Делегации предводени од градоначалниците на италијанските општини Новело, Монфорте д’Алба и Родино престојуваа во Делчево, каде што беше официјализирано збратимувањето со оваа македонска општина, а беше потпишан и Меморандум за соработка. Продолжува постапката за збратимување на Делчево со Рикалдоне, општина со која претходно на 18 јули, годинава, беше потпишан договор за соработка. Со ова италијанската приказна на Делчево добива уште една ...
Некогаш мостовите меѓу два града не ги градат институциите, туку луѓето. Ги градат оние што заминале од својот роден крај, но со себе ги понеле јазикот, традицијата, спомените и љубовта кон местото од кое потекнуваат. Токму таква приказна деновиве се испишува во Делчево преку соработка со неколку италијански општини од регионот Пиемонте, каде живеат речиси 40.000 Македонци, и од пријателски контакти и човечки врски односите прераснуваат во ...

