ГРК Охрид е во пеколен ритам во финишот на сезоната. Пред клубот кој игра на два фронта се клучните натпревари во домашното првенство и ЕХФ Европскиот куп каде Охрид ќе игра во финалето со МОЛ Татабања од Унгарија. Но претходно „гладијаторите“ имаат значајни дерби пресметки во плејофот од Супер лигата со Вардар во сабота, а потоа и со Еурофарм Пелистер. Навивачката група „Рибари“ го мобилизира членството од сите генерации за претстојните ...
Охрид деновиве живее за ракометот. Градот и навивачката група „Рибари“ се мобилизираат за дербито со Вардар 1961 во македонската Суперлига, а воедно се подготвуваат и за финалето во Еврокупот на ЕХФ против унгарската Татабања. По повод мега-дербито со скопските „црвено-црни“, клубот упати апел до сите љубители на ракометот да ја исполнат салата „Билјанини извори“ и да им дадат голема поддршка на своите миленици. ГРК Охрид ги повикува охриѓани ...

