ГРК Охрид на 25 сприл ќе гостува во Целје, Словенија, каде ќе се одигра првиот натпревар од полуфиналето од ЕХФ Европскиот Куп. За поддржувачите на ГРК Охрид предвидени се одреден број влезници, а ТА “Вис Пој” во соработка со клубот подготви атрактивна понуда. Пакет аранжман кој предвидува автобуски превоз во двата правци, со едно ноќевање и карта за мечот ќе чини од 120 до 170 евра во зависност од сместувањето, соопштија организаторите. ...
Ракометарите на Охрид обезбедија пласман во полуфиналето на ЕХФ Европскиот куп откако во четвртфиналната фаза со две победи го елиминираа грчкиот Олимпијакос. Следен предизвик за македонскиот претставник ќе биде словенечкиот тим Целје кој пак беше подобар во двомечот со Бузау од Романија. ГРК Охрид објави дека првиот натпревар против Целје ќе го игра на 25 април во Словенија, а реваншот е закажан за 2 мај во салата „Билјанини извори“. Во ...

