Време е фиоките да се отворат, за да има вистинска правда, велат од Иницијативата НУЛА, кои упатија јавно писмо до Јавниот обвинител Љупчо Коцевски. „Скоро четири години по трагедијата во модуларната болница во Тетово, каде што животот го загубија 14 наши сограѓани, случајот сè уште нема правна разрешница. Ниту еден виновник не е изведен пред правдата, а постојат сериозни индиции за пропусти при изградбата, како што е германското вештачење што ...

По обилните дождови во изминатите денови, од своето корито се излеа Маркова Река, при што се поплавени и делови по течението во Горно Лисиче во општина Аеродром. Општинарите велат дека по излевањето била ангажирана механизација што работела на одводнување на коритото на реката и на заштита од евентуални поплавувања на објектите за домување. „Воспоставен е контакт со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), МВР и АД Водостопанство, чии ...

Министерството за здравство информира дека еден пациент од повредените лица од пожарот во Кочани, кој беше хоспитализиран во медицински центар во Австрија, денеска (3 април)се враќа во државава, по што согласно протоколите, ќе биде задржан под 24-часовен надзор. Во државава се пристигнати и странски тимови за рехабилитација на пациентите. „Со тоа, во странските медицински центри се третираат 80 пациенти, од кои двајца се третираат амбулантски, а ...

Платформата за родова еднаквост (ПРЕ) и Мрежата за заштита од дискриминација (МЗД) упатија остра реакција на последните законски измени со кои, како што велат, младите остануваат без здравствена едукација базирана на докази во основните училишта и се озаконува насилство врз децата. „Најостро реагираме на најновите измени и дополнувања на Законот за основно образование и Законот за учебници, со кои се озаконува дискриминацијата и насилството, а ...

Промоција на македонското издание на романот „Спиј сега, ајде, спиј сега“ од наградуваниот малтешки автор Имануел Мифсуд ќе се одржи вечер (четврток, 3 април) со почеток од 20 часот, во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар ‒ Скопје. Книгата низ разговор со авторот ќе ја претстави Јулијана Величковска, која воедно е и преведувач на романот од англиски јазик. Изданието е на ПНВ Публикации, а неговата објава е поддржана од Малтешкиот ...

Коалиција Маргини се обрати во врска со најновите измени и дополнувања на Законот за основно образование и Законот за учебници, со кои, како што велат, се озаконува дискриминацијата и насилството, а се бришат темите за сексуално и репродуктивно здравје и родова еднаквост. Обраќањето на Коалиција Маргини го објавуваме во целост: „Додека умираат деца во рушевините на корумпираниот систем со децении, додека семејствата тагуваат, а луѓето прашуваат ...

„Првата причина поради која се согласуваме и ја поддржуваме одлуката на Влада за набавка на 120 автобуси е тоа што парите за набавка се од буџетот, не се задолжува државата и не подига кредит за нивната набавка. Но, тоа што сметаме дека е неисправно е што ова се прави дури во април, тоа е веќе четвртиот месец од годината, а државниот буџет беше донесен уште на крајот на минатата година и се знаело дека има доволно финансии за да се набават нови ...

Сојузот на средношколци информира дека Министерството за образование и наука (МОН) и Државниот испитен центар (ДИЦ) го прифатиле нивното барање државната матура да се полага во поголемите училишни простории, како холови и фискултурни сали. Ако не ги исполнуваат просторните услови од Правилникот за државна матура – од типот на 1,5 метар распојание пред и зад ученик и од страна – во тој случај државната матура ќе се организира на факултетите. ...

Откако е потпишан Колективниот договор (КД) за култура во Република Македонија, секое поместување на минималната плата во месец март за вработените во културата претставува неизвесност дали ќе се почитуваат нивните права, реагираат од Синдикатот за култура на Република Македонија (СКРМ). Од таму посочуваат дека членот 65 од КД за култура значи усогласување на платата согласно растот на минималната плата. Дополнително, нагласува Синдикатот, на ...

Во просториите наКСП Центар-Јадро во Скопје, вчерерва 2 април од 19 часот ќе биде промовирана новата и втора поетска збирка на Љубица Шопова „Надвор од единиците мерки“ во издание. Со авторката ќе разговара Катерина Шекутковска, а стихови ќе чита Ивана Јовановска. „’Надвор од единиците мерки’ е контемплативна и нежна поетска збирка во која Шопова ги истражува границите помеѓу материјалното и духовното низ поезијата, потсетувајќи нѐ на нештата ...

Владата на вчерашната седница ја усвои информацијата од Министерство за транспорт за потреба од набавка на еколошки автобуси , откако единиците на локалната самоуправа испратиле писма со барање да се подобри јавниот превоз. „Имајќи ги предвид финансиските средства обезбедени во рамки на буџетот на Министерството за транспорт за оваа намена, предвидена е набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 се ургентно потребни за обнова на возниот парк на ...

Поради обилните врнежи од дожд се излеа Маркова река во Батинци, пред Драчево, каде се поплавени улици и домови. Вечерва на критичните точки се прават насипи, ангажирани е општинска и градска механизација, ЦУК, ДЗС, пожарна… Локалните власти пронозираа дека врнежите можеби нема да прекинат во текот на ноќта, и ги известиле и сите надлежни инистуциии дека ситуацијата може да ескалира. Ситуацијата се менува од час во час, а повеќе медиуми ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди локалните добавувачи на амбасадите и конзулатите на САД во странство, како и добитниците на американски грантови, дека мора да ја почитуваат забраната за програми за промовирање на разновидноста, еднаквоста и инклузијата, во спротивно ризикуваат да ги изгубат средствата што им се исплаќаат. „Американската амбасада во Шпанија, како и сите наши амбасади низ светот, ги ...

Во земјава 99,7 отсто од отпадот се депонира на депонии. Од 60 депонии, кои се управувани од општински комунални претпријатија ниту една не е во согласност со европските стандарди, освен скопската „Дрисла“, која донекаде исполнува дел од условите. Покрај овие депонии, низ целата земја регистрирани се и околу 1.200 диви депонии и ѓубришта, на кои се претпоставува дека во 2023 година завршил околку 30 отсто од вкупниот отпад создаден во земјата. ...

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) – институцијата што во отруена и масакрирана Македонија би требало да чувствува најголема одговорност и да биде најголем сојузник на граѓаните – нѐ блокирала на Фејсбук и ја исклучила опцијата за коментирање на нивните објави. Денес објавија само дел од информациите што ги баравме – едно решение од спроведен инспекциски надзор во рудникот Тораница, реагираат од граѓанската иницијатива Зелен Хуман ...

„Секогаш работиме на интересот на студентите. Воедно чекаме какви барања ќе произлезат од сите останати студентски здруженија и организации. Отворени сме за дискусија, размислуваме моментално за отворена трибина каде ќе ги повикаме сите страни, за да дискутираме на одредени предизвици што треба да се поправат. Секако, тука сме во добри времиња, но и во моменти на вакви трагедии (како во Кочани), со цел заедно да менуваме работи во системот“, ...

Властите дозволуваат изградба на хотел на ридот Горица во Охрид, иако тоа е спротивно на Конвенцијата за светско наследство, алармира иницијативата Охрид СОС. Од таму посочуваат на извештајот на Реактивната мониторинг мисија (РММ) на УНЕСКО, според кој, градилиштето е наводно отворено без претходно известување до Центарот за светско наследство, како што налагаат правилата. „Комитетот за светско наследство во јули 2024 јасно повика Македонија да ...

По повод 80 години „Остен“ и Денот на шегата, денес, 1-ви април во 19 часот, во галерија „Остен“ ќе биде отворена изложба на карикатури и хумористично-сатирични текстови на карикатуристи и текстописци од редакцијата на „Остен“ и долгогодишни соработници со наслов „Еден за сите, сите за никаде!“ Автор на насловниот афоризам за настанот е Живко Павлов, додека за промотивните материјали е употребена карикатура на Дарко Марковиќ. На изложбата ќе ...

Составот „Жен“ од Загреб вечерва (понеделник, 31 март) од 20 часот настапуваат пак во Скопје. Трите девојки ќе свират во „Ла Кања“. Од 2010 година, „Жен“ ја обликуваат својата звучна експресија преку мешање елементи од пост-рок, шугејз, прог-инди рок и нео-психоделија. „Жен“ се страствени амбасадори на DIY етиката, останувајќи активни на европската музичка сцена веќе 15 години. Од самите почетоци, тие се задолжени за својот распоред за настапи, ...

Во четврток (3 април) во Јавна соба ќе се одржи премиерен концерт на групата „Трето колено“ со почеток во 21 часот на бината на поткровјето во локалот. „Кога се чини дека жанровите во музиката се исцрпени, свежина стигнува од подножјето на Пелистер и нуди сосема поинаков инструментално вокален каледиоскоп од фузијата на будните соништа на искусните Дејан Петровиќ – Чапе: вокал и гитара, Дејан Марковски – Деки: вокал и гитара, Пеце Трајковски – ...

На 31 март ширум светот ги славиме животите, отпорот и придонесот на трансродовите луѓе. Овој ден не е само момент за прослава, туку и за јасно адресирање на маргинализацијата, дискриминацијата и насилството со кои се соочуваме како заедница, велат од ТрансФормА. Од таму посочуваат дека денот е повик за правда, за промени и за солидарност. „Во Македонија, ТрансФормА веќе седма година по ред го организира Маршот на видливост. Но, оваа година, ...

Бидејќи читањето е право, а не привилегија, па така и нашата мисија е јасна! Книгите треба да бидат достапни за сите. Оваа иницијатива е чекор поблизу до свет во кој секој читател, без разлика на предизвиците, може да ја почувствува моќта на раскажаните приказни, велат од „Антолог“, кои донираа две дела на Брајово писмо во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Од „Антолог“ објаснуваат, како дел од нивната инклузивна програма, ...

Вечерва со филмот „Мажите не плачат“ во режија на Ален Дрљевиќ почнува ревијата филмови од минатите изданија на „Киненова“, а приходот од влезниците е наменет за семејствата на настраданите во Кочани. „По најголемата трагедија во поновата македонска историја, ние како фестивалски тим одлучивме дека програмата која требаше да биде само наговестување за десеттото, јубилејно издание на МФФ КИНЕНОВА 2025, да им ја посветиме на настраданите во ...

Од денеска (30 март) почнува летниот распоред на летање на Меѓународниот Аеродром Скопје и ќе трае до 25 октомври. Распоредот на летање го објавија и на нивната Фејсбук страница, каде може да се види дека граѓаните ќе можат да летаат на вкупно 47 авиолинии, односно на 42 различни дестинации од и до Скопје. Исто така, од и до скопскиот аеродром има 10 чартер авиолинии во летниот распоред на летање. Деталите за дестинациите, авиокомпаниите и ...

Каква треба да биде безбедноста на градовите и кон граѓаните. Како системот потфрла и што треба системот да направи во иднина. Каков треба да биде инспекцискиот надзор. Како институциите да одговараат навремено. Како да не се случуват трагедии во иднина. Како да нема корупција. Како до подобри урбанистички и инфраструктурни решенија. Како да се намали загадувањето. Какви мерки да се направат за подобар транспорт, подобро образование, социјала и ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков вчера на прес-конференција информираше дека е објавен новиот Конкурс за финансирање проекти за развој на креативните индустрии. Тој рече дека Конкурсот е еден од чекорите за обезбедување стабилен и одржлив развој на креативните индустрии, а средствата, како што посочи, ќе бидат насочени за проекти за создавање или подобрување на културни активности кои се значајни за заедницата и збогатување на ...

Пишува: Алис Тејлор До општите избори во земјата остануваат уште неполни два месеци, при што опозицијата е во неред а бројот на политичари до кои сè уште не допрела раката на правдата е сè помал. Сето ова доведува до стравувања за тоа каква ќе биде состојбата на демократијата во земјата. Специјалниот антикорупциски суд на Албанија имаше мошне интензивна година со апсењето на двајца поранешни претседатели и премиери како и на актуелниот ...

Првиот македонски долгометражен анимиран филм, „Јон Вардар против Галаксијата“ од четвртокот се прикажува во кино салите во Унгарија. Филмот минатиот викенд имаше специјална проекција пред новинарите и претставниците од филмската индустрија во Будимпешта, во присуство на режисерот Гоце Цветановски и екипата од Унгарија која работеше на проектот. „Унгарија последна влезе во копродукција, но прва ја заврши својата работа, и тоа го направи одлично. ...

За време на трите дена од продолжениот викенд од денеска до понеделник (29 до 31 март) поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред, соопштија од ЈСП Скопје. Во сабота билетарници и центри за персонализација ќе работат со вообичаеното работно време, а во недела дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар и Зелен пазар. Во понеделник дежурни ќе бидат тие ...

За труењето предизвикано од рудникот Тораница знаеме само зашто се спротивставени политичките партии на локално и на централно ниво – градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митковски е од СДСМ, Државниот инспекторат за животна средина е на коалицијата на власт – ВЛЕН и ВМРО ДПМНЕ, соопштуваат од граѓанската иницијатива Зелен Хуман Град (ЗХГ). „Вака не изгледа неселективна борба со корупција, вака изгледа меѓупартиска пресметка која продолжува ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1031
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
75%
1029
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
100%
1028
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
70%
1032
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.97
72%
1029
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
2.24
99%
1028
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
64%
1029
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
48%
1029
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
51%
1030
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 4ᴼ
5.14
83%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
95%
1028
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
62%
1030
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Кобалт

58.42

Цинк

3.03

Паладиум

52470.02

Злато

139470.53

Калај

42.35

Родиум

258009.74

Алуминиум

2.90

Рутениум

29192.88

Сребро

2128.87

Платина

61733.50

Иридиум

145787.60

Бакар

10.93