Под влијание на топла воздушна маса од југ, за време на продолжениот викенд и во текот на следната седмица нè очекува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Високите температури ќе продолжи да се чувствуваат и во текот на вечерните и ноќните часови. За денеска се прогнозира многу топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец, при што минималната температура ќе се движи од 11 до 21, а максималната ќе ...

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, упати честитка до сите граѓани по повод 2 Август – Денот на Републиката. Во својата порака, Гаши истакнува дека празникот претставува потсетник за заедничката одговорност и градењето на иднината со дела и посветеност. По повод 2 Август – Ден на Републиката, во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, ви упатувам најискрени честитки. Овој ден ...

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во петок, 31 јули 2026 година, во 22 часот, во Италија. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во подрачјето со географски координати на географска ширина 40,8265 и географска должина 14,1027, на 14 километри од Неапол. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од ...

Автобус кој сообраќал на регионалниот пат RN24 од градот Сетиф се лизнал и паднал во клисура, објави алжирскиот портал TSA Algerie. Официјалните причини за излетувањето на возилото сè уште не се соопштени од страна на надлежните органи. Екипите на Цивилната заштита на Алжир веднаш излегоа на терен, ангажирајќи речиси целосни човечки и материјални ресурси, меѓу кои и 11 возила на итна медицинска помош. Опсежната спасувачка операција на местото ...

Турскиот државјанин Р.А. (54) почина за време на летот на линијата Истанбул – Диселдорф, по што авионот утрово принудно слета на аеродромот во Белград. Како што пренесуваат српските медиуми, мажот во текот на летот отишол во тоалетот од авионот. Откако стјуардесата забележала дека патникот го нема подолго време, ја отворила вратата и го пронашла во несвесна состојба. По принудното слетување на белградскиот аеродром, медицинските екипи веднаш ...

Земјотрес утрово е регистриран на југот на Италија, а според првичните информации на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил на околу 13 километри западно од Неапол. Потресот бил на мала длабочина, односно хипоцентарот е лоциран на околу два километра под површината на земјата. Жителите на Неапол и околните населени места преку социјалните мрежи известуваат дека земјотресот траел повеќе од 20 секунди. Во одделни ...

Снимките на кои се гледа преплавувањето на шпанската енклава Сеута со илјадници мигранти се предупредување за тоа што може да им се случи на Соединетите Американски Држави доколку на власт се вратат демократите, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“. Трамп упати порака до американските гласачи, потенцирајќи ги можните последици од промената на политичката опција на следните претседателски избори. – Запомнете ...

Грчките здравствени власти регистрираат нов пораст на бројот на заболени од вирусот Западен Нил, при што од почетокот на годината се потврдени 42 случаи на инфекција, а четири лица починаа. Надлежните предупредуваат дека летниот период и зголемената активност на комарците дополнително придонесуваат за ширење на вирусот и апелираат за зголемена претпазливост кај населението. Според податоците од Националната организација за јавно здравје на ...

На денешната седница, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година. Одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за заштита ...

– 14,5% се повисоки средствата во ставката за реализирање на капитални проекти, а понатаму се зголемуваат средствата и за социјални трансфери и за оние обврски кои што државата ги има кон граѓаните, и за повисоки плати и за повисоки пензии, нешто што сметам дека е суштина на вака поставен буџетски документ – вели Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Дневникот на МРТ1, што МИА ја објавува интегрално. Пратеникот ...

Индонезиските власти уапсија пилот на авиокомпанијата „Малезија ерлајнс“ веднаш по слетувањето на меѓународниот аеродром во Џакарта, под сомнение за обид за шверц на над 26 килограми екстази и пакет метамфетамин. Случајот бил откриен на аеродромот Соекарно-Хата, откако царинските службеници за време на рендгенска проверка на багажот забележале сомнителен куфер на терминалот за меѓународни пристигнувања. Според информациите од полицијата, ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска за време на посетата на Битола изјави дека годинава нема да користи класичен летен одмор. Одговарајќи на новинарско прашање за неговите приватни планови за летово, премиерот појасни дека наместо одмор, планира кратко патување со своето семејство. Тој посочи дека деновите одморот ќе ги помине на патување во Белгија, каде што ќе престојува во два града. Мицкоски додаде дека по кратката ...

Италија ја суспендираше примената на Шенгенскиот режим на слободно движење во односите со Шпанија и најави дополнително зајакнување на граничните контроли кон Франција. Официјалното соопштение пристигна од италијанското Министерство за внатрешни работи, од каде посочуваат дека одлуката е донесена како директен одговор на масовниот прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута. Иако Италија и Шпанија ги дели море и немаат заедчка копнена ...

Општина Кичево ги извести граѓаните дека е воведена привремена забрана за користење на водата за пиење од шест водоснабдителни објекти во градот и околните населени места. Мерката е донесена по добиено официјално решение од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Одлуката за забрана е донесена врз основа на добиените резултати од лабораториските физичко-хемиски и микробиолошки анализи на примероците од водата, кои ги изврши ЈЗУ Центар за ...

Утре во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува во Дебар на доделувањето на 47 станови за социјално загрозени категории граѓани, при што ќе биде дадена изјава за медиумите. Право на добивање социјален стан имаат лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици на згрижување деца без родители; корисници на правото на гарантирана ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска во градот Кампулунг во романскиот округ Аргеш, кога минибус во кој се превезувале играчите од резервниот тим на Динамо Букурешт излетал од патот и удрил во дрво. До несреќата дошло откако 83-годишниот возач на возилото доживеал срцев удар за време на возењето. Во моментот на сообраќајката во минибусот имало 16 лица. На лице место починал масерот на тимот, додека уште 10 лица се повредени. Надлежните ...

Телото на руската државјанка Људмила Туркова Константиновна, која се водеше за исчезната од 25 јули, е пронајдено во куфер во канал во населбата Падинска Скела во Србија. Нејзиното тело било пронајдено синоќа, по што полициски екипи веднаш излегле на терен и извршиле увид на местото на настанот. Според првичните информации, критичната вечер Људмила се подготвувала за излегување во клуб, но засега нема потврда дали стигнала на планираната ...

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, денеска во Охрид беа домаќини на српскиот премиер Ѓуро Мацут и висока владина делегација од Србија. За време на престојот на српската делегација беа потврдени одличните односи меѓу двете соседни земји. Како што истакна Николоски, соработката меѓу Скопје и Белград продолжува да се развива со засилено темпо во сите сектори. ...

Пожарот што денеска по 13:00 часот изби на градската депонија „Сува Река“ кај Валандово е целосно локализиран по соодветната интервенција на терен и ангажирањето на воздушна поддршка. Огнот, под влијание на ветерот, брзо се проширил врз околната ниска вегетација и претставувал опасност за опфаќање на поголема површина, поради што беа активирани два „ер-трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување. Првиот човек на општината потврди дека ...

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави серија препораки за заштита на здравјето на граѓаните поради најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за екстремно високи температури кои ќе ја зафатат земјата од утре, 1 август, па сè до 7 август. Според УХМР, под влијание на топла воздушна маса од југ, во деновите од продолжениот викенд и во текот на следната седмица времето ќе биде многу топло, со дневни температури кои насекаде ќе ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ја отвори Летната школа за учење македонски јазик, на која учествуваат деца на македонски иселеници од повеќе земји од светот. Манифестацијата ќе се одржува од 31 јули до 6 август 2026 година, со цел младите генерации од дијаспората да ги продлабочат знаењата за македонскиот јазик, културата, историјата и традицијата. Премиерот преку својот Фејсбук профил ја истакна важноста од чувањето на ...

Премиерот Христијан Мицкоски оствари тет-а-тет средба со премиерот на Република Србија, проф. д-р Ѓуро Мацут. Како што соопшти Мицкоски, за време на средбата биле разменети мислења за повеќе клучни теми од взаемен интерес за двете земји. „Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и ...

Европската комисија објави дека испратила документ со прелиминарни забелешки до кинеската групација „ПДД Холдингс“ (PDD Holdings), сопственик на платформата „Тему“ (Temu), и нејзината европска подружница „WhaleCo Technology“, поради сомнение за попречување на инспекциска контрола. Постапката е покрената поради сомневања дека компанијата го попречила спроведувањето на инспекцијата која била дел од пошироката истрага за можни странски ...

Илјадници нови случаи на инфекција со паразитот Cyclospora cayetanensis се регистрирани низ САД, и покрај претходните тврдења на властите дека ситуацијата е ставена под контрола. Иако министерот за здравство и човечки услуги на САД, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, пред десетина дена објави дека епидемијата стивнува, нови случаи постојано се пријавуваат, објави Futurism. Според најновите податоци од американските Центри за контрола и превенција на ...

Триесет и едногодишна жена по име Лидија заврши на болничко лекување во Чељабинската област во Русија, откако била касната од пајак за кој тврди дека е црна вдовица. Инцидентот се случил за време на прошетка со нејзината ќерка на околу 20 километри надвор од градот, кога почувствувала ненадејна и силна болка под раката. Според нејзиното сведоштво, на телото забележала црно-црвен пајак со специфичен изглед, кој веднаш го истресла. Неколку ...

Шпанија ќе распореди армиски сили за да воспостави ред на границата со Мароко во енклавата Сеута, откако илјадници мигранти влегоа во оваа шпанска територија во северна Африка. Одлуката доаѓа по барањето на локалните власти во Сеута до централната влада во Мадрид за итно засилување, откако толпи луѓе ја пробија граничната ограда. Шпанската влада објави дека ги испраќа вооружените сили како испомош на Цивилната гарда за одржување на ...

Јавниот долг стигна речиси 11 милијарди евра. Речиси 60 отсто од БДП, велат од СДСМ. „За две години ВМРО-ОКГ и Мицкоски ја задолжија државата и народотр со над две милијарди евра. А што добија граѓаните? Најниски плати во Европа. Празни фрижидери. Нема зголемување на минималната плата. Нема чиста вода за пиење. Нема реформи. Нема Европа. Само нови кредити. Само нови тендери. Само нови лаги. Мицкоски и Кочоска се фалат со „стабилност“. ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево во Охрид го пречека премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, кој престојува во посета на земјава. Главен домаќин на посетата на српскиот премиер е претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Според најавите, во фокусот на средбите и разговорите ќе бидат натамошното унапредување на политичкиот дијалог и продлабочувањето на економската соработка меѓу двете ...

Два пожара попладнево избија во Валандовско, од кои едниот кај градот сè уште е активен и бараше интервенција од воздух, додека вториот кај селото Удово е успешно изгаснат. Првиот пожар бил пријавен околу 13:00 часот во атарот на селото Удово, каде што веднаш биле упатени противпожарни екипи. Меѓутоа, веднаш потоа избил нов пожар на локалната депонија до Валандово, кој под влијание на слабиот ветер брзо се проширил врз околната ниска ...

Највисока максимална температура денеска е измерена во Велес каде термометрите достигнаа 38,9 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според податоците од мерните станици за измерената температура во 17 часот, веднаш зад Велес по топлото време се Демир Капија со максимални 38,5 степени, Виница со 37,7 и Кавадарци со 37,6 степени. Во Гевгелија е измерена максимална температура од 37,2 степени, додека во Скопје ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25