Игор Раиден Можам да кажам дека бев прилично задоволен со употребата на сега веќе старата апликација за градски автобуски превоз, „Скопска“. Не беше совршена, но беше функционална. Нешто што во новата апликација, „Скопје Бус“ (Skopjebus) лансирана денес, го немаме. И иако имам разбирање дека во првите денови ќе има проблеми со функционалноста, она што можам со сигурност да го кажам е дека не очекував дека ќе има толку многу проблеми. Првото ...

Во Македонија велосипедската мрежа е долга 130 километри и се простира главно во Скопје. Но, таа не секаде е во добра состојба и не нужно е правена по стандарди. Во другите градови, пак, некаде не постојат велосипедски површини, или се нецелосни, нефункционални или импровизирани. Дополнително, велосипедската структура во македонската регулатива се дефинира само во еден член на половина страна во Правилникот за урбанистичко планирање, за кој ...

Најмалку 51 лице загина во поплавите што ја погодија југоисточна Шпанија, пренесува Ал Џазира Балканс. Првиот човек на регионот Валенсија, Карлос Мазон, потврди дека службите за итна помош ги пронашле мртвите тела, но дека поради почит кон семејствата нема да даваат дополнителни информации. Поројните дождови предизвикани од студениот фронт што се движи низ јужниот и источниот дел на земјата, вчера ги поплавија патиштата и градовите, поради што ...

Од 1 ноември, првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ ќе почне да се прикажува во „Синеплекс“ и во „Киноверзум“. „Јон Вардар против галаксијата“ е хумористична приказна за еден натпросечно потпросечен човек, еден нарцисоиден робот и многу вонземјани кои се на мисија да ја спасат галаксијата од самите себеси. Режијата е на Гоце Цветановски, арт директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а директор на ...

Вечерва, (30 октомври) со почеток во 21 часот, ќе се одржи 35. Џам сесија (Jam Session) во културно едукативниот центар Лабораториум. Без разлика дали се етаблирани или сеуште се градат, од Лабораториум велат дека оваа сесија на импровизации е наменета за музичари. „Доаѓаат да се изразат себеси на нов и експериментален начин, воедно да се сретнат и со други музичари и преку фузија на нивните различности да направат кохезија. Свират, се наоѓаат ...

Од 31 октомври до 4 ноември во Скопје, под мотото „Лабораторија за приказни – таму каде што се вкрстуваат нашите патишта“, ќе се одржи третото издание на Фестивалот на приказни за деца и млади „Крошна“. Како што информираат организаторите, оваа година посетителите ќе имаат можност да слушаат македонски, грчки, полски, словенечки и шпански приказни во различни формати. „На овој начин сакаме на децата да им ја пренесеме пораката дека сите деца и ...

Вечерва (30.10) со почеток во 20 часот во пабот Беертија ќе се одржи 12. издание на „Поетска епизода“ на тема „Хорор, чудно, страшно“. На настанот ќе учествуваат поетите и поетеси Лидија Димковска, Андреј Ал-Асади, Милена Сиљаноска, Никола Наумовски и Драгана Стојадиновска. Модератори на настанот ќе бидат Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова. „Поетска епизода“ е книжевен настан организиран во соработка со Здружението за афирмација на ...

Нискобуџетната авио-компанија од Унгарија, „Визер“ ги укина линиите од Скопје до Келн, Копенхаген и Стокхолм-Скавст. Скопскиот аеродром на 27 октомври го објави зимскиот распоред на летови каде ги нема овие летови, а тие не се застапени ниту на сајтот на авио-комапнијата. „Визер“ се повлекува од Келн поради високите цени за услуги и давачки што ги воведе аеродромот Келн-Бон. За да се надомести интересот за тој дел од Германија, компанијата ќе ги ...

Која е состојбата на лицата со попреченост во однос на медиумската писменост и како лажните вести и дезинформации влијаат на нив, како младите гледаат на медиумската писменост и ширењето на дезинформации и која е улогата на неформалното образование во промоцијата на медиумската писменост и борбата против дезинформациите. Ова беа некои од главните прашања на денешната панел дискусијата за медиумска писменост кај младите која се одржа во ...

Пишува: Бојан Лазаревски Во услови кога сѐ повеќе млади се одлучуваат да студираат во странство, инвестирањето во студентскиот стандард е поважно од било кога. Младинската картичка може да биде главната алка во овој процес и е крајно време да го добие потребното внимание. Ја имав привилегијата неколку пати дел од моите додипломски студии да ги поминам на Карловиот универзитет во Прага, Република Чешка. Секогаш по враќањето во Македонија, она што ...

Од оваа недела стартува новиот начин на плаќање на билет за едно возење во автобусите на Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП). Како што информираат оттаму, билетот по цена од 40 денари, може да се купи преку бројот 185, со СМС порака или преку новата мобилна апликација „Skopjebus“. Начинот за новото плаќање е следен: Патникот од својот мобилен телефон врти на бројот 185 при што слуша “бип“ сигнал и говорна порака “Купивте билет за едно ...

Здружението за социјални иновации Арно отвора повик за Академија за циркуларна економија. Повикот е отворен за сите здруженија кои имаат идеја за бизнис кој прави добро за природата и заедниците преку повторна употреба на материјали, превенција на отпад или има други елементи од циркуларната економија. Апликациите треба да се поднесат најдоцна до 3 ноември со пополнување на пријава на овој линк. Организациите кои ќе бидат избрани за учество ...

По повод одбележувањето на 175 години од смрта на светски познатиот Фредерих Франсоа Шопен, во среда на 30 октомври со почеток во 19:00 часот во Камерната сала на Филхармонија ќе се одржи концерт „Ноктурно за Шопен“ на кој премиерно ќе бидат изведени 17 дела од современи композитори – жени напишани во чест на Шопен. Композициите на пијано ќе ги изведуваат млади и талентирани ученици, како и ученици со атипичен развој од основните и средните ...

МОН две години не плаќа за бесплатниот превоз на студентите, за секој извозен километар се прави трошок од два денари, а приход од еден денар. Субвенционирањето од Град Скопје во висина од 673.870 илјади денари (околу 10,96 милиони евра), не е доволно за претпријатието да ги постигне стратешките цели за одржлив урбан транспортен систем и развој на јавниот градски превоз во Скопје Ова се дел од наодите од ревизијата на Државниот завод за ревизија ...

Под мотото „Дионизија сега“, од 1-ви до 5-ти ноември на повеќе места низ Скопје, Академската сцена на ФДУ, Драмскиот театар, Албанскиот Театар, Младинскиот културен центар и Котур Кафе и Филм, ќе се одржи 32. Издание на студентските средби Скомрахи на Факултетот за драмски ументости (ФДУ). Како што информираат организаторите, Скомрахи и годинава ќе ги обдеинат во Скопје студентите од повеќе европски драмски и филмски академии. „Публиката ќе има ...

Јужен Судан прогласи епидемија на колера, пишува „Анадолу“. Ваквото известување следува по извештаите за 44 сомнителни случаи и 6 лабораториски потврдени случаи на колера во Ренк, Горен Нил. Заклучно со 27 октомври, пријавени се 49 случаи на колера меѓу бегалците, повратниците и локалните заедници. Министерката за здравство Јоланда Авел Денг ги увери граѓаните дека владата е посветена на запирање на ширењето на колерата во Ренк. „Министерството ...

Израелскиот парламент усвои закон со кој на најважната агенција на Обединетите нации која им помага на Палестинците (УНРВА) ѝ се забранува работа во Израел, пренесува Н1. Предлог-законот беше усвоен со 92 гласа „за“ и 10 „против“. Усвојувањето на законот сериозно ќе ја ограничи можноста на Обединетите нации да пружат помош за палестинските бегалци на териториите окупирани од Израел, а членовите на Кнесетот ги отфрлија повиците на меѓународната ...

Илина Качинске Да ги едуцираме најмладите ученици дека користење на реченици и текстови кои некој друг ги осмислил, изговорил, напишал или генерирал со помош на ВИ е еднакво на кражба. Во изминатите неколку години имавме можност да ја посведочиме флексибилноста на педагогијата но и нејзината длабочина и широчина за постојана надградба и усовршување со цел да одговори на разни општествени случувања. 2022 ни донесе еден нов панпредизвик – ...

Само четири министерства за девет месец реализирале повеќе од 60% од планираните капитални инвестиции. Трите ново формирани ресори, за спорт, за енергетика и за јавна администрација иако имаат поголем износ на средства за капитални инвестиции, засега реализацијата е нула , пишува Порталб.мк. Според новите податоци од Министерството за финансии, највисок износ на потрошени средства за јавни инвестиции има МВР. Дел од ресорите со поголеми буџети ...

„Аксиома“ ја објави програмата за „Омнибустопија 6“, за која велат претставува своевидна рекапитулација на активностите на здружението во последните 12 месеци, но и антиципација на она што ќе следува во догледна иднина. „Тоа значи дека музиката, повеќе од кое било претходно издание на ‘Омнибустопија’, ќе биде во преден план. Ќе имате можност да проследите несекојдневни концерти, изложба, разговори и работилница“, посочуваат од „Аксиома“. Во ...

Рецензија на деби албумот на „Sex Pistols“ – „Never Mind the Bollocks, Here’s the Sex Pistols“, објавен на денешен ден во 1977. Објавен на 28 октомври 1977 година, „Never Mind the Bollocks, Here’s the Sex Pistols“ не е само албум – тоа е целосна музичка и културна револуција. Со својот суров звук, провокативни текстови и неумолива енергија, албумот го постави панк-рокот како доминантна сила која го критикуваше општеството, предизвика генерациски ...

„Македонски космонаути на врвот на Сончевиот систем“. Оваа „сензационална вест“ деновиве се врти по реклами, билборди, по фасади на згради, а намерно „боде очи“ за да ги најави годинешните „Деновите на медиумска писменост 2024“ (ДМП), кои од денеска 28 октомври до 4 ноември ќе отворат прашања за вештачката интелигенција, дезинформациите, дигиталниот живот, но и важноста и интегритетот на новинарите во одбраната на јавниот интерес. ДМП се ...

Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонски грип досега се пријавени над 61 илјада граѓани, додека во пунктовите за вакцинација веќе се вакцинирани над 19 илјади. Како што велат од Министерството, овие бројки го покажуваат големиот интерес на граѓаните да се заштитат од компликации од сезонскиот грип. Дополнително, оттаму известуваат дека почнувајќи од денес, мобилните тимови од здравствените установи ќе ...

На 25. и 26. октомври се одржа хакатонот Climathon Скопје 2024 на кој учествуваа 10 тимови кои работеа на развивање решенија за еколошки предизвици специфични за Скопјe, како загадување на воздухот, енергетска ефикасност, управување со отпадот и сл. Тимовите ги водеа стручни ментори, а идеите ги претставија пред комисија. Оваа година имаше две победнички решенија кои го поделија првото место. Tимовите „My Terrarium“ од Машинскиот Факултет при ...

Почна изградбата на автопатот од Гостивар до Букојчани и Кичево. Министерот за транспорт и врски Александар Николоски истакна дека ова е најтешкиот дел од она што треба да е автопат Скопје – Кичево – Струга – Охрид. Делницата е дел од Паневропскиот коридор 8 „Првпат по 50 години почнуваат реални работи за изградба на овој автопат којшто ќе значи дека помеѓу главниот град на нашата држава и Охрид и Струга ќе се патува за некаде час и дваесет ...

Неформален разговор со македонските автор(к)и Лидија Димковска, Калиа Димитрова и Стефан Алијевиќ, кои оваа и минатата година го добија книжевното признание „Штефица Цвек“ ќе се одржи во петок, 1 ноември, со почеток во 19 часот во центарот „Комитет“ во Скопје. Ана Аврамовска, писателката која исто така беше меѓу наградените, ќе има видео обраќање. „Овој настан е посветен и на сите автор(к)и кои влегоа во поширокиот круг на признанието, и тие ...

Иницијативата „Гоу грин“ во склоп на Националната вело-мрежа спреми Предлог-правилник за велосипедска инфраструктура и бара од Министерството за транспорт да го прифати и донесе на национално ниво. Правилникот ќе биде презентиран утре, 29 октомври, на конференцијата која ќе се одржи во Младински центар Матично, Скопје (спроти Градски Парк) со почеток од 13 часот. „Сведоци сме како изминатите години секој пат кога се изведуваат улици или ...

Концертот на Македонска филхармонија насловен како „Пијанизам хероизам“ ќе се одржи во четврток, 31 октомври, со почеток во 20 часот. Рускиот пијанист Петер Лаул ќе настапи како солист, а диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија. На програмата се Поема за симфониски оркестар „Древниот ѕид“ од Томислав Зографски, Концертот за пијано и оркестар број 2 во Еф-дур од Дмитри Шостакович и Симфонијата број 6 во Де-дур од Антонин Дворжак. „Конрад ...

Самостојната изложба на Оливер Мусовиќ насловена „Understory“ ќе се отвори на 30 октомври во уличната галерија „Neunkubikmeter” (деветкубниметри) во баварскиот град Регенсбург. „Оливер Мусовиќ на изложбата преставува фотографија во голем формат од серијата ‘Обраснато’ (Overgrown) на која работи во континуитет од 2023 година на повеќе локации во Европа и Азија. Проектот ја документира спонтаната реколонизација на напуштените урбани простори од ...

Уште тројца палестински новинари беа убиени во израелските напади во Појасот Газа во неделата, со што вкупниот број на убиени медиумски работници од минатата година достигна 180, соопшти владината канцеларија за медиуми, пишува „Анадолу“. Канцеларијата за медиуми на владата во Газа ги идентификуваше убиените новинари и соопшти дека се дел од реадкциите на локалната ТВ Ал-Акса, новинската агенција Санад и Фондацијата Ал-Кудс. Канцеларијата на ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
43%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
1.54
58%
1011
weather icon

Загреб

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
55%
1010
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
42%
1013
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.8
50%
1012
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
0.45
60%
1012
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
3.13
45%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1011
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1011
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
2.06
45%
1011
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
55%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
63%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52