Во НУ Центар за култура „Григор Прличев” вчеравечер беше отворена самостојна ликовна изложба од професорката по ликовна уметност Жанета Стаиќ која пред охридската јавност претстави избор од дела насловен „Продолжи да сонуваш“. На изложбата беа претставени 21 дело, во различни техники (акрил, акварел, колаж, мек молив, пастел и нивна комбинација) на различни подлоги (платно, картон и пластика). Изложбата носи наслов „Продолжи да сонуваш“, а ...

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во соодветните одделенија, информира денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Втора година по ред печатењето и испораката на учебниците се реализира навремено, а секое училиште ќе го добие тиражот кој го има побарано преку посебната електронска апликација на МОН. Обезбедени се и учебници по странските ...

Успешно одржана третата по ред Меѓународна веслачка регата во рамките на Ohrid Water Festival. Настанот, во организација на Веслачкиот клуб Горица Ремо од Охрид, собра на едно место клубови од Македонија ВК Црн Дрим и ВК Врбник од Струга, ВК Галеб од Земун и ВК Зренекс од Зрењанин- Србија и ВК Черпоков и ВК Хеброс,Пловдив- Бугарија. Регатата започна со посебна, емотивна нота. Настанот беше отворен со меморијалната трка скиф за јуниорки во чест ...

Во билтенот на СВР Охрид две пријави за физички напади и една за оддалечување од домот. На 26.08.2025 во 16:45 часот во СВР Охрид, 39-годишна жена од Охрид пријавила дека на 25.08.2025, нејзиниот поранешен сопруг физички го нападнал нивниот малолетен син додека престојувал кај него согласно решението на Центарот за социјални работи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 26.08.2025 во 23:00 часот во СВР Охрид, 33-годишно лице од ...

Од денес започнува социјално-едукативната програма на Фестивалот на водени спортови Ohrid Water Festival. На првата вечер посетителите ќе може да ја погледнат изложбата насловена „Вежџа“ на Нуркачкиот центар Акватек и концертот на групата „Фузија“. Изложбата ќе биде поставена во 19 часот на „Кеј Македонија“, пред хотел „Палас“ каде ќе се одржи и концертот со почеток во 21 часот. Следниот ден, 28 август, програмата започнува со изложбата ...

Поради повреда настапот на 38. Охридски пливачки маратон го откажа пливачката од Турција Еда Сајин. Годинава на маратонот долг 25 километри, што ќе се одржи на 30 август во водите на Охридското Езеро, ќе пливаат 16 пливачи и пливачки од шест држави. Во машка конкуренција ќе настапат 10 пливачи: Александар Илиевски – Македонија Леонид Мишевски – Македонија Акуилес Балаудо – Аргентина Матео Фурлан – Италија Хуго Риберио – Португалија Матиас ...

Алпинистички клуб „Патагонија“ Охрид во соработка со Македонска алпинистичка федерација и Национален парк Галичица, во јули и првата половина на август ги финализираше теренските активности за уредување на нов локалитет за качување на сува карпа, со што официјално заврши втората фаза од проектот „Авантуристичка зона во НП Галичица“, кој се реализира четврта година по ред со финансиска поддршка од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT. Локалитетот е ...

Четириесеттина млади натпреварувачи од земјава и регионот зедоа учество на традиционалната меѓународна едриличарска регата „Заедно за иднината на Езерото“ што се одржа деновиве во склоп на Фестивалот на спортови на вода (Ohrid Water Festival), во организација на клубот Акватика Јахтинг од Охрид, под покровителство на Групацијата „Сава“ – „Сава пензиско“ и „Сава осигурување“ и поодржка од Општина Охрид. Натпреварите на дводневната регата ги ...

Во драматичен меч кој беше решен по изведувањето пенали, Брумел ја совлада екипата на Инекс Олгица и се пласира во финалето на 27-то издание на турнирот “Богородица куп” во Волино каде ќе се сретне со Сатеска славеше над Чардак Велгошти. Резултати 1/2 финале вторник, 26.08.2025 Инекс Олгица – Брумел 0:0 (2:4) Сатеска – Чардак Велгошти 3:0 На турнирот денеска е слободен ден, а финалето се игра утре вечер на празникот Голема Богородица во ...

Од понеделник, 1 септември пултот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид го враќа стандардното работно време. Секој работен ден од понеделник до петок библиотеката ќе биде отворена за читателите во времето од 8 и 30 до 18.30 часот. Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот, а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 15.00 ...

Охридскиот супер херој Марко Пејчиновски вечерва го започнува новиот предизвик- Ironman триатлон околу Охридското Езеро. По месеци напорни тренинзи, по многу падови, повреди и искушенија – конечно дојде моментот за мојот модифициран Ironman триатлон. За тие што сè уште не знаат што ќе правам, вечерва со почеток од Св. Наум ќе трчам до Струга, потоа со велосипед од Струга ќе се вратам во Св. Наум и за крај со пливање ќе се упатам кон Охрид за ...

Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 30 степени. Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево и топло со постепен пораст на дневните температури. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе биде нестабилно со локален пороен ...

Буџет со средства за манифестации, трансакции, фестивали, спорт. Тоа е основата која е водечка во извештајот и во овој буџет, а многу малку за реализација на капитални проекти од сопствени средства, реагираше координаторката на пратеничката група на СДСМ, Живка Ангелоска во врска со шестмесечниот извештај за реализаицијата на буџетот на Општина Охрид на денешната одржна 61-ва седница на Совет. И овој извештај од реализацијата на буџетот го ...

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари работна средба со директорот на Агенцијата за катастар, Иван Живковски. На средбата се разговараше за тековната состојба на пазарот на недвижности и можностите за поефикасна размена на информациите, што ќе придонесе за подготвување новите мерки за полесен пристап до кредити за прв стан. Гувернерот Славески нагласи дека во тек се подготовки за воведување мерки со кои ќе се поттикне ...

Црвен крст Охрид започнува со уписи за есенскиот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“ преку која деца на возраст од 3-5 години преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на претстојните училишни задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на ...

Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот за првите шест месеци од годината предизвика бурна расправа кај советниците на денешната одржна 61-ва седница на Совет. Од опозицијата посочија дека е потребна поголема видливост на полициските службеници на терен со оглед дека со едукација очигледно е дека сообраќајната култура не се менува, но реагираа и на несреќите, гужвите во ...

Со цел обезбедување на квалитетна грижа за тревнатите површини, ЈП „Билјанини Извори“ набави нов трактор LOVOL 404 со натрешница и специјални турф гуми за трева, кој поседува погон на сите тркала. На овој начин значително се намалува можноста за оштетување на тревната подлога, што е од особено значење за спортските терени. Заедно со тракторот е набавена и повенаменска вертикална косилка PERUZZO коала 1600, која покрај редовното косење ...

На 25.08.2025 во 13:20 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош било пријавено дека во Медицински центар Охрид со повреди бил пренесен 16-годишник од Охрид. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи за приватна градежна фирма на објект во изградба, а каде што бил на пракса по претходен договор со средно училиште. Полициски службеници излегле на местото и по целосно документирање на случајот ќе биде ...

Познати севсите патници во полуфиналето на 27-то издание на турнирот во мал фудбал Богородица куп во Волино. Синоќа,Чардак Велгошти беа подобри од Аце Најдески, а Брумел ја совлада екипата на Екстра Скопско. Резултати 1/4 финале 25.08.2025, понеделник 21:00 Чардак Велгошти – Аце Најдески 5:2 22:00 Брумел – Екстра Скопско 2:0 Во полуфиналето, вечерва, се среќаваат Сатеска и Чардак Велгоши, односно Брумел и ИнексОлгица. Натпреварите се ...

При крај се подготовките за одбележување на празникот Успение на Пресвета Богородица во село Скребатно каде традиционално се одржува голем црковно-народен собир на кој присуствуваат илјадници верници. Од Црковниот одбор посочуваат дека и годинава празникот ќе биде достојно одбележан почитувајќи ги обичаите. Во четврток ќе се одржи света литургија со почеток во 08:30 часот. Ќе следува голем црковно народен собир и традиционалниот ручек за сите ...

ЈП Водовод Охрид започна со изведба на нова водоводна линија во с.Велгошти – крак Буџакоска мала. Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал со профил ф63мм во должина од 187 метри, вклучувајќи и преприклучување на постоечките објекти со целосно нови приклучоци, информираат од претпријатието. Средствата, посочуваат, во вредност од 443.002,00 денари за реализација на ...

Вечерва од Охрид со почеток во 20 часот на Градскиот плоштад тргнува караванот „Mакедонијо, во срце те носиме“ во чии рамки концерти ќе се одржат во речиси сите поголеми градови во земјата, а публиката ќе има можност да ја почувствува магијата на живата изведба и да пее заедно со врвните изведувачи кои го сочинуваат овој уникатен проект. Публиката ќе има ретка можност да ужива во жива изведба на најубавите македонски песни, отпеани од врвни ...

Вечерва од Охрид со почеток во 20 часот на Градскиот плоштад тргнува караванот „Mакедонијо, во срце те носиме“ во чии рамки концерти ќе се одржат во речиси сите поголеми градови во земјата, а публиката ќе има можност да ја почувствува магијата на живата изведба и да пее заедно со врвните изведувачи кои го сочинуваат овој уникатен проект. Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци, со песни кои не само што нѐ потсетуваат од каде доаѓаме, туку ...

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во ќе достигне во 27 степени. До петок времето ќе се задржи претежно сончево и топло со постепен пораст на дневните температури. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. За време на викендот времето ќе биде променливо облачно ...

Испратена пораката за мир и промоција на здрави животни навики во рамки на денешниот меѓународен настан „Штафетно нуркање за мир“, односно пливање под вода-нуркање на здив во должина од 25 метри, кој се одржа во водите на Охридското Езеро кај старото пристаниште. Целта ни е да ги мотивираме младите за спорт и спортски активности, но има и хуманистичка димензија да испратиме една силна симболична порака за мир, почитување и толеранција насекаде ...

На 24.8.2025 околу 22:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 51-годишно лице од Охрид. Тој се сомничи дека од април оваа година во повеќе наврати на апликација на социјална мрежа на 17-годишно девојче од Охрид испраќал пораки и фотографии со недолична содржина и барал од неа и таа да му испраќа фотографии со експлицитна содржина. Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и ...

Седумнаесет пливачи и пливачки од седум држави ќе земат учество на 38. издание на Охридскиот пливачки маратон што ќе се одржи на 30 август во водите на Охридското Езеро. Во машка конкуренција ќе настапат 10 пливачи: Александар Илиевски – Македонија Леонид Мишевски – Македонија Акуилес Балаудо – Аргентина Матео Фурлан – Италија Хуго Риберио – Португалија Матиас Дијас Хернандес – Аргентина Федерико Тамборино – Италија Марко Инглима – Италија ...

По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица на 28.08.2025 г. (четврток) Општина Охрид организира бесплатен превоз до с. Скребатно каде се одржува традиционалниот празничен собир. Тргнувањето е во 09:00ч. од автобуската постојка кај пекарата „Мартина“ на булевар „Туристичка“ и од сред село во Лескоец, информираат од Општина Охрид. Превозот ќе го врши компанијата „Бале турс“. По повод празникот кај црквата посветена на ...

Екипата на Сатеска ја доби пенал драмата со Кафе бар Лавадо, а Инекс Олгица забележа убедлив триумф над Хотел Тино за пласман во полуфиналето на 27-то издание на турнирот во мал фудбал “Богородица куп” што се игра во Волино. Резултати 1/4 финале недела, 24.08.2025 Хотел Тино – Инекс Олгица 0:7 Сатеска – Кафе бар Лавадо 1:1 (3:1) по изведување пенали Четвртиналните пресметки продолжуваат вечерва со преостанатите два натпревари. 1/4 финале ...

Со исклучителен концерт на уметниците од Словенија, Томи Пуриќ & Balkan Jazz Group, вчеравечер во предворјето на црквата „Света Софија“, заврши третото издание на „Охрид џез фестивал“. Многубројната публика уживаше во уникaтни џез изведби на класични и комерцијални музички композиции. Посебен белег на финалниот концерт оставија гостите, Ѓоко Алоски на труба и Наум Џуклески на хармоника. Фестивалот „Охрид џез фестивал“ се одржува под ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
94%
1015
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
3.6
95%
1013
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
86%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
63%
1018
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
1.73
95%
1016
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
84%
1015
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.57
88%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
88%
1015
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
94%
1015
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
4.63
92%
1016
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
89%
1015
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
88%
1018
Currency

61.5038

Currency

53.1929

Currency

69.8275

Currency

34.4741

Currency

37.873

Currency

66.1342

Currency

7.47357

Currency

0.65725

Currency

0.34732

Currency

0.52484

Currency

0.60009

Currency

1.26054