Променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен и југозападен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 19 степени. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре најпрвин во западните, а во текот ...

ГРК Охрид го совлада Куманово со 37:17 во натпреварот од 9 коло од Супер лигата што се одигра денеска во салата “Билјанини извори”. “Гладијаторите” резултатски се одлепија уште од самиот почеток и постојано одржуваа висока разлика. Статистика ГРК Охрид: Стрмљан 2, Ојлески 4, Јагуриноски 1, Иванковиќ 4, Кукуловски, Крсманчиќ 2, Ристески 2, Тасески 2, Реј Моралес, Савревски 2, Лиапис 7, Бојаниќ, Петриќ 4, Џукиќ 7, Блажески, Ѓорѓески. Фото ...

Денес во ОУ „ООУ Братство Единство“ Охрид се одржа X Младинскиот турнир во шах ЛАСКЕР 2025 кадети на кој учество земаа ученици од 6 до 9 одделение од основните училишта од Општина Охрид во организација на ШК Ласкер Охрид. Учесниците беа поделени во две категории момчиња и девојчиња, од кои во машка конкуренција беа пријавени 32 ученици, додека во женска 13 ученички. Турнирите се играа во 6 кола по Швајцарски систем. Резултати по категории: ...

Лицата со попреченост се појавуваат во предизборните ветувања, но исчезнуваат од јавниот фокус штом изборите завршат. Во предизборниот период, лицата со попреченост одеднаш стануваат видливи во медиумите и политичките пораки. Штом изборите завршат, нивните потреби повторно се игнорираат. Овој текст ја анализира празнината меѓу ветувањата и реалноста и укажува на системски промени кои се неопходни за вистинска инклузија. Систем кој работи ...

Променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 km/h). Во Охрид времето денес променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 20 степени. Утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од недела до вторник ќе ...

Во недела „Збогум Буково” во соработка со „Здружение на лица со дијабет, Охрид”, Уметничка едукативна академија „СЈАЈ” и „Ретко е да си редок” организираат настан со цел подигање на свеста за потребата од рано откривање на ракот на дојката и континуираната и постојана контрола. Со „5К надеж”, поддршка и љубов испраќаме порака дека ниту една жена не е сама во борбата со ракот на дојка. Вклучете се, прошетајте, трчајте или едноставно ...

Вториот круг е шанса да покажеме дека иднината на Дебрца не ја определуваат партиите, туку луѓето – ние, граѓаните! Вториот круг е момент кога секој од нас треба да одлучи: дали сакаме општина со визија, чесност и развој, или да се вратиме назад под партиски диктати, посочува независниот кандидат за градоначалник на Општина Дебрца, Зоран Ногачески. Да покажеме дека Дебрца не се купува, не се уценува и не се продава. Секој глас е важен. Секој ...

Во вториот круг влегуваме мотивирани повеќе од било кога! Народот јасно ја испрати пораката во првиот круг – време е за промени, време е за нова енергија и чесно водство, рече кандидатотот за градоначалник на Општина Дебрца од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Златко Силјаноски на вчерашниот одржан работен состанок со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков. Разговаравме за проектите што ќе ја придвижат Дебрца напред – европска, ...

Полека слегнува прашината што се крена за време на Локалните избори 2025 во Охрид кои завршија со убедлива победа на актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков. Коалицијата предводена од владејачката партија освои и 13 мандати во 23-члениот совет на Општина Охрид каде ќе има сигурно мнозинство. Имајќи предвид дека на централно ниво владее ВМРО ДПМНЕ, тоа значи апсолутна власт, но и целосна одговорност. Нема веќе простор ...

Изминатиот викенд во новиот Национален центар за спортско стрелаштво во Скопје, се одржа третиот по ред Куп на МССФ на кој учество зедоа сите активни спортски клубови од државата со свои претставници. Поради одржување на континуитет и традиција, а со цел мотивација на спортистите од приоритетната олимписка дисциплина-воздушно оружје, беа доделени награди во сите дисциплини и категории. Најуспешен настап во дисциплината воздушен ...

Сезоната 2025-26 во НБА која стартуваше ноќеска, е 80-та во историјата на најсилната кошарксраска лига на светот. Стартот го одбележа дербито на западот помеќу Хјусто и шампионот Оклахома која славеше 126:125, како и високата победа на Сан Антонио над Далас 125:92, до која „спарси“ ги предводеше французинот Виктор Венбањама кој постигна 40 поени и 15 скока за само 30 минути. Резултати НБА 23.10.2025 Houston Rockets @ Oklahoma City Thunder ...

Викендов во Охрид ќе преовладува променливо време. Во сабота ќе биде облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 19 степени. Во недела не очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ...

На 3-то редовно изборно Собрание на здружението на ммузчаари “Охридски музички еснаф” за претседател реизбран беше Венко Пашовски. Собранието избра и членови на Извршниот одбор на здружението кој го сочинуваат: Кирил Белистојаноски, Ангел Трајкоски, Петар Паскали, Кирче Аслимоски и Тони Вретоски. Усвоена е програмата за работа која е во насока на завршување на отпочнатите проекти како и трајно решавање на проблемот со простории за работа во ...

Денеска во ОУ „Братство Единство“ се одржа базар на традиционална и здрава храна во рамки на Недела на борба против гладта (16 – 22 октомври) под мотото „Од нашите раце за топли срца”. Базарот беше организиран од страна на наставниците, учениците и родителите од одделенска настава на албански наставен јазик. Целта на оваа активност е да се развие чувството на солидарност, грижа и општествена одговорност кај нашите деца, како и поддршка за ...

30 годишниот хрватски репрезентативен голман потпиша со ГРК Охрид миниум до крајот на оваа сезона. Пилиповиќ (192 цм) доаѓа по 8 сезони поминати во Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), а играл и за моќната Висла Плок (Полска), Нексе (Хрватска) и Фиверс (Австрија). Има одиграно официјални натпревари и за сениорската екипа на Австрија, а од 2022 е дел од Хрватската репрезентација. Барав еден амбициозен проект, нешто ново да пробам, сакав да работам ...

Сениорскиот тим на ГКК Охрид ја запиша својата прва победа во новата сезона од Првата лига – мажи, совладувајќи ја екипата на Водно Санс од Скопје со резултат 68:80. Натпреварот се одигра во СРЦ „Кале” во Скопје, каде што охриѓани покажаа голема борбеност, тимска игра и цврст карактер од првата до последната минута. Со цврста одбрана и одлична реализација во напад, момците на ГКК Охрид ја презедоа контролата уште во втората четвртина и не ...

Денес ќе се одржи промоција на книгата „Охридски фолклористи” од авторите проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во издание на градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков. Промоцијата е во рамки на програмата на Општина Охрид за одбележување на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Предвидено е обраќање на претставник на Општина Охрид, уредникот на едицијата „Охридско книжевно наследство” Митре Велјаноски, ...

Променливо облачно со услови за појава на повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11 степени, а максималната ќе достигне до 17 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен утре и ...

Министерството за економија и труд соопштува дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“, бр.21/98 и 18/07), по повод празникот „Ден на Македонската револуционерна борба“, 23 октомври (четврток) 2025 година е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за економија и труд на сите граѓани на Република Северна Македонија им го честита ...

Денеска во СВР Охрид е пријавено дека во 08:00 часот на крстосница од ул.„Живко Чинго“ со ул.„15 Корпус“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 47-годишно лице од Охрид и велосипедист, 68-годишен, од охридското село Велгошти. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во болницата „Св.Еразмо“ Охрид, информираат од МВР. Увид извршила екипа од ...

Општина Охрид со бројни свечености ќе го одбележи 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Програмата започнува утре, 22 октомври, во 12 часот со промоција на книгата „Охридски фолклористи“ од авторите проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во издание на Општина Охрид. Следи обраќање на претставник од Општина Охрид, обраќање на авторите, обраќање на уредникот на едицијата „Охридско книжевно налседство“, како и ...

ГРК Охрид во рамки на деветтото коло од Супер лигата во петок ја пречекува екипата на МРК Куманово. Наш следен противник е Куманово и свесни сме дека ниеден меч не е лесен. Против Прилеп покажавме одличен пристап и енергија на теренот, со ист таков пристап мора да настапиме и дома. Ако го дадеме својот максимум и останеме фокусирани од почеток до крај, верувам дека победата ќе остане во наши раце, изјави ракометарот на ГРК Охрид Стефан ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10 степени, а максималната ќе достигне до 17 степени. Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Утре ...

Цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, одлучи денес Регулаторна комисија за енергетика. Со оваа одлука малопродажната цена на дизелот ќе изнесуваат 67 денари за литар, додека на Екстра лесното масло за домаќинство 66,5 денари за литар. Цените на бензините остануваат 73 денари ...

Премиера на првиот краткометражен документарен филм „Обичен Херој“ од Јован Цветкоски во сабота, 25 октомври, во Филмскиот институт ФИОФА – Охрид (Универзитет „Св. Апостол Павле“), во големиот амфитеатар со почеток во 19:30 часот. „Обичен Херој“ ја раскажува вистинската приказна на Дмитар Свилар – човек со повеќе од 200 дарувања на крв, кој спасува животи додека самиот живее тивко, скромно и со непоколебливо достоинство. Филмот е мој обид да ...

По повод месецот за превенција од рак на дојка денес ќе се одржи настанот насловен „Време е за допир-почни од себе“. Зборуваме гласно за важноста од раното откривање на ракот на дојка. Потсетуваме колку е важна превенцијата: превентивните прегледи, самопрегледите и континуираната едукација. Даваме поддршка на жените кои ја извојувале битката и денес таа е минато, но уште повеќе на оние кои денес ја водат војната со болеста, информираат од ...

Независниот кандидат за градоначалник на Струга Менди Ќура и кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ) Арсим Далипи, според информации на Државната изборна комисија ќе се борат за градоначалничката позиција во вториот круг на локалните избори. Ќура во првиот круг освои 9 934 гласа, додека Далипи 9 719. Излезноста во Струга во првиот круг од локалните избори беше 42,01%. Во избирачки список во општина Струга регистрирани се ...

Дебрца градоначалник ќе добие на 2 ноември. Во вториот круг за градоначалничката функцијата ќе се борат Златко Силјаноски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со освоени 1 212 гласа или 48,1 отсто од граѓаните кои вчера излегоа на гласање и актуелниот градоначалник и независен кандидат за функцијата, Зоран Ногачески, чија кандидатура вчера ја поддржаа 663 лица или 26,31 отсто од гласачите. Според роковникот објавен од Државната изборна ...

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ освоија најмногу места во Советот на Општина Охрид. Според првичните информации на Државната изборна комисија – ДИК, коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ освои 13 мандати во советот на град Охрид кој брои 23 членови. СДСМ и коалцијата освои 5 мандати, ЗНАМ 2, Левица 1, Демократската пшартија на турците 1 и ГИ Р. Хода 1. ВМРО ДПМНЕ и коалицијата имаат апсолутно мнозинство во Советот на Општина ...

Голем број партиски членови, симпатизери и поддржувачи, се собраа вечерва на градскиот плоштад во Охрид да ја прослават победата на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков на локалните избори 2025. Победата се славеше со музика, „бакљи“ и огномет кој го осветли небото над Охрид. На присутните им се обратија пратеникот во републичкото Собрание Сашо Донев, носителот на листата на советници на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Перчо Божиноски и ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
5.66
93%
1012
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
5.66
65%
1009
weather icon

Загреб

2ᴼ / 1ᴼ
5.14
90%
1012
weather icon

Софија

6ᴼ / 3ᴼ
1.54
68%
1012
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
3.27
68%
1012
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
98%
1013
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
8.94
79%
1017
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
76%
1011
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
93%
1011
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.02
74%
1015
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
6.17
72%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 12ᴼ
6.17
40%
1019
Currency

61.635

Currency

52.4243

Currency

70.4728

Currency

36.9948

Currency

38.3083

Currency

67.6264

Currency

7.58811

Currency

0.68261

Currency

0.33843

Currency

0.52539

Currency

1.19796

Currency

0.5752

Рутениум

45750.51

Иридиум

212342.22

Злато

160555.68

Сребро

2490.40

Платина

66166.24

Алуминиум

3.06

Кобалт

64.04

Калај

46.19

Бакар

11.58

Цинк

3.25

Родиум

350443.14

Паладиум

53338.09