На територија на град Битола се спроведува истражување за потребите на новиот Генерален урбанистички план на град Битола, во рамки на проектот за изработка на сообраќајна студија за градот, чиј инвеститор е Општина Битола. Истражувањето ќе се реализира преку онлајн анкета на домаќинства во периодот од 23 април до 30 мај, како и со физичко присуство на домаќинствата. „Анкетата е целосно анонимна, односно вашето име, ниту името на било кој член од ...

Од април оваа година студентите кои се во работен однос, како и сите запишани на постдипломски студии на државните или приватните универзитети можат да аплицираат за субвенциониран студентски оброк. Ова го соопшти Министерството за образование и наука (МОН), кое кон средината на април објави вонреден повик за студентите кои се дел од овие категории, а кои досега не добиваа никаква финансиска помош наменета за храна во текот на нивните студии. ...

Според истоимената книга на Георги и Раја Господинови, во Театарот „Сенки и облаци“ во среда (23 април) од 19 часот ќе се одигра претставата „Свадби на животни и нешта“. „Приказна за невидливиот живот на предметите околу нас, за фантазиите во доцните попладневни часови, кога иако наближува времето за спиење, сепак Раја и татко ѝ смислуваат разно разни игри. На пример, што би се случило ако се спојат кауч и крокодил, желка и шкаф, камила и ...

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје на 26 април (сабота) од 21 часот ќе се одржи концерт на составот „Паркети“. „Авангарден концерт на ‘Паркети’ и голем број на гости кои оставаат печат на рокенрол културата во Македонија“, се вели во најавата за настанот. Досега како специјални гости се најавени Димиш, Д’Далтонс, Зоки Агресор, Горан Ѕверо (Катран), Александар Ристовски Принц, Сеад Хаџиќ Сецко, Ирена и Дани Коуд369, Сашо Поповски, ...

Дванаесет лица загинаа, а 30 други се повредени во воздушните напади на Соединетите Држави врз главниот град на Јемен, соопшти бунтовничкото движење Хути, пренесува Ал Џазира. Нападите го погодија Атан во Сана, кој е под контрола на бунтовничкото движење од 2014 година, и санитарниот проект во областа Асир, објавија медиумите на Хутите вчера, 20 април. Според медиумите, ударите го погодија и квартот Фурвах и популарниот пазар во областа Шуб. ...

Театарската претстава „Мојот маж“ од режисерката Нела Витошевиќ, која е колаж од расказите на Румена Бужаровска и авторски монолози, ќе се одигра во петок, 25 април, со почеток во 20 часот во Драмски театар Скопје. „Драмската структура на театарската претстава ‘Мојот маж’ е изградена од два меѓусебно испреплетени материјали, и тоа, драматизацијата на шесте раскази од Румена Бужаровска (Супа, Празно гнездо, Прељубник, Осми март, Гени и Лиле) и ...

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на сестрите Ивана и Анастасија Павловски и „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост во населбата Железара. „Имаш работи што постојано ги преместуваш, но никогаш не ги користиш? Облека која ‘моли’ да ја носиш, но е заборавена и едноставно зафаќа простор? Распар чаши кои не виделе пијалок со години? Стари ЦД-а со ...

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ на Гоце Цветановски синоќа беше премиерно прикажан во Москва, во рамки на престижниот Меѓународен филмски фестивал – Москва (Moscow International Film Festival). „Московскиот фестивал важи за еден од најголемите во светот и е класифициран во А листата на филсмки фестивали, заедно со Кан, Берлин, Венеција. Основан е во 1935 година, a редовно почна да се одржува од 1959 ...

Безбедносно информативната агенција (БИА) на својот сајт објави извештај од руската Федерална служба за безбедност за употребата на таканаречениот звучен топ во Србија. Откако е објавен текст воочени се грешки и нелогичности, поради што е отворено прашањето каде е пишуван извештајот – во Москва или во Белград, пишува Н1. На втората страна, петтиот пасус, првата реченица, третиот збор во извештајот на руски јазик, пишува „толгљак“. Непостоечката ...

Студентската блокада на Радио телевизија Србија (РТС) во Белград влезе во четвртиот ден, а РТС ниту утринава не ја емитува својата утринска програма, пренесува Ал Џазира Балканс. Од 14 април во 22 часот блокирани се зградите на јавните служби на улицата Таковска и Коштуњак во главниот град на Србија. Блокадата ќе трае, според најавата на студентите, се додека не се распише нов конкурс за членови на Советот на Регулаторната управа за електронски ...

Во рускиот ракетен напад врз североисточниот украински град Харков утрово (18 април) загинало едно лице, а повеќе од 50 лица се ранети, соопштија службите за итни случаи, пренесува Ал Џазира Балканс. Пет деца се меѓу повредените во нападот, во кој се оштетени и станбени згради, образовна институција и цивилно претпријатие, додаваат тие во објава на Телеграм. Ихор Терехов, градоначалник на вториот по големина град во Украина, изјави дека врз ...

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата остро реагира на препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во рамки на антикорупциската проверка на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Наместо да придонесе за поголема транспарентност, отчетност и борба против корупцијата, сметаат од Платформата, ДКСК испраќа сериозно загрижувачки сигнали за затворање на институциите и креира ...

Како македонските медиуми го проследија бомбастично најавуваниот тридневен собир на приврзаниците на српскиот претседател Александар Вучиќ изминатиот викенд (11, 12 и 13 април) во Белград? Овој собир, наречен од власта „сесрпски“, а од останатите како контрамитинг на Вучиќ, ја демонстрираше неговата моќ со две клучни пораки: да го прогласи долгонајавуваниот крај на обоената револуција и да го промовира неговото ново Движење за народот и ...

Потребна е итна медицинска евакуација за речиси 11.000 тешко болни и ранети Палестинци, според Министерството за здравство на Газа. Поради израелските напади, здравствениот систем е пред колапс, пренесува Ал Џазира Балканс. Утрово, 18 април, десетчлено семејство загина во израелски напад врз куќа во Кан Јунис, откако медицински извори соопштија дека најмалку 32 лица загинале во израелските напади низ Газа во текот на вчерашниот ден. Дописниците ...

По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден“ утре (19 април), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Имено, утре во периодот од 18 часот па до завршувањето на настанот по повод верскиот и државен празник „Воскресение Христово-Велигден“, во центарот на град ...

Министерството за внатрешни работи информира дека од СВР Скопје го утврдиле возачот на автомобилот за кој вчера, 17 април, Радио МОФ објави дека влече коњ врзан за куката низ улиците на Скопје. „Во врска со видеото кое вчера беше споделено на дел од социјалните медиуми на кое се гледа како лице кое управува патничко возило ‘голф’ со скопски регистарски ознаки има врзано коњ за куката од возилото и така се движи низ градското подрачје, од страна ...

Изложбата на слики од Енеса Мемети насловена „Црниот лебед симбол на величественост“ ќе се отвори на 24 април со почеток во 19 часот и 30 минути во Културно-информативен центар – Скопје, Салон Империјал 2. Енеса Мемети дипломирала на Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово под менторство на проф. Илиријан Бекири, завршила постдипломски студии на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје под менторство на проф. Јован Шумковски. ...

Автомобил со јаже влече коњ закачен за багажникот насред скопски булевар, се гледа на снимката која денеска пристигна до редакцијата на Радио МОФ. Снимката е од Илина Пановска, студентка на Факултетот за ветеринарна медицина (ФВМ), која вели дека вознемирувачка глетка ја начекала денеска (17 април), околу 13 часот на улицата „16-та Македонска Бригада“ покрај ФВМ. „Како студент на ФВМ, кога ќе видам нехумано и неетичко третирање на било кое ...

Во потенцијално значајното откритие, научниците со помош на вселенскиот телескоп Џејмс Веб ги пронајдоа, како што ги нарекуваат, најсилните знаци досега за можен живот надвор од нашиот Сончев систем, откривајќи во атмосферата на страна планета хемиски отпечатоци од гасови кои на Земјата се произведуваат само со биолошки процеси, пренесува Ал Џазира Балканс. Двата гаса – диметил сулфид, или DMS, и диметил дисулфид, или DMDS – кои се дел од ...

Блокадата на Радио телевизија Србија влезе во трет ден. Студентите бараат нов конкурс за членови на Советот на Регулаторно тело за електронски медиуми (РЕМ) или затворање на јавните медиумски сервиси. Студентите од Белград испратија писмо до Комитетот за култура и информирање во кое ги информираат дека блокадата и протестот пред РТС ќе траат се додека Комитетот не објави Јавен повик за избор на членови на Советот на РЕМ, информира Н1. Додека ...

Еден месец по трагичниот пожар во импровизираниот ноќен клуб „Пулс“ во Кочани, македонската јавност сè уште е во шок, додека институциите се соочуваат со комплексна и обемна истрага за утврдување на одговорноста. До денес, животот го загубија 61 лице, а околу 200 беа повредени, меѓу кои 25 се малолетници, пишува Мета. Утрото на 16 март, Македонија ја потресе најголемата цивилна трагедија во поновата историја. Во импровизираната кочанска ...

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година. „Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец. ...

По повод изминатиот Меѓународен ден на Ромите (8 април), мрежата на „Јуроп хаус“ ги претставува аудиобајките „Сјајни ѕвезди – бајки раскажани од Ромите од Европа“, достапни за слушање на ромски, македонски и албански јазик. „Дали знаете дека Ромите, со околу 12 милиони луѓе, се најголемото малцинство во Европа? А нивната култура – од музика и танц, до јазик и раскажувачка магија – е нешто што навистина го збогатува нашето заедничко европско ...

Пролетното издание „Ecoscop“ на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион, заеднички проект на водечките регионални филмски фестивали (Сараево филм фестивал, Фестивал на авторски филм Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, Загреб филм фестивал, Филмски фестивал Херцег Нови и ИФФК „Браќа Манаки“), ќе се одржи на 22 април. „Публиката од земјите чии фестивали се членки на Мрежата, на 22 април ќе има прилика на бесплатна проекција да го ...

Американското Министерство за домашна безбедност соопшти дека Универзитетот Харвард може да го загуби правото да прима странски студенти доколку не ги исполни барањата на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, што е најновиот владин потег против образовната институција, пренесува Ал Џазира Балканс. Секретарот за домашна безбедност Кристи Ноем исто така најави откажување на два заеми на Харвард во вредност од над 2,7 милиони долари. Ноем ...

Магдалена Илиевска со својот труд именуван „Културен мозаик на вредности“ е победничка на јавниот повик на Младински образовен форум за „МОФ награда за медиумска извонредност кај младите“. Се работи за повик што е дел од проектот „Младите во Западен Балкан – Виртуелна разгледница“, на кој можеа да учествуваат млади од 15 до 30 години од Македонија кои активно се занимаваат со медиуми, новинарство или медиумска писменост. Учесниците на повикот ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите засегнати страни дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина како и по Нацрт-Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1 мај. „Во тек е широк и транспарентен консултативен процес, во кој Министерството се залага активно ...

Заврши средбата меѓу студенти велосипедисти и европратеници, а на неа детално беше објаснето што се случи на 15 март на протестот во Белград. Пратениците ветија дека ќе зборуваат за барањата на студентите во Европскиот парламент, а европратеничката од Словенија вети и дека „ќе тропне на вратата на Урсула фон дер Лајен“, пишува Н1. Студентите им врачија на европратениците писмо во кое тие го опишаа видот на тортура низ која поминуваат. Фокусот ...

Македонскиот народен театар се врати од регионална турнеја и веднаш продолжи со својата програма, каде на 15 април, на 4. Театарски фестивал „5РЕ“ во Велес, на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, настапи со претставата „12“ и ги доби наградите за најдобра претстава во целина и најдобра режија. Претставата „12“, по мотивите на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), е во адаптација и режија на Синиша Евтимов. Додека, актери во „12“ се ...

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ го најавува своето 46. издание кое ќе се одржи во Битола и објавува повик за пријавување филмови. „Дајте и можност на својата креативност да заблеска и пријавете го вашиот филм од 17 април до 27 јуни“, велат од „Браќа Манаки“. Пријавувањето се врши на https://filmfreeway.com/ManakiBrothers. „ИФФК ‘Браќа Манаки’ ги поканува филмските работници да ни се придружат на ова заедничко филмско ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
93%
1028
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Софија

1ᴼ / -4ᴼ
1.03
65%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.06
79%
1028
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
98%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
0.45
86%
1029
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
75%
1029
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1029
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
100%
1027
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
95%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
81%
1029
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Паладиум

52470.02

Бакар

10.93

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.90

Цинк

3.03

Калај

42.35

Злато

139470.53

Кобалт

58.42

Родиум

258009.74

Рутениум

29192.88

Платина

61733.50

Сребро

2128.87