
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Капитулација и бугаризација на рати, вака на вчерашниот протест, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го оцени францускиот предлог за надминување на бугарската блокада. На потегот меѓу двете раскрсници пред владината палата, синоќа се собраа илјадници членови и симпатизери на опозициските партии предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Тие бараа избори поради, како што велат, катастрофалната ситуација во државава: „Eкономскиот геноцид и предавничките ...
Владата на Кирил Петков, која е составена од четири партии, можеби ќе изгуби една од нив, но најавеното заминување на „Има таков народ“ не мора да значи крај на неговото владеење, велат аналитичарите. Опстанокот, сепак, може да биде и по цена на зголемено влијание на опозициската партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов. На 8 јуни, Слави Трифонов, популарен шоумен и водител на телевизиски емисии од 1990-тите, објави дека „Има таков ...
Вообичаената слика во која македонската јавност e разбранувана поради наближувањето на некој самит на Европската Унија и можноста Македонија да добие датум за преговори е сменета. Бугарската јавност сега е повеќе вознемирена. Главните вести за тоа што ќе се случува до втората половина на јуни, кога се одржува самитот, доаѓаат од Бугарија, која од 2020 година го блокира македонското зачленување во Европската Унија. Не запираат реакциите, откако ...
Illustration:Unsplash.com Дали вашите објави на Инстаграм или Фејсбук/Инстаграм беа означени како лажни, означени како постови против стандардите на заедницата или отстранети од платформата? Дали оценувањето беше праведно? Бараме луѓе кои се подготвени да ги споделат своите искуства со нас за да помогнат во приказната на која работиме. Скролајте надолу за информации за тоа како да учествувате. Клучните работи што сакаме да ги знаеме: ● Колку од ...
Фото: Официајлна страна на фестивалот , https://sunnyhillfestival.com/ Косовскиот престижен музички фестивал „Сончев рид“ ќе се одржи во „својот роден град“ Приштина, во август годинава. Претходните најави беа дека тој ќе биде преместен во Албанија поради спор за локацијата на која треба да се одржи. На 15 јуни, организаторите објавија дека ја менуваат локацијата и дека фестивалот ќе се одржи во Тирана, во Албанија, бидејќи косовската влада не ...
„Во овој парламент има ново мнозинство“, вака бугарскиот премиер Кирил Петков ја најави можноста од нови избори по денешното гласање во парламентот, со кое беше разрешен досегашниот претседател Никола Минчев. Тој е од партијата на Петков „Продолжуваме со промената“. Петков, сепак, остави отворена врата за борба за задржување на оваа владејачка гарнитура што тој ја предводи. „Верувам дека има попристојни луѓе во парламентот“, рече Петков, ...
Бугарската влада денеска на седница усвои одлука со која се предвидува сите предлози од француското претседателство со Европската Унија или од некоја земја-членка, а поврзани со Македонија и со преговорите за зачленување во ЕУ да бидат разгледани во Комисијата за надворешна политика на бугарското собрание. „Ниту еден политичар отсега не може да каже дека владата може да дејствува еднострано. Одлуката е на парламентот“, рече бугарскиот премиер ...
Веста дека црковен Цариград ја вратил МПЦ во православното единство ги изненади и ги израдува верниците. Меѓутоа, овој за јавноста неочекуван чин отвори клучни прашања на кои што сè уште нема конкретен одговор ниту по неделната симболички многу важна литургија на македонските владици со вселенскиот патријарх Вартоломеј во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Истанбул. Македонската православна црква е тивка околу целиот процес. Таа директно не кажува, ...
Христијан Мицкоски речиси секој ден е во јавноста. И самиот рече дека има богата агенда за медиумски настапи. Но, и покрај тоа, лидерот на најголемата опозициска партија вообичаено се доживува како „затворен“ на тешки теми. Можеби затоа во разговорот неколкупати потпрашувавме за да го прецизираме ставот на партијата во однос на клучните теми за кои разговаравме. Спорот со Бугарија и закочениот европски пат на Македонија поради ветото од Софија ...
Ден по одлуката на првостепениот суд да се конфискува централното седиште во Скопје и триесетина други имоти на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата Христијан Мицкоски во интервју за БИРН вели дека всушност станува збор за деведесет отсто од партискиот имот, вреден седум милиони евра. Целото интервју со првиот човек на најголемата опозициска партија во кое разговараме и за евентуалниот договор со Бугарија, претстојниот протест и барањето на ...
На две недели до јунскиот самит на Европската Унија, на кој постоеше можност Софија да го тргне ветото за македонските европски интеграции, лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов одлучи да ги повлече своите четворица министри од владата. Меѓу причините е и односот на Петков кон македонското прашање. Трифонов го обвини Петков дека води самостојна надворешна политика различна од таа на Министерството за надворешни работи. Премиерот има уште ...
Пратениците во Претставничкиот дом, долниот дом на парламентот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, во понеделникот гласаа за измени на Законот за електрична енергија со кои би се забранила изградба на нови мали хидроцентрали поради нивното негативно влијание врз животната средина. Одлуката доаѓа по децениската борба меѓу еколошките активисти и градежните компании. Активистите тврдат дека изградбата на мали хидроцентрали негативно влијае врз ...
Со новиот ребаланс на буџетот се најавува задолжување за речиси една милијарда евра. Јавниот долг веќе е над 60 проценти. Дебатата за долгот, пак, се одвива како и секогаш – опозицијата обвинува за расипништво и алармира дека се движиме кон економски колапс, власта смирува дека тоа нема да се случи, а во што ќе поверуваат граѓаните, главно зависи од тоа која политичка позиција им е поблиска. Кој од нив е во право, пак, не може да се одговори, ...
„Без преседан“. Со овие зборови денеска, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, реагираше на одлуката на трите балкански земји – Македонија, Црна Гора и Бугарија да не дозволат прелетување над нивниот воздушен простор на авионот на шефот на руската дипломатија, со што се оневозможи тој да пристигне во Белград. Србија е единствената земја што е од овој дел на Европа, која е и кандидат за зачленување во Европската Унија, а која не ...
181 илјада евра. Толку е разликата меѓу приходите и расходите на Македонската радио-телевизија во првите три месеци од 2022 година. Тоа го напишале самите во Извештајот за финансиското работење за првиот квартал од годинава. Приходите биле околу 3,9 милиони евра, а расходите околу 4,1 милиони евра. Тоа, како што пишува, се должи „исклучиво од неисплатените и скратени финансиски средства што ЈРП МРТ ги добива од Буџетот на РСМ за финансирање ...
Вашингтон. Photo ; Anna Lowe , Pexels Њујорчанецот Мирсад Кандиќ (40), роден во Косово, се соочува со доживотен затвор затоа што станал борец на ИСИС, регрутирал други борци и обезбедувал оружје, опрема и разузнавачки информации за ИСИС, објави во средата американското Министерство за правда. „Кандиќ се соочува со максимална казна доживотен затвор по двете точки од обвинението за кои е можна и смртна казна, и 20 години затвор за секое од другите ...
Oд првите „полесни“ ресори, како екологија, локална самоуправа и социјална политика пред 20 години, до клучните – шеф на дипломатијата и „чувар“ на државната каса – денес. Но, не само министерски фотелји, туку и претседател на парламентот и прв вицепремиер. Политичката еволуција на ДУИ за 20 години достигна крешендо, и тоа според „партитурите“ на првата коалиција со СДСМ, кога тоа се случуваше „тивко и внимателно“. За да му се удоволи на ДУИ, ...
Бугарската владејачка коалиција веќе е на удар поради, како што велат критичарите, хаотичниот одговор на бегалската криза до која дојде по руската инвазија на Украина. Вицепремиерката Калина Константинова, на 30 мај објави предвремен крај на неуспешната програма со која требаше да се преместат бегалците од одморалиштата на Црно Море во државни комплекси и воени бази од времето на комунизмот. Константинова се пожали на „лични барања“ од бегалците ...
Генералниот секретаријат на Владата, пред десетина години ангажирал експерт во чиј извештај за сработеното пишувало дека ако заврне, има ризик да не се одржи претстава во стариот теaтар во Охрид. За тоа добил надомест. Оваа пракса на хонорарно ангажирање соработници во Генералниот секретаријат на Владата за најразлични потреби, како тогашна ревизорка ја увидела претседателката на Државната комисија за спречување на коруцпијата, Билјана ...
Косовскиот и албанскиот министер за внатрешни работи ја набљудуваат репатријацијата на повратниците од Сирија на аеродромот во Приштина на 28 мај 2022 година. Фото: Официјална Фејсбук страница на Бледи Цучи Косовскиот суд, во понеделникот соопшти дека се приведени две лица осомничени за тероризам. Основниот суд во Приштина соопшти дека едниот уапсен со иницијали Х.С. бил осомничен за „доброволно и со полна совест“ приклучување кон терористичката ...
Универзитетскиот професор Темелко Ристески ја потврдува автентичноста на извештајот што деновиве се појави на социјалните мрежи, а во кој тој до државниот секретар на Министерството за одбрана реферира што сработил во јули 2020 година. Професорот, во разговор за БИРН, вели дека бил ангажиран со договор за дело во текот на 2019 и на 2020 година, како советник за правни работи за стратегиски одбранбен преглед. Вкупно за двете години ангажман под ...
Со изрекување на првостепената пресуда заврши уште еден судски предмет што го отвори СЈО, кој носеше судски број КОК-60/17, а беше познат под кодното име „Трезор“. Се судеше три години. Четворицата обвинети Сашо Мијаков, Горан Грујевски, Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски беа огласени за виновни и добија вкупна затворска казна од 33 години. Највисока затворска казна доби ексначалникот на петтата управа во УБК, бегалецот, Горан Грујевски, од 15 ...
„Ви донесуваме уште една радост. Светиот архиејски сабор ѝ излезе во пресрет на молбата на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Благословува, прифаќа и признава автокефален статус“. Со овие зборови на српскиот патријарх, Порфириј, кои одекнаа во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ и громогласен аплауз, верниците ја дочекаа одлуката на СПЦ да ја прифати автокефалноста на МПЦ-ОА. „Иако сме посебни, во Христос сме едно. ...
Од насмевки и прегратки проследени со ветувања за нов пристап и дијалог фокусиран на економијата наместо на историјата, до одделни чествувања на Свети Кирил и Методиј во Ватикан и воздржани изјави за напредокот и можниот исход. За пет месеци, од јануари, и првата премиерска посета на Кирил Петков на Скопје на која го пречека македонскиот колега Димитар Ковачевски до сега, се смени односот на првите луѓе на владите на двете држави. Насмевките на ...
Бугарското специјално обвинителство истражува три лица осомничени за шпионажа во корист на Русија. Акцијата следува ден по изјавата на бугарскиот премиер Кирил Петков дека „некои од работите коишто му ги пријавиле се дека има руски агенти кои работеле против односите на разбирање со Северна Македонија“. На прашањето дали акцијата има врски со изјавата на Петков шефицата на бугарското Специјално обвинителство Валентина Маџарова на денешната прес ...
На неодамнешниот деловен појадок организиран од Американската стопанска комора, бугарскиот премиер Кирил Петков ја нападна Русија, и тоа не само поради нејзината војна во Украина. „Иницирањето антикорупциски реформи, исто така, значи и ограничување на странските влијанија во Бугарија, кои претежно се од Русија“, рече премиерот и ги осуди силите, за кои кажа дека се обидуваат да создадат раскол меѓу Бугарија и нејзините сојузништва со ...
Во октомври 2017 година, 15-годишна девојка од зафрлено село во југоисточна Албанија пријавила во полиција дека била многупати силувана од сосед, маж на возраст од педесет години. По приведувањето на сторителот, полицијата излезе со соопштение. А потоа темата влезе во медиумите. Во рок од 24 часа, жртвата и нејзината мајка дадоа шест интервјуа за медиумите, а коментарите на девојката беа објавени во вестите на 11 телевизии. Само нејзините очи ...
Ако беше човек, ќе имаше шеснаесет години и сега ќе завршуваше прва година средно. Ќе се подготвуваше за последните испитувања на наученото во оваа учебна година за да си обезбеди што е можно подобри оценки во свидетелството. Но, се станува збор за образовен систем, кој од 2006 година, веќе 16 години по ред постојано се реформира. А ефектот на тие реформи е мерлив и познат. Па, така, на пример, истражувањето ТИМСС (Trends in International ...
Иако се непрофитни, функционираат како холдинг, како велепоседничко друштво што под себе има широкораспространета структура. Редовно добиваат пари од буџетот (четири и пол милиони евра), а во касата постојано им се слеваат и пари од донации и членарини. Поседуваат имот, имаат и вработени, но не се грижат многу за да ги приложат сметките кога јавноста и новинарите тоа ќе го побараат. Во ретките случаи кога одговараат на барањата, како со ...
Специјалната единица на Гугл ТАГ (Threat Analysis Group), која се занимава со следење хакерски напади врз своите корисници, објави информации за три кампањи во кои бил користен популарниот шпионски софтвер Предатор, развиен од македонската фирма „Сајтрокс“. Во трите случаи, корисниците на андроид-телефони добиле имејлови со линкови. Кога тие го кликнувале линкот, за кратко нивниот пребарувач ги носел на веб-страница што го ...