Дојранчани и бројни туристи од земјата и регионот почувствуваа синоќа „километри љубов“ на концертот на Лозано во Градскиот парк, во Стар Дојран, како што е насловен неговиот хит „Километри“. Скромното момче од Кичево, кое почна во талент шоуто „Мак ѕвезди“ во 2007, заслужено стана една од најголемите наши поп-ѕвезди, градејќи ја кариерата постепено, со добриот глас и добрите песни. На концертот за кој влезот беше слободен, го докажа овој ...
Градскиот парк во Дојран синоќа беше центар на музиката и доброто расположение, каде бројната публика уживаше во концертниот настап на Лозано. Концертната вечер се одржа на 15 август како дел од летната програма во Дојран и донесе неколкучасовна музичка забава за посетителите и локалното население. Програмата започна во 20 часот со настапите на Софија Манева и K4 Band, кои ја загреаја атмосферата пред главниот настап на вечерта. ...

