Турција распореди пет борбени авиони Ф-16 и нивните екипажи во Естонија, каде што ќе учествуваат во мисијата на НАТО за воздушна полиција, соопшти турското Министерство за одбрана. Турските летала ќе бидат стационирани во балтичкиот регион во следните четири месеци. „Како дел од зајакнатата мисија на НАТО за воздушна полиција, завршено е распоредувањето на пет авиони Ф-16 и нивниот персонал во воздухопловната база Емари во Естонија, каде што ...

Земјите од Европската Унија одобрија нови, построги имиграциски правила за украинските државјани на воена возраст, соопшти портпарол за германската агенција ДПА. Оваа одлука, донесена на барање на официјален Киев, има за цел да ги спречи лицата кои избегнуваат воена обврска да ги користат бенефициите за олеснет влез во Унијата. Според новиот договор, Украинците на возраст од 23 до 60 години ќе можат да користат привремена заштита во ЕУ само ...

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на Извршниот комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева. Според неа, новото раководство обединува жени со богато професионално, академско, општествено и политичко искуство. За генерален секретар е избрана Елена Ивановска, државен секретар во Министерството за образование и наука. Функцијата потпретседателки ќе ја извршуваат Ане Лашкоска, заменик-министерка за животна ...

Лекарите во Германија се борат за животот на 45-годишен маж кој се здобил со тешки повреди откако батерија што ја носел во ранецот експлодирала додека возел велосипед. Во инцидентот со полесни повреди се здобило и деветгодишно момче кое било во негова близина. Несреќата се случила во местото Јушен, во јужниот дел на покраината Тирингија. Мештаните од градот со околу 1.500 жители слушнале силна експлозија, по што затекнале запален човек и ...

Полициски службеници на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград уапсија две лица под сомнение за перење пари, додека едно од нив е обвинето и за поткуп на полицајци за да избегне контрола и апсење. Продолжувајќи ја борбата против корупцијата и финансискиот криминал, припадници на Министерството за внатрешни работи, Бирото за борба против корупцијата, Службата за борба против корупцијата, во соработка со полицајци од Управата за гранична ...

На повеќе популарни плажи во Црна Гора е воведена забрана за пливање откако најновите анализи покажаа дека морската вода е небезбедна и под пропишаните стандарди. Надлежните органи поставија црвени знамиња на загрозените локации, упатувајќи предупредување до граѓаните и туристите да не влегуваат во морето до понатамошно известување. Забраната за пливање се однесува на следните локации: На плажата Жукотрлица во Шушањ, забраната е поставена на ...

На територијата на државата денеска до 19 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, додека останатите седум се целосно локализирани и изгаснати. Според соопштението од Центарот за управување со кризи (ЦУК), еден од активните пожари е во општина Желино, кај селото Горна Лешница, каде што гори сува трева и мешана шума. Вториот активен пожар е лоциран во општина Валандово, на подрачјето на селото ...

Пожарот кај тетовското село Лешница е ставен под контрола и е целосно локализиран, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во акцијата за негово гаснење биле ангажирани и два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување. На терен за време на интервенцијата излегол и директорот на ЦУК, Мухамет Али, кој раководел со координацијата меѓу службите. „Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамет Али, веднаш по добиената ...

Утре 31.07.2026 година (петок) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе ја посети клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, ќе изврши увид на реконструираните одделенија и набавената нова медицинска опрема, каде што ќе биде дадена изјава за медиуми. Утре 31.07.2026 година (петок) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе ја ...

Најголемата нуклеарна централа во Велика Британија е ставена во состојба на тревога поради голем шумски пожар кој се проширил на помалку од пет километри од објектот, пренесува порталот Telegraph.co.uk. Околу 120 пожарникари со 18 противпожарни возила се борат со огнот во областа Данвич Хит, во близина на Листон. Пожарот го загрозува подрачјето околу нуклеарната централа „Сајзвел Б“, која обезбедува околу три проценти од вкупните потреби за ...

Полициската управа во Сомбор го уапси 35-годишниот Р.В. поради основано сомнение дека го убил својот 54-годишен сосед М.Д. по вербална и физичка пресметка. Инцидентот се случил во селото Светозар Милетиќ, каде што осомничениот живеел, откако жртвата М.Д. го превезувала со своето возило од соседното село Станишиќ. Мештаните од двете села раскажуваат за моментите кои претходеле на трагедијата. „Тој млад човек отишол во соседното село Станишиќ ...

Министерството за здравство го задолжи Центарот за јавно здравје – Скопје вечерва да спроведе дополнителна терестичка (од земја) адултицидна дезинсекција во населбата Драчево. Како што информираат од ресорното министерство, оваа активност претставува превентивна мерка која се реализира врз основа на стручната информација и проценката на ризик изготвени од ЦЈЗ – Скопје, но и поради актуелната епидемиолошка состојба со лабораториски потврдени ...

Наставничката Думитра Тополијану од Романија преживеа тежок удар од гром за време на екскурзија во близина на градот Падина, благодарение на брзата и присебна реакција на нејзините ученици. По речиси еден месец борба за живот и престој во три различни болници, таа беше префрлена на Одделот за лекување на тешки изгореници во Јаши, каде што за првпат има реални шанси за целосно закрепнување. Здравствените работници од болниците во Трговиште и ...

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по извршеното финално тестирање ставени се во функција безбедносните камери на системот за сообраќаен надзор Безбеден град на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца. Наскоро камерите на Безбеден град, ќе бидат во функција и на сообраќајниците во Охрид и регионот, каде уредите се веќе поставени и привршува нивната техничка проверка и тестирања. ...

Македонското Собрание ја заврши денешната седница на која требаше да се поставуваат пратенички прашања, откако по барањето за пауза од пратеничката група на ЗНАМ беше констатирано дека се надминува времето за редовна работа. Седницата продолжи во 17:10 часот, но координаторот на пратеничката група на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Бобан Карапејовски, веднаш побара пауза од еден час. „Процедуралното е врз основа на член 87 став 2 со ...

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, денеска го пречека на средба амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас. За време на средбата, беше разговарано за унапредувањето на процесот на европска интеграција и важноста на добрите односи меѓу заедниците како еден од основните столбови за градење демократско и одржливо општество. Посебно внимание беше посветено на активното вклучување на младите во одлучувачките процеси и ...

Српските власти преземаат превентивни мерки поради исклучително ниското ниво на реката Дунав, предизвикано од долгиот период на високи температури и суша. Поради тоа, во делови од Автономната покраина Војводина е прогласена вонредна состојба со цел да се спречат проблеми во водоснабдувањето и економијата. Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, по седницата на кризниот штаб изјави дека надлежните служби се интензивно на терен за да овозможат ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави последните мерења за температурите на воздухот во Македонија за денешниот ден (30 јули 2026 година). Според официјалните податоци, највисока максимална температура во земјата е измерена во Велес и на мерното место Зајчев Рид во Скопје, каде што живата во термометарот достигна 37,2 степени. Високи максимални температури се регистрирани и во останатите градови низ државата: Кавадарци Скопје ...

Поради пожар на тешко пристапен терен кај селото Горна Лешница, во општина Желино, денеска беше побарана воздушна поддршка за соборување на огнената стихија. На бројот за итни повици 112 се јавил командирот на ТППЕ Тетово, кој побарал итна интервенција од воздухоплов. Според првичните информации, пламенот избувнал на исклучително непристапен и стрмен терен, што значително ја отежнало соодветната реакција на противпожарните екипи од земја. ...

Речиси 10.000 смртни случаи поврзани со екстремните горештини се регистрирани во Германија од почетокот на годината, додека во Велика Британија оваа бројка надмина 2.800 лица. Според неделниот извештај на Институтот „Роберт Кох“ (RKI), во Германија до 19 јули се забележани 9.800 смртни случаи поврзани со топлината. Оваа бројка е поголема од податоците за истиот период во која било година од 2016 година наваму. За споредба, во досега ...

Денеска во Софија се одржа првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на Коридор 8, соопштија од министерството за транспорт. „Согласно Договорот, со работна група претседаваа замениците министри за транспорт на двете земји. Од наша страна претседаваше заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, а од страна на ...

Христијан Мицкоски попладнево се сокри зад неговиот сателит – ЗНАМ за да побегне од одговорите на пратеничките прашања, велат од СДСМ. „Бидејќи нема одговор на ниту едно прашање, нема одговори за неисполнетите ветувања, за труењето на Македонија, за економскиот колапс, за изолацијата…. По целодневните процедурални одлагања, токму во моментот кога претседателот на СДСМ, Венко Филипче требаше да му постави дополнително прашање на Мицкоски, ...

Екстремните временски услови и растот на бројот на заразени инсекти земаат сè поголем данок во регионот, откако четири лица ја загубија животната битка со западнонилската треска во Грција од почетокот на годинава. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), сите починати пациенти биле во повозрасната категорија, односно на возраст над 65 години, додека во земјата досега се евидентирани вкупно 47 ...

За еден месец Task Force за дрога: запленети над 43 кг марихуана, приведени 241 лице, пресечен меѓународен транспорт и лишено од слобода лице по меѓународна потерница Еден месец по формирањето на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, Министерството за внатрешни работи бележи значајни резултати во борбата против организираниот нарко-криминал. Засилената координација, побрзата размена на информации и ...

Вчера во 15:40 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправна установа Идризово било пријавено дека околу 13:15 часот, при претрес во женското одделение во установата, кај 42-годишната осуденичка Е.Ј. била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 15:40 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправна установа Идризово било пријавено дека околу 13:15 часот, при претрес во женското ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против П.З.(31) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 12.01.2026, пријавениот со огнено оружје испукал неколку проектили кон основно училиште во Виница, при што оштетил дел од инвентарот. Подоцна, при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени пушка, пригушувач, рамки за муниција, 192 ...

Трагични вести стигнуваат од јужниот соборак каде екстремните временски услови и разорните пожари земаат човечки жртви. Тројца грчки пожарникари ги загубија животите додека херојски се справуваа со огнената стихија на островот Крит и на југот од грчкото копно, потврдија од надлежната противпожарна служба, додека бруталните топлотни бранови ја парализираат цела јужна Европа и ги отежнуваат актерите за спасување на терен. Според официјалните ...

СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.А.(25) и Р.Ј.(27) од Кочани и Н.А.(22) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.05.2026 на наплатната рампа кај Кадрифаково, пријавените забележале полициска патрола, при што третопријавената голтнала поголема количина хероин, а при испитување на ...

На 29/30.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.С.(42), Д.К.(22), Д.А.(38), А.П.(33), А.Ј.(30), А.В.(24) и 17-годишник, сите од Скопје, 16-годишник од с.Блаце, скопско, J.K.(19) од с.Студеничани, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци. На 29/30.07.2026 во Скопје, ...

Ноќеска во 01:30 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.К.(30) и А.М.(40), двајцата од Скопје. Полициски службеници го забележале М.К. како фрлил кеса со марихуана, а при обид да извршат проверки ги нападнал полициски службеник и се обидел да побегне, но бил спречен и лишен од слобода. Додека, А.М. се обидел да ги спречи полициските службеници да го лишат од слобода и приведат М.К., по ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Калај

46.54