Бакарот се приближува до нов рекорд на Лондонската берза за метали, а зголемените ценовни распони укажуваат на сè поостро намалување на понудата на овој метал на светско ниво. Цената се приближува до врвот од над 14.500 долари за тон постигнат во јануари. Со ваквите цени на светските берзи Македонија има голем потенцијал за заработка, но не се охрабрува да се вклучи во трката и покрај тоа што државата лежи на бакар. Во земјава функционира ...

Цените на храната во светот би можеле значително да пораснат оваа година. Најголем раст се очекува кај пченицата, што би можело да доведе до зголемување на цената на лебот и тестенините, оценува британската компанија за економски анализи „Оксфорд економикс“ (Oxford Economics). Според анализата, глобалните цени на храната годинава ќе пораснат за 11,8%, додека следната година ќе пораснат за уште 4,8%. Житарките, овошјето, зеленчукот и млечните ...

Делегации предводени од градоначалниците на италијанските општини Новело, Монфорте д’Алба и Родино престојуваа во Делчево, каде што беше официјализирано збратимувањето со оваа македонска општина, а беше потпишан и Меморандум за соработка. Продолжува постапката за збратимување на Делчево со Рикалдоне, општина со која претходно на 18 јули, годинава, беше потпишан договор за соработка. Со ова италијанската приказна на Делчево добива уште една ...

Татко и син од Гостивар биле уценувани од двајца турски државјани да им продадат злато и имот против нивна волја и по пониска пазарна цена. Исто така, пријавените со уцена и заканувачки пораки кон синот и семејството, во текот на февруари 2025 година го принудиле 66-годишникот да потпише преддоговор за купопродажба на недвижен имот, чија содржина не му била прочитана кај нотар во Гостивар. Татко и син од Гостивар биле уценувани од двајца ...

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани презема нова функција, постојан претставник на Македонија во НАТО. Муртезани ја обзнани веста преку објава на социјалните мрежи. Тој вели дека новата функција претставува ново професионално поглавје за него, но и продолжување на истата посветеност кон зајакнување на позицијата на земјата во евроатлантското семејство. „Нова задача, иста одговорност“, објави Муртезани, нагласувајќи дека негова цел ...

Тешка и ризична била борбата со пожарот во непосредна близина на селото Крушевица, изајви директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во изјава дадена вчера на полноќ. Ангелов информираше дека пожарникарите и екипите на терен успеале да го сопрат огнот и да го повлечат под патот, со што е намалена опасноста за селото. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК ) утрово информираа дека овој пожар е активен и се шири во два ...

Колумбиската поп-ѕвезда Шакира направи ненадејна посета на тешко погодената област Чоко, на пацифичкиот брег на Колумбија, само една недела по разорниот земјотрес што ја погоди нејзината татковина. Пејачката пристигна во Кибдо, главниот град на Чоко, заедно со американскиот филантроп Хауард Бафет и ги посети оштетените училишта и разговараше со учениците. Таа воедно најави финансиска помош за нивното обновување. Земјотресот со магнитуда од ...

Општина Центар ја пушта во употреба својата официјална мобилна апликација, преку која граѓаните на едно место ќе имаат пристап до најважните информации, услуги и дигитални алатки на Општината. Апликацијата во моментов е достапна за преземање на App Store за корисниците на iOS, а во следните неколку дена ќе биде достапна и за Android корисниците преку Google Play. Новата апликација е уште еден чекор во процесот на дигитализација и има за цел ...

Белата куќа им испратила прашалник на членките на НАТО за да ја процени нивната усогласеност со политиката на шефот на САД Доналд Трамп. Одговорите треба да помогнат при одлучувањето дали САД ќе ги намалат воените ресурси за Алијансата. Прашалникот навлегува токму во темите што го делат Вашингтон од дел од европските сојузници, објави „Блумберг“. Меѓу нив се американските воени активности против Иран и односот кон Николас Мадуро. Земјите ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го одложи за три дена воведувањето нови царини од 50% за канадските стоки, тврдејќи дека Вашингтон и Отава постигнале договор. Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп изјави дека одлуката за одложување е донесена затоа што двете земји, под услов да се комплетираат документите, постигнале договор кој сè уште не е формално потврден. Новите царини требаше да стапат на сила денеска и да опфатат ...

Чарлс Спенсер, братот на покојната принцеза Дијана, во пресрет на 30-годишнината од нејзината смрт објавува книга за нејзиниот живот во која, како што најавува, ќе ја изнесе вистината за својата сестра. Принцезата Дијана загина на 37-годишна возраст во август 1997 година. Автомобилот во кој се возеше со нејзиниот партнер Доди ал-Фајед излета во парискиот тунел Пон де л’Алма додека бегаа од папараците кои ги следеа со мотори. Книгата што ја ...

По повод празникот Успение на Пресвета Богородица (28 август) за претстојната манастирска слава, ќе биде обезбеден дополнителен организиран превоз за сите верници и посетители до манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матка. Покрај редовната автобуска линија бр. 60, ќе сообраќа и дополнителен автобус по потреба до Полициската станица Матка. Оттаму, посетителите ќе бидат преземани со минибус до најблиската пристапна точка до ...

Дали е доволно Македонија да прими илјадници туристи за да кажеме дека е туристичка дестинација? Секако дека не, бројот на туристи е еден од показателите за успешноста на туризмот, но бројот не е целосната дефиниција за туристичка дестинација. Туризмот не е само број на авиони што слетуваат на аеродром или бројот на полни хотелски соби или статистички податоци што се објавуваат на крајот од годината. Туризмот е сложен и интегриран систем кој ...

Поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров, кого претседателот Володимир Зеленски го разреши минатиот месец, побара Украина да најде начин да одржи избори и додека трае војната со Русија. Неговиот настап се оценува како најсериозен внатрешен политички предизвик за Зеленски од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. „Демократијата не може да биде заложник на Русија“, порача Федоров во видеообраќањето објавено во ...

Македонија е меѓу деветте европски земји кои не се членки на Европската Унија, а се усогласија со одлуката на Советот на ЕУ за санкциите против Белорусија. Одлуката ја поздрави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас. Покрај Македонија, кон одлуката се приклучија Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Лихтенштајн, Молдавија, Црна Гора, Норвешка и Украина. Овие држави се обврзаа своите национални политики да ...

Честитајќи го најголемиот македонски воен празник, 18 август, Денот на Армијата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова како Врховна командантка на вооружените сили истакна дека армијата растела и зреела, но не се изгубил континуитетот со нејзините почетоци: се стекнувало искуство, се проширувало и продлабочувало знаењето, се менувале генерациите, а секоја од нив давала свој придонес или вградувала свое камче во македонскиот мозаик. За ...

Подготовките за создавање на суверена држава на Бекташкиот ред во Тирана влегуваат во нова фаза, при што лидерите на заедницата работат на идните институционални структури и нивното претставување надвор од Албанија, пишува францускиот Intelligence Online во статија објавена денеска. Според француските медиуми специјализирани за разузнавачки прашања и мрежи на влијание, по помалку од две години откако премиерот Еди Рама го објави создавањето ...

Деталните резултати од контролата на тоа што направиле општините во однос на прскањето против комарци ќе бидат соопштени утре, информира министерот за здравство Сашо Клековски. Тој посочи дека во моментов особено е актуелно цело Повардарие, имајќи предвид дека дел од случаите на западнонилска треска во Грција се регистрирани подрачјето околу Солун и Вардар. – Во основа, ние завршивме со контролата на тоа што општините направиле во врска со ...

Одисеја на Кристофер Нолан е филмот за кој најмногу се зборуваше ова лето. Безброј стручни и критики од публиката со дијаметрално спротивставени гледишта за квалитетот на филмот. Од обично холивудско ѓубре, преполно со маркетинг трикови за подобра продажба на кино благајните, до уште едно ремек дело на Крис Нолан, без сомнение еден од најголемите режисери на денешнината. Уметничката доживелица е субјективен одраз на објективната стварност. ...

Ќе биде направено сè што е можно за неколку дена да бидат обезбедени суровините што се неопходни за работа за циклотронот каде што се произведува средството што е неопходно за снимање на ПЕТ-скенот, кој не е во функција повеќе од еден месец, а каде најчесто се упатуваат онколошките пациенти, вели мнистерот за здравство Сашо Клековски. – Не е расипан ПЕТ-скенот. ПЕТ-скенот беше во редовен сервис и за време на редовниот сервис се констатираа ...

Проблемот со водата во Гостивар е под надлежност на локалната власт, градските водоводни системи, како и гостиварскиот водовод, се под директна ингеренција на општината, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ. „А, СДСМ во Гостивар е коалиција и дел од локалната власт, за што и самиот Венко Филипче си кажа кога бараше што поголем број партиски членови да се мобилизираат за да гласаат на локалните избори за Валбон Лимани. Затоа што заедно ...

Се воведува нова автобуска линија, со број 37, која ќе сообраќа од Радишани до Карпош, најави претседателот на Советот на Град Скопје, Даме Димитровски. „Оваа стара табла со бројот 37 е вистински blast from the past за многумина скопјани кои помнат некои поинакви времиња во нашиот град. Сепак, денес овој познат број добива сосема ново, модерно и практично значење. Во координација со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и Општина Бутел, ...

Времето утре ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Мининалната температура најниско ќе се спушти во Берово, до 12 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со температура до 38 степени Целзиусови. Во Скопје ќе ...

Пожарот во Мариово повторно гори, а огнената линија е долга околу 20 километри. Пожарот во прилепскиот дел на Мариово, кој синоќа зафати делови од селото Чаниште, повторно се активирал денеска околу пладне поради засилен ветер, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Огнената линија се протега на околу 20 километри, од течението на Црна Река до врвот Маргаро. На терен се прилепските пожарникари, тимови ...

Две балистички ракети испукани од Иран беа пресретнати од Обединетите Арапски Емирати вечерва, соопшти Министерството за одбрана на ОАЕ. Во соопштението се наведува дека тие паднале во морето – едната во територијалните води на ОАЕ, а другата надвор од нив. Министерството за внатрешни работи на ОАЕ претходно денеска испрати предупредување до мобилните телефони на граѓаните за можна ракетна закана, а потоа објави дека ситуацијата е безбедна и ...

Лидерот на сепаратистичката партија на Квебек, Пол Сен-Пјер Пламондон најави дека ќе го одложи секој референдум за независност од Канада сè додека Доналд Трамп е претседател на САД. Пламондон, лидер на Партијата Квебек, која моментално е надвор од власт, но би можела да победи на следните избори што мора да се одржат најдоцна до 5 октомври, вели дека владата предводена од неговата партија сепак ќе распише референдум за време на својот прв ...

Италијанското Министерство за внатрешни работи објави нови бројки за нелегалната миграција, според кои повеќе од половина од мигрантите кои стигнале до Италија со приватни спасувачки бродови биле донесени на брегот од германски невладини организации. Во дебатата за тоа како да се справи со нелегалната миграција во ЕУ, Италија го зголеми притисокот врз Германија. Владата во Рим презентираше нови бројки за нелегалната миграција преку ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својот профил на Трут соушл мапа со Ормускиот Теснец над кој стои натпис „Нова територија на САД“. Трамп првпат ја изнесе идејата за анексија на Ормус во петокот на настан, велејќи им на присутните дека наскоро ќе го прогласи морскиот пат за територија на САД. Ормускиот Теснец се наоѓа во територијалните води на Иран и на Оман. Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својот профил ...

Драгана Антешевиќ (34) од Котор Варош загина во катастрофалниот пожар што го зафати подрачјето од Локва Рогозница до Омиш во ноќта меѓу 13 и 14 август. Таа дошла во Хрватска да работи за сезоната, заедно со нејзината помлада сестра Николина Славниќ. Николина го преживеа пожарот, а последен пат ја видела сестра си меѓу пламен и запалени автомобили на Јадранската магистрала. Во потресна исповед за Слободна Далмација, таа детално опиша што се ...

Москва ѝ се закани на Велика Британија со „последици“ по обвинувањата дека британски беспилотни летала биле употребени за првпат за напад врз цели на руска територија. Украина користела беспилотни летала произведени од две британски компании за напад врз цели длабоко во Русија, објави „Сандеј тајмс“. Руската амбасада во Велика Британија објави дека „Лондон свесно избира да ја ескалира украинската криза“ и го обвини Лондон дека „се стреми да ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Платина

49319.25