Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски уверува дека средствата на осигурениците во Вториот пензиски столб се гарантирани со закон и Устав, дури и во случај на евентуални промени во пензискиот систем. Граѓаните не треба да се плашат дека ќе ги загубат парите заштедени во Вториот пензиски столб, уверува министерот за социјална политика Ѓоко Велковски. Во интервју за утринската програма „Ја сакам Македонија“ на Сител, Велковски посочи ...
Најмалку 19.000 лица се евакуирани во регионот Мадрид, каде што беснее најголемиот шумски пожар во историјата на оваа шпанска автономна област. Пожарот досега уништил околу 6.000 хектари шума, соопшти претседателката на регионалната Влада на Мадрид, Исабел Дијас Ајусо. – Ова е катастрофа за регион со толку голема густина на население и станбени објекти. Никогаш не сме виделе нешто слично. Во овој момент наш приоритет е спасувањето човечки ...
Македонка е уапсена во Црна Гора откако било пријавено дека со автомобил прегазила куче во населба во Улцињ, а потоа се обидела да ја напушти земјата, пренесуваат црногорските медиуми. Според неофицијални информации, жената по инцидентот се упатила кон граница, но полицијата успеала да ја спречи и да ја приведе. Од Полициската управа на Црна Гора информирале дека околу 16 часот добиле пријава дека едно лице со возило прегазило куче кое било ...
Силно невреме попладнево ја зафати северна Грција, носејќи поројни врнежи од дожд, силни грмежи и ветрови со голема јачина. Бурата предизвика сериозни проблеми во повеќе региони – откорнати се покриви, паднати се дрвја, поплавени се патишта, а градот уништил земјоделски посеви. Според грчките медиуми, меѓу најпогодените области се Агринио, Фтиотида, Солун, Закинтос, Драма, Халкидики и Волос, каде жителите се соочиле со интензивни временски ...
Комисијата за заразни болести предупредува дека во наредниот период во Гостивар постои ризик од појава на случаи на хепатит А и хепатит Е како можна задоцнета последица од загадувањето на водата. Засега нема регистрирани и потврдени случаи на овие заболувања, но здравствените власти најавуваат засилен епидемиолошки надзор поради периодот на инкубација на вирусите кои можат да се пренесат преку загадена вода. Претседателката на Комисијата за ...
Легендата на НБА лигата, Леброн Џејмс, кариерата ќе ја продолжи во Филаделфија, објави американскиот спортски медиум ЕСПН. Филаделфија ќе биде четвртиот клуб во најсилната кошаркарска лига во светот во кој ќе настапува ѕвездениот кошаркар. Претходно Џејмс го носеше дресот на Кливленд Кавалирс, Мајами Хит и Лос Анџелес Лејкерс. „76-ките“ ова лето вложуваат сериозни напори за создавање тим способен за освојување на шампионската титула. Клубот ...
Двајца Македонци измамиле две жени од Врање и Лесковец, убедувајќи ги дека нивните ќерки наводно се повредени и дека итно им се потребни пари за операции во странство. Двајцата се уапсени откако ги презеле парите. Од српското Министерство за внатрешни работи апелираат граѓаните веднаш да пријават секој ваков или сличен обид за измама. По налог на Основното јавно обвинителство во Врање, против Р. Ш. (1977), државјанин на Македонија, ќе биде ...
Од Јавната установа Национален парк „Пелистер“ информираа дека поради наглото заладување и ниските температури, дождот на највисоките делови од планината преминал во снег. „Променливото време и ниската температура дождот го претворија во снег, со што Пелистер, како крал на планините во Македонија, и понатаму останува непредвидлив и моќен“, соопштија од ЈУ НП „Пелистер“. Фотографијата од снежниот врв е направена од вработените на пунктот на ...
Град Скопје и инспекциските служби на Министерството за животна средина започнаа итна истрага откако била пријавена непозната материја која од реката Лепенец се влевала во Вардар. На терен веднаш биле испратени инспектори, а во акцијата е вклучен и дрон за да се открие изворот на загадувањето. Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека површината на реката е покриена со голема количина бела пенлива материја, која се движи по ...
Силното невреме што го зафати охридскиот регион предизвика голема материјална штета кај Љубаништа, каде што повеќе од 30 пловни објекти биле откорнати од своите места и исфрлени на брегот. Како што може да се види на видеото објавено од ОхридСкај, чамците и другите пловни објекти се насукани на песокот, додека дел од нив се превртени поради силниот ветер и високите бранови. Последиците од невремето се видливи и во Трпејца, каде што силните ...
Во остра полемика на социјалните мрежи, новинарот Љупчо Златев жестоко му одговори на Вени Марковски, внук на поетот Венко Марковски, а порталот Експрес ги објави коментарите што подоцна биле избришани од Фејсбук-дебатата. Полемиката започнала откако Вени Марковски повторно ги изнел своите ставови за македонската азбука, тврдејќи дека буквата „ј“ е резултат на српско влијание врз современиот македонски правопис. На тоа реагирал Љупчо Златев, ...
Најмалку десет луѓе загинаа, а над 100 се повредени во рускиот напад со балистичка ракета врз изложба на оружје во близина на Киев. Сирените за воздушен напад се вклучиле по 11 часот по локално време, откако украинските воздухопловни сили објавиле дека руски ракети летаат кон Киев. Неколку минути подоцна, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко објави дека се слушаат експлозии во главниот град на Украина. „Во Киевската област во тек е ...
Жителите на Општина Пласница во наредниот период не треба да ја користат водата од јавната водоводна мрежа за пиење, подготовка на храна и други намени поврзани со исхраната, откако лабораториските анализи покажале дека таа е бактериолошки неисправна. Надлежните институции соопштија дека водата во моментов не е здравствено безбедна за консумирање и апелираат до граѓаните да ги почитуваат препораките сè додека не се потврди дека квалитетот на ...
Јирген Клоп на својата прва прес-конференција како селектор на германската фудбалска репрезентација испрати јасна порака до медиумите – приватноста на неговото семејство мора да се почитува. – Ако се однесувате лошо и моето семејство нема мир, ќе си заминам. Едноставно ќе се повлечам. Ја сакам оваа работа, но подготвен сум да ја напуштам ако биде потребно – изјави Клоп. По заминувањето на Јулијан Нагелсман, поранешниот менаџер на Ливерпул од ...
Најмалку десет луѓе загинаа, а над 100 се повредени во рускиот напад со балистичка ракета врз изложба на оружје во близина на Киев. Сирените за воздушен напад се вклучиле по 11 часот по локално време, откако украинските воздухопловни сили објавиле дека руски ракети летаат кон Киев. Неколку минути подоцна, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко објави дека се слушаат експлозии во главниот град на Украина. „Во Киевската област во тек е ...
Здружението АРНО со големо задоволство го одбележува својот 13-ти роденден, продолжувајќи ја мисијата за поддршка на општествени иновации, зелен развој и дигитални вештини на граѓаните. Како дел од роденденските активности и во рамките на проектот DigiCitizenEdu, АРНО организира бесплатна онлајн работилница насловена „Google Maps за почетници“. Настанот е закажан за понеделник – 27.07.2026 година, со почеток во 12:00 часот (во времетраење од ...
Скопјанка вчера пријавила во полиција дека била изложена на агресивно однесување од доставувач на мотоцикл додека возела низ населбата Центар. Според нејзината пријава, мотоциклистот најпрво агресивно се однесувал, а потоа почнал да ја следи. Кога застанала на семафор, се обидел да ја отвори возачката врата, а откако не успеал, го оштетил нејзиното возило. Полицијата презема мерки за идентификување на сторителот и расчистување на случајот. ...
Седумдесетгодишен жител на селото Ињево вчера беше приведен откако, според полицијата, запалил отпад во својот двор и предизвикал пожар. Огнот се проширил и во дворот на соседната куќа, по што интервенирала Територијалната противпожарна единица од Радовиш и го изгаснала пожарот. Повредени нема, а по целосното расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Седумдесетгодишен жител на селото Ињево вчера беше приведен откако, ...
Во екот на летната туристичка сезона, кога традиционално се зголемува обемот на туристички услуги и обемот на приходи од нив, Управата за јавни приходи информира дека спроведува координирани активности насочени кон поттикнување на доброволната даночна усогласеност и обезбедување еднакви услови за вршење дејност. – Во фокусот на активностите се приходите што физичките лица ги остваруваат од краткотрајно издавање сместувачки капацитети – ...
Дваесет и шестгодишен жител на радовишко село е уапсен под сомнение дека извршил силување врз девојче помладо од 15 години и живеел со неа во вонбрачна заедница. Според полицијата, кривичните дела биле извршувани во текот на минатата година, па сè до завчера, во куќата на родителите на малолетничката. Осомничениот е задржан во полициска станица и ќе биде изведен пред судија на претходна постапка. Дваесет и шестгодишен жител на радовишко ...
Тројца мажи денеска се осудени на вкупно 30 години затвор за убиството што го извршија минатата година пред казино во центарот на Кавадарци. Основниот суд Кавадарци донесе првостепена пресуда со која тројцата кавадарчани Д.Б. (27), М.Ѓ. (36) и Д.С. (28) ги прогласи за виновни за убиството и на секој од нив му изрече казна затвор од по 10 години. Од судот информираат дека во текот на постапката немало признание на вина. По изрекувањето на ...
Тројца жители на Берово добија кривични пријави поради сомнение за злоупотреба на службената положба, пустошење шуми и кражба. Според истрагата, во текот на минатата година бил организиран систем за нелегална сеча, при што дрвја исечени од државни парцели биле означувани како да потекнуваат од приватни имоти. Во случајот, според полицијата, бил вклучен тогашниот директор на Шумското стопанство „Малешево“, кој давал насоки за обележување на ...
Полициски службеник од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато и уште едно лице добија кривични пријави поради сомнение за фалсификување исправа. Според Одделот за внатрешна контрола при МВР, полицаецот во текот на минатата година на мопед со швајцарска сообраќајна дозвола, за кој не била спроведена царинска постапка и немал соодветна документација, поставил македонска регистарска табличка од друг мопед. Подоцна го ...
Директорот на АД Пошта, Орхан Куртиши, преку објава на социјалните мрежи објави дека Поштата од денеска работи откако 3 дена имаше прекин во работата предизвикан од последиците од силното невреме. „Да, Поштата три дена не работеше поради сериозното невреме и техничките последици што ги предизвика, но денес работењето е целосно нормализирано и сите услуги се одвиваат непречено“, напиша Куртиши. Граѓани, претходно, се пожалија дека 3 дена не ...
СВР Штип поднесе кривична пријава против 26-годишен скопјанец осомничен за напад врз службено лице. Инцидентот се случил на 27 јуни на Градскиот стадион во Штип, каде што се одржувала музичка манифестација. Според полицијата, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој во тој момент извршувал службени задачи. СВР Штип поднесе кривична пријава против 26-годишен скопјанец осомничен за напад врз службено лице. Инцидентот се случил на ...
Работник на ЈКП „Водовод“ од Кочани вчераутро сНАе здобил со тешки телесни повреди при пад од височина додека работел на мостот на Кочанска Река. Од Итната медицинска помош случајот бил пријавен во полиција, а според првичните информации, 55-годишниот работник паднал околу осум часот додека извршувал работни задачи на улицата „Лазар Андонов“. За несреќата се известени јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила полицијата. Работник ...
Двајца 22-годишници добија кривични пријави откако се претставиле како полициски службеници и се обиделе да влезат во домот на 85-годишна жена во Штип. Настанот се случил на 2 јули, а нивната намера ја осуетила сосетка која се посомневала во нивното однесување и веднаш ја известила полицијата. Набргу потоа осомничените биле пронајдени и лишени од слобода. Двајца 22-годишници добија кривични пријави откако се претставиле како полициски ...
Речиси еден месец по разорните земјотреси што ја погодија северна Венецуела, спасувачките екипи во градот Карабаледа објавија неверојатна вест – од урнатините е извлечен жив човек, дури 28 дена по катастрофата. Спасувањето се случило по повеќедневно пребарување на остатоците од една срушена станбена зграда, каде спасувачите регистрирале слаби знаци на живот. Според локалните власти, мажот бил пронајден во мал воздушен џеб меѓу бетонските ...
Европската Унија мора да ги зголеми инвестициите во истражувањето на критични суровини десеткратно, од сегашните 200 милиони евра на околу 2 милијарди евра годишно, со цел да ги исполни целите на Законот за критични суровини до 2030 година, открива новата студија на Европската инвестициска банка (ЕИБ). Според законот, до 2030 година, најмалку 10% од годишната потрошувачка на стратешки суровини во ЕУ ќе доаѓа од домашно производство, но ...
Во СВР Скопје ноќеска после полноќ било пријавено дека на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Долно Блаце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа” со косовски национални ознаки, управувано од К.Ц.(33) од Косово и патничко возило „фолксваген голф” со косовски национални ознаки, управувано од С.Ј.(61) од Косово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило ...