Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Украинскиот амбасадор во Будимпешта е повикан во унгарското Министерство за надворешни работи поради обидите на Украина да се меша во парламентарните избори во Унгарија закажани за 12 април, откако му беше јасно ставено до знаење дека таквите обиди нема да бидат толерирани, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Тој ја повика Украина да престане да се меша во унгарскиот изборен процес во корист на опозициската партија ...
Русија и Украина треба повторно да отворат граничен премин за да им овозможат на луѓето да се вратат дома, а на семејствата да се обединат, предложи највисоката московска службеничка за човекови права, Татјана Москалкова. Киев ги затвори сите гранични премини со Русија и Белорусија по ескалацијата на украинскиот конфликт во 2022 година. „Треба да разговараме за можноста за отворање на еден граничен премин за руските граѓани кои сакаат да се ...
Како одговорна компанија, Македонски Телеком чувствува обврска јавно да ги демантира невистинитите и неаргументирани тврдења изнесени во јавноста поврзани со постапката која се води пред надлежните институции, а произлегуваат од предметот меѓу Македонски Телеком и Фокуснет, реагираа денеска од компанијата на изенсените на разрешената апелациска судијка Наташа Савовска Димитровска и нејзиниот правен застапник, скопскиот адвокат Ѓорѓе ...
Владата на денешната седница донесе низа значајни и суштински одлуки кои јасно ја потврдуваат нашата определба и конкретната посветеност кон исполнување на обврските од процесот на пристапување во Европската Унија, но и кон заштита на јавниот интерес и демократските вредности, соопшти владината портпаролка Марија Митева. „Владата направи уште еден силен и долгоочекуван чекор во насока на заштита на слободата на изразување и јавниот интерес. ...
Советот на амбасадори изразува сериозна загриженост во врска со најавената примена на ЕТИАС системот (European Travel Information and Authorisation Sistem) која веќе резултира со блокади на граничните премини во земјите од Западниот Балкан. „Иако воведувањето на ЕТИАС е легитимно од аспект на безбедносната и миграциската политика на Европската Унија, неговата примена во сегашната форма создава сериозни економски и оперативни ризици, како за ...
Младинскиот и урбан фестивал „Битола отворен град“ годинава ќе одбележи 25 години постоење, а и годинашното издание ќе добие поддршка од Општина Битола. Фестивалот, кој е најголемиот и најдолговечен младински урбан фестивал во Македонија е платформа каде младите не се публика, туку активни креатори на културниот и општествениот развој, посочува Општина Битола. „Меѓународниот младински уметнички фестивал, кој ја слави алтернативната уметност и ...
Според најновите квартални податоци од Европската комисија, Албанија, и покрај намалувањето во последните години, е позиционирана меѓу земјите со највисоко ниво на јавен долг во однос на бруто домашниот производ (БДП) во регионот на Западен Балкан. Во податоците за третиот квартал од 2025 година, јавниот долг на Албанија достигна 53,5% од БДП, што ја рангира земјата на второ место во Западен Балкан, веднаш зад Црна Гора, каде што овој ...
На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути стагнира на најниските нивоа за речиси четири месеци. Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 97,09 поени, додека вчера во истиот период изнесуваше 97,03 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 153,90 на 153,45 јени. ...
Македонија2025 објавува повик за апликации од македонски компании за Битов – Програмата за претприемачи. Битов – Програмата за претприемачи е основана во соработка со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization). Catalyste+ е канадска организација со 50 годишнo искуство во меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор односно бизниси кои ќе просперираат на национално и ...
Цените на акциите пораснаа на европските берзи во вторникoт претпладнето, а инвеститорите се фокусирани на деловните резултати на компаниите и договорот за слободна трговија меѓу Европската унија и Индија. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,25 отсто во првиот претпладневен пресек од тргувањето. Истовремено, лондонскиот индекс FTSE зајакна за 0,27 отсто, на 10.176 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна за 0,28 отсто, ...
Во Скопје, Куманово и во Битола, вчера доцна попладнето и вечерта, автомобили и мотоцикл удриле и повредиле тројца пешаци, соопшти МВР На раскрсницата на ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Шарски Одреди“ во Скопје, вчера доцна попладнето автомобил „фолксваген фокс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А.(60) од Скопје, удрило во пешакот Б.К.(59) од Скопје. Жената задобила тешки телесни повреди, утврдени со Универзитетската хируршка клиника ...
Во Кратовско доцна синоќа полицијата по сообраќајка, односно излетување на возило од патот, го уапсила возачот (38), откако утврдила дека возел со 3,19 промили алкохол во крвта. Станува збор за состојба на голема алкохолизираност. Синоќа во 23:07 часот во Кратово бил уапсен С.С. (38) од с.Татомир, Кратовско. Претходно, во 22:45 часот, на регионалниот пат с. Татомир – Кратово, во с. Туралево, С.С. управувајќи возило излетал од патот, а по ...
Државјанин на Македонија, по кого била распишана меѓународна потерница за тројно убиство во земјава е уапсен во Тирана, Албанија по неколкумесечна интензивна истрага и претрес спроведена од полицијата. Станува збор за 52-годишниот Бесим Ш., кој долго време се криел во Тирана користејќи фалсификувани лични документи на име на граѓани од Косово. Апсењето го извршила тамошната Дирекција на силите за специјални операции при Одделот за ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата ќе го каже својот став во однос на изборот на нов републички јавен обвинител откога за тоа ќе се произнесе Советот на јавните обвинители. – Сега постапката е да се произнесе Јавното обвинителство, односно Советот на јавните обвинители, да почекаме тие да се произнесат, а потоа Владата ќе излезе со свој став – рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања по увидот на инфраструктурните проекти во ...
Комисијата за заштита на конкуренцијата (Антимонополска) информираше денеска дека во текот на 2025 година изрекла казни во висина од 53,044.555 денари (862.500 евра). Според информацијата до јавноста на Комисијата, казните биле изречени за повреди на одредбите од Законот за заштита на конкуренцијата и за повреди на одредбите од Законот за забрана на нефер трговски практики. Со овие санкции, Комисијата испраќа јасна и недвосмислена порака дека ...
Во јавноста се создаваат перцепции дека властите се спротивставуваат на зголемувањето на минималната плата. Сепак, примерот на здравството јасно покажува дека здравствените власти не само што не се пречка, туку активно го поддржуваат зголемувањето на платите во јавното здравство, вели директорот на Фондот за здравство на Македонија, Сашо Клековски. Најниската основна плата во јавното здравство во 2025 година изнесува 27.158 денари нето и во ...
Почнуваме нов циклус на вложување во образовни инфраструктурни објекти, кои се еден од основните елементи за подигнување на квалитетот на образованието и за развој на психичкото и физичкото здравје на учениците. Лани вложивме 67 милиони за инфраструктурата. Годинава почнуваме нови 160 инвестиции, од кои 60 се спортски сали. Ова го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска по поставувањето на камен-темелникот на новата спортска ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека речиси 300 компании ќе бидат поддржани со грантови во вредност од 25 милиони евра за зелена трансформација. Но, нагласува, таа зелена транзиција треба да се прави чекор по чекор за да не им се нанесе штета на индустријата и на државата. Да, работиме, практично со агенцијата „Инова“, за овозможување и обезбедување грантови за компаниите, особено во делот на енергетската трансформација. Имав и во ...
Ноќеска во Скопје биле опожарени два автомобила од марката „ауди“, соопшти СВР Скопје. Првин во 2 часот било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил опожарен автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ч.(20) од Скопје. Малку подоцна, односно, во 3.30 часот бил пријавен пожар, исто така на автомобил „ауди“, модел а4, со скопски таблички, сопственост на Р.Л.Г. (61) од Скопје. И во двата ...
Во Полициската станица Кисела Вода, вчера претпладне бил уапсен Р.Ќ.(32) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 34-годишна поранешна партнерка дека во петокот ѝ се заканил оти ќе сподели компромитирачки видео запис од неа. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок. Во Полициската станица Кисела Вода, вчера претпладне бил уапсен Р.Ќ.(32) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од ...
Скопското Кале ќе биде жива културна сцена на градот. Денес, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, проф. д-р Драги Митревски и претставник од Управата за заштита на културното наследство, извршив обиколка и детален увид на локалитетот Скопско Кале, со цел јасно да ја согледаме актуелната состојба и реалните можности за негово понатамошно активирање во рамки на визијата Скопје – Европска престолнина на културата, истакна ...
На кејот на Вардар во Скопје вчера попладнето бил уапсен K.К.(30) од Турција. Тој се сомничи дека измамил друг турски државјанин за сума од 6.650 евра. Според пријавеното, во октомври 2025 година преку социјална мрежа стапил во контакт со лицето и му ветил дека ќе му посредува за добивање документи за работа и престој во државата, по што во неколку наврати преку трансакциска сметка му биле исплатени парите. Откако К.К. престанал да му се ...
Увозникот на формула за доенчиња APTAMIL AR 2, ENG 24×400 g, серија 2027.01.02, ја повлекува од продажба во земјава, а оние што купиле, никако да не го даваат на бебињата производот со наведениот лот и рок на употреба и да го вратат на местото каде што го купиле, порачува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Агенцијата вчера спровела вонредна инспекциска контрола кај увозникот, по информацијата добиена од Системот за брзо предупредување ...
Државна видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, како општествено одговорна компанија, посветено и континуирано работи на унапредување и примена на високи стандарди за одговорно приредување игри на среќа, во согласност со политиката за одговорно играње. Нашиот пристап е насочен кон создавање безбедна и информирана средина за играње, со јасен фокус за намалување на потенцијалните ризици и заштита на ранливите категории. Како компанија ...
Здружението на матични гинеколози ја изразува својата силна и недвосмислена поддршка на Предлог-законот за заштита од пушењето, со кој се предвидува целосна забрана за употреба на цигари и сите видови никотински производи во затворени простории, вклучително и електронски цигари и уреди за загревање тутун. „Како здравствени работници кои секојдневно работат со жени во репродуктивен период, бремени жени, родилки и парови кои се соочуваат со ...
Француското Национално собрание во понеделникот поддржа закон со кој ќе им се забрани на децата под 15 години да користат социјални мрежи, наведувајќи загриженост за онлајн насилството и менталното здравје на младите. За законот сега треба да гласа Сенатот пред конечното гласање во Националното собрание. Претседателот Емануел Макрон ги смета социјалните мрежи како една од причините за насилство меѓу младите и ја повика Франција да го следи ...
локадата со камиони на товарниот сообраќај на граничните премини во државава продолжува и денеска, како дел од заедничкиот протест на македонските и превозниците од Западен Балкан кои бараат решение за проблемите поради електронската евиденција за престој во Шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена од април годинава. Наспроти блокираниот товарен сообраќај на премините кон Шенген зоната, кој, според најавите ќе трае најмалку седум ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по влажни коловози. Снег со слаб интезитет паѓа на П. Шапка и Ѓавато кој во моментов не се задржува на коловозот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. БЛОКАДИ ЗА ТТВ: · Од 12 ...
Македонската полиција синоќа околу полноќ презела координирана акција за апсење на наркодилери. Имено, во близина на градот Свети Николе бил пресечен транспорт на околу 200 килограми марихуана, неофицијално во возило со швајцарски ознаки. Полициски екипи при БЈБ – МВР, составени од припадници на Организиран криминал и САЕ Тигар, блокирале три возила од кои едно со швајцарски ознаки и две со македонски ознаки односно регистарски таблици. ...
Германската фудбалска лига (DFL) откри дека 36-те клубови од Бундеслигата и Втората бундеслига оствариле вкупен приход од 6,33 милијарди евра во сезоната 2024/25, што е највисок износ досега. Бројките, објавени во извештај во понеделникот, покажуваат зголемување од 7,9 отсто во споредба со 5,87 милијарди евра генерирани во претходната сезона. Осумнаесетте клубови од Бундеслигата првпат остварија приход од повеќе од 5 милијарди евра. Со 5,12 ...