Индискиот министер за образование, Дармендра Прадан попушти пред јавниот притисок од студентското Движење на лебарките и поднесе оставка. „Имам големо почитување за легитимните очекувања на младите во оваа земја“, напиша Прадан на социјалната мрежа икс, додавајќи дека ја поднел својата оставка до премиерот Нарендра Моди. Оставката на министерот беше клучно барање на Партијата на лебарките (CJP) и нејзините млади поддржувачи, кои веруваат дека ...

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе истрага против виш референт за шалтерски услуги во прилепскиот Центар за вработување, осомничен дека во период од три месеци побарал и примил поткуп од 18.000 денари од корисник на социјална помош, ветувајќи му дека нема да му биде укинат надоместокот и дека неговата сопруга ќе биде евидентирана како активен барател на работа. Осомничениот бил приведен при примопредавање на последниот износ, а ...

Министерот за здравство Сашо Клековски ја посети Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок по објавите во медиумите дека водата за пиење во болницата не е во исправна состојба. Зборувајќи за здравствената состојба на граѓаните од Гостивар, тој истакна дека се забележува намалување на бројот на лица што се јавуваат за лекарска помош. – Денеска имаме 80 новопријавени пациенти, што е двојно намалување од претходните бројки и ...

Министерството за надворешни работи на Белорусија ја предупреди Полска за можна терористичка закана на полска територија, а полските безбедносни служби сега ги истражуваат наводите. Официјална Варшава вели дека сериозно ја сфаќа секоја потенцијална закана. Во четвртокот белоруското министерство објави дека го поканило полскиот вршител на должноста амбасадор во Белорусија, Кшиштоф Ожана, на разговор. На таа средба, според официјалното ...

Големите шумски пожари во близина на Мадрид и натаму се вон контрола. Според шпанското Министерство за внатрешни работи, само во подрачјето на главниот град околу 25.000 луѓе биле повикани да ги напуштат своите куќи и станови. Големиот пожар таму е „на својот врв“ и во моментов „не може да биде изгаснат“, изјави раководителот на цивилната заштита на регионалната влада, Карлос Новиљо. Поради силниот ветер што моментално дува, пожарот може ...

Европска Македонија не се гради со празни ветувања, туку со дела што граѓаните ги чувствуваат во секојдневниот живот – порача претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, од Прилеп, каде продолжи караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“. Пред прилепчани, Димитриевски испрати јасна порака дека политиката мора да се врати на страната на граѓаните и дека довербата се гради само со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа присуствуваше на вечерата со дописниците од Белата куќа, која се одржа три месеци по настанот организиран по истата пригода, на кој се случи оружен инцидент поради кој претседателот и други виоски прествници од неговата администрација мораа да бидат евакуирани. Вечерата со дописниците од Белата куќа во хотелот „Валдорф Асторија“ во Вашингтон во април годинава беше прекината, откако вооружен човек ...

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се реализира со забрзана динамика. Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи. Паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите. Во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани, 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите – истакна заменик претседателот на Владата ...

Тимчо Муцунски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, му реплицираше на поранешниот шеф на дипломатијата Бујар Османи, велејќи дека тој е последниот човек кој има право да држи лекции за тоа што е прифатено, а што не во преговарачкиот процес. Во објава на својот профил на Фејсбук Муцунски нагласи дека Османи многу добро знае што точно преговарал, што сè прифатил и во каква незавидна позиција ја оставил државата, воедно ...

Во близина на Градскиот пазар во Демир Хисар, К.Р.(57) од демирхисарско село извршил полово дејствие врз 22-годишно женско лице од Демир Хисар, кое било со здравствени проблеми. Случајот е пријавен вчера попладне во СВР Битола, од каде информираат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот. Во близина на Градскиот пазар во Демир Хисар, К.Р.(57) од демирхисарско село извршил полово дејствие врз 22-годишно женско лице ...

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во изминатите две години се смениле состојбите во земјоделството, при што, според партијата, биле надминати дел од проблемите со неисплатените субвенции, заостанатите плати и блокираните проекти. Од партијата наведуваат дека при преземањето на власта затекнале институции во застој, нерешени предмети и обврски од периодот од 2020 до 2024 година. Според соопштението, производителите на млеко чекале исплата на субвенции ...

Грчката независна новинска и аналитичка мрежа ИБНА (Independent Balkan News Agency) го анализира неодамнешното поставувањето на македонското државно знаме во канцеларите на лидерот на ДУИ Али Ахмети во Мала Речица и укажува дека одлуката е многу повеќе од симболичен протоколарен гест. ИБНА која известува за политички, економски и геополитички случувања на Балканот, во Југоисточна Европа, Источниот Медитеран и Блискиот Исток и работи на повеќе ...

Во село Муртино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица завчера вечерта ги уапсија Ф.Р.(29), Е.И.(31) и С.Ш.(24), сите од село Банско, струмичко, информира МВР на својата Фејсбук-страница. При преглед на патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, во кое биле затекнати, биле пронајдени кокаин и марихуана. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и на 24.07.2026 врз основа на судска наредба е извршен претрес во ...

Саудиска Арабија започна воздушни напади врз Хутите во близина на јеменското пристаниште Ходеида во петокот, откако групата поддржана од Иран објави поморска блокада и нападна саудиски бродови, објави Би-Би-Си. Саудиските власти подоцна издадоа вонредни предупредувања за покраината Џизан, откако Хутите ја презедоа одговорноста за ракетен напад врз градот Џизан. Рано во саботата, медиумите на Хутите, Ансаролах, објавија на Телеграм дека ...

Најновите царини во висина од 10 до 12,5 проценти, кои администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе за околу шеесетина земји, предизвикаа бран на негативни реакции на светстко ниво. Официјалното образложение на Вашингтон е дека овие држави не ја спроведуваат соодветно забраната за продажба на производи создадени со принудна работа, а мерките стапија на сила веднаш по истекот на претходните привремени царини од 10 ...

Брод со 11 европски туристи и двајца членови на екипажот, исчезна во близина на заливот на индонезискиот остров Сулавеси. Индонезиските власти соопштија дека е почната потрага по бродот, кој испловил од островот Танџунг Унауна во петокот наутро и се упатил кон пристаништето Мариса во соседната покраина Горонтало, но не пристигнал како што били планирано. На бродот имало еден чешки државјанин, еден Белгиец, пет холандски државјани, тројца ...

Опозицијата е морално капитулирана и без никаков компас. Она што се случи во Гостивар, токму поради неажурноста и незаинтересираноста на локалната власт, предводена од Валбон Лимани, покажа колку коалицијата СДСМ, ДУИ и Таравари не се грижи за граѓаните, се вели во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. „Да не беше градоначалник од нивните редови веднаш ќе држеа прес-конференции и ќе бараа одговорност. Но, бидејќи е градоначалник од нивните редови, кој ...

За српските компании, американскиот пазар преку ноќ станува значително подостапен. Царинската стапка којашто, според српските власти, од минатиот август изнесувала 35 проценти, привремено се намалува на 0% додека Белград и Вашингтон ги продолжуваат трговските преговори. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави за РТС дека царините за стоката од Србија ќе останат на нула „уште некое време“, а по завршувањето на разговорите очекува ...

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица е забележана зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата изнесува околу два часа, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). На граничниот премин Табановце, пак, за влез во државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, засега нема подолги ...

Брутално убиство на италијански новинар ја потресе јавноста во Италија. Луиџи „Лука“ Еспозито бил убиен минатиот викенд, а неговото запалено тело е пронајдено на 19 јули на земјоделско земјиште во близина на Еболи, во покраината Салерно. Истражителите сметаат дека Еспозито бил жив во моментот кога било запалено неговото тело, иако бил во критична состојба по брутално претепување и давење, пренесе Мирор. Обдукцијата покажала дека причината за ...

Пешак на 22-годишна возраст бил прегазен од автомобил во тетовското село Брвеница, по што возачот на возилото побегал од местото на настанот. Со тешки повреди момчето е префрлено во болница. – На 23.07.2026 во 08:01 часот во СВР Тетово било пријавено дека во село Брвеница, тетовско, патничко возило удрило во 22-годишниот К.Ј. од село Брвеница и го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во ...

Српските здравствени институции, целосно на нивен трошок, ќе ги изведат сите потребни зафати за децата повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на кои им требаат дополнителен третман или оперативни зафати – објави македонскиот министер за локална самоуправа и лидер на Демокракатската партија на Србите во Македонија Иван Стоилковиќ. Стоиљковиќ информира дека по разговорите со српскиот државен врв, српските здравствени институции ...

„Протоколите не се правен дел од Преговарачката рамка. Но, целосно сме свесни за политичките обиди билатералните прашања да се користат за влијание врз пристапниот процес во ЕУ. Суштината на проблемот е што Бугарија има поинакво толкување и ги третира т.н. протоколи како составен дел од Преговарачката рамка, додека нашиот став е дека станува збор за одвоени документи. Токму оваа разлика во толкувањето ја потврдува потребата од јасност, ...

Легендата на италијанскиот фудбал Андреа Пирло ќе биде нов селектор на репрезентацијата на Италија, пренесуваат италијанските медиуми, повикувајќи се на информации објавени од познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо. Според информациите, Пирло веќе постигнал устен договор со Фудбалската федерација на Италија, а во следните денови се очекува да биде потпишан и официјалниот договор. Наводно, 47-годишниот стратег го прифатил проектот што го ...

Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите сили извеле напад со високопрецизно оружје со голем дострел врз објект во предградие на Киев, каде што, според Москва, се одржувала демонстрација на беспилотни летала користени за напади врз цивилни цели во Русија, пренесува ТАСС. Според руското соопштение, во објектот биле изложени напредни модели на беспилотни летала од украинско и странско производство, кои, како што тврди Москва, се ...

Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, остро ги отфрли обвинувањата на опозицијата поврзани со состојбата со водата за пиење во Гостивар, оценувајќи дека станува збор за обид за создавање хистерија и дефокусирање од вистинските причини за проблемот. Во гостување во централниот Дневник на телевизија Сител, Андоновска изјави дека критиките кон Институтот за јавно здравје ...

По неколкудневните временски промени, денеска низ Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност, покажува прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде најизразен во источните делови на земјата и долж Повардарието. Утринските температури ќе се движат од 6 степени во Берово до 16 степени во Гевгелија, додека дневните максимални ќе ...

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска спроведоа претрес во дом и други простории во Скопје, при што беа пронајдени околу пет килограми марихуана. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, претресот бил извршен по наредба на Основниот кривичен суд Скопје во домот на С.Љ. (51) од Скопје. При претресот полицијата пронашла пет килограми наркотична дрога ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не верува оти Кина или Русија се вмешани во конфликтот со Иран, но предупреди дека доколку тоа се случи, „би било многу лошо за нив“. – Претседателот Си, за време на нашата неодамнешна средба во Пекинг, ми рече дека под никакви околности нема да ѝ обезбедува или продава оружје на Исламската Република Иран, а таа изјава ги опфаќаше и кинеските компании – рече Трамп. Американскиот претседател ...

Жителите на Гостивар се очекува до крајот на оваа недела да добијат техничка вода, додека кон крајот на следната недела би можело повторно да имаат и безбедна вода за пиење. Ова вечерва го изјави директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, во гостување во Дневникот на ТВ Сител, повикувајќи се на информациите добиени од експертските тимови кои работат на терен. – Според информациите што ги добиваме од експертските ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.59
31%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
2.68
60%
1015
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
0.81
43%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.48
35%
1018
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.7
32%
1016
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
1.03
71%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
43%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.17
58%
1016
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.38
47%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 23ᴼ
1.34
48%
1016
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
1.34
36%
1014
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
1.88
78%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.3836

Currency

71.8674

Currency

37.3567

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Родиум

265243.66

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.19

Злато

130712.08

Иридиум

252383.36

Платина

52920.13

Паладиум

40863.60

Сребро

1873.42

Бакар

13.13

Цинк

0.00

Калај

54.92

Кобалт

56.29