Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, изјави денеска дека меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран е „мошне општ документ“ и оти деталите за конечниот договор ќе бидат усогласени во текот на натамошните преговори. „Меморандумот за разбирање има околу една и пол страница и е многу општ документ“, изјави Венс во разговор за „Си-Ен-Ен“. Тој додаде дека за повеќе прашања ќе биде потребно решение да се бара во фазата на техничките преговори. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави на Меѓувладината конференција на Европската Унија дека заедно со американскиот претседател Доналд Трамп му предложиле на рускиот лидер Владимир Путин да одржат средба во САД. – Му предлагавме на Путин да се сретнеме каде било, доколку тоа овозможи донесување реални одлуки за прекин на војната – изјави Зеленски пред заминувањето на самитот на Г-7 во Франција. Според него, Путин досега одбивал ...
Репрезентациите на Иран и Нов Зеланд одиграа нерешено 2:2 на натпреварот од Светското првенство во Лос Анџелес, кој го одбележаа големи тензии и протести против иранските власти пред стадионот. Нов Зеланд водеше двапати, но двата пати Иран успеа да се врати и да освои бод. Иран најпрвин се закани во шестата минута преку Арија Јусефи, чиј удар голманот го одбрани. Казната дојде веднаш во следниот напад, кога Нов Зеланд поведе. Крис Вуд одлично ...
Првиот натпревар од групата Г одигран синоќа во Сиетл меѓу Белгија и Египет заврши без победник 1:1. Неочекувано репрезентацијата од Африка поведе, додека Белгија успеа да изедначи во вториот дел. Египет поведе по асистенцијата на капитенот Мохамед Салах, а Емам Ашур го совлада Тибо Куртоа во 19.минута за водство на „фараоните“. Со овој резултат заврши првиот дел, а нешто поквалитетно се играше во вториот дел. Египет пропушти да зголеми преку ...
Украина и Молдавија ги започнаа своите преговори за пристапување во ЕУ во Луксембург во понеделникот со отворање на првиот и најважен преговарачки кластер, нешто на што поранешната унгарска влада на премиерот Виктор Орбан долго време се спротивставуваше. „Ниту една земја не постигнала таков напредок во процесот на пристапување, а во исто време се бори против најбруталните руски злосторства на нејзина територија“, изјави на прес-конференција ...
Шпанија ја започна својата кампања на Светското првенство со резултат што малкумина го очекуваа. Ремито без голови против дебитантот Зеленортските Острови во понеделник беше обележано со фантастичен настап на 40-годишниот голман Возиња, кој беше клучен во обезбедувањето на историски бод. Голманот кој ја запре шпанската репрезентација е Хосимар Хозе Евора Дијас, и тој веќе има статус на фудбалски идол во својата татковина. Тој го прослави ...
Властите на Конго пријавија едно од најголемите дневни зголемувања на бројот на заразени со ебола, еден месец откако оваа смртоносна болест почна да се шири во централноафриканската земја. Вирусот се шири многу брзо во оддалечен регион каде што населението често се движи, што го отежнува откривањето на заразените. Министерството за здравство вчера соопшти дека во последните 24 часа се откриени 72 нови случаи на заразени со ебола, со што ...
Советот на гувернери на Европската инвестициска банка (ЕИБ), кој го сочинуваат министрите за финансии на државите членки на Европската Унија, ја поддржа новата стратегија на Групацијата ЕИБ насочена кон поголемо финансирање на проекти во областа на енергетската самостојност, технолошките иновации, безбедноста и одбраната. ЕИБ соопшти дека е на пат годинава да го задржи рекордното ниво на финансирање од 100 милијарди евра, како и да ја ...
На територијата на државата до 20:00 часот денеска се евидентирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а 11 се целосно изгаснати. Како што соопштваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активен пожар има во општина Бутел и во Визбегово каде гори депонија, додека пак пожарот на градската депонија во Демир Хисар е ставен под контрола. Изгаснати се 11 пожари на различни локации во ...
Унгарскиот парламент го одобри уставниот амандман со кој на премиерите им се овозможува да ја извршуваат функцијата најмногу осум години, со што на поранешниот премиер Виктор Орбан практично му се забранува повторно да ја извршува функцијата. Премиерот Петер Маџар го собори Орбан на изборите во април по 16 години на власт, освојувајќи двотретинско мнозинство во парламентот што ѝ дозволува на неговата партија да ги поништи или менува законите ...
OpenAI, компанијата зад ChatGPT, ќе отвори канцеларија во шпанската престолнина како дел од својата стратегија за проширување во Европа и со цел продлабочување на соработката со компании, програмери и институции во земјата. Канцеларијата ќе започне со работа подоцна оваа година. Бројот на неделни активни корисници на ChatGPT во Шпанија се зголеми за повеќе од 40% во споредба со претходната година, според локалните извештаи, ставајќи ја ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека потпретседателот Џеј Ди Венс ќе отпатува за Швајцарија на официјалното потпишување на договорот меѓу САД и Иран. Трамп ова го соопшти пред новинарите на маргините на самитот на Г7 на Женевското Езеро, за време на разговорот со францускиот претседател Емануел Макрон. Трамп не кажа дали самиот тој ќе има каква било улога во церемонијата на потпишување. Договорот веќе е дигитално ...
Веднаш по пријавата за пожар на две службени возила сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје денеска во 12:13 часот, СВР Скопје презеде интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот. Во рамки на преземените активности, во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомнение дека го сторило делото, информира МВР. Станува збор за И.Д. (44) од Скопје, ...
Шеесетиседмо рангираната селекција во светот, репрезентацијата на Зеленортските Острови остана непоразена во дуелот против второрангираната Шпанија која е еден од главните фаворити на Светското фудбалско првенство. Ова е до сега најголемата сензација на Мундијалот што се игра во САД, Мексико и Канада. Фудбалските репрезентации на Шпанија и Зеленортските Острови одиграа нерешено без голови во првото коло од Групата Х на Светското првенство. ...
Полицијата во Струга соопшти дека до нив било пријавено дека кај „Машка плажа“ во водите Охридското Езеро било забележано безживотно машко тело. Телото веднаш било пренесено во Општата болница во Струга, каде доктор од болницата констатирал смрт без траги на насилство. Како што сооошти СВР – Охрид, утврдено е дека се работи за С.С.(20) од струшкото село Октиси. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот и околностите поради кои ...
По бунтот на англиското благородништво против неговото владеење, кралот Џон го става својот кралски печат на Магна Карта, или „Големата повелба“, на 15 јуни 1215 година. Документот, во суштина мировен договор меѓу Џон и неговите барони, гарантирал дека кралот ќе ги почитува феудалните права и привилегии, ќе ја поддржува слободата на црквата и ќе ги одржува националните закони. Иако во свое време повеќе бил реакционерен отколку прогресивен ...
Министерството за надворешни работи на Бугарија оцени дека денешното палење на два автомобили на бугарската амбасада во Скопје е „резултат на агресивен политички говор, поттикнување омраза и недостаток на соодветен одговор од страна на институциите во претходни слични значајни случаи, што создава чувство на неказнивост за сторителите. Потсетуваме дека по последниот напад со палење во Република Северна Македонија врз бугарскиот културен клуб ...
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за федерални, европски, меѓународни работи и медиуми на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински. „Соговорниците изразија задоволство од развојот на соработката на повеќе нивоа, со посебен акцент на економијата, инвестициите, внатрешните работи, образованието и културата. Во рамки на посетата, двајцата министри потпишаа нова Заедничка ...
Командантот на украинските беспилотни воздушни системи, Роберт Бровди, вети дека ќе го „изолира Крим“ во блиска иднина, а неговите подредени ги зголемуваат нападите врз федералниот автопат „Новоросија“ што води до полуостровот. Беспилотните летала со среден дострел се користат и за прекинување на снабдувањето со оружје, гориво и опрема за единиците на фронтовската линија. Според потврдените видео снимки, украинските вооружени сили извршиле ...
Дипломираниот архитектект на престижниот универзитет во Венеција, Тарик Семси, од турската етничка припадност, по потекло од село Коџаџик, Општина Центар Жупа, испиша историја, стана прв странец советник во Советот на Општина Венеција. Дваесет и осум годишниот Тарик, кој живее во Италија, обезбеди место во 36-члениот општински совет на локалните избори во овој италијански град, како кандидат на независната листа на кандидатот за ...
Фудбалската федерација на Тунис донесе одлука по само еден пораз на Светското првенство да го смени селекторот Сабри Ламуши. Тунис ноќеска загуби убедливо со 5:1 од Шведска, а високиот пораз беше причината за отказот. Ламуши е првиот селектор што доби отказ. Селекторот Ламуши беше само пет натпревари на клупата на Тунис, а ова за туниската репрезентација беше еден од најубедливите порази на големите натпреварувања. Набрзо ќе се знае кој ќе ...
Десничарски тинк-тенк со врски со поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан е суспендиран од базата на податоци на ЕУ за лобисти и кампањски групи, откако беше обвинет дека не открил финансиски информации, вклучително и изворите на финансирање. Во е-пошта испратена до групата од секретаријатот на Регистарот за транспарентност на ЕУ, која ја виде „Политико“, надзорниот орган потврди дека МЦЦ „Брисел“ е суспендиран од регистарот. Одлуката ...
Денеска во во битолската индустриска зона Жабени свечено беше отворена новата фабрика на „Брејнчајлд“ за производство на опрема за спортови на вода и ветер. Како што истакна истакна Ралф Гросел, сопственик на фабриката, овој погон ќе направи позитивна промена во животот на вработените, но и на економијата во целина. „Со отворањето на нашата фабрика ние бележиме уште една значајна пресвртница во нашата експанзија, да произведуваме опрема за ...
Новите членки на ЕУ ќе ги изгубат националните вета повеќе од 15 години според новите клаузули за „заштита“ во нивните договори за пристапување, изјави Марта Кос, комесарката за проширување, додека Украина и Молдавија официјално ги започнуваат преговорите за членство. Опишувајќи ја одлуката за отворање на првиот „кластер“ преговори за пристапување со двете земји како „мега понеделник“, Кос се чини дека ги поддржува предлозите, поддржани од ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) објави дека трговските бродови почнале да се движат низ Ормуската Теснина, а платформата „Морски сообраќај“ наведе дека бродовите уште се во мореузот. Трамп тврди дека бродовите се движат по „јужниот автопат“, кој, според него, е целосно безбеден и заштитен. Неговата објава е пред најавеното потпишување меморандум за разбирање помеѓу Техеран и ...
Не е тоа заслуга на владите на Украина и Молдавија што денеска го отвораат првиот кластер во преговорите со ЕУ, туку тоа било поради тоа што опозицијата во тие земји не работела против интересите на државата. Така денеска премиерот Христијан Мицкоски го релативизираше фактот дека Македонија останува поместена на уште еден перон настрана на патот кон ЕУ и за тоа ја обвини овдешната опозиција, а не фактот дека веќе четири години не можемае да ...
БИТОЛА – Ветувани уште од април, денеска конечно стигна веста и од премиерот Христијан Мицкоски дека субвенциите за тутунот ќе бидат исплатени. „Денеска ги исплаќаме субвенциите за тутунот, што се тековни“, рече Мицкоски за време на настанот во зоната „Жабени“ во Битола. Премиерот кажа дека 2 милијарди денари ќе легнат на сметките на тутунарите за предадената реколта тутун во 2025 година, како и тоа дека крајниот рок за исплата на ...
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, денеска објави дека три фирми блиски до власта добиле милионски тендери. На прес-конференцијата Фрчкоски соопшти: „Три од овие омилени фирми се издвојуваат: – ‘Ленди груп’, која добила 74 тендери во вредност од 17,6 милиони евра за период од две години. – ‘Пирамид билдинг солушнс’, со 51 тендери вредни 16 милиони евра. – ‘Мастеф’ со 93 тендери во вредност од 18 милиони евра“. Тој потоа рече ...
Претседателот Доналд Трамп во понеделник предупреди дека САД „нема да имаат друг избор“ освен да воведат царина од 100% на француските вина, освен ако Париз не го укине својот дигитален данок на американските технолошки гиганти. „Ги замолив да не им наплаќа на американските компании, а ако го сторат тоа, немам друг избор освен да ставам царина од 100% на целиот шампањ и целото вино што доаѓа од Франција“, изјави Трамп за Њујорк пост во ...
Бугарската агенција Бгнес објавува дека епознато лице запалило автомобили кај бугарската амбасада во центарот на Скопјe. Според првичните информации, напаѓачот го залил и запалил автомобил „Сузуки витара“, по што пожарот се проширил на втор автомобил паркиран во близина. По инцидентот, сторителот избегал и полицијата го бара. Просторот пред дипломатската мисија е блокиран. Засега нема дополнителни детали. Бугарската агенција Бгнес ...