатствата на Тајната служба и војската. Тие сакаа да се качам на друг лет, друг авион, кој обезбедува еднаква безбедност, но сакаа да го направам ...
Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании. Со овој трансфер вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра, што е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот за оваа намена се ...
Од општина Крива Паланка известуваат дека по повод одржувањето на традиционалните народни собири и заедничкото чествување на празниците „Дани Пчиње 2026“ и „Преображение“, ќе биде овозможено непречено движење на жителите на Општина Крива Паланка и жителите на Општина Трговиште, Србија, преку привремен граничен премин кај село Калово, Општина Трговиште, Србија. Привремениот граничен премин на државната граница меѓу Македонија и Србија, кај ...
Според Воислав Попоски од СДСМ Вевчани во спотот посветен на 35-годишнината од независноста недостига најбитната личност за земјата Зоран Заев. Направиле спот 35 години независност и ставиле спортски успеси, несреќникон Дурловски патот што не си го знаеше од кампањата, со срам го ставиле Киро Глигоров, но Зоран Заев никако. Признат македонски јазик и идентитет, членство во НАТО, афтокефалност на МПЦ-ОА…СДСМ ја направи Македонија држава и тоа ...
Кумството на Балканот е голема работа. Не за џабе се вели дека „кум не е дугме“, а на свадби првите ора ги игра кумот. Во Македонија едни од најпознатите кумства е меѓу Али Ахмети и Артан Груби. Груби беше човекот од доберба на лидерот на ДУИ се до неговото бегство на Косово откако беше осомничен за криминал во Државна лотарија од осум милиони евра. Ахмети тогаш се огласи дека не знае каде е Груби. Лично немам никаков контакт и немам ...
Министерството за транспорт ќе го преземе решавањето на проблемот со сложеното движење на земјиштето кај Теферич, а во санацијата ќе бидат вклучени експерти од Министерството и од Јавното претпријатие за државни патишта. Доколку биде потребно, ќе бидат ангажирани и дополнителни стручни лица. Министерот за транспорт Александар Николоски вчера изјави дека станува збор за сложена проблематика, која по својата природа е слична на проблемот со кој ...
„Ние не сме разбојници како што нѐ нарекувате, туку борци за правда и слобода. Не востанавме да се предадеме, ами да се бориме“. Тоа е одговорот на Питу Гули и на востаниците од Крушево кои останале да го бранат градот, на ултиматимот што им го испратил Бахтијар паша, откако на 12 август 1903 година, кај месноста Кула се јавил крушевчанецот Коста Њику, фатен во Кривогаштани и испратен од Бахтијар-паша во Крушево да им ја пренесе неговата ...
Жителите на северната хемисфера на Земјата денеска ќе можат да проследат редок астрономски настан – помрачување на Сонцето. Во некои региони ќе има целосно затемнување, а во други само делумно. Овој астрономски феномен се случува кога Месечината поминува помеѓу Земјата и Сонцето, блокирајќи ја сончевата светлина целосно или делумно. Целосно помрачување на Сонцето ќе биде видливо на Гренланд, Исланд, на северот од Русија, во Атлантскиот Океан, ...
Европската Унија подготвува измени во правилата за проширување поради се посилниот страв дека забрзаниот прием на нови членки може да доведе до парализа на носењето клучни одлуки во блокот, објави весникот „Политико“, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел. Иако сите земји членки јавно ја поддржуваат политиката на проширување, во клучните престолнини, меѓу кои се Франција, Германија и Холандија, постои изразен отпор кон идејата ...
Младите се двигател на општествениот развој, а нивното знаење, креативност и енергија се најголемата инвестиција во иднината на државата. Затоа, континуирано работиме на создавање повеќе и подобри можности за образование, личен развој и професионална реализација на новите генерации во сопствената земја. По повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, Министерството за образование и наука уште еднаш ја потврдува својата заложба младите да ...
Соопштението на СДС и Филипче утрово за семејниот одмор на премиерот Мицкоски е пример за тоа како делува талогот во СДС на ниски страсти и сеење на омраза. Гостивар вода за пиење ќе има, наспроти стотиците сокриени случаи на загадена вода кога Венко како министер не реагирал и мува не го лазело, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Но кога сме кај одморите чесно е СДС да каже каде е Венко Филипче на одмор? Под А. Венко е на одмор на јахтата на Зоран Заев ...
Во 2026 година, Албанија ја зголеми површината на своите јавни плажи за над 300.000 квадратни метри, што претставува раст од над 10 проценти на годишно ниво, јави АТА, повикувајќи се на изјава на албанскиот министер за туризам, култура и спорт, Бленди Гонџја. Според него, во текот на тековната летна сезона, површината на јавните плажи во Албанија достигна 3,18 милиони квадратни метри, што претставува зголемување од 10,5 проценти (или нешто ...
Познати се сите парови за последната рунда од плејофот за пласман во главната фаза на фудбалската Лига на шампиони. По синоќешните реванши од третото квалификациско коло, двојките за баражот се: Фенербахче (Турција) – Лион (Франција) НЕЦ Нијмеген (Холандија) – Бодо-Глимт (Норвешка) Хапоел Бер Шева, Израел – Сабах (Азербејџан) Слован (Словачка) – Целје (Словенија) Селтик (Шкотска) – ЛАСК (Австрија) Динамо Загреб, Хрватска – Викинг (Норвешка) ...
Секоја голема промена започнува со еден чекор. Одлуката да започнеш да трчаш, да поставиш нова цел или едноставно да направиш нешто добро за себе може да биде почеток на патување кое ќе те промени. Токму таква можност носи Виз Ер Скопски маратон 2026, кој ќе се одржи на 4 октомври 2026 година, а пријавувањето е во полн ек. Сега е вистинскиот момент да се пријавите и да започнете со подготовките, бидејќи до трката остануваат уште неколку ...
Во пресрет на 12 Август, Меѓународниот ден на младите, во вилата „Билјана“ во Охрид се дебатираше на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: младите, училиштата и дигиталниот простор“, во организација на Советот за млади во рамките на Кабинетот на Претседателката. Дискусијата се фокусираше на превенцијата и заштитата од меѓуврсничко насилство, влијанието на дигиталниот простор, менталното здравје, улогата на училиштата и стручните служби, ...
Артан Груби се спрема за слобода. Ако тоа навистина се случи, подборо да ставиме клуч на државата. Обвинителот Даниел Коцев се уште нема поднесено обвинение за најславниот жител на Чаир, ако не поднесе до следната недела Груби излегува на слобода. Бегалецот Груби и концертот по повод Денот на независноста се главните теми во новата епизода на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“. Гледајте Артан Груби се спрема за слобода. Ако тоа навистина се ...
Камерното музицирање на виолинистот Владимир Костов и чембалистката Цветанка Созовска вчеравечер беше несекојдневен настан на „Охридско лето“. Врвните уметници, оваа прекрасна вечер во црквата „Света Софија“ ја посветија на дела создадени во барокот. Доловувањето на сиот раскош на барокот започна со едно од најпознатите дела на италијанскиот композитор Антонио Бонпорти, Инвенција оп.10 бр 4 ге-мол за виолина и басо континуо, а потоа беа ...
Екипите на Пари Сен-Жермен и на Астон вила вечер ќе се борат за Суперкупот. Натпреварот ќе се одржи во Салцбург, Австрија со почеток во 21 часот. ПСЖ ќе игра за трофејот како победник на Лигата на шампионите во 2025/26 година, додека Астон вила ќе игра како победник на Лигата на Европа. Парижаните се исто така актуелни носители на Суперкупот на УЕФА, откако го победија Тотенхем на пенали во 2025 година. Екипите на Пари Сен-Жермен и на Астон ...
Во црквата „Света Софија“ вечерва од 21 часот целовечерен концерт на „Охридско лето“ ќе одржи кинескиот пијанист Сихенг Сонг. Сонг е роден во Шангај во 1981 година и се смета зa еден од најдобрите пијанисти на неговата генерација. Студирал во Франција на Високата школа за музика во Париз во класата на Маријан Рубицки, а откако се стекнал со диплома за концертен пијанист, продолжува да студира на Парискиот конзерваториум со Оливие Гардон и ...
Објавен е македонскиот превод на романот „Во август“ од младиот чешки писател Јакуб Стањура, во превод на македонски јазик на Маргарета Карајанова. Во овој психолошки интензивен роман, на суптилен и оригинален начин се отвора темата на т.н. геслајтинг – форма на манипулација во која границите меѓу вистината и илузијата се бришат, а жртвата почнува да се сомнева во сопствената перцепција, сеќавања, одлуки и разум. Додека во август сите се ...
Во пресрет на 12 Август, Меѓународниот ден на младите, во вилата „Билјана“ во Охрид се дебатираше на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: младите, училиштата и дигиталниот простор“, во организација на Советот за млади во рамките на Кабинетот на Претседателката. Дискусијата се фокусираше на превенцијата и заштитата од меѓуврсничко насилство, влијанието на дигиталниот простор, менталното здравје, улогата на училиштата и стручните служби, ...
Големата фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, се ожени со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез. Четириесет и едногодишниот Португалец објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледаат неговите и рацете на Родригез, на кои се венчални прстени. Роналдо и Родригез се во врска од 2016 година. Двојката има две ќерки заедно, Алана Мартина и Бела Есмералда. Тие ги одгледуваат и трите деца на Роналдо: Кристијано Џуниор, Ева и ...
Во изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола се два, а 20 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод во близина на с. Драгов Дол каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, и над село Моране во Општина Сруденичани каде што е зафатена мешана шума. Пожари под контрола се пожарите на градската ...