Работна група која ќе ја сочинуваат претставници на Министерството за образование и наука (МОН), владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР), Градежниот факултет и повеќе други високообразовни установи при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, ќе ги отстранува пречките за продолжување на изградбата на објектите за ФИНКИ и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, која започна во 2015 година, а беше стопирана во ...

Малтретирањето е распространето во образовните институции во Македонија. Безмалку 20 отсто од учениците во земјата, во 2022 година пријавиле редовно малтретирање. Освен тоа, во пораст се и дигиталното насилство врз децата, како и онлајн сексуалната експлоатација и злоупотреба, покажува анализата на состојбата со децата и адолесцентите во Македонија, која ја објави УНИЦЕФ, пишува новинската агенција Мета.мк. „Стапката на малтретирање е посебно ...

Вечерва, 6 мај, со почеток во 19 часот во спомен-соба „Т’га за југ“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе има разговор со Биљана Стојановска, авторка на „Додека спиеш“. Модератор ќе биде книжевната критичарка Александра Јуруковска, а стихови ќе чита актерот Андреј Серафимовски. „Стојановска умее со природноста на Господинов, да напише стихови за празнење на цревата и тоа да биде поетично. Умее во песните да даде неочекуван ...

Јавната дебата „Важноста на Независната сцена во услови на поларизација“ ќе се одржи утре (7 мај) со почеток во 19 часот во Културно-социјалниот простор Центар Јадро. Говорници ќе бидат Искра Гешоска, Мања Величковска, Роберт Алаѓозовски, а дебата ќе ја модерира Тијана Спасовска. „Независната културна сцена е повторно турната на маргините. Во изминатите години имаше знаци на зголемена поддршка и успешни примери како хибридната институција Јадро ...

По повод јубилејот 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик – 5 мај, Министерството за образование и наука (МОН) распиша Конкурс за есеј за учениците од основните и средните училишта. Во зависност од возраста и наставниот јазик, дадени се четири теми, а право на учество имаат сите ученици од четврто до деветто одделение од основните училишта и од прва до четврта година од средните училишта. „Еден ученик може да ...

Изложбата „Сѐ, во својата пролет“ на Мартина Рмуш ќе се отвори на 13 мај од 20 часот во Културно-социјалниот простор Центар Јадро. „Рмуш Мартина е креативец кој најчесто создава freestyle апстрактна уметност со вибрантни бои и форми. До сега има седум изложби, повеќето во Скопје, една во Охрид и една меѓународна – во Севиља, Шпанија. Најчесто црта со акрилни бои на платно или со мермерни мастила на вода, но во последно време сака да ...

Студентите кои се во блокада во Белград објавија дека бараат предвремени парламентарни избори, пренесува Н1. „Бараме итно распуштање на Народното собрание и распишување предвремени парламентарни избори во согласност со член 109 од Уставот на Република Србија“, објавија студентите во блокадата на социјалната мрежа X. #НоваФазаБорбе свих нас! pic.twitter.com/ym9IJd42j4 — Studenti_U_Blokadi (@studentblokade) May 5, 2025 Тие веруваат дека ...

„Ова не е шоу. Ова е момент. Момент во кој ќе слушнете што значи да се креира подкаст со љубов и визија, но сепак во балкански услови и со многу предизвици“, велат од платформата „Анекта“, која за 31 мај во 20:30 часот најавува дека целата екипа зад најпознатиот подкаст на Балканот – „Агеласт“ – доаѓа во Скопје во „Јавна соба“. Според најавите, Галеб Никачевиќ и неговиот тим ќе зборуваат за падови, избори, задкулисни приказни, и медиумска ...

Фестивалот „Виолин Фест“, чија мисија е да ѝ даде сцена на младата виолинска иднина, годинава го одбележува своето 11-то издание – и тоа со симболично враќање таму каде што сè започна, во Битола. На 8 мај со почеток во 12 часот ќе се одржи јавен час и презентација на фестивалот во Музичкото училиште во Битола. Додека, на 12 мај во 20 часот ќе започне концертот во Официрски дом, со настапи на млади виолинисти од музичките училишта од Битола, ...

Концертот насловен „Дамар на слободата“ на кој како солисти ќе настапат македонските пијанисти Анастасија Грговска и Шкељзен Бафтијари ќе се одржи во четврток (8 мај) со почеток во 20 часот во Македонската филхармонија. На програмата се „Свечена увертира“ од Дмитри Шостакович, концертот за две пијана и оркестар во де-мол од Франсис Пуланк и „Енигма варијации“ од Едвард Елгар. Концертот ќе го води маестро Конрад ван Алфен од Холанија. „Конрад ван ...

Премиерите на претставата „Вистината“ во режија на словенечкиот режисер и актер Владимир Јурц ќе се одржат на 8 и 9 мај во Театар Комедија. Закажани се и претпремиери на 6 и 7 мај. „’Вистината’ од Флоријан Зелер – комедија што поттикнува прашања кој кого лаже. Две актерски екипи, една приказна, и најмалку две вистини“, велат од Театар Комедија. Играат Благица Трпковска Јоковиќ, Кристина Христова Николова, Роберт Ристов и Александар Вељановски; и ...

На 11 мај од 11 часот, Школка во Градски парк во Скопје ќе биде една голема игротека со многу разновидни игри, работилници, едукативно, музичко, ликовно катче и многу други бројни интересни активности во рамки на настанот „Гуш и бац е љубов“ за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развор и нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството. „Она што сакаме да докажеме и покажеме, како и секогаш на нашите дружби, е тоа дека и децата ...

Вечер на македонска поезија и изложба „Македонска книжевна стерна“ по повод денот на македонскиот јазик ќе се одржи денеска (5 мај) со почеток во 19 часот во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Загреб. Ќе бидат претставени современи македонски поети со цел запознавање на хрватската читателска публика со современите текови на македонската поезија, авторите ќе читаат на македонски јазик, а на хрватски јазик нивната поезија ќе ја интерпретираат ...

„Или-Или“ информира дека в понеделник, на 5 мај од 19 часот, во кафе-барот „Кашмир“ ќе се одржи промоцијата на новата прозна објава од Максим Ристески, збирката раскази „Нешто трето“. Промотори ќе бидат Ана Мартиноска и Ивица Димитријевиќ, а настанот ќе го модерира Игор Анѓелков. „Расказите на Максим Ристески кријат комплексни светови и длабоки пораки за промените кои се случуваат во духовната стварност, а кои без сомнение ќе бидат ...

„Подгответе се, стрипофили: ‘Стрип Трип 2025’ се крчка, но најпрво се загреваме“, велат од „Стрип Трип“, кои на 6 мај во „Нетавил“, со почеток од 18 часот, организираат настан за загревање пред единствениот стрип фестивал во Скопје. „Ќе се запознаете со Симон Калајџиев и Белкис Аксу кои ќе ги претстават своите дела како и инспирациите што стојат зад нив“, соопштуваат од фестивалот. Како што посочуваат, присутните ќе можат да следат цртачка џем ...

Концерт на класична музика во чест и со посвета на настраданите во пожарот во Кочани и во знак на поддршка кон нивните семејства се одржа на 27 април во салата „Тоше Проески“ во просторот на Македонската православна црква „Св. Злата Мегленска“ во Загреб. Концертот го организираа македонските студенти кои студираат на Музичката академија во Загреб, заедно со нивните хрватски колеги, во соработка со Советотот на македонското национално малцинство ...

Романот „Денот на црвот“ од Симона Јованоска е објавен во Хрватска во издание на издавачката куќа „Неолит“. Превод на хрватски е на Ивица Баковиќ. Ова е трет превод во регионот на наградениот роман на Јованоска (Роман на годината за 2021 г.), по преводите на бугарски и на српски јазик. „’Денот на црвот’ во тмурното расположение на доцната есен ги усложнува и испреплетува ликовите, случувањата и мотивите, доведувајќи го во врска она што само ...

Здружението „Макстрипови“ има распишано конкурс за краток оригинален стрип, што ќе биде претставен на фестивалот „Стрип трип“ кој ќе се одржи на почетокот на јуни во Скопје. Конкурсот е отворен за учесници од сите возрасти, а рокот за испраќање на делата е до 25 мај 2025, пренесува агенцијата Мета.мк. Фестивалот „Стрип трип“ за прв пат беше одржан минатата година. Негов дел беше и конкурс за најдобра стрип-корица на кој учествуваа над 60 дела. ...

Во КСП Центар-Јадро на 5 мај (понеделник) ќе биде отворена мултимедијалната изложба на Верица Тенекеџиева, која се стреми да даде глас на сите кои некогаш искусиле било каков вид возменирување и малтретирање во јавен транспорт. „Преку активно истражување и собирање на приказни и сведоштва на темата, стигнавме до заклучокот дека оваа појава не е ни најмалку ретка, и многу малку се има променето во последните 15 години. Но чувствата кои е ...

Фестивалот „Сепак се врти“, кој годинава ќе ја „сврти“ Македонија од 2 до 11 мај, стартува вечер (петок, 2 мај) во Битола. Караванот застанува во Старата битолска чаршија, каде „Гола Планина“ со заеднички сили со „Пондер“ и бендовите најавуваат „гаражерско лудило“ View this post on Instagram A post shared by Сепак се врти 2025 – Караван (@sepaksevrti.festival) „Фестивалот е бесплатен, но за да ја продолжиме оваа иницијатива, ви препорачуваме да ...

Кантавторката Дина Јашари го објави својот нов сингл „Градот“, заедно со видео спот, со кој официјално го најавува нејзиниот нов звучен израз. Како што вели Јашари, „Градот“ претставува нова етапа во нејзиното музичко патување, откривајќи свеж звук кој ја зацврстува нејзината позиција на македонската, но и на пошироката балканска музичка сцена. Според неа, песната е интимна посвета на Скопје, што е вешто пренесено преку визуелниот приказ на ...

Ристо Савески Поминаа три месеци од одлуката на новата американска администрација за замрзнување на активностите поврзани со американската странска помош. Одлука која имаше ефективност во истиот момент без можност за прилагодување и амортизација. Во меѓувреме многу работи се искристализираа, многу проекти се прекинаа, многу организации (мали и големи) се затворија. Но еве неколку работи кои ги научивме од ситуацијата. Граѓанското општество е ...

По денешниот протест на семејствата на жртвите од Кочани, а еден и пол месец по трагедијата во импровизираната дискотека „Пулс“ во која загинаа 62 лица, Обвинителството упати отворен повик до сите кои имаат лични сведоштва за несреќата, информации и докази во однос на работата на клубот и поврзаните фирми, како и сознанија во врска со работата на институциите надлежни да постапуваат, да ги споделат со истрагата. „Обвинителскиот тим кој постапува ...

Денес се навршуваат шест месеци од уривањето на настрешницата на влезот во Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица, а едно тешко повредено лице сè уште е во болница, пренесува Н1. Студентите кои го блокираат Универзитетот во Нови Сад ги повикаа граѓаните да се соберат пред станицата за да им оддадат почит на жртвите во 11:52 часот. „Не ги забораваме жртвите од уривањето на настрешницата во Нови Сад. Овој настан, кој беше ...

Непросредно пред 37. издание на Саемот на книга, првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“, доби свое трето издание откако за само четири месеци беа распродадени над 2.000 примероци, соопштуваат од Издавачки центар „ТРИ“. Оттаму дополнуваат дека домашните читатели ќе имаат можност да се сретнат со Бужаровска и да добијат потпис на својот примерок на 9 мај (петок), на штандот на „ТРИ“ во рамки на Саемот на книгата. „’Тони’ го освојува ...

Во мај, Кинотеката на Македонија ја претвора својата проекциска сала во, како што велат оттаму, вистинско светилиште на сликата, мислата и сеќавањето. Програмата започнува со два антологиски филма на Емир Кустурица, а ќе продолжи со филмови на Џин Хекман, Пиер Паоло Пазолини и филмови од Полска. „Богатата и внимателно курирана програма ја слави моќта на филмот да размислува, сведочи, предизвикува и возбудува. Со акценти врз авторски поетики, ...

Овој настан има за цел да го дозаокружи прегледот на случувањата во „Бучниот алтернативен музички“ бран [„БАМ бран“] (в.постови 16 и 18) укажувајќи и на другите чинители, освен бендовите, кои се составен дел од него. Тука, пред сѐ, се мисли на: музичките радија, фестивалите и промоторите. Една од предностите на Интернетот е можноста за т.н. онлајн радија. Радиото „Канал 103“ иако веќе неколку години нема радио фреквенција, успеа да „преживее“ ...

Вечерва во просториите на Јуроп хаус во Скопје со почеток од 20 часот ќе се одржи седмото издание на мултимедијалниот настан „Клинци“. „Во рамки на настанот публиката ќе има можност да проследи книжевно читање на кое ќе се претстават четворица млади автори и авторки, како и изложба од млада уметница“, информираат оттаму. На книжевното читање со своја поезија и проза ќе се претстават Андреј Анѓеловиќ, Павлина Атанасова, Милена Неделковска и Нино ...

Драмски театар Скопје информира дека не ја додели наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор до 30 години – награда за која првпат беше распишан и Конкурс. Од Драмски велат дека на конкурсот пристигнале четири апликации и Комисијата во состав: Викторија Рангелова-Петровска, (драматург и претседател на Комисијата) и членовите: Жанина Мирчевска (драматург), Венко Андоновски (книжевен теоретичар), Дејан Лилиќ (актер ...

„BookBuddy“ (Книжевен пријател) е името на новата дигитална алатка на издавачката куќа „Антолог“ која е замислена како платформа преку која, како што велат оттаму, на книгите ќе им се даде можност да живеат многу животи, а на читателите да имаат побогат социјален пристап до сродните луѓе и да добијат поголема достапност до книжевните дела објавени во различни временски периоди. „Секој од нас има некој пријател со кој разменува или позајмува ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
93%
1028
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Софија

1ᴼ / -4ᴼ
1.03
65%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.06
79%
1028
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
98%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
0.45
86%
1029
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
75%
1029
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1029
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
100%
1027
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
95%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
81%
1029
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Цинк

3.03

Кобалт

58.42

Калај

42.35

Бакар

10.93

Рутениум

29192.88

Платина

61733.50

Злато

139470.53

Родиум

258009.74

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.90

Паладиум

52470.02

Сребро

2128.87