Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Шведско-британскиот фармацевтски гигант АстраЗенека соопшти за нов неуспех, прекинувајќи го клиничкото испитување во доцна фаза на лекот за рак на белите дробови „волрустомиг“, нешто повеќе од еден месец откако прекина друго испитување за лек за срцеви заболувања. Компанијата од индексот ФТСЕ 100 објави дека волрустомиг, во комбинација со хемотерапија, веројатно нема да ја зголеми стапката на преживување кај пациентите со рак на белите ...
Меѓународно афирмираниот кларинетист и композитор ова лето во родниот Охрид обединува професори и млади музичари од различни земји, а првото издание на Quadrivium ќе кулминира на 21 август во „Св. Софија“ со неговиот јубилеен концерт и светска премиера Од Охрид до Њујорк, Carnegie Hall и Juilliard, од европските концертни сцени до Кина и ова лето повторно назад во градот од кој започна неговата музичка приказна. Македонскиот кларинетист, ...
Македонските бои ќе ги бранат спортисти во индивидуални и екипни дисциплини, со поддршка од претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, која ќе присуствува на свеченото отворање на Игрите. Натпреварите ќе се пренесуваат во живо на МРТ 3, а случувањата од Таранто ќе може да се следат и преку социјалните мрежи на МОК Македонија е подготвена за ново големо спортско претставување на меѓународната сцена. Денеска официјално беше ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска потпиша договори за грант доделени преку Првиот јавен повик за развој на социјални услуги на локално ниво, во рамки на Вториот проект за подобрување на социјалните услуги. На потпишувањето присуствуваа градоначалници и претставници на граѓански организации – партнери во реализацијата на грантовите, преку кои во повеќе општини низ државата ќе се воспостават и ...
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 2.5. Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската ...
Документарниот филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски синоќа имаше светска премиера пред публика, која не можеше да ги скрие силните емоции. Филмот се прикажа во официјалната документарна конкуренција на 32. Сараевски филмски фестивал. После проекцијата во салата завладеа заглушувачка тишина, која траеше бесконечно – за потоа да биде разбиена со силен аплауз од емотивната публика. „Во оваа громогласна тишина се собра сета тага на Кочани што ја ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) попладнево соопшти дека во рамки на истрагата за организиран транспорт на марихуана од земјава во Србија е донесена наредба за спроведување постапка против уште седум лица, осомничени дека го сториле истото кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 ...
Во рамки на програмата „Македонски филм. На големо платно“ публиката ќе има можност да проследи бесплатна кино проекција на БЛОК КРАТКИ ИГРАНИ ФИЛМОВИ. 17 август | 19:00 часот Cineplexx Влезот е бесплатен. БЛОК КРАТКИ ИГРАНИ ФИЛМОВИ: ЕКЛЕР | Марко Ѓоковиќ Вилата на Тито во Охрид, 4 мај 1980 година. Веста за смртта на Маршалот означува крај на една ера, но за синот на главниот готвач тоа е и неочекувана можност, конечно да ја вкуси храната што ...
Пожарот во близина на прилепското село Чаниште навлегол во населеното место, при што, според првичните информации, се зафатени неколку стари и напуштени куќи, а можно е да е зафатена и една куќа во која живеат луѓе, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Ангелов посочи дека пожарот бил пријавен преку системот 112 во 15:58 часот, а прилепските пожарникари добиле повик околу 13:30 часот за пожар на отворен ...
Кога го уништуваме заедничкото – се уништуваме самите себе!, напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Велес, Марко Колев. Речиси секојдневно сме сведоци на уништување на урбана опрема, детски игралишта и спортски терени. Овој пат мета на несовесно однесување се тартан подлогата и головите на спортскиот терен во ООУ “Васил Главинов”, создаден за децата и младите да имаат безбедно и уредено место за спорт и рекреација. Општина Велес како ...
После интензивни преговори помеѓу двете најголеми државни компании и врз основа на Одлука на Владата, АД ЕСМ склучи тригодишен стратешки договор со косовската државна енергетска корпорација КЕК со кој АД ЕСМ доби концесија во рудникот во Обилиќ и можност за експлоатација на околу три милиони тони јаглен во наредните 36 месеци. Договорот официјално го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев, и генералниот директор на КЕК, Грамос ...
Четирите џез вечери на фестивалот „Охридско лето“ изминаа во знакот на извонредни уметници, врвна музика и полни гледалишта. Честа да ја затвори џез програмата синоќа на Долни Сарај ја имаше бендот „Киото“ од Велика Британија кој го сочинуваат наградуваниот пијанист и автор на музика Рохан Хит и Лу Роудс. Нивната музика го отслика заедничките музички искуства и навлезе длабоко во значајни животни теми. Музиката без граници ја одбележа уште ...
Во издание на „Матица македонска“ е објавен романот „Црниот гавран: останатиот“ од истакнатиот украински писател Васил Шклјар, во превод од украински на македонски јазик на Вера Чорниј-Мешкова. Првпат објавен во 2009 година, „Црниот гавран: останатиот“ е еден од најпознатите и најчитаните историски романи во современата украинска книжевност. Во неговото средиште е вооружениот отпор на востаниците од Холодни Јар против воспоставувањето на ...
На 38-та „Поетска ноќ во Велестово“ ќе настапат дваесетина поети, музичари и уметници од шест земји – Ирска, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија и Македонија. Програмата на поетскиот фестивал ќе почне на 21 август, во 21 часот, во Велестово со поетскиот портрет на Јовица Ивановски, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, по што ќе следува „Имаго“ ‒ интернационално поетско читање, на кое ќе настапат поетите од странство. ...
Долгонајавуваната европска дозвола за патување за граѓаните на земјите без виза повторно е одложена. Засега, Европската Унија нема нов датум за почеток на системот ЕТИАС (ETIAS), па патниците се предупредени да не пополнуваат никакви барања ниту да плаќаат ништо, пишуваат српските медиуми, пишува порталот весник Илинден. Европскиот систем за информации и авторизација за патување (ЕТИАС ) требаше да биде воведен на крајот од оваа година, па ...
40 ГОДИНИ СОБИРАВ…и ….СОБИРАВ !!!. СЕГА Е ВРЕМЕ СОБРАНАТА МЕМОРИЈА И ФИЗИЧКИТЕ АРТЕФАКТИ ДА ДОБИЈАТ СВОЈ ВИСТИНСКИ ДОМ, напиша на социјалните мрежи Тошо Филиповски. Сите веќе сте запознаени дека повеќе од 40 години собирам плочи, касети, ЦД-а, фотографии, плакати, фанзини, книги, списанија, снимки, документи, информации, приказни… парчиња од историјата на македонската музика. Последните дваесетина години интензивно зборувам и пишувам дека на ...
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Родри, доби дозвола денес да отпатува во Барселона за да го комплетира својот трансфер во каталонскиот клуб, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Барселона закажала медицински прегледи за 30-годишниот Шпанец, кој треба да потпише четиригодишен договор оваа недела со важност до јуни 2030 година. Се очекува договорот да биде вреден 60 милиони евра во фиксни хонорари и 16 милиони евра во бонуси. ...
Вештачката интелигенција направи уште еден голем скок во биологијата. Научниците, користејќи генеративни ВИ-модели, дизајнирале цели геноми на бактериофаги – вируси што напаѓаат бактерии, а коишто сега може да се произведуваат во лабораторија. Од илјадници обиди, 16 вируси се покажале како функционални. Истражувањето го водеше д-р Брајан Хеј од Универзитетот „Стенфорд“ во Калифорнија (САД), а користени се модели „Ево 1“ и „Ево 2“ (Evo 1 / 2), ...
Емина Јаховиќ се пресели во нов луксузен стан во европскиот дел на Истанбул.Поп-ѕвездата потроши околу еден милион евра за нов имот од 100 квадратни метри со прекрасен поглед на Босфорот. Емина е вистински номад. Таа постојано се сели од едниот крај на Истанбул на другиот речиси на секои две години. И додека за другите луѓе преселбата е вистински ужас, Емина обожава да ги менува местата на живеење. Таа сака да го менува просторот и ентериерот ...
Дунав во Будимпешта достигна историски ниско ниво. Според најновите податоци на унгарската хидролошка служба, утрово водостојот кај главниот град изнесувал само 16 сантиметри, а во текот на денот се очекува дополнително да се намали – на околу 13 сантиметри. За утре се прогнозира пад и до околу 8 сантиметри. Екстремно нискиот водостој е последица на долготрајната суша и високите температури во Централна Европа. Сателитските снимки на ...
Шеесет македонисти, слависти, балканолози, филолози, културолози и преведувачи од 17 земји ќе учествуваат на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што од 20 август ќе се одржува во Конгресниот центар во Охрид. Предвидено е на свеченото отворање на Школата пред учесниците да се обратат ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, ...
Сончевата светлина најдобро покажува колку се валкани комарниците, а симнувањето на мрежичките за да се исчистат за многумина е вистинска мака. Затоа често првиот избор се сунѓер и детергент. Токму тука се прави грешката што треба да ја избегнете. За редовно отстранување на прашината, најчесто нема потреба да ги симнувате комарниците. Сувото чистење со правосмукалка е многу поедноставно и може да го повторувате секогаш кога ќе забележите дека ...
Ако јавно споделиш вест дека водата за пиење во Скопје е загадена, особено ако тоа го направиш без никаков аргумент и поткрепа, дали тоа е чин на слобода на говор или тероризирање на граѓаните и ширење на страв и паника? Слободата на говор и изразување се смета за една од најважните придобивки на демократијата. Тоа е вредност која е содржана во уставите на сите демократски земји, но и во најзначајните меѓународни договори и конвенции. Да ...
Еден од најистакнатите македонски актери, Тони Михајловски, официјално започнува ново поглавје во својата долгогодишна кариера. Тој е назначен за професор по актерска игра на Универзитетот „Еуропа Прима“ во Скопје, каде што и официјално ќе ја предводи оваа катедра. Уметникот кој зад себе има десетици улоги на сцената на Македонскиот народен театар и впечатливи филмски остварувања, сега ќе го пренесува своето практично знаење на новите ...
Најмладиот хоспитализиран пациент со невроинвазивна форма на западнонилска треска во земјава има 25 години и се наоѓа во стабилна здравствена состојба, додека викендов е регистриран трет смртен случај кај 61-годишен пациент со сериозни придружни заболувања. Досега во државава лабораториски се потврдени 35 случаи на вирусот, а за уште тројца суспектни се чекаат резултатите од дијагностиката. На Клиниката за инфективни болести во моментов се ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, повторно апелираше до граѓаните да бидат внимателни и одговорни во текот на летниот период и да не палат оган на отворено поради опасност од предизвикување пожари. При обиколка на подрачје покрај реката Треска, Ангелов преку видео порака покажа огниште за скара поставено во непосредна близина на сува трева и куп суви гранки кои водат кон блиската шума. Тој предупреди ...
Разговарајте со детето додека шетате, јадете или читате приказна, тоа е многу важно за развојот на говорот и јазикот. Најважно е детето да биде активен учесник во комуникацијата. Важно е детето да има можност да раскажува, да поставува прашања и да кажува што мисли, советува Катерина Киранџиќ, дипломиран клинички логопед, вработена во ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација-Скопје. Во пресрет на новата учебна ...
Ексклузивни снимки од големото финале, снимени од гледна точка на главниот делител на правдата со помош на таканаречената технологија „RefCam“, ја видоа светлината на денот и ги запалија социјалните мрежи во рекордно време. Видеото повторно започна лавина од коментари и дискусии за арбитражата во судирот меѓу Шпанија и Аргентина (1:0). Во објавениот материјал, јасно се слуша како словенечкиот судија Славко Винчиќ му дава совети на капитенот ...
Сите градежни зафати во објектот биле изведени нелегално, без проектна документација, без стручен надзор и без одобрение од надлежните институции – истакна вештото лице Маријана Лазаревска на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според неа, промените не можат да се третираат како надградба, доградба или адаптација, туку претставуваат реконструкција, за која е задолжителна целосна законска постапка што во случајот не ...
На 16.08.2026 во 05:56 часот во ОВР Ресен било пријавено дека околу 05:37 часот на ул.„Корчуланска“ во Ресен, патничко возило „шевролет“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од 66-годишната Л.С. од с.Стење, ресенско, излетало од патот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Л.С. и нејзината 71-годишна сопатничка Р.Д. од Ресен, констатирани во Клиничка болница Битола, информира МВР. Известен јавен обвинител, а увид бил извршен ...