На собраниската расправа за реконструкцијата на Владата, додека претседателот на Левица, Димитар Апасиев, говореше за скоро дуплираниот број на загинати работници во Македонија, премиерот Христијан Мицкоски од своето место континуирано дофрлаше навреди и пцовки, а во текот на говорот и цинично се смееше. „Зборувам за смрт на работници, а вие се смеете“, му порача Апасиев од собраниската говорница. Во Македонија речиси и да нема месец без ...

Аргентинската потпретседателка Викторија Виљаруел го разгоре возбудувањето пред полуфиналниот натпревар на Светското првенство помеѓу Аргентина и Англија, кој треба да се одржи вечерва. Притисокот е секако на врвот, поради големото соперништво меѓу Аргентина и Англија на и надвор од теренот. Викторија Виљаруел, во објава на социјалната мрежа X, даде неколку коментари кои не им се допаднаа на никого во Англија. Таа ги нарече Англичаните ...

Дваесет и шестгодишниот К.Б. од Прилеп пријавил во СВР Тетово дека тој и уште четири лица биле нападнати пред угостителски објект на улицата „Илинденска“ во Тетово. Според пријавата, инцидентот се случил на 13 јули околу 03:00 часот, кога К.Б., заедно со неговите пријатели Д.П. и М.Д. од Скопје, М.С. од Прилеп и С.Р. од Тетово, биле нападнати од група лица кои употребиле тврди предмети. Случајот бил пријавен во СВР Тетово на 14 јули во ...

Во врска со вчерашната ослободителна пресуда во предметот „Талир 2″ и одбиеното барање за конфискација, како обвинител кој го започна и седум ипол години го застапуваше предметот, сакам да појаснам одредени суштински околности што не беа опфатени во јавно објавеното соопштение на судот. Во првата постапка, врз истиот доказен материјал, судот донесе осудителна пресуда за умислено дело — што подразбира дека доказите за целта и намерата со ...

Обвинителката Ленче Ристовска која седум ипол години го водеше предметот „Талир 2“ по што и беше одземен, денеска во објава на Фејсбук оценува дека одлуката на Кривичниот суд за ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски само го потврдува нејзиното уверување дека овој предмет и бил одземен за да се избегне конфискација на Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Во подолга објава, Ристовска појаснува одредени суштински околности што ...

Некои луѓе нема да имаат проблем да завршат расправија велејќи: „Добро, се согласувам“. Други, пак, речиси секогаш ќе се обидат да додадат уште еден аргумент, појаснување или коментар, така што нивниот ќе биде последен. Во астрологијата, се вели дека одредени хороскопски знаци се особено склони да остават последен впечаток, или затоа што се убедени во сопственото мислење или едноставно не им се допаѓа чувството дека некој не ги сослушал ...

Христијан Мицкоски не може да се испере од скандалот со пресудата за „Талир 2“ со која Никола Груевски е ослободен а криминалниот имот на ВМРО е вратен. Обвинителката Ленче Ристовска беше тргната, ѝ беа одземени овластувањата. Јавно беа таргет судии и обвинители кои работеа на предметите „Талир 1“ и „Талир 2“. Власта го смени јавниот обвинител. Постави и обвинителка од тефтерчето на Сашо Мијалков. Се менуваа и назначуваа судии блиски до ...

Соединетите Американски Држави започнаа иницијатива за обновување на нафтоводот што би ги поврзал Ирак и Сирија, со цел да се воспостави побезбеден извозен пат до Средоземното Море што би го заобиколил Ормутскиот теснец и би го намалил стратешкото влијание на Иран врз глобалниот пазар на нафта. Според американските медиуми, специјалниот претставник на САД за Сирија и Ирак, Томас Барак, води разговори со регионални претставници и големи ...

Мајонезот не е нужно нездрав, но поради високата содржина на масти и калории, треба да се консумира умерено, истакнува нутриционистката Софи Медлин. Иако овој популарен сос, кој обично се прави од жолчки од јајца, масло и оцет, честопати добива лош глас, Медлин тврди дека самиот по себе не е проблематичен. „Мајонезот добива лош глас, но самиот по себе не е лош“, изјави таа за Дејли Меил, додавајќи дека една лажица мајонез во сендвич или ...

Секој што со своето постапување или непостапување придонел за бегството на кочанецот Александар Лазаров од станицата во Кочани ќе сноси одговорност согласно закон и утврдените процедури – порача директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, откако лицето вчера беше пронајдено и приведено Со пронаоѓањето на бегалецот, вели Јанев, не завршува и обврската за целосно расчистување на случајот, утврдување на пропустите и ...

Осомничениот Александар Лазаров Цуна, кој минатата недела избега од полициската станица во Кочани, повторно е уапсен и веднаш е испратен на издржување на притворската мерка, информира Обвинителството. Основното јавно обвинителство Кочани на 10.07.2026 година донесе Наредба за спроведување истражна постапка, која покрај овој осомничен опфаќа уште едно лице, а се однесува на кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет ...

Актерката Дејви Чејс, која почина минатиот месец на 35-годишна возраст, остави зад себе имот вреден околу 400.000 долари, но не остави тестамент. Според судските документи до кои дојде списанието „Пипл“, нејзината мајка, Кети Чејс, поднела барање до Вишиот суд во Лос Анџелес да биде именувана за управник на имотот. Документите покажуваат дека наследството се состои од околу 400.000 долари личен имот, додека актерката не поседувала никаков ...

Актерката Кејти Холмс неодамна беше фотографирана во друштво на познат уметник. Нивното заедничко појавување предизвика лавина од реакции, но и коментар – конечно е среќна во љубовта! Откако се разведе од Том Круз , актерката Кејти Холмс го чуваше својот приватен живот строго во тајност. Таа се посвети на своето бебе Сури и на своето образование, а речиси никогаш не ја видовме во прегратка на друг маж. Сепак, судејќи според последните ...

Припадници на Хрватската горска служба за спасување (ХГСС) синоќа извеле сложена спасувачка акција во кањон, каде што маж речиси 10 часа бил заглавен меѓу две карпи, висејќи со главата надолу, соопштија на својата официјална веб-страница. На дежурниот телефон на ХГСС – Станица Шибеник, пристигнал повик од Центарот 112 со информација за исчезнато лице и барање за нивна помош, пренесува „Јутарњи“. Постоеле индиции каде би можел да се наоѓа ...

Ирска ќе работи со ЕУ и властите во Скопје дали може да се постигне напредок на европскиот пат Конкурентноста, вредностите и безбедноста ќе бидат трите столба на ирското претседателство со Советот на Европската Унија во втората половина на 2026 година, при што проширувањето останува меѓу приоритетите на Даблин, а Македонија може да смета на ирската поддршка на патот кон членството во ЕУ. Ова беа дел од заклучоците на амбасадорот на Ирска за ...

Врз основа на повеќе наредби издадени од јавен обвинител и дополнителни сознанија на Основното јавно обвинителство Скопје во изминатиот период Министерството за внатрешни работи презеде дејствија со кои се обезбедија докази што даваат основано сомневање дека едно лице извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик, а неговата сопруга е осомничена за помагање при извршување на кривичното дело. На 21.03.2024 година, ...

Додека фолк пејачот Мирослав Илиќ држел концерт во близина на Вараждин, одеднаш снемало струја во целиот град. Полицијата открила дека во тој момент некој го оштетил далноводот, поради што граѓаните се убедени дека некого го вознемирил концертот на Илиќ. Полицијата интензивно трага по сторителот, на кого му се заканува затворска казна до пет години. Концертот на Мирослав Илиќ започна весело, но потоа околу 22 часот снема струја и ...

Маж, на 39-годишна возраст, вчера починал откако бил искасан од рој оси во Белград, пренесува „Дневник.хр“. Според неофицијални информации, мажот, со иницијали Н. М., бил искасан од осите во пределот на главата и на вратот. Набргу по убодите му се слошило, по што бил итно пренесен во здравствена установа. Лекарите веднаш се обиделе да му помогнат и започнале со реанимација, но и покрај сите напори не успеале да го спасат неговиот живот. ...

Уште еден возбудлив астролошки ден е пред нас, а еве што може да очекува секој хороскопски знак. ОВЕН ЉУБОВ: Денес ќе ви биде тешко да одржите рамнотежа во вашата врска, можно е премногу страст да предизвика конфликт. РАБОТА: Ќе бидете полни со енергија. ЗДРАВЈЕ: Повреди. БИК ЉУБОВ: Позитивна ситуација, но проблемите од други сфери би можеле да ја расипат. РАБОТА: Помал успех, ако работите во областа на образованието. ЗДРАВЈЕ: Инфекции. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот лабаво ја покрена можноста за копнена кампања додека војната со Иран се затоплува, но не беше јасен за никакви специфики. „Не сакам да го правам ова“, рече тој за копнена војна во интервју за „Фокс њуз“. „Понекогаш ви е потребна копнена кампања, но ние имаме други луѓе кои ќе ја водат копнената кампања за нас“, рече Трамп, без да понуди никаква сугестија за тоа кои би можеле да бидат тие ...

Родилката Исидора Мичиќ (25) почина во шестиот месец од бременоста откако беше примена во Здравствениот дом во Ужице, а нејзината мајка Јасмина Мичиќ, во шокантна исповед за емисијата „Црна хроника“ на Курир ТВ, тврди дека лекарите направиле низа грешки во третманот на нејзината ќерка. Исидора Мичиќ (25) почина на 3 март 2023 година во Здравствениот дом во Ужице , откако беше примена со висока температура во шестиот месец од бременоста. ...

„Мене малку сѐ ова ми наликува на политичка шизофренија. Лош збор е и можеби не треба да се соопшти, но да го појаснам: тоа е кога вие кажувате две контрадикторни работи, а тврдите дека сте конзистентни во политиките“, изјави претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, во денешното гостување на Радио Лидер. „Ајде да се вратиме неколку месеци наназад. Дали владејачкото мнозинство ...

Собранието денеска ќе ја одржи 111. седница, на чиј дневен ред се 22 точки, меѓу кои и неколку законски предлози, извештаи и одлуки. Меѓу клучните точки е Предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој ќе се разгледува во трето читање, како и измените на Законот за Царинската тарифа. На седницата се предвидени и опозициски пратенички прашања. Пратениците ќе расправаат и за предлози од областа на ...

Јелена Карлеуша отворено проговори за љубовта, предавството, финансиите и мажите. Таа призна кој ја разочарал најмногу и зошто мисли дека жените изневеруваат. Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша уште еднаш покажа дека нема табу теми. Во разговорот со Огњен Амиџиќ, таа отворено зборуваше за својот живот, кариера и искуства, откривајќи голем број досега непознати детали. – Кога бевте најразочарани во животот? – праша водителката Тијана, на што ...

На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерски состанок посветен на заканите од политичкиот тероризам. Состанокот ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на ...

Кортизолниот стомак не е само резултат на стрес. Каква улога играат кортизолот, хормоните, исхраната, омега-3 масните киселини, магнезиумот и додатоците во исхраната во борбата против салото на стомакот? Кортизолниот стомак е популарно име за абдоминална дебелина. Се претпоставува дека покаченото ниво на хормонот кортизол влијае на местото и количината на масно ткиво што се таложи во телото. Лекарите нагласуваат дека зголемувањето на ...

Официјалните податоци објавени од Министерството за одбрана покажуваат дека сите десет директори во Министерството се Македонци, додека ниту еден Албанец не раководи со директорат. Овој дисбаланс претставува сериозно нарушување на принципот на правична и соодветна застапеност,еден од темелите врз кои се изградени институционалната стабилност и меѓуетничката доверба во државата. Безбедносниот и одбранбениот систем бара доверба, рамнотежа и ...

Сонцето, планетата на виталноста, влегува во Лав на 22 јули, најавувајќи го почетокот на сезоната на овој огнен знак. Сонцето ќе остане во Лав до 23 август и ќе има силно влијание врз Лавовите, Стрелците, Овните, Вагите и Близнаците. Во периодот кога Сонцето е во Лав , енергијата станува посилна, потопла и фокусирана на изразување на личноста. Повеќе самодоверба Ова е време кога многумина ќе почувствуваат поголема потреба да блеснат, да ги ...

Со последната меѓувладина конференција, Црна Гора денеска ги пречекори половина од привремено затворените поглавја од преговорите. Поглавје 8 – Конкуренција и Поглавје 29 – Царинска унија се привремено затворени, објавија медиумите од регионот. Со тоа, Црна Гора сега има вкупно 18 привремено затворени поглавја од вкупно 33 во процесот на преговори за членство во Европската Унија. „Со 18 привремено затворени поглавја од преговорите – повеќе ...

Ако се зема предвид дека сите се обидуваат вината за нефункционалноста на општеството да ја префрлат врз системот, Една изборна единица и отворени листи се токму менување таа нефункционалност и можност за вклученост на целиот капацитет на општеството , а не само партиските војски, ухлебени во двата табора. Денес истекува рокот за Изборниот законик кој е дел од реформската агенда, но поместување кај политичките партии нема. Евроамбасадорот ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
96%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
65%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.89
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87