
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Поминаа 6 години откако македонски претставник на Евровизија за последен пат се претстави и пееше на македонски јазик пред европската и светската јавност. Тоа беше Калиопи со македонската изведба на „Дона“ во склоп на Евровизија 2016. Вчера, пејачката Лара Иванова ги изненади своите фанови и јавност со објавување на lyrics-видео на македонската, а воедно и оригинална верзија на песната “Flower of sorrow”, со којашто ...
Една од најпопуларните и најбогатите пејачки на денешницата Ријана и нејзиното момче, раперот A$AP Rocky го чекаат своето прво дете, а таа гордо го покажа трудничкиот стомак и покрај ниските температури и снегот, со што го потврди она што се шпекулираше во неколку наврати. Двојката е снимена како се шета во Њујорк, Ријана носела јакни од Шанел, вредна 8.000 долари и интересен накит, кој и поминува преку стомакот, додека раперот бил во кожени ...
Овој четврток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Звукот на ориентот“ на кој ќе настапи исклучителниот мајстор на уд, композитор и воклист Марсел Калифе од Либан. На програмата се авторски дела на Калифе, а концертот ќе го води маестро Лубнан Балбаки од Либан. Ќе настапи и хорот „ПроАрс“. Марсел Калифе студирал уд (арапска лаута) на Националниот конзерваториум за музика во Бејрут и од ...
Активирање на сите телесни мускули, брзо топење на масни наслаги, исфрлање на негативна енергија, а со тоа зачувување на психичкото здравје, обликување на телото и доведување во топ форма, превенција од сите болести предизвикани од гојазност, се само дел од придобивките од тренирањето на аеро-кик. Аеро-кик, како спорт е совршена комбинација од аеробик вежби и кик-бокс, наменет за жени со „бунтовен дух“ кои сакаат да го доведат своето ...
Песната „Flying To Berlin“ на нашиот интернационален музичар RIS FLOWER, во огромна конкуренција е избрана во финалната селекција од 6 песни кои ќе се натпреваруваат за претставник на нашата држава на Евросонг 2022г. во Торино, Италија. „Flying To Berlin” е авторско дело (музика и текст) на Борис Цветановски А.К.А. RIS FLOWER, а аранжманот и аудио продукцијата се дело на врвните, светски реномирани продуценти од Турција, ...
„Украдено минато“ е нова турска серија која се емитува на каналот Дизи и која сигурно ќе ги освои вашите срца. Во фокусот на приказната се двајцата главни протагонисти – Цесур и Сухан, кои одлично се претставени од страна на извонредните актери Киванч Татлитуг и Туба Бујукустун. Храбриот Цесур Алемдароглу (Киванч Татлитуг) се враќа во мало гратче во околината на Истанбул, Корлудаѓ, со единствена цел: да му се одмазди на Тахсин ...
Георгина го прослави својот 28 роденден во Дубаи со семејството, а нејзиниот посебен ден го дополни нејзиниот избраник, еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо. Кристијано Роналдо и подари на девојката Георгина Родригез екстравагантен роденденски подарок – нејзино сопствено ласерско шоу со нејзиното лице на знаменитост во Дубаи. 36-годишната суперѕвезда на Манчестер Јунајтед потрошил илјадници за осветлување на највисоката ...
Легендарниот фронтмен на „Парни Ваљак“, Аки Рахимовски, попладнево беше погребан во Алејата на великаните на гробиштата „Мирогој“ во Загреб. Ковчегот на Аки Рахимовски беше покриен со македонското знаме, а на него имаше црвени рози. Пред него стоеше венец на кој беше испишана порака од неговата двегодишна ќерка Антонија. Додека ковчегот се спушташе во гробот, камерите се исклучија и беше пуштена песната на Род Стјуарт ...
Бред Пит (58), по кого жените ширум светот воздивнуваат со децении, наводно повторно е зафатен. Срцето на актерот го „украла“ неговата сосетка, шведската пејачка Лики Ли (35), тврди Mirror. Лики и Бред живеат во истиот дел од Лос Анџелес, на само неколку минути оддалеченост. Според пишувањата на странските медиуми, славните соседи се зближиле во последната година, а се шпекулира дека веќе некое време се во тајна љубовна врска. View ...
Денес, четврток, 27.01. во 15 часот, во време кога во Загреб ќе се одржува церемонијата на испраќањето на Аки, премиерно на шест радио станици Радио Бубамара, Метрополис Радио Мрежа, Скај радио, Супер радио од Охрид, како и на две интернет-радио станици – Анторис радио и радио Мост Радио Бубамара ќе го слушнете последниот сингл на „Парни ваљак“ – песната „Поново“, последната песна на Аки Рахимовски. Текстот и ...
Американскиот актер Џејсон Момоа (42) по разводот со долгогодишната сопруга Лиза Бонет (54) наводно се преселил во дворот на своите пријатели и сега живее во паркиран кампер. Имено, славниот актерски пар неодамна на социјалните мрежи ги извести фановите дека решиле да стават крај на нивниот брак. Папараците во САД го „уловиле“ актерот како излегува од камперот FORD RV вреден 750.000 долари, кој по разводот, очигледно, станал негов ...
Статуата на покојниот Коби Брајант и ќерката Џиана беше поставена на местото на нивната хеликоптерска несреќа во Калабасас, Калифорнија, две години од денот на нивната трагичната смрт и на уште седум други патници кои летаа заедно со нив. Статуата ја создаде скулпторот Ден Медина и го покажа Коби, во дрес на Лејкерс како ја прегрнува Џиана, која исто така носи кошаркарска униформа и во раката држи баскет. Двајцата се гледаат со широки насмевки. ...
Секогаш доминантна и полна со изненадувања, Бојана Скендеровски повторно чекори цврсто на македонската естрада, со нова и моќна приказна трансформирана во емотивна мелодија. Видео записот на новата песна на Бојана, насловена „Зад завесите“ денес премиерно ја добива својата онлајн промоција. Приказната за отсуството на емпатијата во светот полн со предрасуди е дел од новиот проект на Бојана, со којшто започнува низата на дополнителни ...
Сите членови на популарната женска група „Spice Girls“ за прв пат по многу години ќе се соберат на исто место, а причина за тоа е венчавката на синот на Викторија и Дејвид, Бруклин Бекам (22). Викторија Бекам наводно се погрижила поранешните колешки од групата, Гери Хорнер (49), Мел Би (46), Ема Бантон (46) и Мел Си (48) да имаат место на тој голем ден. Но, сеуште не е познато дали поп групата ќе се обедини и на сцената и ќе настапи ...
Во американското хумористично шоу „Saturday Night Live“, комичарот Пит Дејвидсон (28), сега попознат како новото момче Ким Кардашијан (41), се пошегува со ситуацијата во која се најде тенисерот Новак Ѓоковиќ (34). Во последната епизода ја исмејуваа водителката Лора Инграхам и нејзината емисија на „Fox News“, а го спомнаа и поранешниот американски претседател Доналд Трамп додека на Новак му дадоа хумористична титула. ...
Маестро Александар Џамбазов, македонски диригент и композитор почина денеска во Скопје, на 85-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврди неговиот син, актерот Игор Џамбазов. -Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој… – се вели во објавата на Инстаграм профилот на Игор Џамбазов. View this ...
Георгина Родригез (27), девојката на фудбалерот Кристијано Роналдо (36), наскоро ќе има свое ТВ шоу наречено „Soy Georgina“, во кое гледачите ќе видат како изгледа нејзиниот живот, но се повеќе детали се откриваат пред почетокот на емитување на Нетфликс. Пред Георгина да биде во врска со Роналдо, таа работеше во Гучи во Мадрид, а нејзиното семејство не било во добра финансиска состојба. – Од продажбата на луксузна облека, ...
Неговата ненадејна смрт длабоко ја потресе јавностa во регионот. Официјалната Фејсбук страница на бендот „Парни ваљак“ го откри точниот датум на погребот на фронтменот, познатиот Аки Рахимовски, кој ненадејно почина оваа сабота на 67-годишна возраст. Како што беше претходно најавено, Аки ќе биде погребан во Загреб, а деталите од последното збогување се напишани во објавата. – Последното збогување на Аки Рахимовски ќе се одржи ...
Во петокот официјално започна јавното гласање за е-трговците кои се номинираа на Изборот за најдобрите во македонската е-трговија – „Ecommerce Awards“, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Првите награди за е-трговија во нашата држава ќе ја препознаат, наградат и промовираат извонредноста на е-трговците во повеќе секции – од „Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање“ и ...
Не секој е фан на ниските зимски температури во првиот месец од годината. Но затоа јануарската зимска бајка во Ист Гејт Мол, исполнета со уникатна забава, уживање и шопинг, се покажа како и повеќе од омилена за сите генерации. Оваа сабота (22.01.2022) на Централниот плоштад во најголемиот шопинг центар на регионално ниво, Ист Гејт Мол, безброј мали дечиња со своите родители и семејства беа сведоци на оригиналната изведба во живо на детската ...
Аки Рахимовски, долгогодишниот пејач на „Парни ваљак“, почина денеска на 66 години, објави групата на својата страница на Фејсбук. „На Рахимовски утрово му се слоши, по што почина во болницата во Ново Место“, изјави неговиот менаџер Дамир Осредечки. Рахимовски е роден во Ниш во 1955 година, но пораснал во Скопје, каде што неговото семејство се преселило кога бил мал. Тука почнал да го стекнува своето музичко образование, ...
Согласно Правилата за одржување Национален избор за песна и претставник на Избор за Песна на Евровизија 2022, стручната комисија на МРТ nа 17 и 18 јануари 2022 ги преслуша пристигнатите композиции на Конкурсот кој МРТ го објави на 10.12.2021 година со траење до 16.01.2022 година. Од вкупно пристигнати 47 композиции на Конкурсот, кои ги исполнија бараните пропозиции, стручната комисија избра максимални 6 композиции кои ќе земат учество во ...
Легендарниот пејач и добитник на „Греми“ Мит Лоф, роден како Марвин Ли Адеј, почина во четвртокот вечерта на 74-годишна возраст. – Срцата ни се скршени затоа што мораме да објавиме дека неспоредливиот Мес Леф вечерва почина окружен со сопругата Дебора, ќерките Перл и Аманда и блиски пријатели – стои во соопштението на неговата официјална Фејсбук страница. – Знаеме колку многу ви значеше и ја цениме сета ваша љубов ...
Британската пејачка и текстописец Адел (33) ја одложи серијата настапи во Лас Вегас поради инфекција со коронавирус само 24 часа пред нејзиниот прв настап. Адел сподели емотивно видео на Инстаграм, во кое со солзи во очите ги информираше своите обожаватели дека ги одложува концертите во Лас Вегас. – Жал ми е, но концертите едноставно не се целосно подготвени. Се обидовме апсолутно сè што можеме за да ги подготвиме на време и да биде ...
Конечно излезе трејлерот за ТВ серијата „Господар на прстените“, која ќе се емитува на Amazon Prime. Амазон го објави првиот трејлер и полниот назив на ТВ-серијата „Господар на прстените“, со поднаслов „Прстени на моќта“ (The Lord of the Rings: The Rings of Power). Првата сезона пристигнува на 2 септември оваа година, а новите епизоди ќе излегуваат секој петок. Серијата се одвива во второто доба на Средната ...
Поради неодамнешниот скандал во семејството на Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша српските медиуми будно го следат секој чекор на парот. Медиумите забележале дека контроверзната пејачка Јелена (43) отпатувала во Дубаи на денот на прославата на роденденот на нејзиниот сопруг Душко Тошиќ (37). И додека фудбалерот на социјалните мрежи споделуваше разни честитки кои му ги испраќаа пријателите и колегите, Јелена споделуваше фотографии и видеа од ...
Според Машин Ган Кели, „Љубовта е болка!“ Тоа го изјави раперот и актер за Vogue во заедничкото интервју со неговата нова вереница, актерката Меган Фокс. -Тоа е чистокрвен колумбиски смарагд, необработен. Само беше издлабен во солза, директно од рудникот. А дијамантот беше директно од Стивен Вебстер. Концептот е дека прстенот може да се расклопи за да направи два прстени. Кога е заедно, се држи на место со магнет. Значи, гледате како ...
Оваа пролет ќе се означи почетокот на најголемата модна манифестација во македонската метропола. Наспроти класичните недели и викенди, фестивалските активности ќе се одвиваат во текот на еден цел месец, паралелно со случувањата во познатите светски центри. Скопски моден фестивал е нова забавна манифестација за сите љубители на дизајнот, културата и уметноста, која на едно место ќе ги обедини сите еминентни дејци од креативната индустрија, а ...
Академијата за снимање објави дека наградите „Греми“ се презакажани за 3 април во Лас Вегас. Академијата го објави ова во порака до своите членови, а подоцна ја сподели веста со пошироката јавност на социјалните мрежи. View this post on Instagram A post shared by CBS (@cbstv) Церемонијата првично беше закажана за 31 јануари, но беше одложена пред две недели поради зголемениот број случаи на КОВИД-19 предизвикани од многу заразната ...
Во богатата кариера од речиси 60 години, тој работеше за Women’s Wear Daily, W, New York Times, но најдолго време како уредник на вести и креативен директор во американскиот Vogue. -Збогум, драг Андре. Никој не го видел светот на погламурозен начин од тебе. Никој не беше повеличествен и имаше повеќе дух од тебе. Светот ќе биде помалку радосен. Те сакам и се смеам со тебе веќе 45 години. Ми недостасуваат твоите гласни крици. Те сакам многу ...