
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Традиционалната меѓунаордна изложба на уметничка фотографија Фото Салон Куманово ќе се отвори во среда (31 октомври) во просториите на Уметничката галерија на Град Куманово во 19 часот. Организаторот Фото кино клуб „Козјак“ и овој пат ги собра фотографиите на нашите и странските автори. Учесниците имаа можност да се престават во неколку категории: тема слободна колор, слободна црно-бела, природа и портрет. На натпреварот земаа учество 213 автори ...
Ноемвриската програма на Кинотека на Македонија 2024 година е вистински културен мозаик, збогатен со уникатни филмски искуства и интригантни дискусии. Кинотеката на Македонија овој ноември ќе понуди јапонски и шпански филмови, проекции на „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец, и класичниот италијански филм „Крадци на велосипеди“ на Виторио Де Сика како и тематска вечер вечер под наслов „Надреализмот не е мртов“, посветена на ...
Христијан Илиевски Македонија повторно влегува во непредвидливо сценарио кое наликува на периодот кога бевме блокирани од Грција, а излез од истото, засега нема. Поминаа две децении од аплицирањето на Македонија за полноправно членство во Европската Унија, а државата уште се наоѓа во чекалната, овојпат помината и од Албанија, која доби зелено светло за продложување на преговорите, по последната одлука на КОРЕПЕР. Изгледа дека ни е судено да ...
Како што се наближуваат претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД), најновите анкети покажуваат дека поранешниот претседател Доналд Трамп води пред потпретседателката Камала Харис во трката, а економијата игра главна улога во одлуките на гласачите, пишува „Анадолу“. Анкетата објавена во четвртокот од страна на Сеамериканското економско истражување на „Си-ен-би-си“ покажа дека Трамп води пред Харис со 48 отсто наспроти 46 ...
„The Serpent’s Egg“ од „Dead Can Dance“, објавен во 1988 година, претставува едно од најквалитетните и најсакани достигнувања на готик и етно сцената. Овој албум има уникатна текстура, изградена преку комбинацијата на древни, световни и духовни музички традиции. Со звукот на готикот, архаичните инструменти и вокалните текстури на Лиса Џерард и Брендан Пери, „The Serpent’s Egg“ ги води слушателите во безвременски простор кој е истовремено интимен ...
Мерките за чист воздух да бидат приорет за локалните власти, побараа младите од Куманово, Кавадарци, Скопје, Велес и Гостивар, кои во рамките на проектот „Младинска акција за чист воздух“ на Центарот за климатски промени, учествуваа на 15 младински форуми, пишува „Мета.мк“ Младите од овие градови креираа и свои барања и ги претставија пред општинските службеници и советниците. Тие побараа да се зголеми свесноста за намалување на употребата на ...
Грузиската владејачка партија – Грузиски сон, доби повеќе од 54 отсто од гласовите на парламентарните избори во саботата, со преброени повеќе од 99 отсто од избирачките места, соопшти изборната комисија, пренесува „Ројтерс“. Резултатот е удар за прозападните Грузијци, кои ги организираа изборите со цел гласачите да може да изберат помеѓу владејачката партија која ги продлабочи врските со Русија и опозицијата која се надеваше дека ќе ја забрза ...
Од утре (28 октомври) почнува 15-то јубилејно издание на Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло“ во организација на Детскиот културен центар. Како што информираат оттаму, овој фестивал ги обединува љубителите на класична гитара, а во текот на изминатите 15 години прераснал во културен настан кој сведочи за присуството и појавата на сé поголем број светски познати уметници специјализирани за класична гитара. Годинава, во рамки на ...
Вчера (26 октомври) во Ликовниот салон во Велес беше отворена самостојната изложба на сликарот Стефан Хаџи Николов на која се претставени 38 слики, од кои најголемиот дел се изработени последниве две години, а има и слики од неговото творештво од 2009 наваму. Ова е негова втора самостојна изложба во Велес по пауза од 15 година, откако во 2009 година беше отворена првата негова изложба во овој град. Како што појасни промоторот Елица Николова од ...
Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома денеска го имаме новинарот Ненад Георгиевски. Ова е изборот на Георгиевски, како што вели и самиот – пет слушачки албуми за по дома, дополнително со негови осврти и лични доживувања за одбраните музички парчиња: *** 1.U2 – Achtung Baby (1991) ‘90те беа интересен период да се расте и созрева. Беа хаотични и болни впрочем како и промените што се случуваа во тоа време, но во исто време бевме заплиснати со огромен ...
Во Брисел, Белгија, на 65-годишнината од Штрумфовите, е отворена уникатна интерактивна изложба – Село на Штрумфовите, пишува „Анадолу“. Изложбата нуди забавни активности, игри и модели на селото на Штрумфовите во природна големина, овозможувајќи им на посетителите да ги истражат нивните домови во облик на печурка, да се сретнат со ликовите и да учествуваат во активности за сите возрасти. Со комбинација на класичниот шарм на стриповите за ...
Албумот „Mellon Collie and the Infinite Sadness“, објавен на 23 октомври 1995 година, претставува амбициозен и експериментален момент во дискографијата на „The Smashing Pumpkins“, нивен магнум опус. Овој двоен албум, направен за да се задоволи пред се незаситната амбиција на фронтменот Били Корган, е своевидна музичка ода за младешката конфузија, очај и носталгија. Со 28 песни распоредени на два дискови, „Dawn to Dusk“ и „Twilight to Starlight“, ...
Во тек е пријавувањето за фотографскиот натпревар „Макпортрет 2024“ во организација на здружението на граѓани „Викимедија МКД“. Како што информираат организаторите натпреварот е со цел обезбедување слободни фотографии од познати и истакнати современи дејци од разни полиња на делување од Македонија. „Со овој натпревар сакаме да собереме фотографии од познати македонски личности, односно граѓани на Македонија, сликани од непосредна близина, со цел ...
Од следната година ќе бидат отворени шест нови линии со Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел и Истанбул, најави министерот за транспорт, Александар Николоски, на денешната прес-конференција во Владата на Република Северна Македонија. Како што информираше министерот Николоски, четири нови авионски линии се однесуваат на скопскиот аеродром, каде два пати неделно ќе се лета на релација Скопје-Дубаи-Скопје (од 30 март), исто како и ...
„Vision Thing“, третиот студиски албум на британскиот готик рок бенд „The Sisters Of Mercy“ објавен на 22 октомври 1990 година, претставува значаен момент во кариерата на оваа култна формација. Со својот звук и ангажирани текстови, албумот успешно се позиционираше како важен дел од готик рок сцената на 90-те години, а во исто време ја покажа способноста на бендот да се прилагоди на новите музички трендови. Управуван од моќниот глас на Ендрју ...
16 дизајнер(к)и се дел од добротвора модна акуција за која донираа свои дела. Аукцијата ќе биде јавна и ќе се одржи в понеделник (28 октомври) во Културно-едукативниот центар „Лабораториум“ како дел од кампањата „Денови за донирање“. Донираните средства ќе бидат наменети за првиот филантропски фонд. Годинава фондот ќе поддржи 4 иницијативи: Фонд за заштита и превенција од пожарите на нашите шуми; Центар за развој на децата со попреченост со ...
Скопје постојано се гради. Нови згради никнуваат таму каде претходно имало паркови или заменуваат некогашни куќи со што наместо една се вселуваат десет фамилии. Цените на станови се во постојан пораст, а веројатно во моментов бележат највисока сума по метар квадратен. Во меѓувреме, луѓе купуваат станови во главниот град, планираат или зборуваат каде и по која цена да си го купат новиот дом. Од многуте огласи по интернет или информации кои шетаат ...
Изложба на макети, истражувачки проекти и прототипови, звучна инсталација, театарска претстава, танц и музика, проекција на кратки филмови и диџеј сет, денеска со почеток од 16 часот во „Јавна соба“ во Скопје. Овој мултимедијален настан ќе обедини студенти од седум факултети на УКИМ. „Настанот ја слави креативноста и мултидисциплинарната соработка, и е отворен за сите љубители на културата и иновациите“, се вели во соопштението. Програмата ќе ...
Африка регистрирала 134 нови случаи на детска парализа во најмалку седум региони, објави Светската здравствена организација (СЗО), пишува „Анадолу“. Регионалната директорка на СЗО за Африка, Матшидисо Моети, во пораката по повод Светскиот ден на детската парализа, рече дека циркулирачката варијанта на полио тип 2 е пронајдена во Буркина Фасо, Камерун, Централноафриканската Република, Чад, Мали, Нигер и Нигерија. „Само во 2024 година до 5 ...
Вечерва (25 октомври) во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена изложба на керамики од уметникот Филип Фидановски, насловена „Пикасо можеби јас 2“. На изложбата ќе бидат претставени 17 дела изработени во керамика, насликани со енгоба, глазура и 18 каратно злато за керамика и порцелан. Како што е најавено, изложбата ќе ја отвори амбасадорот на Шпанија, Рафаел Соријано Ортиз. „Нашата културна дипломатија се заснова на размена и дијалог, каде што ...
Во израелски напад утрово, 25 октомври, загинаа најмалку тројца новинари, а неколкумина беа ранети додека спиеја во гостински куќи што ги користат медиумите во Хасбаја, јужен Либан, објави либанското Министерство за здравство и локалните медиуми, а пренесува Ројтерс. Истрагите на Комитетот за заштита на новинари покажале дека дека најмалку 128 медиумски работници биле убиени од почетокот на војната во Газа, што го прави најсмртоносниот период за ...
Поетската книга „Анатомија на небото“ од Борче Панов ќе биде промовирана вечерва (петок, 25 октомври) во Салонот Империјал 2 во Културно-инофрмативниот центар во Скопје (КИЦ). Промоцијата ќе почне во 19:19 часот, промоторка е Даниела Андоновска Трајковска. „’Анатомија на небото’ содржи рефлексивна поезија за човекот и божествената креација. Во таа взаемна хуманистичко-деистичка врска се остваруваат сите реализации на индивидуализираното Јас кое ...
17 лица загинаа во израелски воздушен напад врз училиште претворено во шелтер во централниот дел на Газа, соопшти болницата Ал-Авда го Газа. Канцеларијата за медиуми предводена од милитантната група Хамас ја соопшти истата бројка и рече дека се работи за училиште кое се користи како засолниште за принудно раселените луѓе. Видеа од сцената, проверени од „Би-Би-Си“ покажуваат ранети деца на кои им помагаат мажи. Израел кажа дека целеле кон ...
Кинотеката на Македонија на 28 октомври (понеделник), во 12 часот ќе го презентира проектот за дигитална реставрација на филмот „Писмо“ од филмскиот и театарски режисер Васил Христов. Со ова Кинотеката ќе го одбележи 27 Октомври – Светскиот ден на аудиовизуелното наследство. „А до крајот на октомври пак, во вечерните термини на филмската програма ќе бидат прикажувани наслови од македонската кинематографија кои годинава одбележуваат своевиден ...
Рударството е сектор со многу наталожени проблеми, како што се жешките еколошки точки кои се реална опасност, а државата мора да ги елиминира. Граѓаните се оние кои треба да одлучат дали сакаат или не сакаат рудник или било каква концесија во нивната околина. Оттука, знаејќи дека рударството и црпењето минерални суровини спаѓаат во загадувачки индустрии, треба да се отвори широка дискусија во општеството за стратешки планови за рудниците, каде ...
Националниот џез оркестар (НЏО) заедно со солисти од регионот утре, 25 октомври, ќе го отвори есенското издание на фестивалот „JazzHR“ со почеток во 19 и 30 часот на сцената на клуб театар „Комедија-Контеса“ во Загреб. „Голема чест и задоволство е да го отвориме Хрватскиот џез фестивал. Ветуваме уште еден незаборавен концерт со разновидна и богата програма. Се чувствуваме возбудени и мотивирани од атмосферата со која не’ дочекаа во Загреб“, вели ...
Македонското еколошко друштво (МЕД) ги повикува граѓаните на едукативен настан за создавање дабови садници, кој ќе се одржи на 26 октомври во 11 часот, кај третото езерце во Градскиот парк во Скопје. Биолозите од МЕД ќе одржат предавање како граѓаните можат сами да создадат дабови садници за пошумување на биокоридори, а присутен ќе биде и Јане Димески од „Шума во градот“ кој веќе долги години се занимава со граѓанска наука и создавање на ...
Модната ревија на која работеа 60 девојки и жени од Македонија ќе се одржи утре, 25 октомври, со почеток во 21 часот во „Лабораториум“ како дел од Модниот викенд Скопје. „Овој настан не е само модна ревија, тоа е прослава на традицијата, занаетчиството и зајакнувањето“, се вели во соопштението. На модната ревија ќе бидат претставени креациите на 60 девојки и жени од Битола, Скопје, Куманово и Струмица, кои поминаа седуммесечна интензивна обука ...
По интензивна децениска заложба на државата за враќање на квалитетот и вредноста на средните стручни училишта и за повторно афирмирање на неформалниот систем на обука, денеска со гордост можеме да кажеме дека имаме модерен и атрактивен систем на стручно образование и обука, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на завршниот настан на проектот „Зголемување на привлечноста, релевантноста и инклузивноста на стручното образование и ...
Деветото издание на КРИК фестивалот за критичка култура завршува во сабота (26 октмври) со настанот насловен „Низ патеките на (не)разумното – 300 години од раѓањето на Имануел Кант“. Во партнерство со Гете институт – Скопје, Контрапункт му го посветува 26 октомври (сабота) на Имануел Кант, еден од најзначајните германски филозофи, по повод триста годишнината од неговото раѓање. Перформативното критичко исчитување на клучните императиви на Кант ...