Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, како дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, присуствуваше на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката, при што во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце беше положено свежо цвеќе во чест на илинденците и асномците, кои со својата борба ги поставија темелите на македонската државност. По оддавањето почит во Пелинце, владината делегација, заедно со ...
Екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица интервенирала во селото Пиперево по добиена пријава за змија во семеен дом. Како што информираат од противпожарната служба, влекачот бил заловен и отстранет од објектот без последици. Станува збор за змија од видот белоушка, која е барска и неотровна змија. По успешно спроведената акција, од ТППЕ Струмица упатија предупредување до локалното население при вакви ситуации да не преземаат ...
Вкупно 13 пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13:00 часот на територијата на државата. Според последните податоци, пет од пожарите се сè уште активни, два се ставени под контрола, додека шест се целосно изгаснати. Активни жаришта има во Скопско, каде што гори депонија кај Кванташкиот пазар во општина Гази Баба, како и ниска вегетација во селото Страчинци. Активен е и пожарот кај селото Маркова Сушица во општина Студеничани. ...
Сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер со променлив правец. Од УХМР информираа дека под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена ...
Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. „Во текот на 1 август се регистрирани вкупно 57 први прегледи, што е за три помалку во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 60 прегледи. Нема нови хоспитализации. Заклучно со 1 август, регистрирани се вкупно 1.041 формална пријава за заразна болест и изработени се 734 нови ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на чествувањето на 2 Август – Илинден, што под нејзино покровителство се одржа пред споменикот на Методија Андонов – Ченто на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Во своето обраќање таа ја нагласи важноста на Илинден и АСНОМ, посочувајќи дека слободата е извојувана со сопствени сили. „Нашата народноослободителна борба беше епохално, автентично дело, а слободата не ни беше подарена од ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска од Крушево упати порака по повод 2 Август – Илинден, нагласувајќи дека овој датум го симболизира вековниот стремеж на македонскиот народ за слобода и сопствена држава. Во своето обраќање, тој го истакна историскиот континуитет на македонската борба. „Втори август Илинден, денот на Илинденското востание и денот на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на ...
Вчера во 12:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Х. (21) од с.Идризово, скопско, по претходна пријава од И.Б.(44) дека на 31.07.2026 во 23:50 часот во с.Идризово В.Х. му нанел тешка телесна повреда на 15-годишниот син на пријавителот, а во врска со претходно нарушен јавен ред и мир. По целосно документирање на случајот, Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе кривина пријава за сторено ...
Вчера полициски службеници од СВР Тетово во врска со објавеното видео на социјалните мрежи за пукање на семејна веселба во Добридол, гостиварско, извршија претреси на повеќе локации, при што се приведени шест лица, а едно лице е повикано на службен разговор. При претресите се пронајдени и одземени оружје и муниција. Во 18:00 часот е извршен претрес кај И.С. (21) од село Добридол, а во 18:05 часот, кај А.И.(30) од с.Добридол, при што е ...
Вчера во 12:25 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиja од слобода М.M.(42) од село Биљановце, кумановско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. Вчера во 12:25 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиja од слобода М.M.(42) од село Биљановце, ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 2 Август – Илинден во Смилево, Демир Хисар. Во состав на делегацијата беа и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, како и заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јакимоски. Тие положија свежо цвеќе пред спомен-обележјата на повеќе локации во Смилево. Во своето обраќање, Андоновски ...
Највисока температура во земјава денеска во 11:00 часот е измерена во Гевгелија, каде што се регистрирани 31,6 степени. Според новите податоци објавени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), границата од 31 степен претпладнево е помината и во Демир Капија и на мерната станица Зајчев Рид во Скопје, каде се измерени точно 31 степен. Во Велес во 11 часот се измерени 30,9 степени, следува Штип со 30,5, додека во Виница и Кавадарци се ...
Илинденците се бореа за слобода, ние денес се бориме против корупцијата и изолацијата, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиуми од Крушево, по повод празникот Илинден, Денот на Републиката. Филипче порача дека жртвата на илинденците не беше за изолација, страв и поделби, туку за слобода, правда и правото народот сам да одлучува за својата судбина. „Илинденците се бореа против тиранијата на своето време. ...
По повод големиот празник 2-ри август – Денот на Републиката, делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно со потпретседателката Јована Тренчевска и членот на Извршниот одбор Андреј Жерновски, положи цвеќе и оддаде почит пред меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце. „Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност на соверемената македонска државата. СДСМ е наследник ...
Премиерот Христијан Мицкоски се обрати во Меморијалниот центар во Пелинце по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август – Илинден и Денот на Републиката. Во своето обраќање, тој истакна дека денешниот датум го симболизира историскиот континуитет и борбата за слобода. „Илинден не е само датум, тој е и завет, но и карактер. Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, можат да бидат напаѓани, можат да ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Крушево упати порака по повод државниот празник Илинден, оддавајќи им почит на хероите на Крушевската Република. Во своето обраќање, тој истакна дека борбата на илинденците била за слободна и достоинствена земја. „Почитувани граѓани, Денес во Крушево оддаваме почит на хероите на Илинден и на Крушевската Република – на оние кои пред повеќе од еден век се бореа за слободна и достоинствена Македонија. ...
Мајка и дете беа успешно спасени утринава откако паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“ во Струмица. Инцидентот бил пријавен во раните утрински часови, а од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека акцијата започнала околу 05:15 часот, кога тим од пожарникари-спасители бил веднаш упатен на терен. По пристигнувањето на местото на настанот, со употреба на специјализирана спасувачка ...
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, во свое лично име и во име на Судот упати честитка до граѓаните по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката. Во своето обраќање, тој истакна дека историските идеали се патоказ за градење современа и правна држава. „Денес, кога одбележуваме 123 години од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, со длабока почит се поклонуваме пред визионерството, храброста и ...
Македонија денеска ги одбележува двата Илиндена – 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, кои претставуваат двата најзначајни настани за македонската државност. Централниот настан традиционално ќе се одржи во Крушево, каде што ќе се обрати потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски. Одбележувањето започнува со положување цвеќе на гробот на Никола Карев и на споменикот на ...
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, упати честитка до граѓаните, припадниците на Армијата и вработените во Министерството по повод државниот празник 2 Август – Илинден. Во своето обраќање, тој посочи дека празникот го претставува темелот на македонската државност и ги потсетува сите на историските идеали. „Почитувани граѓани, припадници на македонската Армија и вработени во Министерството за одбрана, Во име на вработените во ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до граѓаните по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката. Во своето обраќање, таа посочи дека празникот ги обединува двете клучни историски пресвртници за македонската државност. „Драги сограѓани, За мене, 2 Август, Илинден, е најсветиот македонски ден, денот на којшто во 1903 година, македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република и денот кога во 1944 ...
Христијан Мицкоски вчера јавно изјави: „Верувам дека за првпат по многу години граѓаните ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна; велат од СДСМ.“ „Со оваа реченица премиерот јавно призна: Повеќе од две години, додека ВМРО-ОКГ има апсолутна власт, водата во Гостивар не била бактериолошки исправна. Две години знаеле. Две години молчеле. Две години граѓаните пиеле загадена вода. А водата сѐ уште не е целосно исправна. По ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, упати честитка до граѓаните по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката. Во своето обраќање, тој истакна дека овој празник ги симболизира слободата и историските темели на македонската државност. „Во име на Министерството за јавна администрација и во мое лично име, дозволете ми да го честитам 2 Август – Илинден, Денот на Републиката. Илинден е најсветлиот симбол на нашата државност, ...
Сончево и топло време ќе преовладува денеска во целата земја, соопштија синоптичарите. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури се движат во интервал од 9 до 18 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје се очекува слично време, со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 18, а максималната ќе ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, 17 управувале возило без возачка дозвола (пет во Скопје, три во Прилеп и по едно лице во Битола, Кочани, Делчево, Кичево, Валандово, Гевгелија, Велес, Неготино и тетовско). Додека пак, под дејство на алкохол возел возач во с.Дулица, општина Македонска Каменица, кој предизвикал и ...
Вчера во 17:00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во болницата „Св. Еразмо” во Охрид била донесена А.Г.Б.(38) од Шведска, со тешки телесни повреди, здобиени при слетување со параглајдер, што го управувало лице од охридска параглајдинг компанија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе следи соодветен поднесок. Вчера во 17:00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во болницата „Св. Еразмо” во Охрид била донесена ...
Највисоки температури во земјава денеска во 15:00 часот се измерени во Велес и на мерната станица Зајчев Рид во Скопје, каде што живата во термометарот достигна 37,1 степен. Според најновите податоци објавени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), високи температури се регистрирани и во останатите градови низ Македонија. Веднаш зад Велес и Скопје се Кавадарци со измерени 36,8 степени, Виница со 36,4 и Демир Капија каде во 15 часот се ...
Вчера во 21:30 часот во СВР Скопје, С.Н.(53) од с.Катланово, скопско, пријави дека околу 21:20 часот на раскрсница на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, заталкано зрно од огнено оружје му го оштетило прозорецот од неговото патничко возило „фолксваген артеон“ со германски национални ознаки. Се работи на расчистување на случајот. Вчера во 21:30 часот во СВР Скопје, С.Н.(53) од с.Катланово, скопско, пријави дека околу 21:20 часот на раскрсница ...
Ноќеска во 00:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода У.С.(26) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на кејот во Кавадарци, тој физички ја нападнал неговата 16-годишна партнерка од Кавадарци. Во присуство на претставник од Центарот за социјални работи, земена е пријава од малолетничката, а У.С. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе ...
Вчера во 07:30 часот, во СВР Охрид приведени се Н.Ш.(42) од струшкото село Калишта, Ј.Ц.(45) од Лесковац, Република Србија и Н.Б.(30) од Крушевац, Република Србија, по претходна пријава дека пред угостителски објект во Охрид, во алкохолизирана состојба го нарушиле јавниот ред и мир. Од преземените мерки, констатирано е дека помеѓу двете српски државјанки се случила физичка пресметка по што, Н.Ш. физички ја нападнал Н.Б.. По извршено ...