Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски го сподели промотивното видео за спектаклот за караванот „Силно светнал ден!“, музичко-сценски спектакл кој во повеќе градови треба да ја пренесе приказната за 35 години од независноста на Македонија. Настанот треба да кулминира на 8 септември во Скопје, а првиот спектакл е закажан за вечерва, во салата „Билјанини извори“ во Охрид. Караванот со својот мултимедијален настап треба да посети 11 градови, до последните ...
Чекорите кои ги презема Владата се доказ дека туризмот е еден од главните стратешки приоритети, вели пратеникот Александар Јамалов на партиска прес-конференција. Јамалов ги истакна проектот за брзата пруга Скопје-Солун, проектите за Гевгелија со кои градот треба да стане нов туристичко-економски центар и новите 21 авиолинија од есента 2024 како столбови на новите промени. – Во исто време се инвестира и во модернизација на аеродромската ...
Талогот од СДСМ лажеше и за инфлацијата, еве како ширеа паника, додека инфлацијата од 5,7 падна на 2,3 проценти, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение приложувајќи графикон од последните статистики. ВМРО-ДПМНЕ вели дека лидерот на СДСМ Венко Филипче неколку месеци ја плаши јавноста со тврдења дека цените неконтролирано растат, дека инфлацијата се разгорува и дека Владата не успева да ја стави под контрола. Но, за разлика од политичките ...
Возач на „сеат алтеа“ му го пресекол патот на 19-годишниот Никола Макрачевски кој загина во скопско Радишани, се открива во соопштението на Основното јавно обвинителство за случајот. Информацијата доаѓа откако МВР вчера се огласи за случајот со првични информации. Според написот на ОЈО, 46-годишниот возач кон пладне на 7 август свртел од улицата Радишанска во лево на раскрсницата на улица 18 каде што нема сообраќајни знаци. Возачот му го ...
Не можевме да им веруваме на нашите очи. Дојде како обичен гостин, без дистанца, насмеан, опуштен и подготвен да ужива во Гуча“. Вака пишува српски Блиц за летувањето на доскорешниот унгарски премиер Виктор Орбан во Драгичево во Србија. Блиц се повикува на изјава очевидец дадена за агенцијата РИНА. Изворот за РИНА изјавил дека Орбан не одбива да прави селфи слики со посетителите и мирно шета по улиите. Тој е гостин на трубачкиот собир во ...
Kрвава пресметка со нож во Скопје завршила со тешко повреден 38-годишен маж. Полицијата го уапсила осомничениот само 25 минути по нападот. Подоцна судија му одредил притвор од 30 дена. Според СВР Скопје, на нападот му претходела расправија. Потоа Д.В. (37) со нож го нападнал А.К. (38) од Скопје. Нападот се случил на 7 август околу 21.10 часот. Повредениот бил пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“. Лекарите му констатирале тешки телесни ...
До крајот на денот пожарот на депонијата во Крива Паланка може да биде ставен под контрола, вели градоначалникот на градот, Сашо Митовски. – Искрено очекувам, бидејќи во функција се ставени сите служби, дека до крајот на денот ќе успееме да се справиме со овој сериозен предизвик – порача градоначалникот. Тој информираше дека се работи за пожар од малку посериозен обем, што, како што вели, ја покренал потребата од гаснење со вода. – Но ...
Големи групи необични медузи повторно се појавиле во словенечкиот дел од Јадранот. Познати се како „морски карфиол“, а нивниот научен назив е Cotylorhiza tuberculata. Потоплото море привлекува нови организми, што сериозно го загрозува и одгледувањето школки во Словенија, предупредила Андреја Рамшак од Морската биолошка станица „Пирана“. И покрај необичниот изглед, капачите немаат голема причина за страв. Овој вид има малку жарни клетки и се ...
Со досега најголем музичко-сценски спектакл виден во Македонија вечер во Охрид продолжува одбележувањето на 35-годишнината на независноста. Музичко-сценскиот спектакл ќе се одржи на стадионот „Билјанини извори“ со почеток во 19:30 часот, а караванот ќе посети и 11 други градови. Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги ...
Иранската новинска агенција Мехр објавила кратка снимка од врховниот лидер Моџтаба Хамнеи. Тоа е прво видео со лидерот кој почина по нападот на 28 февруари со што започна војната во Иран, пишува Индиан Експрес. Не е јасно зошто иранските медиуми ја објавуваат снимката сега со написот „прва снимка од верска настава“ на Хамнеи. Повеќе корисници на Икс и аналитичари посочуваат дека е снимката циркулира уште во март месец и е од пред војната, а ...
До изутринава до 7:30 часот територијата на државата се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а 22 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во Горно Лисиче, Општина Аеродром, каде гори ниска вегетација, дрва и пченка, како и пожарот на излезот од Крива Паланка, каде е зафатена депонија. Пожарот над село Зелениково, во Општина Зелениково, е ...
Туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а резултатите од спроведените политики веќе се видливи, вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. „Со конкретни мерки се подобрува туристичката инфраструктура, се унапредува авионската, патната и железничката поврзаност, се создаваат подобри услови за нови инвестиции и се обезбедува силна поддршка за развој на руралниот туризам. Резултатите го потврдуваат позитивниот тренд“. ...
Петмина тинејџери се обвинети за претепувањето до смрт на 37-годишен маж во Пловдив. Обвинителството побарало тие да останат во притвор. Три момчиња и 2 девојчиња имаат од 14 до 17 години. Според истрагата, нападот бил однапред испланиран преку социјалните мрежи, пишува Bgonair. Тинејџерите се претставувале како своевидни „ловци на педофили“. Засега, сепак, нема потврда дека жртвата извршила такво кривично дело. Една од девојчињата, која ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја предупреди Русија да не продолжува со нападите врз украинската логистика. Тој тврди дека Киев детално ги проучил слабите точки на рускиот систем. – Не би ја советувал Русија да продолжи да ја напаѓа украинската логистика бидејќи многу добро ја проучивме руската логистика – изјави Зеленски. Предупредувањето следувало по завршувањето на 40-дневната украинска операција. Зеленски ја одобрил ...
Двокатен автобус со полски средношколци се заглавил на рампата на траектот кон Корчула. Патниците го туркале и го треселе возилото, но тоа не се поместувало, пишува Индекс. Инцидентот се случил на траектната линија Оребиќ-Корчула. Траектот „Иловик“ требало да исплови во 14 часот. Автобусот, сепак, не можел ниту да се качи ниту да излезе. Сообраќајот целосно запрел повеќе од 1 час. Според читател на хрватски Индекс, линијата повторно ...
Албанија драстично ги заостри сообраќајните правила за опасните и за повторените прекршоци. Најтешката мерка предвидува трајно одземање на возачката дозвола. Се работи за повторниците фатени со повеќе од 0,5 промили алкохол во крвта. Построги последици следуваат и за возење без дозвола. Возачите ќе бидат казнувани, а ќе им се одложува и правото да добијат дозвола. Кај малолетниците правилото е уште построго. Правото за добивање дозвола се ...
Времето денеска, 9 август, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени Целзиусови. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе ...
Полицијата уапси маж и жена во Велес, по пријава дека ги запуштиле и ги малтретирале децата. Нивните 5 деца се преместени во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства. „На 07.08.2026 во 20:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Ѓ.Ш.(33) и 29-годишната С.Ш., двајцата од Велес, постапувајќи по претходна пријава за запуштање и малтретирање на дете. Полициски службеници и претставници од Центарот за ...
Поради екстремната суша во источна Хрватска, бунарите се празни, а нивото на водата на Дунав во Батина падна на историски минимум од минус 140 сантиметри. Мештаните останаа без вода за наводнување на своите градини, додека домаќинствата се снабдуваат од водоводот Барања, објави ХТВ. Ѓуро Молнар, локален жител на Батина, вели дека сè уште има малку вода во неговиот бунар бидејќи при копање е пронајден извор. – Имам 40 до 50 сантиметри вода ...
Сегашните околности се најдобра можност за постигнување договор со другата страна и решавање на отворените прашања преку преговори, изјави денеска иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Тој додаде дека Техеран нема да ги прифати барањата на другата страна доколку нема напредок во преговорите. – Верувам дека сега е најдобро време за постигнување договор, бидејќи во земјата има кохезија, сила и единство – рече Пезешкијан. Тој оцени дека ...
Американскиот Сенат денеска со тесно мнозинство го потврди поранешниот личен адвокат на претседателот Доналд Трамп, Тод Бланш, за генерален обвинител на САД. Сенатот, контролиран од републиканците, гласаше со 50-49 за изборот на Бланш, кој од април беше вршител на должноста генерален обвинител. Неговата номинација привлече значителна проверка и критики, вклучително и од самата Републиканска партија на Трамп. Републиканските сенатори Сузан ...
Пакистанскиот министер за одбрана Хаваџа Асиф денеска изјави дека Израел е закана за земјите на Блискиот Исток и повика на обединет фронт на муслиманските земји против него, објави „Тајмс оф Израел“. – Во контекст на Израел, сите муслимански земји мора да се обединат. Немам никаква сомнеж во тоа. Израел е производ на Балфуровата декларација, основан во 1940-тите како нелегитимна држава и може да претставува директна закана за која било од ...
Тинејџери се судрија со мотори на раскрсница во Ченто, соопшти полицијата. Возачот и сово и другиот мотоциклистзачот на еден од моторите се повредени и се пренесени на лекување. „На 7.8.2026 година во 22:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од улиците Маџари и Финска во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Х.(18) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки ...
Автомобил удри 8-годишно девојче во Гостивар, соопшти полицијата. „На 7.8.2026 година во 21:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на улицата Марко Симоновски во Гостивар, патничко моторно возило „јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.О.(31) од Гостивар, удрило во 8-годишно девојче од Гостивар. Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар во Гостивар“, соопшти ...
Полицаецот кој во мај удри уапсен човек кој бил врзан со лисици доби кривична пријава за делото Малтретирање во вршење на службата. „Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК, поднесе кривична пријава против А.Т. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело Малтретирање во вршење на службата, по член 143 од Кривичниот законик. Пријавениот, на работно место помлад ...
Едно лице загина во судир на две возила на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Возачот на другиот автомобил е тешко повреден, соопшти полицијата. Според полицискиот портпарол Фатмир Реџепи, околу 17:10 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на угостителски објект, се случила тешка сообраќајна несреќа. – Во несреќата учествувале две патнички моторни возила, „пежо“ со гостиварски ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура најниско ќе се спушти во Берово, до 11 степени Целзиусови. Најтопло ќе биде во Гевгелија, Демир Капија и во Велес, каде се очекува висока дневна ...
Актуелниот шпански фудбалски првак Барселона го откажа пријателскиот натпревар против мароканскиот клуб Етихад поради актуелната криза на границата меѓу Мароко и шпанската северноафриканска енклава Сеута. Барселона требаше да одигра контролен натпревар против Етихад на 15 август во северозападниот дел на Мароко како дел од подготовките за новата сезона, но шпанскиот клуб одлучи да ја откаже посетата. „Со оглед на моменталната неизвесност и ...
Изгаснат е големиот пожарот кај село Чифлик во Општина Сопиште каде гореше борова шума и во чие гаснење беа упротебени трите „ер трактори“ на Дирекцијата за заштата и спасување, соопшти Центарот за управување со кризи. Градоначаникот на Сопиште, Јане Мицевски денеска од лице место соопшти дека пожарот избувнал во селото Чифлик кон селото Света Петка. – Гори нискостеблеста шума, нема опасност за селото. Направен е коридор за да се спаси шумата ...
Бујар Османи се обидува да создаде впечаток дека застанал во „одбрана“ на имамот Бекир Халими и активистот Валон Бела, откако двајцата беа прогласени за „персона нон грата“ од Владата на Албанија, барајќи оваа одлука да биде преиспитана, соопшти ВЛЕН. „Лицемерието на Бујар наликува на народната изрека: Ноќе те убива, дење те оплакува. Тоа е затоа што сите знаат дека токму Бујар и ДУИ се тие кои директно влијаат врз Владата во Тирана да ги ...