
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го скрати рокот од 50 дена што му го даде претходно на Владимир Путин за да се согласи на прекин на огнот во Украина, велејќи дека е длабоко разочаран од ставот на рускиот претседател. Одговарајќи на новинарско прашање за војната во Украина, американскиот претседател рече дека многу пати разговарал со Путин и двајцата пет пати биле многу блиску до договор. Разговарав со претседателот Путин ...
Амбасадата на САД во Приштина оцени дека неуспехот да се конституира косовското собрание го забавило и загрозило интегритетот на косовските институции и напредокот во постигнувањето на целите на Косово. Во одговорот на Амбасадата за коха.нет се наведува дека „оваа континуирана блокада го забавува напредокот кон идните аспирации на Косово и го загрозува интегритетот на институциите што народот на Косово макотрпно ги создаде“. -Ги повикуваме ...
Премиерите на Тајланд и Камбоџа денеска треба да допатуваат во Малезија за мировни разговори во обид да се реши конфликтот околу долготрајниот граничен спор, јави ДПА. Портпарол на тајландското Министерство за надворешни работи го потврди доаѓањето на делегациите, но не даде дополнителни детали. Засега не е потврдено дали тајландскиот вршител на должност премиер Фумтам Вечајачај и камбоџанскиот премиер Хун Манет ќе се сретнат лично. Воените сили ...
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот украински колега Володимир Зеленски ја повторија важноста од борбата против корупцијата преку независни и ефикасни институции во телефонски разговор утрово, рече првиот во објава на платформата Икс. Оваа недела, Зеленски предизвика возбуда со закон со кој ефикасно се укина независноста на две антикорупциски агенции, ставајќи ги директно под покровителство на главниот обвинител, кој е дел од ...
Вчеравечер спроти кружниот тек кај хотелот „Континентал“ во Скопје е вратен познатиот споменик на Андон Лазов Јанев – Ќосето. Градоначалничката Данела Арсовска на својот фејсбук профил објави дека после долго време го враќа споменикот којшо беше отстранет од пред судовите од ексградоначалникот Петре Шилегов. Со поставувањето на спомен обележјето во чест на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето, оддаваме признание за неговиот ...
Вкупно 51 пожар на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, од кои осум се активни, седум се под контрола и 36 се изгаснати. Како што утрово објави Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во: село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини каде што е зафатена нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација; во прилепското село Бешиште, место викано ...
Данела Арсовска: Една молба за сите вас кои сте паметни и самосвесни граѓани, врз кои сендвичите од штаб немаат влијание на слободната мисла, да им објасните на овие Борковите бот спасители. Јас ја донесов Европската младинска олимпијада 2025 во Скопје, но не ја организирав, кога требаше да се отпочне не исклучија и ја организираа МОК и Борко Ристовски Исто ја донесов и титулата Европска претстолнина на културата 2028, која исто така нема да ја ...
Израелската армија денес објави дневен прекин на огнот во одредени области во Газа и создавање безбедни хуманитарни коридори за конвоите на ОН и невладините организации за справување со гладот поради влошената хуманитарна криза. Овој прекин на огнот ќе се спроведува од 10:00 до 20:00 часот по локално време, почнувајќи од денес (недела), почнувајќи од областите Ал-Маваси (југ), Деир ал-Балах (центар) и Газа Сити (север), каде што нема да има ...
Камиони што превезуваат хуманитарна помош за Појасот Газа го преминаа денеска граничниот премин Рафах од Египет во палестинските територии. Големи камиони натоварени со бели вреќи како минуваат низ египетската страна на терминалот. Сепак, камионите не влегле директно преку палестинската страна на терминалот, што беше делумно уништен и затворен поради војната. Тие патувале неколку километри до израелскиот граничниот премин Керем Шалом, каде што ...
Данела Арсовска: Борко како министерство за спорт и Влада цела година ја организирате младинската олимпијада, милиони потрошивте, не дозволивте град Скопје никаде да биде вклучен и сега сакаш ние да сме виновни? Аман ова веќе ни во штаб не ви поминува, а не пак меѓу граѓаните. Сакавте со МОК да сте организациски одбор, нас не исклучивте целосно, да се фалите сами со олимпијада во Скопје. Градот ни знае што сте организирале, ни каде пари сте ...
Град Скопје помогна Македонија и Скопје да бидат домаќини на Европската младинска олимпијада 2025. Претседателот на Македонски олимписки комитет Даниел Димески веднаш потоа одлучи дека организацијата ќе ја води заедно со Министерството за спорт и настанот спротивно на стандадите скандалозно половина го однесе во Куманово, стои во демантот на Град Скопје, што МИА го пренесува интегрално. Цела година МОК и Министерството за спорт ја организираат ...
Оддадовме почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред 62 години главниот град го остави во урнатини, напиша Арсовска на социјалните мрежи. Скопје се сеќава на 26 јули 1963 година, ден кој засекогаш го промени ликот на градот, трагедија која одзеде над илјада животи. Никогаш да не се повтори! Овој ден е симбол на тага, но и одраз на човечноста и хуманоста во најтешките моменти. Во рамки на одбележувањето, вечерва во 20:00 часот во ...
Бранко Тричковски: Вие сте за Македонија тоа што Енола геј беше за Хирошима, шумски пожар кој триесет и пет години не престанува да гори и уништува сѐ пред себе, вие сте хероин помешан си гипс во дози кои го анестезираат Македонецот до нивото кога, всушност, е на границата кога му е подобро да умре отколку да прави деца за да го исполни својот патриотски долг. Деца кои ќе ги чуваат коските на Гоце Делчев и ќе се борат некој да донесе резолуција ...
Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) и Специјалното обвинителство за борба против корупцијата на Украина (САП) изјавија дека го поздравуваат новиот закон на Зеленски поднесен во четврток, со кој ќе се врати независноста на нивните канцеларии Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека го поништил контроверзниот закон што би ги поколебал антикорупциските тела поради протестите низ целата земја и ризикот од вознемирување ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли како ирелевантна одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон дека неговата земја ќе ја признае државата Палестина во септември. Она што го кажува е ирелевантно. Тој е добар човек, ми се допаѓа, но неговата изјава нема тежина, рече Трамп. Францускиот претседател Емануел Макрон вчера објави дека неговата земја ќе ја признае државата Палестина на Генералното собрание на Обединетите нации во ...
Скопје ја одбележува 62-годишнината од катастрофалниот земјотрес што се случи на утртешен ден, на 26 јули 1963 година кога животот го загубија 1.070 лица, а над 3.000 беа повредени. Земјотресот ја разурна скоро третина од тогашната македонска престолнина и остави повеќе од 200.000 луѓе без покрив над глава. Во чест и сеќавање на жртвите, вечерва во Музејот на град Скопје ќе биде отворена трајна изложба насловена „Скопје за време на земјотресот и ...
Масовен прекин на интернет-услугата „Старлинк“ на компанијата „СпејсИкс“ сериозно ја наруши комуникацијата на украинските воени сили во текот на ноќта, изјави висок украински командант. Интернет-сервисот „Старлинк“ не функционирал околу два и пол часа, а прекинот се случил долж целата фронтовска линија, објави командантот на украинските дронски сили, Роберт Бровди, на Телеграм. Тој првпат соопшти за проблемот околу 22:41 часот по локално време, ...
Бранко Тричковски: Силјановска: Спремна сум да појдам таму кај што градоначалниците не се од македонска етничка националност! Тричковски: Вашата одлука, почитувана претседателке, е израз на крајна храброст, да се влезе на теренот кој не го управуваат лудите Македонци од расата на вмронитите, само храбро претседателке, не плашете се, не бојте се, и да погинете, колку можете ќе се спасите, стискаме ви палци, само напред, за Македонија на ...
Јована Тренчевска: Еве ја вистината за сите неинформирани ама критичари без факти! Очигледно во мода е да се критикува, навредува, деградира и плука без да се каже или знае вистината! А вистината е: Од 2022 до мај 2024 до кога ја извршував функцијата министерка за труд и социјална политика, според Методологијата која ја донесе Владата на СДСМ во февруари 2022 година, пензиите се усогласија/покачија за 29,7%. Ниту едно покачување во апсолутен ...
Најновите информации од Центарот за управување со кризи покажуваат дека до 13 часот на територија на државата активни се шест пожари, а четири се ставени под контрола. ЦУК информира дека евидентирани се вкупно 14 пожари. Активни се пожарите на планината Готен кај селото Нивичино, потоа кај селото Бешиште во општина Прилеп, кај селото Црешнево во општина Македонски Брод и меѓу селата Драгоево и Селце во општина Штип. Остануваат активни и пожарите ...
Бројот на новинари кои загинале во Појасот Газа од почетокот на војната во 2023 година достигна 232, соопшти денеска Канцеларијата за медиуми на владата на Газа. Најновата жртва е фоторепортерот Адам Абу Харбид, соопшти Канцеларијата, додавајќи дека „најостро го осудува систематското убиство и целното насочување кон палестинските новинари од страна на израелските окупаторски сили“. Во објавата на платформата Телеграм, Канцеларијата апелира до ...
Пожарот што избувна во општината Прозор-Рама во Централна Босна и понатаму е активен, а во неговото гаснење утрово се вклучи и хеликоптер на вооружените сили на БиХ, јави телевизијата БХРТ. Властите синоќа побарале и меѓународна помош за гасење на пожарот од воздух. Пожарот зафатил густа иглолисна шума и брзо се шири, соопшти Оперативниот центар за цивилна заштита на Херцеговачко-Неретванскиот кантон. Според утринскиот биланс, хеликоптерот до 8 ...
ВМРО-ДПМНЕ не испорача никакви резултати, единствено што прави е креирање конфликти, поларизирање и правење поделби во општеството, а не прави ништо за подобар живот на граѓаните, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, во интервју за „Вести плус“ на Канал 5 телевизија. Гледаме како она што го прави, односно не го прави ВМРО-ДПМНЕ се одразува на животниот стандард на граѓаните, тој е за 20% намален во однос на ...
Мери Георгиевска: Да беше Мицковски робот, немаше да ги праша изгорените родители: “Како сте?” Кога изгореа 63 деца во Кочани, за нив умре Светот, а за премиерот на Северна, Мицковски, умре делче од Вистината. Професионалните престапници одлично знаат дека за да се започне војна, прво треба да се убие Вистината. По можност цела и без остаток. И бесповратно. Вистината е КОЧАНИ, сите ние до еден и МАКЕДОНИЈА. Вистината во Македонија се претвори во ...
Кумановец со „фолксваген пасат“ удрил во двајца малолетни велосипедисти додека се подготвувале за денешната велосипедска трка која се одржува во рамкиите на европските младински олимписки игри, информираше денеска СВР Куманово. Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцаta велосипедисти, констатирани во општа болница Куманово. – Вчера во 12: 09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на ...
Вкупно 27 пожари се евидентирани во земјава од кои пет активни и четири под контрола, а 18 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид (мешана шума), Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин ...
Третата рунда разговори меѓу Русија и Украина заврши, а состанокот траеше околу еден час. Разговорите се одржаа во Истанбул. Украина и Русија се согласија за нова размена на затвореници за време на последната рунда мировни разговори во Истанбул, објавија руските државни медиуми. Размената ќе вклучува и воени затвореници и цивили. Кијив ѝ понуди на Москва самит на лидери со цел да се стави крај на војната до крајот на август. Шефот на украинската ...
Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен побара објаснувања од украинскиот претседател Володимир Зеленски, по донесувањето на законот за антикорупциски структури што предизвика бран протести во Украина. Урсула фон дер Лајен „изрази сериозна загриженост поради последиците“ од законот, кој ја укинува независноста на антикорупциските тела, и „побара објаснувања од украинската влада“, изјави денеска неименуван портпарол на ...
Шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и Грција, Тимчо Муцунски и Јоргос Герапетритис по денешната средба во Атина порачаа дека двете земји имаат силна соработка во повеќе области и изразија подготвеност таа дополнително да се продлабочи. На средбата е заклучено дека почитувањето на меѓународното јавно право останува императив за двете страни, а билатералните односи меѓу Северна Македонија и Грција, како и досега, ќе се засноваат на ...
Просечната исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 45 796 денари што е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Како што информира ДЗС, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 23.9 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и ...