Во ОВР Кичево вчера претпладне е пријавено дека на автопатот во изградба Кичево-Охрид, помеѓу кичевските села Извор и Попоец, С.Ј.(25) од Индија, кој работел на изградба на автопатот, управувајќи товарно возило „ман” со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел со возилото. Тој со медицинско возило е пренесен во Општа болница во Кичево, а увид на местото на настанот извршија полициски екипи. ОВР Кичево во соработка со јавен ...

Иако календарски сме во средината на летото, денеска на Шар Планина е забележан снег. Метеорологот Славчо Попоски на социјалните мрежи објави фотографија од пределот над Попова Шапка, посочувајќи дека на повисоките делови од планината паѓа снег. „Верувале или не: Денес 24 јули на Шар Планина, и тоа над Попова Шапка паѓа снег“, напиша Попоски во објавата. Тој додава дека неговата прогноза се остварила. „Прогнозите мои се остварија“, пишува ...

Владата во последните две години не престана да работи на изнаоѓање праведно и оджливо решение за деблокада на евроинтеграцискиот процес, рече денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Тој е дециден дека протоколите со Софија не се дел од преговарачката рамка, а во разговорите со сите три страни од македонската страна се пренесени ставовите за прашањата поврзани со ризиците од билатерализација на ...

Романски борбен авион Ф-16 денеска собори беспилотно летало што навлезе во воздушниот простор на земјата, изјави романскиот претседател Никусор Дан, по најновото кршење на воздушниот простор на членката на НАТО. „Утрово околу 11 часот, романски пилот во авион Ф-16 собори дрон што влезе во воздушниот простор на нашата земја“, напиша Дан на социјалната платформа Икс. Областа беше ненаселена, па пилотот можеше да го собори без никаков ризик, ...

Во понеделник наутро ќе штрајкуваат грчките царински службеници на граничните премини, соопшти македонското Министерството за внатрешни работи. Согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, на 27.07.2026 (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија). Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот ...

СДСМ го достигна дното за да ќари политички поен од граѓаните. Воајеризмот на СДСм оди до немај каде. Лани за пожарите, годинава за водата, следната веројатно нешто друго – се вели во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Објавиле извештај стар година и пол, од февруари 2025 година за општина Велес, во село Сливник, место коешто не е поврзано со градскиот водовод. До толку се очајни што срамот и воопшто го немаат. Ваквото создавање на паника и хистерија ...

Познат по својата харизма и непредвидлив избор на улоги, Вуди Харелсон си изгради уникатно место во Холивуд како глумец кој никогаш не го бира полесниот пат, и кој успешно ја држи рамнотежата меѓу неконвенционалните улоги, комерцијалните блокбастери, независните филмови и општествениот активизам. Вуди Харелсон вчера (23 јули) наполни 65 години. Роден во Тексас, тој е актер кој успешно комбинира комедија, драма, акција, но и авторски филмови ...

Водата од градскиот водовод на Валандово од денес е повторно во целосна употреба, согласно документот издаден од надлежната Агенција за храна и ветеринарство, со кој се укинува досегашната забрана за пиење на водата, соопшти денес на прес-конференција градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев. Првичната информација се објави во средата преку соопштение на ЈП „Комунален сервис“ од Валандово, во кое беше наведено дека согласно добиени резултати ...

Хрватска воведува национална инвестициска сметка, преку која граѓаните кои ќе ја отворат ќе можат да инвестираат во финансиски инструменти со даночни олеснувања и минимални административни такси. Предлог законот со кој се воведува овој вид на финансиски инструмент е даден на расправа. Хрватската инвестициска сметка е посебна лична сметка, а не обична трансакциска сметка која ќе може да се отвори кај посредници – банки, инвестициски компании ...

Собранието, денеска, со 67 гласа „за“ и 13 „против“, за министер без ресор во Владата го избра Зулфикар Зејнула, претседател на Демократската партија на Турците, со која владејачката ВМРО-ДПМНЕ неодамна потпиша коалициски договор. Коалицијата предводена од СДСМ не го поддржа предлогот за избор на Зејнула за министер без ресор. Пратеникот Бејџан Иљас од Демократска партија на Турците изрази задоволство што нивен претставник ќе биде во Владата. ...

Во согласност со податоците што министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ги добил од клучни безбедносни институции – Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, нема конкретна информација за закана кон нашата држава од Техеран откако Иран претходно ѝ се закани на Бугарија дека ќе ја смета за непријателска земја поради најавеното распоредување американски воени авиони на нејзина територија. – ...

Во галеријата „Култ“ во Охрид вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба на скулптури на академскиот вајар Андреј Митевски, на која охридската публика ќе има можност да се запознае со неговиот најнов циклус дела. Изложбата ќе трае до 31 јули. Митевски е автор со повеќедецениска творечка дејност, со јасно изграден и препознатлив уметнички јазик. Во текот на својата богата кариера реализирал бројни самостојни изложби во земјата и странство и ...

Аксел Рудакубана, осуден на 52 години затвор за убиство на три девојчиња и за обид за убиство на уште 10 лица во британскиот град Саутпорт е префрлен од затвор во психијатриска болница. Во јули 2024 година, Рудакубана ги нападна учесниците на работилница за танц на тема музика од Тејлор Свифт, пишуваат британските медиуми. Тој се изјасни за виновен за убиствата на 9-годишната Алис да Силва Агиар, 6-годишната Бебе Кинг и 7-годишната Елси Дот ...

Триесет и двегодишен жител на Кавадарци е уапсен откако бил затекнат при преземање 2.000 евра од 50-годишна кумановка, која го пријавила дека со лажно ветување за посредување за добивање странски пасош ја измамил за вкупно 9.000 евра. Парите што ги зел при последната средба биле претходно криминалистичко-технички обработени од полицијата, а осомничениот пред јавен обвинител го признал делото. Според пријавата, осомничениот ѝ ветил на жената ...

Прашањата во контекст на човековите права, а уште потесно во контекст на непочитта на човековите права на Македонците коишто живеат на територија на Бугарија, се прашања што ние ги активираме постојано и на кои сме многу ангажирани преку нашето работење во Советот на Европа, рече денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Прашањето за човековите права, вели тој, е многу значајно во делот на функционирањето ...

Иран му се закани на британското кралско семејство и изјави дека воздухопловната база во Велика Британија е „легитимна цел“ откако САД извршија воздушни напади врз ирански цели користејќи ја воената база РАФ Ферфорд (RAF Fairford) во Глостершир. Според текстот, американскиот претседател Доналд Трамп распоредил бомбардер Б-1 во РАФ Ферфорд за да изврши, како што е наведено, „одбранбени напади“ против Техеран. Извори за Аксиос изјавиле дека ...

Четиринаесет лица се повредени утрово кога луксузен речен крузер удри во ѕид на Дунав во Виена. Инцидентот се случил околу 4 часот. Припадниците на виенската противпожарна бригада пристигнаа на местото на несреќата во рок од неколку минути со голем број спасувачи на брегот и на реката. Пожарникарите проверија дали некој завршил во водата и дали бродот претрпел штета под линијата на водата, објавува Heute. Поради фактот што бродот бил неколку ...

За време на викендот времето во Македонија ќе биде стабилно со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Нови врнежи од дожд, проследени со локална нестабилност, се очекуваат во понеделник. На поединечни места ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Од вторник повторно следува период на стабилно и претежно сончево време, со постепен пораст на дневните температури. За време на викендот времето во ...

Познатиот поп-пејач и сопственик на ресторан, Адријан Гаџа, кој вообичаено го чува приватниот живот подалеку од очите на јавноста, овојпат не издржа – на својот профил на Инстаграм тој сподели три фотографии со своето синче. На сите фотографии Адријан го држи во нежна прегратка својот син и не може да ги тргне очите од него, додека тој позира со љубопитен поглед насочен директно во камерата. Неговите пријатели и фанови веднаш го преплавија ...

Француските власти наредија евакуација на целиот полуостров Кап Ферет (Lège-Cap-Ferret), едно од најпознатите француски одморалишта на југозападниот брег на Франција, поради огромен пожар. Стотици веќе ја напуштија популарната туристичка дестинација, бегајќи со возила и со бродови. Претставничката на француските власти во департманот Жиронда, Софи Брокас, рано утрово нареди последна фаза од евакуацијата. На жителите им беше кажано да ја ...

Во моментов има застој на сообраќајот на кружниот тек кај хотелот „Национал“ на влезот во Кочани. Информациите од теренот велат дека е истечено големо количество нафта од камион, приближно еден тон. Врз местото каде што е истечена нафтата се посипуваат земја и песок. Екипите на КЈП „Водовод“, ТППЕ и ОВР – Кочани се на терен. Велат дека сообраќајот бргу ќе биде вратен во функција. Во моментов има застој на сообраќајот на кружниот тек кај ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на годишната сесија, што се одржува во јужнокорејскиот град Бусан, донесе одлука да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на листата на светски културни и историски наследства во опасност. Ова, како што истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, претставува значаен дипломатски успех за нашата земја, кој е производ на координирана државна акција предводена од ...

Музичкиот продуцент Бени Бланко им покажа на своите следбеници како со сопругата Селена Гомез го прославиле нејзиниот 34. роденден. Наместо раскошна забава, двојката избрала романтично патување во Италија и кулинарска работилница на која заедно подготвувале традиционални италијански специјалитети. Бланко (38) на Инстаграм објави видео од нивниот одмор со опис: Да подготвиме италијанска гозба за роденденот на мојата сопруга. На снимката се ...

Иран го отфрлил предлогот за прекин на огнот што американскиот претседател Доналд Трамп му го испратил на Техеран преку ирачкиот премиер Али ал-Заиди, тврдат неименувани ирански и американски претставници, пренесува денеска „Њујорк тајмс“. Според истите извори, посетата на ирачкиот премиер Али ал-Заиди на Иран уследила по неговата неодамнешна средба со Трамп во Белата куќа. Деталите од предлогот за прекин на огнот сè уште не се познати, но ...

Според извршените анализи и расположливите извештаи, водата што се испорачува преку водоснабдителниот систем на ЈКП „Водовод“ – Битола ги исполнува пропишаните барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈКП „Водовод“ Битола. Оттаму велат дека континуирано се грижат за обезбедување безбедна и квалитетна вода за пиење за жителите на Битола и населените места опфатени со водоснабдителниот систем. Преработката на водата се врши ...

Крис Ен Афлек, мајката на добитниците на Оскар, Бен Афлек и Кејси Афлек, починала на 2 јуни, објави нејзиното семејство. Таа имаше 83 години и беше дијагностицирана со рак на панкреас во декември 2025. Таа беше страствен поддржувач на актерските кариери на нејзините синови и присуствуваше на Оскарите во 1998 година заедно со Бен и Мет Дејмон, кој исто така ја донесе својата мајка како партнерка, откако двајцата беа номинирани за најдобро ...

Во тек е реконструкција на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника „Идадија“, инвестиција вредна над 31 милион денари. Проектот „Реконструкција на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника Идадија со мерки за зголемување на енергетската ефикасност“ се реализира преку Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), кој го имплементира Проектната единица при Министерството за финансии, во соработка со Меѓународната банка за обнова и ...

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 24 јули 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 130,13 евра/mwh, додека на MEMO цената е 90,13 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 85,11 евра за мегават час, а на MEMO 29,85 евра. Цена на Storage MAX, индекс кој ја покажува ...

Јавната администрација е еден од најважните столбови на функционална држава, а нејзината професионализација е клучен предуслов за европска Македонија, порача министерот за јавна администрација Горан Минчев во интервју за Слободен печат. Министерот истакна дека Владата и Министерството за јавна администрација спроведуваат суштинска реформа на системот, чија цел е создавање модерна, ефикасна и професионална администрација ослободена од партиски ...

Дваесет и четиригодишен жител на виничкото село Градец е уапсен откако, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат Грдовци–Зрновци, во која едно лице е тешко повредено, а две полесно. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на вчера околу 3:30 часот, кога Д.Н. (24), управувајќи патничко возило „опел“ со винички регистарски ...

Турлитава

31 минута - Бриф
weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.38
35%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
58%
1014
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
0.66
47%
1013
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.78
39%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.27
40%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.87
74%
1015
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
0.45
43%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.95
42%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.98
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
1.34
56%
1015
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 25ᴼ
1.65
44%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
2.65
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Паладиум

40445.64

Кобалт

56.29

Калај

55.44

Рутениум

53852.50

Сребро

1894.77

Родиум

265243.66

Платина

52855.83

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.23

Злато

130535.25

Бакар

13.27