Со гала концерт под наслов „Љубов“ на 12. јули на Античкиот театар во Охрид свечено ќе биде отворено 66.издание на фестивалот „Охридско лето“. Под диригентската палка на Марко Боеми од Италија а во придружба на оркестарот на Националната опера на Македонија ќе настапат големата оперска дива Ермонела Јахо сопран од Албанија исветски реномираниот тенор Чарлс Кастроново од САД. Ова го најави директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, ...

Вработените од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, заедно со доброволци од Исламската верска заедница и под надзор на стручни лица од НУ „Завод и музеј“, денеска спроведоа финална акција за чистење на внатрешноста на џамијата во централното градско подрачје. Во рамки на акцијата беше отстранета обраснатата трева, самоникнатите дрвја, како и отпадот кој бил фрлан од несовесни граѓани. Надлежните посочуваат дека станува збор за објект кој има статус на ...

Во Прилеп денеска се одржа настан посветен на франкофонијата под мотото „Франкофонијата обединува срца – преку јазикот до мир“, кој донесе празнична атмосфера, инспирација и силна порака за културно поврзување. Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека настанот претставува вистински празник на францускиот јазик, културата и заедништвото. Тој посочи дека учениците со своите настапи, креативни точки и изведби уште еднаш ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 20.04.2026 до 24.04.2026 година, според прикачениот официјален неделен извештај не се прикажани вредности за МБИ10 и ОМБ. Вкупниот промет на сите пазари изнесуваше 48.270.096 денари.. Неделната ликвидност беше предводена од Комерцијална банка Скопје (KMB), Алкалоид Скопје (ALK) и Универзална Инвестициона Банка Скопје (UNI), додека ...

Вранецот останува еден од најсилните симболи на македонската винска традиција, но новата винска зрелост на публиката околу него отвора многу поширока приказна, во која виното сè почесто се избира според повод, храна, сезона, стил и личен вкус. Изборот е богат од свежи бели и ароматични сорти, до розе, пенливи и полни црвени домашни или увозни вина. Годинава, на јубилејното 15-то издание на Виноскоп, кое од 13 до 17 мај ќе се одржи во ...

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека е потпишана спогодба со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица за решавање на индивидуален работен спор, со што ќе се изврши исплата на разликата во плати за периодот од ноември 2022 до февруари 2025 година. Со постигнатиот договор се избегнуваат судски постапки, а исплатата на средствата ќе започне веднаш. Коњановски посочи дека уште од почетокот на неговиот ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска го отвори Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации, истакнувајќи дека станува збор за платформа каде идеите добиваат форма, а визиите се претвораат во реални решенија. Таа посочи дека Министерството е покровител на процес кој веќе 18 години гради генерации млади луѓе што размислуваат одговорно, иновативно и со јасна свест за иднината. „Ова ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Азербејџан изјави дека Украина е подготвена за разговори со Русија на азербејџанска територија, објави Укринформ. Зеленски, кој е во официјална посета на Азербејџан, ја даде изјавата по средбата со својот колега Илхам Алиев. Тој рече дека со Алиев разговарал за можноста за средба меѓу Украина и Русија во Азербејџан. – Исто така, разговаравме за напорите за мир. За Украина е многу важно ...

Министерот за транспорт Александар Николоски говорејќи за проектите на Коридор 8 изјави дека во моментов во процедура е изборот на изведувач заедно со ЕБОР на потегот од Букојчани до Кичево и додаде дека Кичево – Охрид е веќе при крај. – Тоа е оној заборавен проект од кој сите се имаа откажано и ние како Влада кога бевме избрани решивме да го завршиме. Веќе 37 км се завршени, од кои 34 км се во функција, а очекуваме до крај на годината целиот ...

После многу години чекање, жителите на Долно Лисиче конечно добиваат чиста и безбедна вода за пиење, напиша денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. Ѓорѓиевски информираше дека денеска со градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, извршиле увид на работите на новата водоводна мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче. – Ова е проект што за луѓето овде, значи многу. Значи сигурност во секој дом, чиста ...

Скопскиот кривичен суд, касно синоќа, одреди затворски притвор за шест лица, куќен притвор за четири и мерки на претпазливост за девет осомничени кои беа упасени во полициската акција поврзана со нелегален увоз и дистрибуција на медицински препарати. Од судот информираат дека од вкупно 11 предлози за определување мерка притвор, обвинителството по сослушувањето на осомничените за две лица го преиначило барањето во куќен притвор. Судот прифатил ...

Вистинска драма се одвивала завчера попладне во скопската општина Чаир, каде тројца полициски службеници биле спречени да го приведат осомничено лице, по што биле принудени да испукат предупредувачки куршуми во воздух. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 23 април околу 18:45 часот. Полицајците вршеле службени дејствија за приведување на лице кое се бара поради сомнение за сторено кривично дело. ...

Италија и Германија застанаа зад Шпанија по медиумските извештаи за можни американски закани за суспензија на Мадрид од НАТО поради несогласувањата околу војната против Иран. – Мислам дека НАТО мора да остане обединет. Тоа е нашата сила – изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони во Никозија, каде што учествува на самит на ЕУ, одговарајќи на новинарско прашање за овие информации. Медиумите пренесоа извештај на Ројтерс, кој се повикува на ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја обвини Соединетите Американски Држави дека ги напуштаат меѓународно признатите дипломатски правила, со цел да ги остварат сопствените интереси, особено во доминацијата на енергетските пазари . Во интервју за руската државна телевизија, Лавров изјави дека Вашингтон, во односите со Латинска Америка и Блискиот Исток, „го враќа светот во време кога меѓународното право не постоело“. Тој додаде ...

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска, поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од Скопје и околината. Во периодот од 08:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од село Морани и викенд населбата Морани, во општина Студеничани. Од 08:30 до 17:30 часот прекин ќе имаат корисниците од објектите во кругот на фабриката „Карпош“ во населбата Александрија, како и ...

На цела територија на Македонја денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степен. И во следните ...

Надлежните институции се сетија дека Скопје има душа, традиција, историја и културно наследство. Почнаа градоначалници и министри почесто да зборуваат за ова откако нашиот главен град ја доби титулата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028″. Зарем требаше некој однадвор да ги потсети дека Скопје ја има Старата скопска чаршија, еден од највредните ориентални комплекси на Балканот? Или дека го има Камени мост – симбол на градот, ...

Изјаснувањето на граѓаните на референдум е најзначаен облик на демократијата. Е, на тоа сега се сети и СДСМ. Па деновиве упорно бара одржување на референдум во Крива Паланка по прашање околу рудникот за Антимон. Велат, најважно е народот да каже што мисли за тоа. Добро е да се чуе дека социјалдемократите копајки во својот партиски рудник наидоа и на демократската лекција дека треба да се прашуваат и уважуваат ставовите на граѓаните. Но, не е ...

Српската полиција уапсила македонски државјанин кој во Белград лажно се претставувал како хирург и е осомничен дека измамил луѓе на кои им зел големи суми пари под познатата лажна приказна дека итно треба да оперира член на нивното семејство кој е тешко повреден во сообраќајна несреќа. Полицијата го уапсила 42-годишниот државјанин на Македонија со иницијали А.К. веднаш откако жртвата му ги дала парите. Кај него биле пронајдени 16.650 евра и ...

На 9 мај 2026 година, во Паркот на Франкофонијата се организира настан кој ја слави европската култура, вредности и заедништво преку симболиката на „Нож и виљушка на европска чинија“. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата програма исполнета со гастрономски понуди, музика и културни содржини инспирирани од европската традиција и современ живот. Настанот има за цел да ги доближи различните европски кујни и култури до публиката, ...

Општина Прилеп продолжува со инвестиции насочени кон подобрување на условите за детска игра и спорт, со акцент на создавање побезбедни, поквалитетни и функционални простори за граѓаните во повеќе населби. Како дел од оваа политика, веќе е потпишан договор за изградба на ново детско игралиште со современи реквизити зад Участакот, во централното градско подрачје. Паралелно, започнати се активности за изградба на уште едно игралиште во типската ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 24.04.2026 година, МБИ10 изнесуваше 9.987,80 поени и забележа раст од 0,16%, односно 15,79 поени, додека ОМБ остана на 130,11 поени, без промена од 0,00%. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 15.769.994 денари. Ликвидноста беше предводена од Комерцијална банка Скопје (KMB), Универзална Инвестициона Банка ...

Се појавуваат нови информации дека американскиот претседател Доналд Трамп испраќа пратеници во Пакистан на нови разговори со Иран. Белата куќа за Фокс њуз потврди дека Техеран побарал нови средби во живо. Потпретседателот Џеј Ди Венс ќе остане во САД во состојба на подготвеност за да се вклучи доколку биде потребно, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит. „Сите се во состојба на подготвеност“, се наведува во извештајот. ...

На маргините на Delphi Economic Forum што се одржува во Делфи, Грција, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, реализираше интензивна агенда на билатерални средби, отворајќи клучни прашања за енергетската иднина на Македонија и нејзината позиција во регионот. Божиновска оствари средби со високи претставници од енергетскиот сектор, европски институции и меѓународни партнери, фокусирани на зајакнување на ...

Денеска започна асфалтирањето на улицата „СРУ 5“, значајна сообраќајница во просторот на поранешната касарна во Битола, која ги поврзува улиците „Партизанска“ и „Крушевска Република“. Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, истакна дека ваквите активности се дел од секојдневната работа на локалната самоуправа и претставуваат приоритет во подобрувањето на инфраструктурата. „За некои ова ќе изгледа како свечен чин, а за нас е ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на локација во Кисела Вода, каде утрово при одрон на градилиште еден работник го загуби животот, а тројца беа повредени. Обвинителот издал наредба за обдукција на починатиот. – Во насока на испитување на причините за несреќата и почитувањето на прописите за заштита при работа постапуваат и Државниот инспекторат за труд и општински градежен инспектор – ...

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп спроведува активности за уредување на јавниот простор преку бојадисување на жардиниерите во централното градско подрачје. Акцијата се реализира на потегот од паркот кај „Шах“, покрај Домот на култура „Марко Цепенков“, па сè до Градската библиотека, со цел разубавување и подобрување на изгледот на урбаната средина. Од претпријатието апелираат до граѓаните да бидат внимателни при движењето во овој дел од градот, поради ...

Уапсени се 14 лица во акцијата на МВР за сузбивање на организирани криминални групи инволвирани во извршување на кривични дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „примање поткуп“. Од нив за 12 обвинителството бара одредување на мерка притвор Во рамките на акцијата, врз основа на претходно обезбедени наредби од Основен кривичен суд, извршени биле претреси на повеќе ...

„Многу бргу ќе слушнеме уште една, многу покрупна неправилност од онаа за магистерските и докторските студии на Филозофскиот факултет, која ќе ја изненади целата македонска јавност, изјави денеска министерката за образование Весна Јаневска. Таа вели дека има многу неправилности во одредени институции и оти за нив ќе се постапува по закон. „Дали била виновна администрацијата или раководството, дали некои студенти учествувале во ваквите ...

Akuo, глобален производител на обновлива енергија, во партнерство со Eco Logic, невладина организација посветена на промоција на еколошките вредности преку образование, и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, го започнува проектот Akuo EduLab, пилот-иницијатива насочена кон зајакнување на образованието за одржливост во Република Македонија. Иницијативата е поддржана од Француската амбасада во Република ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.46
26%
1016
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
2.24
43%
1015
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
1.39
32%
1016
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.93
28%
1017
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
2.38
28%
1017
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 28ᴼ
0.45
55%
1016
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
4.02
41%
1014
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
4.03
32%
1015
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.73
33%
1016
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 28ᴼ
3.13
43%
1017
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 33ᴼ
1.79
46%
1016
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
4.96
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Родиум

265243.66

Иридиум

252383.36

Платина

52920.13

Сребро

1873.42

Калај

54.92

Цинк

0.00

Алуминиум

3.19

Паладиум

40863.60

Злато

130712.08

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Бакар

13.13