Германскиот селектор Јулијан Нагелсман направи исклучок во пресрет на натпреварот против Курасао на Светското првенство во Хјустон (на кој Германија победи со 7:1) што тренерите обично не го прават. На прес-конференцијата, тој откри дел од почетната постава, но само откако застана за да му посака среќен роденден на човек што седеше меѓу новинарите. Станува збор за Хартмут Шерцер, легенда на германското спортско новинарство, кој го прослави ...

Европската унија денеска ќе го помести во следната фаза обидот на Украина за членство по долго одложување. Заедно со Украина министрите за надворешни работи на ЕУ ќе дадат зелено светло за почеток на преговорите по кластери со Молдавија. А се очекува да бидат привремено затворени уште две поглавја во преговорите со Црна Гора. Напредокот на Украина беше заглавен околу две години, бидејќи националистичкиот лидер на Унгарија, Виктор Орбан, ...

Од вечерва на полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати ќе се зголемат од 0,50 до 2 денари за литар, во зависност од видот на горивото, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. РКЕ во оваа пресметка ги вкалкулира референтните износи на акцизите за ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), со оглед на истекот на Одлуката за изменување на Одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период и начинот на ...

Австрија ги продолжи граничните контроли со соседните земји за уште три месеци, а Виена ќе спроведе гранична безбедност со адаптирани мерки во граничната област, изјави австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер. Тој истакна дека „граничната безбедност е реструктуирана и е пофлексибилна“. Наместо чисто селективни, стационарни гранични контроли, ние се потпираме на широки, флексибилни и ефикасни гранични контроли. Целта на новата ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави оти по постигнатиот договор меѓу САД и Иран и падот на цените на нафтата на светските берзи, очекува во моментот цените на бензините да се движат во рамките на половина денар или исти за дизел-горивата и од еден и пол до два денари зголемување кај бензините, при што тука треба да се има предвид дека сегашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика се базира на движењата од минатата недела, а ...

Денеска завршува првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од сопствените кориснички сметки на schools.mk, а потоа во училиштата во кои ќе конкурираат, ќе ја доставуваат потребната документација. Во јуни ќе има две електронски пријавувања на учениците. Првото почна на 12 јуни во ...

Во рамки на кампањата за вработување „Добра игра. Фер плеј“, Лидл Северна Македонија започнува со реализација на караван кој во текот на јуни ќе посети шест градови низ државата. Првата средба со заинтересираните кандидати ќе се одржи утре, 16 јуни, во 11.00 часот во „Штип Сити Мол“ во Штип. Преку караванот, заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се информираат за отворените работни позиции во логистичкиот центар на Lidl во Куманово, ...

Откако привлече повеќе од 1 милион посетители во 2025 година, проектот „Ноќни музеи“ и годинава, во периодот од 1 јуни до 1 октомври, ќе им овозможи на посетителите на Турција да посетат 20 музеи и археолошки локалитети во вечерните часови,. Овој проект има цел да го направи богатото културно наследство на земјата достапно и надвор од редовното работно време и да им понуди на посетителите уникатен начин да ги доживеат нејзините историски ...

Драмски театар Скопје првиот дел од сезоната во која ја прославува 80-годишнината од постоењето, ја заокружува со изведба на претставата „Чудесна терапија“ утре (вторник) во 21 часот на отворено во центарот на градот. Граѓаните и посетителите на главниот град претставата ќе може да ја гледаат бесплатно на локацијата на малиот амфитеатар во комплексот на спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“ во Скопје. „Чудесна терапија“ е ...

Во 2025 година, деловните субјекти изградиле 3.733 станови, чија просечна корисна површина е 75,2 м2, од кои 3.677 се во индивидуална сопственост, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најмногу се градело во Скопскиот регион. Изградени се вкупно 1.852 објекти со вкупна станбена површина од 280.644 м2, а вредноста на извршените градежни работи изнесува 44,5 милијарди денари. Индивидуалните сопственици, пак, извршиле градежни ...

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово во текот на вчерашниот ден интервенираше на четири пожари на различни локации во градот и околината. Една од интервенциите, како што информираат од регионалниот центар за управување со кризи е кај „Багрем бања“, простор кој граѓаните го посочуваат како критична точка за чести пожари и палење отпад. Пожарникарите од ТППЕ Куманово првата интервенција ја реализирале во периодот од 15:00 до ...

Во текот на седмицава ќе преовладува топло време. Утре ќе има локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места се очекува променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и услови за ретка појава на град, соопшти УХМР. Од четврток времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните ...

Фондот на пензиско и инвалидско осигурување потпиша Договор за редовна размена на давања и податоци за смртност со институциите за задолжително австриско пензиско осигурување односно Институцијата за пензиско осигурување (PVA), Службата за социјално осигурување на претприемачи (SVS) и Институцијата за осигурување на вработени во јавни служби, железници и рударска индустрија (BVAEB). Договорот, како што денеска информира ПИОМ, го потпишале ...

Црна Гора би можела да ја достигне последната фаза од преговорите за пристапување во ЕУ за време на ирското претседателство со Советот на Европската унија, под услов да продолжи да ги исполнува своите обврски и да ја задржи поддршката од институциите на ЕУ и земјите-членки, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос. Кос ги даде овие забелешки пред состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, каде што денес се ...

Тревникот на Белата куќа беше домаќин на првиот професионален спортски настан во историјата на претседателската резиденција, спектакл на УФЦ кој привлече илјадници гледачи, и покрај заканата од грмотевици што се надвиснуваше над Вашингтон во текот на целиот ден. Натпреварувањето започна по почетното одложување предизвикано од временските услови. Додека првите двајца борци одеа кон кафезот, молњите го пробија небото над Белата куќа. Настанот ...

Русија започна уште еден круг напади со балистички ракети врз Киев во текот на ноќта на 15 јуни, погодувајќи ја главната катедрала на Киевско-печерската лавра, едно од најзначајните религиозни и културни места во Украина. Киевско-печерската лавра, лавиринтски манастирски и пештерски комплекс кој содржи некои од најпочитуваните светилишта и реликвии во Украина, беше под директен оган – означувајќи го вториот удар врз местото на целосната ...

Русија тврди дека не го нападнала историскиот манастир Печерска Лавра во Киев во ноќен напад врз воени фабрики во украинскиот главен град и дека ракета за воздушна одбрана „Патриот“ произведена во САД го оштетила религиозниот објект. „Вооружените сили на Руската Федерација не планираат ниту извршуваат напади врз цивилна инфраструктура“, се вели во соопштението на руското министерство за одбрана, цитирано од Ројтерс. „Една можна причина за ...

Мариус Борг Хоиби, 29-годишниот син на норвешката престолонаследничка Мете-Марит, денес беше осуден на четири години затвор откако беше прогласен за виновен за две силувања, објави Би-Би-Си. Пресудата ја изрече Окружниот суд во Осло. Хоиби беше ослободен од две други силувања, но беше прогласен за виновен и за голем број други кривични дела. Тој не беше присутен на суд за пресудата, но се придружи преку видео врска. Совет од тројца судии го ...

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека рускиот напад врз Киев-Печерската лавра е споредлив со бомбардирањето на париската катедрала Нотр Дам. „Ова е место под заштита на УНЕСКО, што за нас во Франција е исто како да биле бомбардирани Нотр Дам или базиликата Сен Дени. Сосема неприфатливо“, рече Баро по пристигнувањето во Луксембург на состанок на министрите за надворешни работи на Европската унија. ❗️🇺🇦 Just a ...

Високите претставници на ЕУ во понеделник го поздравија договорот меѓу САД и Иран за завршување на војната на Блискиот Исток, велејќи дека Европа е подготвена да придонесе за „траен мир“. „Се радувам на крајот на оваа скапа војна и на целосно враќање на слободата на пловидба во Ормускиот теснец“, напиша Антонио Кошта, претседател на Европскиот совет на Икс. „Оружјето сега мора да замолчи“, повика Кошта, велејќи дека „Европската унија е ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел нема да се повлече од јужен Либан, по објавувањето на прекинот на огнот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, што наводно вклучува и крај на борбите против Хезболах. „Премиерот Бенјамин Нетанјаху и јас имаме јасна политика дека Израелските одбранбени сили ќе останат во безбедносните зони во Либан, Сирија и Газа, на неодредено време, за да ја заштитат границата и израелските ...

Поранешниот колумнист на „Њујорк тајмс“, Пол Кругман, тврди дека Елон Маск станал првиот билионер во светот само поради „наместен систем“. Познатиот економист, исто така, го критикуваше „Спејс Икс“ – ракетната компанија на Маск која штотуку стана јавна – како ништо повеќе од „Понциева шема“. Кругман ги критикуваше Маск, „Спејс Икс“ и раководството на Маск во неговите други компании за време на гостувањето на телевизијата МС нау кај Ари ...

Новиот договор меѓу САД и Иран предизвика силни политички реакции во Израел, при што опозициските лидери го обвинија премиерот Бенјамин Нетанјаху за тежок дипломатски и безбедносен неуспех и за меѓународна изолација на земјата. Лидерот на израелската Демократска партија, Јаир Голан, упати остри критики кон владата, оценувајќи дека американско-иранскиот договор е „лош за Израел“. Голан, поранешен заменик-началник на Генералштабот на ...

Селекторот на холандската фудбалска репрезентација, Роналд Куман, не е задоволен од нерешените 2:2 на неговите избраници на дуелот со Јапонија во првиот натпревар од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. – Треба да се подобруваме како што напредува турнирот. Треба да играме подобро. Секако, би претпочитале да го добиеме првиот натпревар и очекувавме да го сториме тоа затоа што двапати водевме. Тоа не се случи, но тоа не значи ...

Во францускиот град Евијан-Ле-Беин на Женевското Езеро денеска започнува Самитот на групата Г-7, на кој ќе се дискутира за конфликтот со Иран, војната во Украина, глобалните економски нерамнотежи и брзиот развој на вештачката интелигенција. На тридневниот состанок учествуваат лидерите на САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија. Очекувањата се дека Г-7 ќе се обиде да покаже единство во поддршката за Украина. ...

Хуманитарната организација „Оксфам“ ги критикуваше земјите од Групата седум (Г7) поради намалувањето на буџетите за развојна помош, оценувајќи дека станува збор за најголемите кратења во историјата на групата. Во пресрет на самитот на Г7 во францускиот град Евијан на Женевското Езеро, организацијата соопшти дека средствата за развојна помош биле намалени за 48 милијарди долари во периодот меѓу 2024 и 2025 година. Истовремено, според ...

Без вода во текот на денов ќе бидат повеќе улици на скопската територија поради изведување водоводен приклучок на улицата Мите Богоевски без број, кај „Зур маркет“, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Според најавата, прекинато водоснабдување ќе имаат улиците Мите Богоевски, Дванаесетта македонска бригада, Илија Димовски – Гоче, Димитар Македонски, Ван Гог, Архитект Сотир Томовски, Црноризец Храбар, ...

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response and Security Teams, глобална меѓународна мрежа на тимови за одговор на компјутерски безбедносни инциденти, информира Министерството за дигитална трансформација. Приемот на MKD-GOV-CSIRT како нов полноправен член е официјално прифатен од Бордот на директори на FIRST, со што се потврдува напредокот на Македонија ...

Во воведниот натпревар од групата Ф на Светското фудбалско првенство, Германија вечерва ја оправда улогата на голем фаворит и убедливо го совлада дебитантот на мундијалските турнири Курасао со 7-1. Нмеча им донесе рано водство на Германците во 6 минута, но Комененција со прецизен удар од работ на шеснаесетникот го израмни резултатот во 21 минута за еуфорична прослава на навивачите на Курасао на стадионот „Енерџи“ во Хјустон. Германија брзо ...

Шведска го победи Тунис со 5:1 рано утрово во Монтереј, Мексико, во нивниот прв натпревар од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. Стрелци на головите за победничката репрезентација беа Јасин Ајари (два), Александар Исак, Виктор Ѓекерш и Матијас Сванберг. Единствениот гол за Тунис е дело на Омар Рекик. Шведска е на врвот на групата Ф со три бода, Јапонија и Холандија имаат по еден, Тунис е на четвртото место без освоен бод. ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.37
28%
1017
weather icon

Белград

34ᴼ / 33ᴼ
2.85
46%
1018
weather icon

Загреб

35ᴼ / 35ᴼ
2.55
33%
1018
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
4.58
44%
1021
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
6.41
39%
1020
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 32ᴼ
0.45
43%
1018
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
5.36
38%
1014
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
3.64
43%
1017
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.97
30%
1017
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 30ᴼ
4.02
34%
1020
weather icon

Будимпешта

38ᴼ / 36ᴼ
0.89
23%
1018
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
7.71
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.1365

Currency

71.4605

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.69574

Currency

0.33451

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Паладиум

38195.09

Злато

131072.82

Сребро

1902.84

Кобалт

56.29

Иридиум

233896.68

Платина

51923.46

Цинк

0.00

Рутениум

49029.89

Родиум

249168.29

Алуминиум

3.20

Бакар

12.33

Калај

50.56