
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Најмалку 76 лица, меѓу кои и деца, загинаа во западен Авганистан кога патнички автобус што превезувал репатрирани мигранти од Иран се судри со камион и мотоцикл, јавија државните медиуми. По силниот удар, автобусот се запалил. Несреќата се случила доцна синоќа на автопатот Херат–Ислам Кала во провинцијата Херат. Локалните привремени талибански власти потврдија дека загинале 76 патници, а тројца повредени се пренесени во локални болници. Според ...
Со оглед на бројот на возила и намалениот број на вработени во Затворска полиција, КПУ Затвор Скопје постапува и ќе постапува согласно своите можности и капацитети, вели директорот на затворот Бобан Утковски, по реакцијата од Основниот кривичен суд Скопје за одложените рочишта поради неспроведување на притворени лица. Утковски информира дека на 18 август биле планирани 12 спроводи, од кои биле реализирани 8, а на 19 август од планирани 19 биле ...
На територијата на државава до 12 часот регистрирани се вкупно три пожари на отворен простор. Во моментов активен е еден пожар, а другите два се целосно изгаснати, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи. Активниот е во „Јасен“ во општина Македонски Брод, каде гори мешана шума. Едниот изгаснат пожар бил на територија на општина Битола, во подрачјето на село Српци, каде била опожарена ниска вегетација. Другиот пожар избувнал на ...
Хамас се согласи на 60-дневен предлог за прекин на огнот со Израел, кој вклучува враќање на половина од заложниците држени во Газа и ослободување на некои палестински затвореници од страна на Израел, изјави во понеделник египетски официјален извор, пренесува Ројтерс. Високиот функционер на Хамас, Басем Наим, го потврди одобрувањето од групата на Фејсбук. Хамас соопшти дека и други палестински фракции ги информирале медијаторите за нивното ...
Амбасадорот на Европската Унија во Белград, Андреас фон Бекерат, повика на темелна истрага за секое сомневање за прекумерна употреба на сила од страна на полицијата врз демонстрантите во Србија, по вчерашната средба со претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ. Средбата се одржа во време на обновени антивладини протести во Белград и други градови во Србија, кои се интензивираа од почетокот на август. Протестите ескалираа по вербални и ...
Полициската управа на градот Њујорк издаде предупредување до граѓаните да ја избегнуваат областа на Тајмс Сквер поради „активна полициска истрага“. Во соопштение објавено на социјалната мрежа X, делот од Седмата авенија помеѓу 42-ра и 44-та улица, вклучувајќи го и аголот на 43-та улица, каде што се наоѓа деловната зграда на Тајмс Сквер број 3, е затворен. На работниците во таа зграда им е наредено да се оддалечат од прозорците, додека многумина ...
Голем шумски пожар избувна ноќеска на хрватскиот остров Брач, а противпожарните сили и денеска се борат со огнената стихија, јави Хрватската радиотелевизија (ХРТ). Околу полноќ, пожарникарите добиле пријава за пожар во густа борова шума кај селото Ново Село. На терен се распоредени 43 пожарникари со 15 противпожарни возила, а утрово во гаснењето се вклучи и авион „Канадер“. Досега изгореле околу седум хектари борова шума и ниска вегетација. ...
На телевизија, на радио, во весник и на сите 257 портали пријавени во ДИК, секојдневно ќе прочитате нешто за авантурите на премиерот, кој неуморно е посветен на сите проблеми со кои се справува Македонија. Срѓан Ивановиќ Дали се сеќавате на приказната од осмолетка, онаа за децата што ја гледале закачената на ѕид фотографија од Јосип Броз Тито, доживотниот претседател на Југославија? Кога првото дете рекло Тито мене ме гледа, а истото го рекло и ...
Најмалку осум цивили беа убиени, а 35 повредени во руските напади низ Украина во текот на изминатите 24 часа, пренесува Кијив Индепендент. Нападите се случија неколку часа пред средбата на претседателот Володимир Зеленски со американскиот претседател Доналд Трамп и неколку дена по самитот на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска. Според украинските воздухопловни сили , руските сили преку ноќ лансирале 140 борбени дронови од ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека пристигнал во Вашингтон, каде што треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека сака да ја заврши војната брзо, но со траен мир. Сите имаме длабока желба брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна. А мирот мора да биде траен“, напиша Зеленски на социјалната мрежа X. Тој треба да се сретне со американскиот претседател подоцна денес, во присуство на европски ...
Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош во јужниот дел на Газа, објави Медицинскиот комплекс Насер, јавува Ал Џезира. Од основањето на станиците за помош на Фондацијата за хуманитарна помош во Газа (GHF) кон крајот на мај, најмалку 1.924 лица се убиени, а повеќе од 14.288 се повредени, покажуваат податоците на палестинското Министерство за здравство во Газа. Палестинското министерство претходно ...
Европски лидери, вклучувајќи го францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, ќе се придружат утре на украинскиот претседател Володимир Зеленски на неговата клучна средба во Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп, јави ДПА, пренесе МИА. На разговорите во Вашингтон ќе присуствуваат и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и финскиот претседател Александар Стуб. Исто така, присуство ...
По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Како што информира Армијата, претходно, во 18.00 часот, ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со еден плотун. Почесната артилериска стрелба ќе ја изведе единица на артилерискиот баталјон на Армијата -Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на ...
„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие се резултат и на завчерашните и вчерашните брутални интервенции на српската полиција посебно во градот Ваљево кога две групи полицајци буквално се изживуваа колективно тепајќи две млади момчиња на под полнолетна возраст, чин кој испровоцира дополнителни протести како во Ваљево така и во цела Србија. Протестите што пред половина година ги покрена студентите во ...
Европските лидери утре попладне ќе одржат консултации за претстојната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон и за резултатите од Самитот на американскиот и рускиот претседател во Алјаска во петокот. Во 15 часот таканаречената „Коалиција на подготвените“, алијанса од околу 30 земји што ја поддржуваат Украина, предводена од Велика Британија и Франција, ќе одржи видеоконференција, соопшти Елисејската палата во Париз. ...
Се навршија пет месеци од најтешкиот ден во нашите животи. Пет месеци празнина во срцето, пет месеци во кои секој здив е потежок од претходниот. Точно на пет месеци од трагедијата во која од пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 62 млади и околу 200 беа повредени, се одржа 18-тиот „Марш на ангелите“. Протест почна со изјава на Розета Џамова, сестра на Јорданчо Џамов, починат во „Пулс“ на 16 март. Се навршија пет месеци од ...
Собранието денеска во рамки на 66. седница не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да се регулира колкав процент потписи од вкупниот број избирачи запишани во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ) треба да соберат независните кандидати за учество на локалните избори. Предлог измените и дополнувањата добија поддршка од мнозинството пратеници, но со оглед дека санува збор за решение кое се ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделник ќе отпатува за Вашингтон на разговори со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Зеленски на Телеграм по денешниот телефонски разговор со Трамп, јави ДПА. Зеленски рече дека претходно телчефонски разговарал со Трамп повеќе од час и половина, откако американскиот претседател синоќа се сретна со рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска. Во понеделник ќе разговараме за сите детали во ...
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека за време на синоќешните протести низ Србија во кои, како што вели, имало драстично нарушување на јавниот ред и мир и брутален напад врз полицијата, според досегашните податоци, повредени се шестмина припадници на полицијата, пишува Телеграф. Шест полицајци се повредени, според информациите што ги имаме во моментов, а 38 лица се приведени. Секој можеше да види во преносот во живо ...
Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата. Студентски но и граѓански протести против режимот на српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата Српска народна странка, неговата децениски владејачка партија. Граѓаните и студентите ги обвинуваат за корупција и бараат вонредни избори. Најгусто и најжестоко е пред белградскиот правен факултет. Студентите и граѓаните се спротивставија на полицијата. Студенти, граѓани, возрасни, млади, ...
Нови протести се одржуваат низ Србија и вечерва, на повик на студентите во блокада. Во Белград голем број граѓани се собраа на протест пред Владата на Србија, а поддржувачи на Српската напредна странка (СНС) се собраа во блиските партиски простории. Протести има и во околу 20-на градови низ државата. Во најголем број од тие градови е распоредена жандармеријата во обид да спречи насилства. Претседателот на државата Александар Вучиќ вечерва изјави ...
Претседателите на Русија – Владимир Путин и на САД – Доналд Трамп, се ракуваа пред медиумите и заедно прошетаа по црвениот тепих поставен за нив на пистата на воената база Елмендорф-Ричардсон, што беше емитувано во живо од прес-службата на Белата куќа. Двајцата заедно се качија во црн кадилак. Путин на преговорите ќе биде придружуван од неговиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот советник за надворешна политика Јуриј Уштаков. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој не присуствува на американско-рускиот самит во Алјаска, изјави дека очекува извештај од разузнавачките служби за содржината на разговорите. „Денеска очекувам извештај од нашите разузнавачки служби за моменталните намери на руската страна и подготовките за средбата во Алјаска“, напиша Зеленски на Телеграм. Тој истакна дека главната цел е разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и ...
ЈОРСМ попладнево информира дека со оглед на јавната реакција на Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) која објави кандидатура за градоначалник на Центар и добила покана за распит по приватна кривична пријава, надлежната јавна обвинителка телефонски ја контактирала Ивановска и и дала можност доколку сака и доколку исказот во јавното обвинителство го чувствува како некаква форма на ...
Државната комисија за спречување на корупцијата на 21. седница ја избра Цвета Ристовска за заменик претседател. Ристовска ја презема функцијата од Билјана Каракашова Шулев на 21 август и ќе има мандат од шест месеци. Заменик претседателот на ДКСК се избира по принципот на ротација по азбучен ред на период од шест месеци. ДКСК е без претседател откако сега веќе поранешната претседателка Татјана Димитровска поднесе оставка по обвинувањата на ...
Во државава изминатите 24 часа евидентирани се вкупно 29 пожари на отворен простор. Два сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, информираат утрово од Центарот за управување со кризи до 6:30 часот утрово. Активни се пожарите во општините Македонски Брод и Јегуновце. Во „Јасен“ гори мешана шума, а помеѓу селата Рогачево и Јажинце опожарени се пасишта. Под контрола е ставен пожарот во регионот на селата Девич и ...
Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“ се собираат во центарот на градот но и пред седиштата на партијата на претседателот Вучиќ, Српска напредна странка чии членови ги провоцираат демонстрантите со навреди и па и со фрлање водени шишиња кон нив. Српската телевизија Н1 постојано врши директни вклучувана на своите репортери од теренот, практично директен пренос од повеќе ...
Жаре Стеваноски: Не знам дали ДИК и ДКСК ги следеа вечерните вести на Сител ТВ, но топло им препорачувам да ги видат, затоа што во вестите имаше гостин Градоначалник кој по однос на можноста за именување/разрешување на директор на училиште и училишен одбор по распишување на изборите им покажа среден прст, т.е дека законот за него не важи. ДКСК ќе го разгледува овој случај, но поради одлуката, изборот на претседател на ДКСК да се одложи по ...
Нашата пливачка легенда Томи Стефановски и оваа година, по втор пат, пливаше 16 километри со хуманитарна цел – за поголема инклузија и еднакви можности во спортот. Со секој испливан километар, Томи ја носеше пораката за заедништво и сплотеност – инспирација за сите нас да го поддржиме спортот како место каде секој добива можности. Денес, околу 12:30 часот, на охридското пристаниште, тој беше пречекан со големи аплаузи и почит. Неговиот подвиг ...
Фотографии на социјалните мрежи на кои се гледа како еден автомобил, возејќи по автопат во околината на Крива Паланка, влече куче врзано за возилото ги вознемирија граѓаните. По реакција на МВР и Агенцијата за храна и ветеринарство, кучето е пронајдено, одземено и згрижено. Од Противпожарната единица на Крива Паланка велат дека добиле дојава дека кучето е фрлено во коритото на Крива Река. Со тим од 2 пожарникари тие го извлекле и предале на ...