Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
„Земи длабоко воздух. Додека издишуваш, изговори го звукот ‘А’. Полека почни да ја затвораш устата – звукот ќе се смени од ‘А’ во ‘У’ и конечно во ‘M’ кога твоите усни ќе се спојат. АУМ“. Вака стои во најавата за концертната промоција на албумот „Grey Heron“ на триото „АУМ“ (AUM), која ќе се случи во среда (30 април) од 21:30 часот во „Буква“. Деби албумот на „АУМ“ ги обединува Благојче Томевски, Константин Хаџи Коцев и Драган Теодосиев снимен ...
Јавното обвинителство ги поканува на средба сите претставници на семејствата на жртвите кои настрадаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во текот на утрешниот најавен протест, пренесува новинската агенција Мета. Од обвинителството на средбата би сакале подетално да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка, каде што од семејствата би добиле повеќе информации. Доколку кај блиските на жртвите постои таков интерес, тие можат да ...
Во предвечерјето на 1 мај, Ден на трудот и 34-ти роденден на „Канал 103“, ова култно радио ги поканува сите знајни и нејзнајни радио пријатели и поддржувачи, на дружба во интимните прегратки на Старата скопска чаршија, каде во среда (30 април) сите ќе имаат можност да уживаат во звуците на финскиот музички алхемичар „Kadonnut Manner“. Со тоа, ќе биде означен почетокот на роденденските уметнички свечености на „Канал 103“. „’Kadonnut Manner’ е ...
Универзитетското студентско собрание на УКИМ го поддржува протестниот марш „Марш за ангелите“ во организација на семејствата настрадани во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој ќе се одржи утре (29 април) со почеток во 12 часот и 5 минути во Скопје. „Како Универзитетското студентско собрание на УКИМ, сметаме дека е наша обврска, пред сè како граѓани, а потоа и како студентска заедница, да застанеме во знак на сочувство и поддршка кон оние ...
Неформалната студентска организација Студентско пленумско движење (СПД) ги повикува студентите да ја остават наставата и да излезат за правда утре (29 април) во 12 часот и 5 минути пред Јавното обвинителство во Скопје. „Почитувани колеги и колешки, средношколци и студенти. Утре во 12:05 часот, родителите на убиените деца во Кочани ќе протестираат во Скопје пред Јавното Обвинителство. Наша должност е да ја напуштиме наставата и да се приклучиме ...
Со одлука на Управниот одбор на Кинотека на Македонија, годинешниот „Златен објектив“ ќе му биде доделен на Петар Богоевски, светло-мајстор, кој со својот децениски ангажман работејќи со своите колеги директори на фотографија и камермани, придонел во визуелизацијата на режисерските замисли. Свеченото доделување на признанието ќе се одржи утре, 29 април, со почеток во 12 часот во киносалата на Кинотека. „Петар Богоевски (1952) професионално се ...
Ангела Петкова „Ало, здраво, служба за студентски прашања на Правен?“ „Здраво, да“. „Кои документи требаат за уверение за завршени испити?“ „Уплатете 6.200 денари на сметката на факултетот, потврда дека не должите книги во библиотека, индексот и ќе ви дадеме тука да потпишете изјава“. Понеделник е, некоја минута по пладне. Ги носам документите накај факултет, свиткани под мантил. Врне – истура. Со секој чекор на булеварот „Гоце Делчев“ влегувам ...
Настанот „Начинот на Чипан“: изложба, промоција на публикација и дискусија, организиран од колективот „Архрид“ ќе се одржи на 3 мај со почеток во 17 часот и 45 минути во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид. „Овој значаен настан има за цел да ја одбележи 70-годишнината од изградбата на Феријалното одморалиште во Охрид и објавувањето на книгата ‘Стара градска архитектура во Охрид’ од Борис Чипан, како и да ги промовира резултатите од ...
Сара Јованова, државна победничка по јавно говорење на „Образовно рандеву 2025“ на МАССУМ Стојам овде пред вас, млада, полна со амбиции, соништа и надеж. Животот е пред мене, но честопати се прашувам — дали навистина е така, или така е сѐ додека не застане нечиј автомобил, сѐ додека не се судрат брзината и алкохолот со младешките соништа. И јас сум една од нив и една од тие кои учат надвор од дома. Далеку од дома, далеку од моите најмили, кои ...
„Вчера имавме уште еден прекрасен ден на „Маалски бувљак“, велат од Јуроп хаус, кои по успехот од првиот настан и соработката со „Комбо“ – здружение за креативна одржливост, се вратија во населба Железара по втор пат. „Посетителите повторно покажаа интерес за одржливо купување, откривајќи внимателно одбрани предмети од втора рака и стилски парчиња облека. Живописната атмосфера и прекрасната енергија го направија овој настан посебен, докажувајќи ...
Пред Кривичниот суд во Скопје вчера се одржа мирен студентски собир во очи на 40-те денови од големата трагедија во Кочани. Студентите палеа свеќи и одржаа 63-минутен молк како почит за загинатите. View this post on Instagram A post shared by Радио МОФ (@radiomof) „Во сабота се навршуваат 40 дена од злосторството во Кочани. Огнот и отровниот чад во ‘Пулс’ одземаа цела генерација младост на еден град. Пролетта во него пристигна завиена во црно. ...
Министерството за образование и наука (МОН) ќе распредели 344 милиони денари на државните универзитети и факултети, јавни научни установи и на МАНУ за да ја унапредат научно – истражувачката инфраструктура, но и за да реализираат иновативни научно – истражувачки проекти. За оваа цел, објавени се два јавни конкурса на кои се аплицира електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, во рок од 45 дена, рече денеска министерката за образование и ...
Постои ли книга што не сакате да ја видите на платно? Дали филмот треба да биде верен на книгата за да се допадне? Каква е позицијата на жената режисер во филмската индустрија? За овие, но и за други прашања, денеска ќе се зборува на настанот „Читаме филм, гледаме книга“ во Јуроп Хаус од 17 часот. „Ќе разговараме со Александар Маџаровски – Читачот, Златко Ѓелески – филмски критичар и Александра Кардалевска – режисер“, стои во најавата. Настанот ...
Промоција на сликовницата „Потрага по храброст“ од авторката Биљана Стојановска со илустрации на уметникот Владимир Лукаш, ќе се одржи в недела (27 април) во КСП Центар „Јадро“ со почеток во 12:30 часот. Промотор ќе биде Билјана Црвенковска, а извадоци ќе читаат младите читатели Давид Ангелкоски (10) и Исак Стојановски (6). Промоцијата ќе се заокружи со музички настап на ВИС „Тркалезна маса“: Ана Голејшка Џикова, Ѓоко Здравески, Васко Марковски, ...
[Кочанските убиства, не само од страна на несовесниот и алчен сопственик-митаџија, туку и од страна на распаднатиот и скапаниот државен и административен коруптивен систем, го попречија и одложија објавувањето на овој настан кој беше планиран за ден пред трагедијата. Замислен и проектиран како втор дел од постот 16: „Бучната музичка алтернатива“, тој мораше да почека, бидејќи во општеството се појавија поитни и поважни работи за кои The.Out.s ...
Предавање на тема „Штетни ефекти од употребата на тутун и тутунски производи по здравјето на децата од училишна возраст“ се одржа завчера, како резултат на взаемната соработка на Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје од Скопје и Средното медицинско училиште – СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ од Скопје. „Предавањето имаше за цел да ги запознае учениците – идни здравствени работници, со негативните последици по здравјето од употребата ...
Студентско пленумско движење ги повикува студентите и граѓаните на мирен собир за оддавање почит на жртвите и повредените во трагедијата во Кочани и нивните семејства на 25 април (петок) со почеток во 17 часот пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 17 часот и 45 минути ќе започне 62-минутен молк пред Основниот кривичен суд. „Во сабота се навршуваат 40 дена од злосторството во Кочани. Огнот и отровниот чад во ‘Пулс’ ...
По повод Меѓународниот ден на џезот, Младинскиот културен центар – Битола организира концерт на Филип Динев Трио на 30 април со почеток во 22 часот во кафе бар „Порта џез“ во Битола. „Филип Динев е македонски гитарист/композитор со интернационална кариера. Магистрант на ХФМТ Хамбург, автор и продуцент на 2 оригинални изданија – ‘Romann’ (2024) и ‘Szvetlo’ (2020). Париз, Будимпешта, Базел, Талин, Берлин, Хамбург, Лајпциг и Дрезден се само дел од ...
Трибината „Кои се правата на писателите?“ ќе се одржи утре, 25 април, со почеток во 19 часот во просториите на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). На трибината ќе учествуваат автори и членови на Друштвото на писателите на Македонија: Делвина Крлуку, Блаже Миневски, Билјана Црвенковска, Игор Станојоски и Петар Андоновски. Модератор ќе биде претседателот на ДПМ, Живко Грозданоски. „Авторските права се нешто за што ретко се разговара, ...
Студенти обединети преку новата неформална организација Студентско пленумско движење (СПД) се загрижени за, како што наведуваат, недостиг на финансиска транспарентност на Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), помалку средства за студентски проекти, а се сомневаат и за судир на интереси и користење на платформата за промоција на бизнис на бившиот студентски лидер. Од УСС УКИМ, пак, тврдат дека ...
Поминаа десет години откако постои теренскиот проект „Викиекспедиции“, кој се спроведува на волонтерска основа од страна на членови на Здружението „Викимедија МКД“. Истражувањата ја однеле екипата во 46 различни области во Македонија, посетени се 1083 македонски села, нивната околина и знаменитостите, направени над 18.500 фотографии и создадени или збогатени над 3.200 статии на Википедија на македонски јазик. Изложбата на 100 одбрани фотографии, ...
Граѓани до Радио МОФ пратија фотографии од населбата Мичурин, општина Аеродром, каде се гледаат полно коли паркирани по тротоарите, а има и такви што се оставени на коловозот. Се работи за делот на улицата „Симеон Кавракиров“ во близина на Железничка станица, каде пешаците, луѓето во инвалидски колички и родителите со детски колички треба да развиваат летечки способности, или цело време да одат цик-цак меѓу улица и тротоар, бидејќи јавниот ...
Општина Битола, оваа година по 17 пат го организира Битолското културно лето „Бит Фест“ и објавува јавен повик за учество во програмата. Предмет на јавниот повик е кофинансирање на манифестации и проекти од областа на културата: музичка и музичко – сценска уметност, театар, ликовна уметност, видео, фото, филмска уметност, литература, фолклор, нови уметности и мултидисциплинарни проекти. „Вкупниот износ на средства кои се предвидени со овој повик ...
Во една од училниците во Основното училиште „Караѓорѓе“ во Сараново во општина Рача, Србија, се урнал таванот, а учениците биле пратени дома и во училишната зграда нема да има настава, пренесува Н1. Од утре наставата ќе се организира на друго место. Како што дознава агенцијата Бета од Томислав Вељковиќ од Рача, реконструкцијата на училишната зграда во Сараново завршила пред четири месеци. Таванот со целата реконструкција паднал за време на ...
Во просториите на Македонскиот народен театар, во тек се пробите за театарската претстава „Ангели во Америка“ (дел I) од Тони Кушнер, во режија, превод и кореографија на Филип Петковски. Процесот на работа на претставата ќе се одвива во текот на април и мај, а нејзината премиера се очекува на крајот на мај. „’Ангели во Америка’ е едно од најзначајните драмски дела на современиот американски театар, кое низ два дела ги прикажува животот, ...
Седмото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, кој оваа година го става фокусот на домашната уметност – автори и илустратори што оставаат силен белег во современата детска литература, почнува утре, 23 април, во 19 и 30 часот во Сули ан во Стара скопска чаршија. „Фестивалот ќе се отвори со две изложби – ретроспективна поставка со илустрации на доајенот на македонската илустрација Ордан Манески и изложба на ...
Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје и оваа година традиционално го одбележува 23 април – Светскиот ден на книгата и авторското право, кој е прогласен од УНЕСКО (Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации) во 1995 година. „23 април се одбележува во целиот свет секоја година како симболичен датум во светската книженост, бидејќи токму овој ден е поврзан со брилијантните личности на ...
Промоцијата на романот „Јод“ од Снежана Младеновска Анѓелков ќе се случи утревечер, 23 април, во 19 часот во кафе-книжарница „Буква“. Содржината на романот објавен кон крајот на минатата година од издавачката куќа „Или-Или“ ќе ја претстават авторката и психологот/психотерапевт Марија Стефанова . „Романот што започнува како потрага по личните приказни на сезонските работници во Сплит, Република Хрватска, неочекувано го менува правецот во ...
„Денови(те) на македонски кореографи“ во организација на Националната опера и балет – Мала сцена ќе започнат вечерва (22 април) со две премиери на Скопје танцовиот театар. „За Скопје танцовиот театар, кореографите Адријана Данчевска и Дејан Битровски, со новите продукции, кои се поддржани од Министерството за култура и туризам, оваа соработка е исклучително значајна и чест ни е да настапиме на отворањето на оваа манифестација. Голема ...
Да го изградиме Кочани. Одново со почит и љубов кон сите загинати и повредени. Им должиме. Децении наназад не’ учеа да молчиме. Да слушаме. Да веруваме. Не во себе, туку во партиите. Ни зборуваа дека тие знаат што е најдобро за нас. Ни ветија иднина, па ни ја одзедоа сегашноста. И додека тие се менуваа на функциите, ние останувавме исти разделени, апатични, разочарани. А најстрашно од се: почнавме да веруваме дека така треба да биде, соопштија ...