Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија денеска од 06.00 до 13.00 часот, се корисниците од населбата Белви, како и објектите на мотел Белви и Чеза Комерц во општина Илинден , соопшти РЦУК Скопје. Струја од 09.00 до 13.00 часот, ќе немаат и дел од корисниците што се напојуваат од ТС Инџиково 2 во општина Гази Баба. Поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без ...
Поради изведување на водоводен приклучок на стара мрежа на нова мрежа, без вода од 08:30 часот ќе бидат корисниците од улицата „Џон Кенеди“, а намален притоск ќе има во дел од населбата Топанско Поле, инфирнмира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. Поради изведување на водоводен приклучок на стара мрежа на нова мрежа, без вода од 08:30 часот ќе бидат корисниците од ...
Едно лице е во притвор и ќе одговара за продажба на над 300 килограми марихуана, заедно со уште три лица за кои се води постапка во Грција. Како што информираат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесена е кривична пријава од Министерството за внатрешни работи и покрената е постапка за едно лице кое е осомничено за кривично дело, неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, ...
Претставници на Агенцијата за филм беа во работна посета на студиото за анимација „Тун Моушн студиос“ за време на процесот на анимирање на филмот „Лефти и Рајти си најдоа дом“. Како што се наведува во соопштението на продукцијата „Занимација“, директорот на Агенцијата за филм, Сашко Потер Мицевски, за време на посетата истакнал дека институцијата покажува особен интерес кон овој проект и има за цел да ја покаже континуираната поддршка на ...
Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавија сончево време со мала до умерена локална облачност. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, најавено е сончево време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Се очекува минималната температура да се спушти до 16, а ...
Откако едно лице од вчера е во притвор и ќе одговара за продажба на над 300 килограми марихуана, заедно со уште три лица за кои се води постапка во Грција, со реакција се јави СДСМ. Повторно рута што минува низ Македонија. Додека Обвинителството објавува нови случаи на шверц на марихуана од Македонија преку Бугарија кон Грција, јавноста сè уште чека одговор како 5 тони поминале граница, покрај царина, покрај полиција, покрај Safe City. ...
Германски град во близина на белгиската граница им препорача на жителите да се евакуираат, бидејќи голем шумски пожар во Белгија се шири кон Германија. Според соопштението на властите во градот Моншау, пожарот моментално е на 1,5 км од германската граница и на 1,8 км од најблиската населено место. Пожарот, што уништи речиси 3.000 хектари шумска област, е еден од најголемите во историјата на Белгија. Иако не се очекува пламените јазици да ...
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, јавно заговара убивање 30 до 40 луѓе во Газа секој ден. Тој тоа го изјави во подкаст-разговор со Ром Браславски, поранешен заробеник во Газа. Двајцата разговараа за опоравувањето на Израел по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Бен-Гвир критикуваше и намален интензитет на нападите ...
Околу 5.000 луѓе се раселени по силниот земјотрес во Индонезија, во кој загинаа најмалку 53 лица, пишува Би-Би-Си. Спасувачите продолжуваат со потрагата по преживеани по плиткиот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени, кој го погоди островот Флорес во саботата, непосредно пред пет часот по локално време. Прелиминарните податоци покажуваат дека повеќе од 900 куќи и стотици други згради се сериозно оштетени во земјотресот и 341 последователни ...
Центарот за управување со кризи попладнево информира дека до 18 часот на ниво на државата се регистрирани 14 пожари на отворен простор од кои пет се активни, а три се под контрола. Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер во општина Студеничани, кај месноста викана Видуш во општина Македонски Брод, кај селото С’лп, м.в. Горно Село во Општина Велес, со проширување кон с. Карабуњиште и селата Добрино и ...
Семејство од Белград, Србија, е повредено во сообраќајка на патот Битола- Прилеп. Станува збор за сопружници и малолетно дете. Овој патен правец е со посебен режим на сообраќај, поради градежните работи на автопатот Битола-Прилеп. Според СВР Битола ” На 15.08.2026 во 17.09 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп кај место викано “Петилеп” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘бмв” со српски ...
Комисијата за култура на СДСМ најостро реагира на секој обид за гасење, обезличување или институционално слабеење на „Вардар филм“ и „Струшките вечери на поезијата“ ,институции кои се дел од темелите на македонската културна меморија. Ова не е реформа. Ова е продолжение на политиката на Зоран Љутков, кој како министер за култура и туризам остави зад себе институционален хаос, запоставување на културното наследство и системско слабеење на ...
Билтенот на Министерството за внатрешни работи е полн со пријави за семејно насилство. Најголем дел од записите се за напади врз брачниот партнер, најчесто врз понежната половина, но има пријави и за напад врз сопствената мајка… Еден таков случај е регистриран во Делчево, каде веќе е поднесена пријава против сторителот, кој физички ја нападнал неговата мајка. – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична ...
НУМ „Струшки вечери на поезијата“ – Струга преку социјалните мрежи излезе со соопштение во кое го демантира поранешниот министер за култура Зоран Љутков дека имало предлог за укинување на Националната установа Струшки вечери на поезијата. Кој ги деградира Струшките вечери на поезијата? Објавата ја пренесуваме во целост: „Во врска со изјавите во медиумите на поранешниот министер за култура Зоран Љутков и сегашен национален координатор за ...
Иран нуди награда од 30.000 долари за заробување или убиство на американски војник, изјави денеска командантот на иранската армија, генерал-мајор Амир Хатами. Тој рече дека ќе бидат исплатени 30.000 долари за заробување или убиство на секој американски војник, јавија техеранските медиуми. САД ја означија Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), која официјално е дел од вооружените сили на Исламската Република, како терористичка организација. ...
СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата небезбедна за пиење. Од СДСМ посочуваат дека во водата од јавната чешма со кисела вода во Кривогаштани биле утврдени Escherichia coli, интестинални ентерококи, Pseudomonas aeruginosa, како и зголемен број колиформни бактерии. ...
Скендал и бран реакции во јавноста предизвикаа фотографиите и видеата од потопената црква „Св. Никола“ во Маврово, на кои се гледа како група туристи се качуваат директно на објектот облечени во костими за капење, третирајќи го верскиот и културен споменик како реквизит за забава. Граѓаните и локалното население преку социјалните мрежи упатија јавен апел до Општина Маврово и Ростуше, Националниот парк, МВР и Комуналната инспекција, барајќи ...
Љубљана – Словенечката театарска, филмска и телевизиска легенда Милена Жупанчич почина вчера на 79-годишна возраст, објави Словенечката радио-телевизија. Жупанчич одигра повеќе од 120 театарски и 80 филмски и телевизиски улоги во текот на својата петдецениска кариера. Откако првично стана позната по своите улоги како темпераментни и наивни заводнички, подоцна играше голем број емоционално сложени женски ликови. Таа беше една од најпознатите ...
Иранскиот парламент денеска го поддржа нацрт-законот за криминализирање на интервјуа и другите форми на комуникација со медиуми што се сметаат за непријателски настроени кон Техеран. Пред да стапат во сила, новите текстови мора да бидат разгледани и од Советот на чувари – еден од најмоќните и највлијателните државни органи. Предлог-законот предвидува казни од шест месеци до две години затвор за интервју или вклучување во дискусии со ...
Лондонската полиција се извини откако случајно ги откри е-поштенските адреси на 143 лица кои пријавиле сексуална злоупотреба на Мохамед Ал Фајед, поранешниот сопственик на Хародс, велејќи дека грешката се должи на човечка грешка. Полицијата соопшти дека како дел од својата месечна кампања за известување на жртвите, е-поштата била испратена на адресите на 143 приматели кои биле видливи за другите корисници, наместо скриени, и дека пораката ја ...
Дојранчани и бројни туристи од земјата и регионот почувствуваа синоќа „километри љубов“ на концертот на Лозано во Градскиот парк, во Стар Дојран, како што е насловен неговиот хит „Километри“. Скромното момче од Кичево, кое почна во талент шоуто „Мак ѕвезди“ во 2007, заслужено стана една од најголемите наши поп-ѕвезди, градејќи ја кариерата постепено, со добриот глас и добрите песни. На концертот за кој влезот беше слободен, го докажа овој ...
Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и од градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска изврши увид во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекална канализација во Идризово. Со проектот е предвидена изградба на нова мрежа за фекална канализација во должина од 1.478 метри. Вредноста на договорот изнесува околу 50 милиони денари, а ...
Како обид за манипулација со јавноста со окарактеризира Министерството за образование тврдењето на СДСМ дека а инспекциските надзори се користат за политички пресметки и разрешување на неподобни училишни директори. „Структурата на Државниот просветен инспекторат е идентична како во времето кога тие управуваа со институцијата, но тогаш не ги спомнуваа имињата на истите инспектори кои денес се обидуваат да ги оцрнат. Основна законска ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави засилена градежна активност, најавувајќи изградба на шест автопатски делници низ државата во претстојниот период. Рече дека во Македонија денес на повеќе од 1.200 места се гради и оти за Владата тоа е многу значајано затоа што се ангажира домашната оператива, што е сериозен индикатор за подобра економска актовност, а воедно се решаваат и децениски проблеми и им се обезбедува поквалитетен живот на граѓаните. ...
Денеска од претпладневните часови се одвива спасувачка акција на едно повредено лице во НП Пелистер во близина на Мало Езеро. Лицето е лоцирано и според потврдени информации веќе му е укажана прва помош. Директорот на НП Пелистер Иванчо Тошевски даде изјава за „Независен“ околу акцијата. “Во тек е спасувачка акција на повредено лице на Пелистер во близина на Мало езеро. Лицето е лоцирано и веќе му е укажана прва помош. Во координација со ...
ДУИ реагира на изјавата на министерката за образование, Весна Јаневска, околу законите за образованието што се блокирани во Собрание, оценувајќи дека таа претставува директен напад врз еден од столбовите на Охридскиот договор. -Јаневска го нарекува Бадентер „алатка“. Бара тој да не се применува таму каде што таа и Владата сметаат дека „не треба“.Уставот не ѝ дава такво право. Амандманот X бара двојно мнозинство за законите што го засегаат ...
Состојбата со пожарите на отворен простор во текот на вчерашниот ден била исклучително тешка, со вкупно 29 регистрирани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Од нив, 22 биле целосно изгаснати благодарение на брзата реакција и ангажманот на локалните пожарникари, еден пожар е ставен под контрола, а шест и натаму се активни. Кај Македонски Брод, во атарот на селото Драгов Дол, денеска се применува ...
Јованче Манасков од Комисија за образование на СДСМ обвини дека министерката за образование спроведува хајка на партиска основа и дека отпушта наставници во училиштата. -Министерката Весна Јаневска ја спроведува своја „образовна програма” – ги злоупотребува образовните институции за политичка пресeметка од најдолен вид.Наместо фокус на подобро образование – ВМРО и Јаневска создадоа хаос во образованието, се отпуштаат наставници и се затвораат ...
Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките од СДСМ во врска со состојбата со водата во Гостивар, оценувајќи дека нападите се дел од политичката стратегија на опозициската партија. Мицкоски рече дека СДСМ има демократско право да ја избере својата политичка стратегија, но забележа дека не посочува одговорност кај градоначалникот на Гостивар. „Зачуден сум зошто првоповиканиот во случајот, а тоа е градоначалникот на Општина Гостивар, ...
Одбележувањето на 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор повторно го отвори прашањето дали во текот на вооружениот конфликт во 2001 година постоел план за етничка поделба на Македонија и колку далеку стигнале разговорите за него, анализира „Цивил“. Темата ја отворија лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски на панел-дискусијата организирана од ДУИ на 13 август во Скопје, по повод 25 години ...