Насилството не е секогаш видливо преку модринки. Тоа често е во тишината, во стравот, во контролата и во зборовите кои ја убиваат самодовербата. Наместо да го вртиме погледот на другата страна, време е да ги препознаеме знаците и да понудиме поддршка. Физичко, психичко, економско или сексуално – ниеден облик на насилство не е оправдан. Според податоците, голем дел од жртвите со години го трпат насилството пред да го направат првиот чекор. ...

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Охрид времето денес претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура до 17 степени. Следува период на променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди во текот на денот. Утре наместа ќе има слаб дожд, а во четврток ќе биде нестабилно со локален пороен дожд а ...

На 13.04.2026 во 14:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од бул.„Туристичка“ со ул.„АСНОМ“ во Охрид, 71-годишнo лице управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубило контрола и паднало на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мопедистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид, информираат од СВР Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид. OhridNews На 13.04.2026 во ...

Ракометарите на Охрид во рамки на Ф4 турнирот од Купот на Македонија во петок играат со екипата на Еурофарм Пелистер. Се радуваме на овој турнир, ова е наша прва прилика за освојување трофеј. Ривалите ни се на врвно ниво, а полуфинале против екипа од Лигата на шампиони претставува голем предизвик. Ќе дадеме се од себе да создадеме шанса за да продолжиме понатаму и да ја искористиме, изјави голманот на ГРК Охрид Кристијан Пилиповиќ. ...

Од ноќеска на полноќ цената на бензините се намалува за 1,5 денари, а на дизелот за 2,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Според одлуката безнините ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 82 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 84,00 денари за литар, додека дизелот за 95,50 денари по литар. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се намалува ...

Охриѓани, љубители на трчањето, рекреативци, како и членови на АК „Охрид трчаТ“ и оваа година ќе ги претставуваат Охрид и Македонија на Белградскиот маратон на иницијатива на почесниот конзул на Република Србија во Охрид Михајло Филев. Учеството на Белградскиот маратон нуди огромна можност за промоција, стекнување нови искуства, вмрежување и развој на спортскиот туризам, беше потенцирано на денешната прес конференција. Со ова на културно и ...

Македонскиот повремен репрезентативец потпиша со ГРК Охрид миниум до 2028. Игра на позицијата среден бек, има 26 години (178 cm) и ќе го носи дресот со бр.11 следната сезона. Доаѓа од шпанското првенство и одличните настапи за тимот на Ваљадолид по 2 сезони, а пред тоа го носеше дресот на РК Вардар 1961. Се радувам што ќе бидам дел од ГРК Охрид, клуб кој расте од година во година. Уште од првите разговори ми се допадна идејата и проектот по ...

Претставата „Генијална идеја“, по текст на повеќе автори во драматургија и режија на Ненад Витанов, на Народен Театар Охрид ќе биде изведена во петок на 17.04.2026 година со почеток во 20 часот во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид. Во оваа дуо драма улогите ги толкуваат Ивица Цонев и Филип Кипровски. Сценографијата е на Филип Витанов, костимиограф Мимоза Тодоровска. Картите може да се набават на билетарата при ...

На 13.04.2026 во 16:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Кленоец“ во Охрид, патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 52-годишно лице од с.Горно Лакочереј, охридско, удрило во 55-годишен пешак од с.Свиништа, охридско и го напуштило местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По преземени мерки од страна на полициски ...

На 14 април 1992 година, во гарнизонот во Охрид, пристигна првиот регрут, припадник на Армијата на Република Македонија. Со децении овој простор се користеше за воени цели пред да биде демилитаризиран. Денес охридската касарна не е во функција на Армијата на Република Македонија. Со одлука на Министсртевото за одбрана таа и е предадена на користење на Општина Охрид. OhridNews На 14 април 1992 година, во гарнизонот во Охрид, пристигна ...

На 13.04.2026 полициски службеници лишија од слобода 33-годишно лице од охридско, постапувајќи по пријава од неговата 24-годишна сопруга со која се во бракоразводна постапка, дека ноќта 12/13.04.2026 и го одзел насилно мобилниот телефон, по што физички ја нападнал и ја принудил да влезе во неговото возило, каде исто така ја нападнал и и нанел повреди. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од ...

Намалената физичка активност, дигитализацијата, начинот на исхрана придонесуваат за зголемување на бројот на млади луѓе кои се соочуваат со гојазност. Прејадувањето, и да е и со здрава храна, е најголемото зло што можеме да си го нанесеме на организмот, вели нутриционистот Билјана Трајческа од Нутри Дуо Охрид. OhridNews Намалената физичка активност, дигитализацијата, начинот на исхрана придонесуваат за зголемување на бројот на млади ...

По повод празникот Воскресение Христово – Велигден, МК на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти и оваа година го организира традиционалниот Велигденски фудбалски натпревар помеѓу екипите „Стари“ и „Млади“. Натпреварот претставува симбол на заедништво, дружење и почитување на долгогодишната традиција која ги обединува сите генерации во Велгошти, велат организаторите. Ревијалниот фудбалски натпревар ќе се одигра денес (втор ден Велигден), со почеток во 11:00 ...

Сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 19 степени. Од вторник до четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за изолирана појава на грмежи. Ќе дува ...

На 12.04.2026 во 02:00 часот во СВР Охрид, 33-годишно лице од Охрид пријавил дека на 11.04.2026 околу 22:30 часот, на бул. „Туристичка“ во Охрид, лице упатило закани по живот кон него и неговата партнерка, која биле бремена, а им се заканувал и со електрошок и тврд предмет. На жената и била укажана лекарска помош во Медицински центар Охрид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. На 11.04.2026 во 18:50 ...

Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Охрид времето денес сочнево со умерена облачност. Температура во интревал од 4 до 18 степени. Утре ќе преовладува стабилно време. Од вторник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за појава на грмежи. До четврток ќе дува југоисточен ...

Велигден е најголемиот христијански празник. Има многу обичаи коишто се поврзани со неговото прославување. Во нашата традиција на полноќ, откако ќе биде објавена радосната вест за воскресението на синот божји, верниците си честитаат со поздравот “Христос воскресе – Вистина воскресе”, по што обичај е да се кршат Велигденски јајца. На островот Крф, традицијата е малку поразлична и уникатна, поради што велигденските празнувања привлекуваат ...

Првите три дена по преминот од постот кон мрсната исхрана се особено важни. Тоа е тој критичен период кога ние ако го оптовариме нашиот организам и со алкохол и со мрсна храна доаѓа во состојба на шок. На организмот му требаат полесни работи за побрзо да се адаптира, супи, интегрален леб, јајца, зеленчук, месо како мисиркино, риба, пилешко…, советува нутриционистот Билјана Трајческа од Нутри Дуо Охрид. OhridNews Првите три дена по ...

ГФК Охрид Лихнидос денес во рамки на 24 коло од Втората фудбалска лига гостува кај екипата на Каменица Саса. Натпреварот се игра на Градскиот стадион Македонска Каменица со почеток во 15:30 часот Охрид на табелата е прв со 52 бода, а исто толку бодови имаат и екипите на Брегалница и Шкендија Арачиново. По нив следи Скопје со 50 и Беласица со 45 бода. OhridNews ГФК Охрид Лихнидос денес во рамки на 24 коло од Втората фудбалска лига гостува ...

Претпладне облачно со повремен локален дожд, претежно во источните делови. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура до 15 степени. Утре и во понеделник следува преодна стабилизација на времето. Во недела ќе биде умерено облачно со подолги сончеви периоди, а во понеделник ќе биде ...

Гладијаторите ја совладаа екипата на Тиквеш во натпреварот од 5 коло од плеј-офот во Супер лигата, кој се одигра попладнево во салата „Билјанини извори“, со 37:20. Статистика ГРК Охрид: Стрмљан 1, Јагуриноски 2, Кукуловски 2, Јасухира 6, Ристески 2, Тасески, Реј 1, Савревски 6, Лиапис 5, Блажески (1 одбрана), Бојаниќ, Петриќ 3, Пилиповиќ (3 одбрани), Ќосевски 6, Прибетиќ 3, Ѓорѓески (6 одбрани). Фото галерија: OhridNews Фото: Б.Стојаноски ...

Ракометарите на Охрид во рамки на 5 коло од Плеј-офот денес ја пречекуваат екипата на ГРК Тиквеш. По победата над Еурофарм Пелистер не очекува уште еден натпревар против екипата на Тиквеш. Ќе го дадеме нашиот максимум да ја продолжиме низата на победи, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Никола Ристески. Натпреварот се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 17.00 часот. OhridNews Ракометарите на Охрид во рамки на 5 коло од ...

Косуке доаѓа на позајмица до крајот на оваа сезона да и помогне на екипата во остварување на што подобри резултати на клубот Дваесет и пет годишниот јапонски репрезентативец доаѓа од екипата на Бурган од Кувајт. Имаше перфектни настапи за екипата на РК Вардар 1961 пред 2 сезони. Игра на позицијата среден бек. Пресреќен сум што се враќам во Македонија, во тимот има добри мои пријатели од Вардар, едвај чекам да заиграм за Охрид утре против ...

Косуке доаѓа на позајмица до крајот на оваа сезона да и помогне на екипата во остварување на што подобри резултати на клубот Дваесет и пет годишниот јапонски репрезентативец доаѓа од екипата на Бурган од Кувајт. Имаше перфектни настапи за екипата на РК Вардар 1961 пред 2 сезони. Игра на позицијата среден бек. Пресреќен сум што се враќам во Македонија, во тимот има добри мои пријатели од Вардар, едвај чекам да заиграм за Охрид утре против ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава со против 57-годишно лице од Охрид поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 29.07.2025, по претходна пријава дека на јавно место на потегот од место викано „Чинар“ до црквата „Св.Богородица“ носел пушка, преземени се мерки и пријавениот е пронајден во неговиот двор под дејство на алкохол ...

Во тек се активностите за преприклучување на постоечките објекти на новопоставената водоводна линија на улицата „Прилепска” во должина од 573 метри со профил ф160 мм изработена од полиетиленски материјал, информираат од ЈП Водовод Охрид. Посочуваат дека средствата во вредност од 10 243 060 денари за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. OhridNews Во тек се активностите за преприклучување на постоечките објекти ...

По повод Велигденските празници и продолжениот викенд се очекува зголемен интензитет на сообраќајот особено кон туристичките места. Во оваа насока Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува апел до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемено внимание и одговорност на патиштата. Со пораката „Секој живот е важен“, РСБСП потсетува дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи се најдобриот пријател ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во посета на Општина Струга. Според најавата од владината прес-служба, Мицкоски ќе присуствува на почеток на изградба на проект за систем за одводнување на фекални отпадни води во село Враништа. Потоа ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на туристичката улица во Струга, а на крајот од посетата ќе присуствува на увид на градежни активности на реконструкција на улицата во ...

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Охрид сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура до 15 степени. Следува период на променливо облачно и претежно стабилно време. Од утре до недела утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени и ќе има појава на утрински мразеви. До петок ќе ...

Ракометарите на Охрид го совладаа се уште актуелниот првак на Македонија Еурофарм Пелистер во Битола 26:27, полувреме 13:11. Ова е голема победа за избраниците на Борис Ројевиќ, втора оваа сезона во првенството, а Охрид го совлада Еурофарм Пелистер и во финалето од турнирот „Крсте Андоновски“. Јунак на охриѓани беше словенечкиот интернационалец Тилен Стрмљан кој го постигна победеносниот гол и имаше одлична статистика 5 гола од 5 обиди. ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.39
46%
1016
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
55%
1015
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
0.24
67%
1014
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.15
45%
1018
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.79
55%
1017
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.45
89%
1015
weather icon

Атина

26ᴼ / 25ᴼ
6.26
48%
1010
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.66
28%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.07
46%
1013
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
0.89
70%
1018
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
0.45
48%
1015
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 23ᴼ
6.9
62%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.4759

Currency

71.8859

Currency

37.5392

Currency

38.1812

Currency

66.1956

Currency

7.92777

Currency

0.6754

Currency

0.3363

Currency

0.52558

Currency

1.12633

Currency

0.56106

Сребро

1853.71

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.19

Злато

129943.67

Родиум

265243.66

Паладиум

40381.34

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Бакар

13.08

Платина

52855.83

Цинк

0.00

Калај

54.92