Американскиот претседател, Доналд Трамп го одложи воведувањето царини од 50 отсто за одредени стоки од Канада, додека се финализираат документите за договорот меѓу двете земји. Царините требаше да стапат во сила во 00:01 часот по источноамериканско време, но Трамп соопшти дека нивната примена се одложува до крајот на 21 август, пренесе„ Си-Ен-Ен“. Трамп наведе дека бил постигнат договор меѓу САД и Канада, но оти се уште престои финализацијата ...

Денеска , 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка на Република Македонија ќе се одржи семинар и промоција на туристичките потенцијали на двете земји. Претставници на ресорните министерства од Чешка и Македонија како и тур оператори и хотелиери ќе ги престават ...

Прекрасен концерт за кларинет и пијано се одржа вчеравечер во рамки на Унгарската вечер на фестивалот „Охридско лето“ што се организира со поддршка од Амбасадата на Унгарија во Скопје. Во црквата „Света Софија“ настапија младите унгарски уметници со плодни меѓународни кариери, кларинетистката Ноеми Салаи и пијанистката Александра Балог. Александра Балог се вбројува помеѓу највозбудливите пијанисти на нејзината генерација. Таа е добитничка на ...

Среда 19 август 20.00 часот Изложба на Слободан Живковски во Галерија МКЦ Слободан Живковски ероден во 1949 во Скопје, Македонија. Дипломира на Архитектонски Факултет во Скопје, специјализира индустриски дизајн 1982 година во ENSAD –Париз. Живее и работи во Скопје. Активно работи архитектура и има реализирано 3 значајни објекти во центарот на градот, како и многубројни реализации на останати архитектонски објекти и ентериери. Активно се бави ...

– Ниту една екипа синоќа не успеа да обезбеди предност по првиот натпревар во последното квалификациско коло за пласман во главната рунда на фудбалската Лига на шампиони. Трите натпревари завршија нерешено. Убава предност од 2:0 која ја имаше по само 10 минути пропушти Динамо Загреб против норвешки Викинг. Гостите израмнија до крајот на првото полувреме, а во вториот дел немаше погодоци. Постигнати резултати: Динамо Загреб – Викинг 2:2 ...

Шпанскиот првак Барселона доби големо засилување за новата сезона. Тоа што долго се најавување и доби и официјална потврда – капитенот на шпанската фудбалска репрезентација актуелниот светски првак Родри е нов член на Барселона. Тој со „каталонскиот клуб“ потпиша договор до 2030 година. Потписот и доаѓањето на Родри треба да донесе стабилност, контрола и искуство пред сè во клучните натпревари. Во Манчестер Сити беше една од најважните алки ...

На 17.08.2026 во 18:40 часот на локалниот пат во село Ростуше, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишија од слобода Е.И. (19) од село Требиште. При контрола на четирицикл со германски национални ознаки, било утврдено дека го управувало без возачка дозвола, односно пред да се стекне со право на управување. Четирициклот е одземен и по документирање на случајот ќе следува ...

Оваа недела (од 17 до 23 август) не е еднакво поволна за сите знаци. Некои ќе мора да забават и да расчистат со обврски, но Близнаците, Лавот и Стрелецот имаат особено добра поддршка од планетарните аспекти. Причината е комбинацијата од Венера, Јупитер, Меркур и Сонцето, која носи повеќе можности за љубов, контакти, креативност и професионален напредок. Лав – најмногу внимание и можности Лавот е првиот знак што се издвојува оваа недела. ...

Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер низ државата, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во 17 часот најниска температура беше измерена на Попова Шапка, 16.6 степени, а највисока 37.6 степени во Гевгелија. Во Скопје исто така има услови за попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утре се очекува сончево и ...

САД воведоа санкции за јапонската судијка Томоко Акане, која е претседателка на Меѓународниот кривичен суд (МКС), беше објавено денеска на веб-страницата на Министерството за финансии на САД. Тој потег претставува најнова ескалација во кампањата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп против МКС со седиште во Хаг, основан од меѓународната заедница во 2002 година за гонење на воени злосторства, геноцид и злосторства ...

Утре ќе бидат соопштени деталните резултати од контролата на тоа што направиле општините во однос на прскањето против комарци, информираше вечерва министерот за здравство Сашо Клековски. Тој посочи дека во моментов особено е актуелно цело Повардарие, имајќи предвид дека дел од случаите на западнонилска треска во Грција се регистрирани подрачјето околу Солун и Вардар. Во основа, ние завршивме со контролата на тоа што општините направиле во ...

Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва изјави дека ќе биде направено сè што е можно за неколку дена да бидат обезбедени суровините што се неопходни за работа за циклотронот каде што се произведува средството што е неопходно за снимање на ПЕТ-скенот, кој не работи повеќе од еден месец, а каде најчесто се упатуваат онколошки пациенти. Мислам, додаде тој, дека многу скоро ќе можам да објави кога ќе почнеме повторно со скенирањето. Значи, ...

Оваа стара табла со бројот 37 е вистински a blast from the past за многумина скопјани кои помнат некои поинакви времиња во нашиот град, посочува претседателот на Совет на Град Скопје, Даме Димитровски. Сепак, денес овој познат број добива сосема ново, модерно и практично значење. Во координација со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и Општина Бутел, ја враќаме 37цата на улиците, но овојпат по сосема нова траса која за првпат го става ...

Пожарот во регионот на Мариово, кај Чаниште, повторно се разгоре и се прошири на огнена линија од околу 20 километри, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Поради непристапниот терен, силниот ветар и високите температури, пламените јазици зафатија сува трева, нискостеблеста шума и борови стебла. На терен се ангажирани сите расположиви противпожарни екипи, армиски припадници и хеликоптери за гаснење од ...

Заканата што ја претставуваат зголемените температури поради климатските промени за здравјето на постарите лица е значително потценета, според резултатите од американска студија објавена денес. Истражувањето е објавено во списанието „The Lancet Planetary Health“ за време на исклучително жешко лето и рекордно екстремни температури. Американскиот тим, предводен од истражувачи од Универзитетот Стенфорд, се обиде да процени колку често глобалното ...

По светската премиера на Шангајскиот интернационален филмски фестивал, долгометражниот документарен филм „Руини“ во режија и по сценарио на Елена Чемерска премиерно ќе биде прикажан пред домашната публика во рамките на 17. издание на фестивалот „МакеДокс“, на 24 август во 21 часот, во Куршумли ан. Станува збор за интимен документарен филм за личната и колективната меморија, за загубата и наследството, во кој процесот на реставрација на еден ...

Податоците поврзани со 1,2 милиони луѓе и 200.000 компании се украдени во голем кибер напад, објавија денеска властите во Летонија. Податоците како што се имиња, детали за плаќање, регистарски таблички на возила и адреси наводно биле украдени во напад извршен минатата недела. Се уште не е јасно кој стои зад инцидентот. Премиерот Андрис Кулбергс изјави дека не може да се исклучи дека нападот е извршен од друга земја. Кулбергс нареди истрага за ...

До 18 часот денеска регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни, три се под контрола, а 13 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во: Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Зелениково: с. Добрино и Тисовица (шума со даб и габер). Општина Сарај: с. Бојане (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов ...

Со чест и благодарност им оддаваме признание на сите наши војници, старешини и припадници кои со одговорност и достоинство ја извршуваат својата мисија, во служба на државата, нејзините граѓани и мирот. Армијата е многу повеќе од униформа. Таа е чест, одговорност, дисциплина и посветеност. Таа е силата што стои зад сигурноста на државата и луѓето кои живеат во неа. Нашата благодарност и почит се упатени кон сите активни припадници, ветерани и ...

Особено нестабилно е во охридско-струшкиот регион, каде силниот ветер го разбранува Охридското Езеро, а над езерото се развива грмотевична активност. Невреме е регистрирано и во Берово и други делови од источна Македонија. Силниот ветер попладнево се почувствува и во Скопје, особено во Ѓорче Петров. Според информации од терен, ветерот бил толку силен што откорнал дрво, што претставува дополнителна опасност за пешаците и возачите. УХМР ...

Албанската писателка Леа Ипи која живее и работи во Лондон, Велика Британија на 24 август (недела) во 19 часот во „Лабораториум“ ќе биде гостинка во Скопје како најава за годинашното издание на „Букстар“, Фестивал на европската литература во организација на издавачката куќа „Антолог“ кој годинава ќе се одржи од 28 до 30 септември. Разговорот со Ипи ќе го води професорката и писателка Калина Малеска која на македонски јазик го преведе романот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својот профил на „Trut Social“ слика од мапа со Ормуската Теснина над кој има натпис „Нова територија на САД“. Тој објави мапа од регионот на која Ормуската Теснина е прикажана како голем син круг, а морскиот пат како „нова територија на САД. Ормуската Теснина се наоѓа во територијалните води на Иран и Оман. Трамп првпат ја изнесе идејата за анексија на Теснината во петокот на настан велејќи им ...

Корисниците на апликацијата „МојДДВ“ од денеска може да го очекуваат повратот на дел од платениот данок на додадена вредност. Управата за јавни приходи ја започна исплатата за последното тримесечје. Парите ќе бидат префрлени директно на трансакциските сметки на граѓаните кои ги исполнуваат условите и во изминатиот период пријавувале фискални сметки преку апликацијата. Повратот се пресметува врз основа на скенираните фискални сметки, а износот ...

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:30 до 13:00 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Христо Татарчев“ во близина на автопералната во Општина Сопиште. Во периодот од 11:30 до 14:30 часот, без струја ќе останат корисниците на улицата „Александар ...

По долга и тешка борба со редок вид на канцер, на 77 години почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан. Таа беше позната по својот остар, провокативен и често контроверзен стил. Со години, во своите текстови и јавни настапи, таа без срам коментираше за политиката, општеството, медиумите, бракот, семејството и положбата на жените, поради што редовно предизвикуваше силни реакции од јавноста. Таа е авторка на голем број романи и ...

Околу 100 чадори и лежалки, нелегално поставени, фиксирани и заклучени на плажата Геракини помеѓу првиот и вториот крак на Халкидики, утрово во акција на општина Полигирос биле отстранети и пренесени во погон за рециклирање, јави дописничката на МИА од Атина. Од општината информираа дека лежалките и чадорите зафаќале делови од плажата и го ограничувале слободниот пристап на капачите, а на акцијата ѝ претходело соопштение преку кое ги повикале ...

Еден од основите на здравата исхрана е поголемиот внес на овошје и зеленчук, но често постои дилема околу тоа колкава количина навистина ни е потребна. Иако правилото за пет порции дневно е добро познато, нутриционистите објаснуваат дека приказната е малку посложена и даваат совети за тоа колку овошје и зеленчук навистина треба да внесуваме, пишува „Express.co.uk“. Диететичарката Хејзел Шор објаснува дека препораката за пет порции дневно ја ...

Сите онколошки пациенти кои побарале финансиска помош и ги исполниле условите за поддршка се исплатени, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој информира дека на јавниот повик аплицирале повеќе од 1.200 онколошки пациенти, при што повикот сè уште е отворен и заинтересираните граѓани можат да аплицираат. Заедно кога е најпотребно – сите онколошки пациенти кои побараа помош, се исплатени. Постојат моменти кога зборовите не ...

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер во Куќата на Уранија на МАНУ во Охрид одржа свечена беседа по повод доделувањето на Светската награда на хуманизмот за 2026 година, признание што веќе две децении го доделува Охридската академија на хуманизмот. Бенедиктер, кој годинава е добитник на престижното признание, во своето обраќање се осврнува на значењето на хуманизмот, духовното и интелектуалното наследство на Охрид, како и за современите ...

На 24 август во Лабораториум од 13 часот ќе се одржи дебата „Културната инфраструктура пред Европската престолнина на културата 2028“ во организација на фестивалот Македокс. На дискусијата ќе се зборува за сериозниот недостиг на активни киносали и простори во кои филмот континуирано се прикажува и живее како културно искуство. „Иако градот има активни фестивали, филмски автори и заинтересирана публика, можностите за редовно гледање квалитетна ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42