Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Енергетски независни и еколошки чисти пловни објекти се иднината на Охридското Езеро. Еден таков за прв пат се појави во флотата која го следи 38 Охридски пливачки маратон што се одржува денеска. Се работи за традиционално охридско кајче со електро пента со акумулатор и кров од сончеви панели. Сега сме во фаза на тестирање. При сончев ден ова кајче на сончева енергија може да плови шест часа, што е повеќе од одлично, вели сопственикот Горан ...
На третата контролна точка кај Градиште по 2 часа 41 минута и 38 секунди од почетокот на 38. издание на Охридскиот пливачки маратон водство на маратонецот Матиас Дијас Хернандес од Аргентина. Во група пливаат шест пливачи. Втор е италијанецот Матео Фурлан, додека трет нашиот Петар Цеков. До Заливот на коските десет маратонците пливаа во група, а водството се менуваше наизменично. По 1 час 20 минути 37 секунди од стартот маратонците стигнаа до ...
Маратонците до Заливот на коските, водството се менува наизменично. Десет пливачи пливаат во група. По 1 час 20 минути 37 секунди од стартот на 38. Охридски пливачки маратон, маратонците стигнаа до втората контролна точка кај Св. Богородица Захумска каде водството го имаше нашиот маратонец Петар Цеков. До првата точка кај Љубаништа по околу 43 минути и 27 секунди од означување на стартот групата ја предводеше нашиот Александар Илиевски. Се ...
Маратонците до Заливот на коските, водството се менува наизмченично. Десет пливачи пливаат во група. По 1 час 20 минути 37 секунди од стартот на 38. Охридски пливачки маратон, маратонците стигнаа до втората контролна точка кај Св. Богородица Захумска каде водството го имаше нашиот маратонец Петар Цеков. До првата точка кај Љубаништа по околу 43 минути и 27 секунди од означување на стартот групата ја предводеше нашиот Александар Илиевски. Се ...
По 1 час 20 минути 37 секунди од стартот на 38. Охридски пливачки маратон, маратонците стигнаа до втората контролна точка кај Св. Богородица Захумска каде водството го имаше нашиот маратонец Петар Цеков. Пливачите се движат накај Трпејца. До првата точка кај Љубаништа по околу 43 минути и 27 секунди од означување на стартот групата ја предводеше нашиот Александар Илиевски. Се очекува првите пливачи на целта, на Градското пристаниште, да ...
ТППЕ Охрид – Пожарна во текот на вчерашниот ден учествуваше во гаснење на подметнат пожар во с.Злести – с.Белчишта Општина Дебрца. Како што информираат од ТППЕ Охрид поради силината на ветерот пожарот набргу се проширил во блиската шума, а воедно биле загрозени и објекти. ТППЕ Охрид со три противпожарни возила со 11 пожарникари, сезонски пожарникари, волонтери од Ентузијаст,-Дебрца, шумско стопанство, месно население, за брз временски период го ...
Жителите на село Вапила апелираат до надлежните институции задолжени за водоснабдување итно да преземат мерки и да овозможат редовно и сигурно водоснабдување. Нивната цел е, велат, едноставна, да имаат вода како основно човеково право и да можат да живеат нормален и достоинствен живот. Водата е основно човеково право и неопходност за живот. Секој човек има право на чиста и сигурна вода за пиење, готвење, лична хигиена и секојдневни потреби. Без ...
Шеснаесет пливачи од шест држави, шест во женска и десет во машка конкуренција денес ja пливаат патеката „Климе Савин“ во должина од 25 километри од Свети Наум до Охрид во рами на 38-от Охридски пливачки маратон. Боите на Македонија ги бранат пет маратонци и тоа: Росана Гошева, Александар Илиевски, Леонид Мишевски, Петар Цеков и Лазар Поп Трајков. На маратонот учествуваат и пливачите Елена Лионело, Федерико Тамборино, Марко Инглима и Матео ...
Шеснаесет пливачи од шест држави денес на 38. издание на Охридскиот пливачки маратон ќе ја пливаат дваесет и пет километарската патека „Климе Савин“ во водите на Охридското Езеро од Свети Наум до Охридското пристаниште. Во женска конкуренција ќе настапат пливачките: Елена Лионело – Италија, Росана Гошева – Македонија, Алисја Гедриш – Полска, Милица Љубисављевиќ – Србија, Ерика Абигал Јенсен – Аргентина, Мајте Ајлен Пука – Аргентина. Настапот на ...
Претпладне сончево со умерена облачност, а попладне и во текот на ноќта под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Во Охрид времето денес променливо облачно, попладне со дожд. Ќе дува умерен до ...
Во очи 38. издание на Охрискиот пливачки маратон да се потсетиме на минатогодишната трка на која триумфираа бразилецот Матеус Еванжелиста во машка и французинката Каролин Жуис во женска конкуренција. Годинава Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи на 30 август, сабота. Стартот е во 10 часот во Св. Наум а целта на Градското пристаниште во Охрид. Ќе учествуваат 16 пливачи и пливачки од шест земји. Организатор на манифестацијата е ПК Охридски ...
Во очи 38. издание на Охрискиот пливачки маратон да се потсетиме на минатогодишната трка на која триумфираа бразилецот Матеус Еванжелиста во машка и французинката Каролин Жуис во женска конкуренција. Годинава Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи на 30 август, сабота. Стартот е во 11 часот во Св. Наум а целта на Градското пристаниште во Охрид. Ќе учествуваат 16 пливачи и пливачки од шест земји. Организатор на манифестацијата е ПК Охридски ...
Од 17 до 21 септември Здружението „За Трпејца со љубов“ од Охрид по осми пат ќе ја организира Меѓународната уметничка колонија во Трпејца. Идејата е годинава во Трпејца да се соберат на едно место и да творат млади талентирани уметници од Поградец и Охрид на возраст меѓу 20 и 35 години кои сакаат да бидат под менторство на уметник од Поградец и двајца ментори од Охрид. Учесниците од Поградец се веќе познати. Ова е еден нов и експериментален ...
Денеска (29.08.2025) околу 03:30 часот во СВР Охрид e пријавено дека на ул.„Радојца Новичиќ“ во Охрид, 15-годишен малолетник од Канада, a со престој во с.Долно Лакочереј, охридско, управувајќи мопед „априлија“ со охридски регистарски ознаки, удрил во лисица и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од МВР. Извршен бил увид од ...
Со натпреварите за медали синоќа во Волино заврши 27 издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп“ 2025. Победник на турнирот оваа година е екипата на Сатеска која во финалето го совлада Брумел со 6:0, а во натпреварот за трето место екипата на Инекс Олгица славеше над Чардак Велгошти со 4:2. За МВП на турнирот – награда „Зоран Митрески – Бутрагено“ беше прогласен Дарко Симјаноски. Никола Секулоски беше прогласен за најдобар стрелец на ...
Традиционален годишен концерт на Вокално инструменталниот состав – Билјана ќе се одржи во предворјето на црквата Богородица Перивлепта во Охрид на 05 септември, петок, со почеток во 20:00 часот. Ова година по тринаесетти пат ќе уживаме заедно во звуците на староградската песна. Наши гости оваа година се Емилија Колоска и Стефан Петрески, информираат од ВИС „Билјана“. Посочуваат дека билетите за овој настан се во ограничен број, по цена од 300 ...
На 28.08.2025 во 17:10 часот во СВР Охрид, пријавено е дека настанал пожар на кровни панели на колонијална продавница во Струга. Од страна на Територијалната противпожарна единица Струга пожарот е изгаснат. Извршен е увид и констатирано е дека пожарот е предизвикан од невнимание со фрлање на отпушок од страна на вработен во колонијалната продавница, 42-годишно лице од Струга, информираат од СВР Охрид. По целосно документирање на случајот ќе ...
Пред почетокот на новата учебна 2025/2026 година 20-те првачиња од ООУ Дебрца денес беа на свечен прием кај градоначалникот Зоран Ногачески. Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата, на првачињата им доделив училишен прибор, кој традиционално го донира фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков, бизнисмен од Перт, Австралија, родум од битолското село Цапари. Пред првачињата и родителите уште еднаш ја потенцирав заложбата дека како ...
Денес на Градскиот плоштад охриѓани ќе можат да дадат своите идеи и предлози за уште поубав Охрид во рамки на активноста „Предложи идеја за Охрид“, информираат од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид. Ќе биде поставен штанд каде граѓаните на посебен формулар ќе можат да напишат своја идеја која сакаат да ја видат реализирана како проект. Вашата идеја е значајна за нас! Секогаш го слушаме народот и идеите и предлозите на охриѓани се наша обврска да бидат ...
Во рамки на социјално-едукативната програма на Фестивалот на водени спортови Ohrid Water Festival вечерва се превидени неколку настани. Во 19 часот на „Кеј Македонија“ пред хотел Нова Ривиера ќе се одржи настанот 30 години УНДП во С. Македонија, а ќе биде поставена и изложбата „Патување по синилото: Св. Наум до Радожда“ на Клубот за подводни дејности Охрид. За забавниот дел вечерва предвиден е концерт на Охридскиот камерен оркестар пред хотел ...
Претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Охрид времето денес сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 30 степени. Утре попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен јужен, а во недела северозападен ветер, кој ќе услови опаѓање на дневната температура. Потоа следува ...
Екипата на Сатеска Волино го освои 27 турнир во мал фудбал „Богородица куп“. Во финалето што се одигра вечерва во Волино пред полно гледалиште, Сатеска Волино ја совлада екипата на Брумел со 6:0. Натпреварот започна со една минута молк во чест на прерано починатиот Крсте Илинкоски. Сатеска поведе со голот на Никола Секулоски, кој постигна три гола на натпреварот и беше прогласен за најдобар стрелец на турнирот – награда „Крсте Илинкоски“. ...
На пригодна свеченост што се одржа на градскиот кеј, вечерва беа претставени учесниците на 38 Охридски пливачки маратон, што ќе се одржи во сабота, 30 август. Годинава 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид ќе ја пливаат 16 маратонци и маратонки од шест земји. Во женска конкуренција ќе настапат 6 пливачки: Елена Лионело – Италија Росана Гошева – Македонија Алисја Гедриш – Полска Милица Љубисављевиќ – Србија Ерика ...
Ако некој се сомневаше во “супер ноќите” на Марко Пејчиновски, сега дефинитивно повеќе нема. Тој денеска оствари нов подвиг, успешно завршувајќи го модифицираните Ironman подвиг долг 107 километри. Марко трчаше од Охрид до Струга од каде со велосипед се врати назад и пливаше до Охрид каде пристигна во вечерните часови и беше поздравен со овации од присутните. Овој подвиг има за цел да ги мотивира луѓето да пронајдат сила во себе и да ги ...
Охридскиот супер херој Марко Пејчиновски е на праг да направи уникатен подвиг на уште поуникатен начин. По препливувањето на Охридското Езеро од Св. Наум до Охрид во двата правци, а потоа вобетапи по цела должина, тој ноќеска започна нова необична спортска авантура – модифициран Iron-man предизвик во вкупна должина од 107 километри. По истрчани 42.2 километри од Св. Наум до Струга (7:47ч.) Марко со велосипед се врати во Св. Наум (2:33ч) од ...
Во финалето на традиционалниот турнир во мал фудбал „Богородица куп“ што по 27 пат се одржува во Волино, вечрва ќе се сретнат екипите на Брумел и Сатеска. Двете екипи покажаа цврстина и карактер во текот на турнирот, оттаму и очекувањата се дека финалето ќе понуди интересни моменти и возбудувања. За Брумел ова е второ едно по друго финале, а екипата сака овојпат да отиде чекор понапред и да стигне до посакуваниот трофеј. Сатеска-Волино, пак, ...
Времето денеска претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 30 степени. И во петок не очекува сончево и топло време. Утринската температура ќе се спушти до 14 степени, а дневната ќе се искачи до 31 степен. За време на викендот се очекува дестабилизација на времето. Претпладне ќе биде сончево до умерено облачно, а попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно ...
Празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат и како Голема Богородица, е еден од најголемите верски празници и масовно се одбележува кај нас. Така е и годинава. Од утрото голем број верници се упатуваат кон храмовите на Македонската православна црква во Охрид. Најсвечено беше во храмот посветен на Мајката божја во Каменско каде се одржа света архиерејска литургија со која чиноначалствуваша Митрополитот Дебарско – кичевски и ...
Време, вода, наследство: Охрид е динамичен документарец посветен на 70 години Охридски пливачки маратон – спорт што ја мери човечката издржливост, волја и амбиција. По сценарио и режија на Илија Пиперкоски, филмот преку ретки архиви и нови интервјуа со легендите Дики Бојаџи, Теодора Раптис, Томи Стефановски, Евгениј Поп Ацев,и 11-кратниот победник Петар Стојчев, филмот ја реконструира еволуцијата на маратонот: од пионерските години и подвигот ...
На пригодна свеченост доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2024/2025 година при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. Во изминативе четири години, вие не само што се здобивте со знаење, туку и со реални вештини, благодарение на дуалното образование — модел кој го трансформира воспитно-образовниот процес во нешто живо, применливо и блиско до реалноста. Преку директна соработка со компаниите, вие учевте од професионалци, работевте на реални ...