Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Европската централна банка (ЕЦБ) ги презентираше предлозите за дизајн на новата серија евро банкноти кои влегоа во потесниот избор и започна јавна консултација во која ги поканува граѓаните од цела Европа да го искажат своето мислење. Предлозите се базираат на две теми – „Европска култура“ и „Реки и птици“ – и мотивите избрани за нивна презентација. – Евро банкнотите не се само средство за плаќање – тие се еден од најопипливите изрази на ...
Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини е пуштен од притвор, откако приложил гаранција над милион евра. „Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на осомничениот М.С., поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, донесе решение со кое ја прифати понудената гаранција во износ од над 1.150.000 евра, која се состои од засновање ...
Унгарскиот премиер Петар Маѓар соопшти дека Министерството за економија и енергетика поднело кривични пријави за четири случаи поврзани со „Ексимбанк“ поради сомнежи за злоупотреба на службената положба, несовесно работење и други можни кривични дела. Меѓу нив е и кредитот од една милијарда евра што претходната влада на Виктор Орбан ѝ го одобри на Македонија, пренесува „Ројтерс“. Маѓар, кој по априлските избори ја презеде власта по ...
Никол Кидман деновиве престојува во живописното Портофино, а фотографиите од нејзиниот одмор на италијанската ривиера станаа тема на бројни медиуми и социјални мрежи. Оскаровката беше фотографирана на тераса од луксузен хотел во друштво на американскиот бизнисмен Мајкл Рајнштајн. Облечена во елегантен свилен комплет во шампањ нијанса, Кидман изгледаше опуштено додека разговараше со својот соговорник, кој со неа на балконот. Фотографиите, ...
Снемува бакар, потврди Меѓународната агенција за енергетика во последниот извештај „Глобални перспективи за критични минерали 2026“. Според извештајот, еден од клучните предизвици во развојот на нови резерви и наоѓалишта на бакар е намалувањето на количините на бакарна руда, при што просекот на рудници за ископ на бакар се намалил за 40% од 1991 година. „Од сите наоѓалишта на бакар откриени во последните 35 години, само 5% се откриени во ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот Регион да го задржи статусот на заштитено светско културно наследство. Одлуката беше донесена денеска од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, на 48. сесија која се одржува во Бусан, Република Кореја, со која природното и културното наследство на Охридскиот Регион не се впишува на Листата на светско наследство во опасност. Македонската делегација на 48. сесија на ...
Почина Србинката на која ѝ се слоши додека чекаше во метежот на граничниот премин Евзони кон Грција. Амбасадата на Србија во Атина објави за инцидентот што се случи на 20 јули 2026 година, кога на српската државјанка Вера Линиќ (62) одеднаш ѝ се влошило здравјето додека чекала неколку часа на граничниот премин Евзони. Брзата помош пристигнала по 40 минути, по што таа била пренесена во градската болница Ипократис во Солун. Лекарите ѝ ...
Договорот за цивилна нуклеарна соработка меѓу САД и Саудиска Арабија, кој се подготвуваше повеќе од две децении, беше потпишан во Вашингтон во среда, но неговата имплементација беше доведена во прашање помалку од 24 часа подоцна. Претседателот Доналд Трамп вчера ненадејно наметна нов услов за договорот, ефикасно укинувајќи го само еден ден откако беше потпишан, објави Си-Ен-Ен. Церемонијата на потпишување во седиштето на Министерството за ...
Иран овој месец испратил команданти на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), воени советници и опрема поврзана со ракетни и беспилотни системи во Јемен, објави Ројтерс, повикувајќи се на четири извори запознаени со случајот. Според извештајот, целта на Техеран е да ги зајакне воените способности на Хутите и нивната можност да го загрозат поморскиот сообраќај во Црвеното Море. Два ирански извори, јеменскиот министер за информации и ...
Во пресрет на 64-тиот роденден на Слободан „Боба“ Живојиновиќ, Лепа Брена (65) објави емотивна честитка на Инстаграм која привлече големо внимание од нејзините следбеници. Заедно со серија фотографии на кои се прикажани нивните заеднички моменти низ годините, од почетокот на нивната врска до сега, спомените од нивната свадба во 1991 година зазедоа посебно место. Сепак, зборовите на Брена до нејзиниот сопруг предизвикаа најмногу емоции. – Ти ...
Полицијата во германскиот град Регенсбург уапси маж кој во четвртокот упадна во банка и со нож уби еден од вработените, по заложничка драма што траеше неколу часови. Напаѓачот е 20-годишен германски државјанин, но неговите мотиви остануваат непознати, соопшти полицијата во овој баварски град. Полицијата спроведува истрага за убиство и грабеж. Во четвртокот попладне, тој упадна во експозитура на „HypoVereinsbank“ и со нож тешко повреди еден ...
Приказната на танцовата група „Гето Кидс“ од Уганда е една од оние што изгледаат како филмско сценарио. Од деца кои растеле во сиромашните квартови и на улиците на Кампала, тие стигнаа до најголемата светска сцена – финалето на Светското првенство 2026. Младите танчари беа дел од историското шоу на финалето на Мундијалот, кое за првпат се организираше по примерот на спектакуларните настапи на Супербоул. На сцената на стадионот „Њујорк Њу ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи оцени дека е „опасен преседан“ намерата на американскиот претседател Доналд Трамп да ги искористи замрзнатите ирански пари за покривање на штетите на бродовите погодени во напади на иранските сили во Персискиот Залив. „Запленувањето средства на друга држава за подмирување идни побарувања претставува опасен преседан“, напиша Арагчи на социјалната мрежа Икс. Претходно синоќа Трамп изјави дека ...
Цената на нафтата Брент утрово се задржа на 100 долари за барел и е на пат да порасне за речиси 14% ова недела, бидејќи по ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток ги зголеми стравувањата од подолги прекини на снабдувањето. Цената на американската сурова нафта WTI утрово се приближи на 92 долара и е на пат да порасне за 12% оваа недела. САД 13-ти ден по ред вршат напади врз Иран, при што двете страни ја отфрлија можноста за краткорочни ...
Соединетите Американски Држави синоќа објавија воведување царини од 10 или 12,5% на увоз од 60 држави, со образложение дека тие не успеале да воведат или не применуваат ефикасна забрана за увоз на стоки произведени со принуден труд. „Трговските партнери што презеле обврска да воведат и ефикасно да применуваат забрана за увоз на стоки произведени преку принуден труд ќе подлежат на царина од 10%, додека трговските партнери што не усвоиле таква ...
Расизмот е во пораст во Европа. Петнаесет години по масакрот што во терористички напад на островот Утоја во Норвешка го изврши Андерс Беринг Брејвик, се забележува зголемување на бројот на лица кои се инспирираат од него. Според норвешката служба за државна безбедност, ПСТ, заканата од десничарскиот екстремизам е поголема денес отколку во 2011 година кога Брејвик ги изврши своите терористички акти. Меѓу другото, младите луѓе денес наоѓаат ...
Дубаи започна необична кампања за враќање на туристите – жителите на Обединетите Арапски Емирати можат да добијат бенефиции во вредност од околу 700 евра доколку привлечат пријатели или роднини од странство да го посетат градот. Програмата „Покана за Дубаи“, која ја започна Министерството за економија и туризам, им овозможува на жителите да номинираат странски посетители, а за возврат добиваат пакет со погодности што вклучува хотелски ...
Првиот човек на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, информираше дека во Гостивар во текот на вчерашниот и денешниот ден се доставени 200.000 литри пакувана вода за пиење, како помош за граѓаните поради проблемот со загадувањето на водоводниот систем. На прес-конференцијата по состанокот на кризниот штаб во Гостивар, Ангелов посочи дека водата е обезбедена преку донации од Министерството за локална самоуправа и Општина ...
Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, најавуваат метеоролозите за следниот период. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според прогнозата, на места се очекуваат врнежи над 15 литри на квадратен метар, а ветерот ќе биде слаб до умерен, со повремено засилување долж Повардарието, каде што брзината ќе надминува 50 километри на час. Минималните утрински ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, ја повика опозицијата да постигне заеднички став за измените на Изборниот законик, истакнувајќи дека Владата и парламентарното мнозинство ќе го поддржат секое решение околу кое ќе се договорат опозициските партии. Тој оцени дека наместо договор, опозицијата бара алиби за идните изборни порази. Во гостувањето во емисијата „Вести Плус“ на Канал 5 телевизија, Стојаноски рече дека Владата и владејачкото ...
Европската централна банка (ЕЦБ) секогаш е подготвена да прими нови земји во еврозоната доколку ги исполнат сите критериуми за пристапување, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по завршувањето на дводневната седница на Управниот совет на Банката во Франкфурт. На седницата, Управниот совет на ЕЦБ одлучи основните каматни стапки да останат непроменети. Прашањето за можни нови ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од Гостивар порача дека одговорност ќе сноси секој што со дејствување или со пропуштање да постапи согласно законските обврски придонел за загадувањето на водата во градот. Тој истакна дека во рамките на истрагата, по наредба на Јавното обвинителство, веќе се преземаат бројни истражни дејствија, а на информативен разговор се повикани повеќе лица. Тошковски, кој е и раководител на ...
Соединетите Американски Држави воведоа нова глобална политика на визни ограничувања насочена кон лица поврзани со интернет-измами, кибер-криминал и сексуални уцени преку интернет, оценувајќи дека ваквите активности претставуваат сериозна закана за безбедноста и финансиската сигурност на американските граѓани. Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека мерките ќе се однесуваат на лицата кои се директно одговорни или се соучесници ...
Емилија Јанеска, која е дел од лабораториско-експертскиот тим од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, на прес-конференцијата на Кризниот штаб во Гостивар даде стручно објаснување за текот на испитувањата на водата од гостиварскиот водовод. Таа посочи дека пред два дена биле земени девет примероци, од кои три од самите каптажи, со цел да се утврди квалитетот на водата на изворот. Јанеска истакна дека шесте примероци земени од повеќе локации ...
Отворена е сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ за помош на семејствата во Гостивар. – Во овие тешки моменти, кога голем број семејства во Општина Гостивар се соочуваат со последиците од загадувањето на водата за пиење и неговото влијание врз нивното здравје и секојдневен живот, нашата хуманост, солидарност и заедништво се од исклучително значење – велат од Црвениот крст. Црвениот крст е на терен и активно спроведува ...
Еден од најголемите патнички авиони во светот – Боинг 777, кој ја превезуваше претседателката на Индија Друпади Мурму, беше вистинска атракција на Меѓународниот Аеродром Скопје за време на нејзината дводневна официјална посета на Македонија. Станува збор за најголемиот двомоторен широкотрупен патнички авион во светот, кој многу ретко слетува на скопскиот аеродром. Токму затоа неговото пристигнување привлече големо внимание кај љубителите на ...
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска го прими Орденот „За заслуги“, високо државно признание на Украина, кое му е доделено со указ на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во своето обраќање Јанчев истакна дека ова одликување не го доживува како лично признание, туку како награда за целиот град Кавадарци, за неговите соработници, Советот на Општината, институциите, хуманитарните организации и сите граѓани кои несебично се ...
На плажата во Стон, во јужниот дел на Хрватска, денеска е утврдено фекално загадување на морето, соопштија локалните власти. Поради лошиот квалитет на морската вода, надлежните упатија апел до граѓаните и туристите да не влегуваат во морето сè додека не бидат добиени нови резултати од анализите. Според соопштението на Дубровничко-неретванската жупанија, при редовното испитување на квалитетот на морската вода било утврдено зголемено присуство ...
Осумнаесетгодишен возач-почетник е уапсен откако на автопатот Скопје–Тетово бил фатен како управува автомобил со брзина од дури 211 километри на час. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот се случил денеска во 16:21 часот, кај клучката Кондово, каде полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи извршиле контрола со радар. Според МВР, зад воланот на патнички ...
Во Гостивар започна процесот на хиперхлорирање на водата и испирање на примарната водоводна мрежа, како дел од мерките за справување со состојбата предизвикана од загадувањето на водоводниот систем. Информацијата ја соопшти министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски, по состанокот на Централниот кризен штаб што се одржа во Гостивар. Тој ...