Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Поранешниот селектор и еден од најтрофејните тренери во регионот, Душко Вујошевиќ, почина по долго и тешко боледување, јавуваат српските медиуми. Вујошевиќ остави длабока трага во европската кошарка, најмногу како тренер на Партизан, со кој освои бројни титули и создаде генерации врвни играчи. Во кариерата работеше и како селектор на репрезентацијата на Србија и Црна Гора, а беше препознатлив по својата харизма, авторитет и специфичен ...
Велигден е време за семејството и традицијата, но за многумина кои постеле, празничниот ручек може да биде вистински товар за телото. Дали претераното консумирање јајца е навистина толку опасно колку што се зборува? Што прво треба да се најде во нашата чинија наутро на Велигден? Во новото издание на “Напладне” дебатираме со нутриционистите Наум Костов и Билјана Трајческа од Нутри Дуо Охрид за балансот помеѓу уживањето во храната и грижата за ...
По повод празникот Воскресение Христово – Велигден, МК на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти и оваа година го организира традиционалниот Велигденски фудбалски натпревар помеѓу екипите „Стари“ и „Млади“. Натпреварот претставува симбол на заедништво, дружење и почитување на долгогодишната традиција која ги обединува сите генерации во Велгошти, велат организаторите. Ревијалниот фудбалски натпревар ќе се одигра во понеделник, на 13.04.2023 година (втор ден ...
ГРК Охрид на 25 сприл ќе гостува во Целје, Словенија, каде ќе се одигра првиот натпревар од полуфиналето од ЕХФ Европскиот Куп. За поддржувачите на ГРК Охрид предвидени се одреден број влезници, а ТА “Вис Пој” во соработка со клубот подготви атрактивна понуда. Пакет аранжман кој предвидува автобуски превоз во двата правци, со едно ноќевање и карта за мечот ќе чини од 120 до 170 евра во зависност од сместувањето, соопштија организаторите. ...
Вечерва и утре се играат првите натпревари од четвртфиналето во Лига на шампиони на УЕФА, со дуели меѓу најсилните европски клубови и најава за неизвесна завршница на сезоната. На програмата вечерва се два атрактивни натпревари. Реал Мадрид го пречекува Баерн Минхен, а Спортинг дома игра со Арсенал. Преостанатите два меча се играат утревечер, Барселона во шпанската пресметка се среќава во Атлетико Мадрид, а актуелниот европски првак ПСЖ ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.05.2025 на ул.„Васил Главинов“ во Охрид, полициски службеници го затекнале пријавениот со патничко возило „јагуар“, при што тој фрлил пакување со марихуана, кое е пронајдено и одземено. Подоцна, со судска ...
Не очекува еден тежок меч во среда против екипата на Пелистер во нашиот густ распоред и тешки неколку утакмици во овие изминати недели. Ќе пробаме да го дадеме нашиот максимум и да ја израдуваме нашата публика, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Томислав Јагуриноски за утрешниот натпревар со Еурофарм Пелистер. OhridNews Не очекува еден тежок меч во среда против екипата на Пелистер во нашиот густ распоред и тешки неколку утакмици во овие ...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура до 20 степени. Од среда и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во сабота. Поради продор на постуден воздух од север на ...
Ракометарите на Охрид во рамки на 4-то коло од плеј-офот во Супер лигата гостуваат кај РК Еурофарм Пелистер. Ни следува тежок меч во одлучувачки момент од сезоната. Ние сме два тима кои играме на високо ниво и со добра подготовка и менталитет ќе имаме шанса за победа, изјави ракометарот на ГРК Охрид Ориол Реј Моралес. Натпреварот се игра во среда, 8 април, во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:00 часот. OhridNews Ракометарите на ...
Од ноќеска на полноќ цената на дизелот се зголемува за 2,5 ден/лит., на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит., додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 останува непроменета. Согласно одлуката која ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава по цена од 98 денари, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 по 83,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 останува 85,5 денари за литар. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе ...
На 05.04.2026 во 12:20 часот во СВР Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 36-годишно лице од Канада, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Охрид, го нарушил јавниот ред мир со агресивно однесување. При извршена проверка, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,25 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР ...
Ненад Целески од Таеквондо клубот „Хваранг Фист“ од Охрид освои сребрен медал на најголемиот спортски спектакл Скопје Опен Рамус 2026 Г1/Е1 турнир во олимписко теквондо што се одржа викендов. Клубот настапи со 4 натпреварувачи кои во овој момент имаат ГАЛ лиценци (Global Atletic Licence) за учество на вакви големи натпреварувања, Петар Петкоски, Ѓорѓи Петкоски, Јана Спироска и Ненад Целески. Во првото коло беа елиминирани Петар Петкоски од ...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Охрид времето денес сончево и топло со мала облачност. Максималната температура до 20 степени. До средината на следната седмица ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Ќе дува северозападен ветер, кој ќе биде поизразен во среда кога ќе биде засилен до силен и долж Повардарието ќе достигнува брзина од над 70 km/h. Во среда ќе ...
Пријатели на столбот во одбраната на ГРК Охрид Ориол Реј Моралес допатуваа на викенд што ќе се памети, кој заврши со историска победа и забава што ќе се прераскажува.. ГРК Охрид ја слави најголемата победа во својата историја – триумфот над Олимпијакос (25:24) и пласманот во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп. Но, покрај драмата на теренот, синоќа во „Билјанини Извори“ се случуваше и една поинаква, шпанска приказна. Седуммина пријатели на ...
ГКК Охрид загуби во последното коло во 1 кошаркарска лига од Струмица ба домашен терен 50:80, со што ги заврши натпреварите во првенството. Струмица го оправда епитетот на фаворит и ос првата позиција ќе стартува во разигрувањето за место во Супер лигата. Најефикасен во редовите на Охрид беше Донаковски со 17 поени. Тенерот Тони Стојаноски сезоната ја оцени како успешна со оглед на сите околности, изразувајќи благодарност до спонзорите, ...
При конѕрола во угостителски објект лоциран на ул. „Партизанска“ биле затекнати малолетници, при што е утврдено дека тројца од нив консумирале алкохол. При преземањето мерки, полициските службеници биле вербално нападнати од две лица од Охрид. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти СВР Охрид. Вчера во 16:10 часот во ПС Охрид две лица од Охрид пријавиле дека на 03.04.2026 околу 19:00 часот во Охрид на ...
При конѕрола во угостителски објект лоциран на ул. „Партизанска“ биле затекнати малолетници, при што е утврдено дека тројца од нив консумирале алкохол. При преземањето мерки, полициските службеници биле вербално нападнати од две лица од Охрид. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти СВР Охрид. Ноќеска околу 02:00 часот на ул. „Партизанска“ во Охрид од слобода бил лишен 29-годишен жител на с.Куратица, ...
Екипата на Охрид Лихнидос викендов на СРЦ „Билјанини извори“ убедливо го совлада Новаци со 3:0 и се врати на врвот на табелата во Втората фудбалска лига. Стрелци на головите за Охрид беа Антонио Каланоски во првото полувреме, Димитриј Димитровски и Иван Глигоров во второто. Гостите имаа можност да го ублажат поразот но голманот на Охрид Дамјан Серафимов успеа да одбрани удар од белата точка. Дерби натпреварот во 24 коло во Втората лига се ...
Во текот на денот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне 16 степени. Од утре не очекува потопло време и пораст на дневната температура. Во понеделник ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе ...
ГРК Охрид го совлада Олимпијакос и во реванш натпреварот и обезбеди пласман во полуфиналето од ЕХФ Европскиот куп. Во прекрасен спортски амбиент во исполнетата сала „Билјанини извори“ Охрид вечерва славеше 25:24 и за прв пат во своето постоење ќе игра во завршницата на едно европско натпреварување, што е најголем успех на охридскиот клупски спорт. Носени од три илјадната публика и верните „Рибари“ избраниците на Борис Ројевиќ одиграа тежок и ...
ГРК Охрид денес во салата „Билјанини извори“ го игра реванш натпреварот од 1/4 финалето од ЕХФ Европскиот Куп против грчки Олимпијакос. „Гладијаторите“ имаат предност од 5 гола разлика од првиот меч одигран на гостински терен, но и стручниот штаб и играчите предупредуваат дека ништо не е готово и дека конечниот победник ќе биде одлучен по натпреварот во Охрид. Уште еднаш апелираме за фер и коректно навивање. Дојдете во “Билјанини извори” ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен, повремено и силен ветер од северен правец (над 70 km/h). Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура до 14 степени. Од недела ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена ...
Пет одличја за охридските стрелци на Државното првенство со воздушно оружје-меѓународна програма, што изминатиот викенд се одржа во новиот национален тренинг центар во салата Наум Наумоски-Борче во Скопје. Старо нов државен првак во дисциплината воздушен пиштол во категорија јуниори е Климент Мостро од ЖСК „Лихнидос“ со резултат кој што е далеку под неговите можности -527 кругови. Јуниорот Иван Милевски, член на СК „Охрид“ поради повреда не ...
Имаме предност од 5 гола од првиот натпревар, но тоа е опасен резултат во модерниот ракомет. Ништо не е готово, претстои реванш во кој влегуваме со четворица повредени играчи и затоа не треба да не залажува победата остварена на гостински терен, предупредува стручниот штаб на ГРК Охрид пред реванш натпреварот со Олимпијакос што се игра утре вечер (сабота) во 18 часот во салата „Билјанини извори“. Ни треба голема поддршка од публиката да ...
На 02.04.2026 во 21:15 часот во СВР Охрид, 38-годишен маж од Охрид пријави дека околу 19:00 часот во семејниот дом, неговата сопруга кон него и неговата сестра, упатила закани по нивниот живот. При тоа се заканила и дека поседува материјал, кој можела да го искористи против него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. На 02.04.2026 во 17:15 часот во СВР Охрид, 54-годишна жена од Охрид пријави дека на ...
ГРК Охрид загуби од РК Вардар 1961 во натпреварот од 3 коло од плеј-офот во Супер лигата кој се одигра синоќа во салата „Јане Сандански“ со 31:21. Охрид на натпреварот настапи со подмладен состав без речиси комплетниот прв тим со што очигледно фокусот сезонава е ставен на ЕХФ Европскиот Куп и реваншот од четвртиналето со Олимпијакос што се игра утре вечер во салата “Билјанини извори”. Најефикасен во редовите на Охрид беше Кукуловски со 6 ...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од дожд и снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени. Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени ...
Не чека уште еден добар и тежок натпревар. Олимпијакос е добра екипа. Останува ние добро да се подготвиме. Знаеме дека овие 5 гола разлика ништо не значат во ракометот може се брзо да се смени. Мораме да го дадеме својот максимум и се надеваме дека пак ќе победиме, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Тилен Стрмљан, пред саботниот реванш натпревар со Олимпијакос во Охрид. OhridNews Не чека уште еден добар и тежок натпревар. Олимпијакос е ...
На 01.04.2026 во 19:55 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 54-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во последно време физички и психички ја малтретирал неговата 48-годишна сопруга. Последен пат тоа се случило истиот ден околу 19:00 часот во семејниот дом. По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На ...
ГРК Охрид во сабота во салата „Билјанини извори“ го игра реванш натпреварот од 1/4 финалето од ЕХФ Европскиот Куп против грчки Олимпијакос. „Гладијаторите“ имаат предност од 5 гола разлика од првиот меч одигран на гостински терен, но и стручниот штаб и играчите предупредуваат дека ништо не е готово и дека конечниот победник ќе биде одлучен по натпреварот во Охрид. Оттаму, потребна е максимална поддршка од трибините, велат од клубот кој ...