По повод Меѓународниот ден на човековите права, Делегацијата на Европската Унија, мрежата на Јуроп хаус, Обединетите нации и Министерството за образование и наука во соработка со Македонското здружение на млади правници, како и Здружението за изработка на игри „Галактик Омнивор“ ја претставуваат играта „Навигатор“. Како што информираат оттаму, „Навигатор“ е игра во која играчот може да избере шест од девет интерактивни планети – секоја со свои ...

Промоцијата на романот „Ветрилиште“ од Игор Анѓелков ќе се одржи вечерва, 17 декември, во 19 часот во просториите на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ). Промоторка ќе биде писателката, уредничка и книжевна критичарка Оливера Ќорвезироска. „Ветрилиште е именка, којашто лесно го упатува говорителот на македонскиот јазик на една друга, почеста и повообичаена именка-синоним: ветрометина/ветромет. Наставката -иште (во ветрилиште), која заедно ...

„Зошто по ѓаволите сите сакаат да успеат? Би сакал да запознаам некој што сака да пропадне. Тоа е единственото возвишено нешто“. – Џон Дос Пасос, Менхетенски трансфер, 1925 година Во Музејот на современа уметност (МСУ) во четврток (19 декември) од 12 часот ќе биде претставен проектот „Кога ѕидовите би зборувале“ на Миша Кубал, додека во 20 часот ќе има панел дискусија. „Транснационалниот проект ‘Кога ѕидовите би зборувале’ (if walls could tell) ...

„Замислете мрак кој трае повеќе од деценија. Таман кога не може да биде помрачно, корупцијата на една власт убива 15 луѓе. И младите луѓе во таа држава палат такви пожари, што од нив се тресат сите оние кои го гасеа светлото. Ова сега е прашање на живот, бидејќи суровото, бедно и морничаво владеење на Српската напредна странка (владејачката партија) кулминираше на 1 ноември. А, оваа борба не можат да ја добијат“. Тагата, гневот и безнадежноста ...

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави резултатите од Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи за студиската 2024/2025 година. Сите апликанти, како што посочија од МОН, ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk. „Одбиените кандидати имаат можност да поднесат жалба до Државната комисија ...

Говор на омраза врз основа на етничка припадност, врз основа на национална припадност и поради сексуална ориентација и родов идентитет се најчестите случаи регистрирани од Хелсиншкиот комитет во 2023 и 2024 година. Имено, во текот на 2023 година имало 1171 случаи на говор на омраза, од кои 646 биле сторени врз основа на етничка припадност, 248 поради сексуална ориентација и родов идентитет, 275 случаи врз основа на национална припадност, 149 ...

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) апелира до Собранието да организира јавни расправи за законите во областа на образованието. „Во тек е законодавната постапка за донесување на повеќе закони во областа на образованието како Предлог-закон за средно образование, Закон за измени и дополнување на Законот за основно образование, Предлог-закон за учебници и други. КСЗД има голем интерес во изменувањето и дополнувањето на овие ...

Надлежните без конкретни мерки за домаќинствата Во Куманово „тешко се дише“ во грејна сезона Куманово беше една од петте општини, каде што лани се мониторираше квалитетот на воздухот. Резултатите од лабораторијата при штипскиот универзитет покажуваат дека „тешко се дише“, особено во декември и во јануари, се вели во групната сторија на Здружението на новинари на Македонија. – Мириса чудно во попладневните часови, неподносливо, вели кумановка, ...

Дванаесетти ден по ред, во населбата Карпош 4 истекуваат стотици кубици питка вода поради дефект на улицата „Никола Парапунов“. Дефектот е на само неколку метри од објект токму на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. За да се санира, од претпријатието велат дека треба да се исклучи водата за целиот главен град и тоа најавуваат дека ќе се случи во сабота, 21 декември 2024 година, пишува новинската агенција Мета. Инаку, големото ...

Најмалку 46 Палестинци се убиени во израелските напади во Појасот Газа во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на убиени од минатата година достигна 44.976, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава, пишува „Анадолу“. Во соопштението на Министерството се наведува дека во нападите од 7 октомври минатата година досега се повредени околу 106.759 лица. „Израелските сили убиле 46 лица и раниле 135 лица во последните 24 часа“, ...

Здружението „Зелен институт“, во партнерство со здружението „Изгрејсонце“, спроведува проект „Граѓаните против корупцијата во животната средина“, за кој велат дека ќе придонесе за подобро управување со животната средина, овозможувајќи им на граѓаните да посочуваат и отвораат случаи на корупција во областите за злоупотреба на урбано зеленило, загадување на воздухот, опасни рудници, управување со отпад и поставување фотоволтаици на плодно ...

Оркестарот на Македонската филхармонија во четврток, со почеток во 20 часот ќе одржи концерт насловен „Меѓу срцето и умот“ на кој како солистка ќе настапи виолинистката Алена Баева од Луксембург. Диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија, а на програмата е Концертот за виолина и оркестар бр.2 од Сергеј Прокофјев и Симфонијата бр.8 од Дмитри Шостакович. Како што информираат од Филхармонија, маестро Емил Табаков се смета за еден од најзначајните ...

Кинотеката на Македонија со дигиталната реставрација на филмот „Мис Стон“ по четврти пат ќе биде дел од европскиот проект „Сезона на класични филмови“ кој е во организација на Европската асоцијација на кинотеки (ACE – Association des Cinémathèques Européennes). Како што информираат од Кинотека, по успешните дигитализации на филмовите „Мирно лето“ (1961), „Фросина“(1952), „Мементо“(1967) и реставрираните етнолошки филмови на Вера Кличкова – ...

Изложбата на слики „Уметничко (по)стоење“ од уметницата Јулијана Гешоска ќе биде отворена утре, 17 декември, со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. „Гешоска е уметница со долга и плодна кариера и надвор од границите на Македонија. Таа се има претставено во над 30 групни изложби надвор од границите на Република Македонија (Франција, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Турција, Бугарија и др.) и била учесник на ...

Еколошката организација „О2 Иницијатива“ испрати барање до советниците и градоначалничката на Град Скопје за носење на серија на одлуки кои ќе ги вклучат сите извори на аерозагадувањето. „Доставивме барање до сите советници во Советот на Град Скопје и градоначалничката на град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска, за поинаков пристап во решавање на проблемот со аерозагадувањето и носење на серија одлуки кои ќе ги вклучат сите субјекти кои го креираат ...

На првиот „Urban legendS festival“ кој ќе се одржи на 21 декември, сабота, со почеток во 20 часот во „Лабораториум“, ќе настапи хип хоп триото „Bad copy“, а диџеј сетови ќе пуштаат диџеј Гоце САФ и диџеј Страјк. „Главни ѕвезди на вечерта се ‘Bad copy’ (Ајзек, Скај Виклер и Тимбе), легендарните мајстори на балканската хип хоп сцена. А, специјални гости на вечерта се основоположниците на македонската хип хоп сцена диџеј Гоце САФ и диџеј Страјк“, ...

Од денеска почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ која опфаќа над 800 прехранбени производи со намалени цени од најмалку 10 проценти, соопшти утрово Владата. Во новогодишната потрошувачка кошничка листа, како што наведуваат, спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни ...

Регионалната телевизија Канал ВИС Струмица која што функционираше 33 години се затвори, а вработените завршија во Агенцијата за вработување, јавува порталот „Сакам да кажам“. Овој медиум веќе неколку дена не зрачи сигнал, со што Струмица остана без единствената телевизија која што информираше за локални и регионални случувања, а емитуваше и програма со неколку авторски емисии. Канал ВИС беше еден од најстарите телевизиски медиуми во земјава. ...

Во чест и сеќавање на поетот Игор Исаковски, човекот што ја означи генерацијата современи македонски писатели и го креираше ритамот и духот на времето во кое твореше, утре (понеделник) ќе се одржи поетско читање наречено „Ти пишувам од сржта на тишината“. Настанот ќе почне во 17 часот во „Лабораториум“. „На десетгодишнината од неговото физичко заминување, се собираме за да го славиме поетот и неговите стихови. Животот е краток, но уметноста е ...

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2024 година. Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во читалницата „Славко Јаневски“ во Скопје (ул. ...

Аерозагадување во Кочани Кочанци, во одредени денови и периоди во месецот дишат воздух со полни гради, го нема повеќе темниот облак што доаѓаше од депонијата кај селото Бели и надвиснуваше над нивните домови, но за да има чист воздух, мораше да се случи граѓанскиот отпор и 18 дневни барикади кон депонијата, која е оддалечена 3,5 километри од градот. Над 5.000 граѓани и екоактивисти, деноноќно, од 28 октомври годинава не дозволуваа возилата на ...

Чарлс Купчан Синан Улген Падот на власта на Башар ал Асад отвори можност за политичка и економска обнова на оваа клучна арапска држава. Сепак, ако се осврнеме на тоа какви биле претходните напори за стабилизирање на пост-конфликтните општества на Блискиот Исток, ќе забележиме дека тие изобилуваат со неуспеси, а следниве неколку месеци најверојатно ќе ја одредат политичката траекторија на Сирија. Брзиот пад на сирискиот претседател Башар ал Асад ...

„Обредите, традициите и начинот на славење отсекогаш биле дел од нашата културна и лична приказна. Тие не само што ги поврзуваат генерациите, туку претставуваат и форма на ескапизам – моментална пауза од секојдневието и бегство во светот каде што симболиката, редот и заедничкото ја надминуваат индивидуалната реалност. Ескапизмот е универзална човечка желба да се оддалечи од барањата на реалноста и да се најде прибежиште во имагинацијата, ...

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, граѓанско општество, политика и животна средина… Образованието не е главен приоритет на државата, студентите треба солидарно да го креваат стандардот На студентите во Македонија им треба субвенциониран превоз, удобно легло, бесплатно образование, дигитализација, како и студентски сервис кој ќе ги поврзува со флексибилна работа. За ова да се случи, Законот за високо ...

Започна Националното дебатно првенство во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ). Ова е 155-от дебатен турнир во рамки на 25-годишното постоење на организацијата, а се одржува до недела (15 декември). Тезата на ова првенство е „Овој дом би приоритизирал интегрирање на бегалците во заедниците кои ги примаат, наместо нивно враќање во татковината“. Актуелноста на самата теза, како што велат од МОФ ќе предизвика спротивставување на ...

Кои се предизвиците во високото образование поврзани со користењето на ВИ алатки, потребата од воспоставување баланс помеѓу иновацијата и академскиот интегритет, како и важноста од меѓусекторска соработка во креирањето на политиките за вештачка интелигенција. Oва беа темите во рамки на настанот „Етичка употреба на вештачката интелигенција: Кој ја има контролата – луѓето или алгоритмите?“, во организација на германската Фондација за слобода ...

Руските власти ги блокираа услугите на апликацијата Вибер поради наводно прекршување на законот, соопшти во петокот рускиот телекомуникациски регулатор Роскомнадзор, јавува Радио Слободна Европа. Регулаторот рече дека апликацијата, во сопственост на јапонската мултинационална компанија Ракутен, се користела за терористички и екстремистички цели, за продажба на дрога и ширење дезинформации. Обвинителите го истражуваа Вибер за ширење „информации ...

Парламентот на Јужна Кореја денеска гласаше за отповикување и недоверба на претседателот Јун Сук Јеол, со што се суспендира од службените должности поради неговиот за воведување вонредна состојба минатата недела, јавува Радио Слободна Европа. Од 300 пратеници, дури 204 гласаа за импичмент на претседателот, при што 85 пратеници гласаа против, тројца беа воздржани, а четири гласа беа неважечки. Тоа значи дека Јун веднаш ќе биде суспендиран од ...

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) потсети дека до крајот на годината на работниците треба да им се исплати регрес за годишен одмор, односно популарно наречен К-15, што е регулирано со Општиот колективен договор за јавниот сектор и со Општиот колективен договор за приватниот сектор. Како репрезентативен синдикат во јавниот сектор, од ССМ посочија дека минатата година го потпишале Општиот колективен договор за јавен сектор со кој по ...

Вечерва со почеток во 21:30 часот во „Лабораториум“ ќе се одржи концерт на психоделичниот рок бенд „The Local Blue“. Влезот е слободен. „’The Local Blue’ e музичка група од Скопје, во која членуваат четворица млади, но и добро познати музичари во се’ побогатата алтернативна сцена на овие простори. Тричленото јадро на бендот го сочинуваат Кристијан Савиќ, Панде Ефтимов и Кристијан Новковски, во чиј трио формат зад себе ги оставија албумите ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
75%
1013
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
74%
1016
weather icon

Загреб

12ᴼ / 9ᴼ
1.03
58%
1018
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
50%
1010
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.91
90%
1010
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.55
83%
1018
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.34
81%
1012
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1015
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
1015
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
4.63
78%
1011
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 4ᴼ
1.79
70%
1016
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
7.2
39%
1011
Currency

61.525

Currency

54.3684

Currency

70.9439

Currency

33.8516

Currency

38.923

Currency

66.6976

Currency

7.40043

Currency

0.64626

Currency

0.37871

Currency

0.52552

Currency

1.42227

Currency

0.62797

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15015.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.45

Сребро

1037.27

Злато

104051.10

Бакар

9.15

Паладиум

28999.97

Платина

29939.28

Родиум

174417.80

Цинк

2.65