Денеска се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои на одделни места во југоисточниот дел од земјата ќе бидат поинтензивни, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. На повисоките планински подрачја врнежите ќе бидат од дожд и снег, а ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 1 до 9 степени, додека дневните ќе достигнат од 6 до 13 степени. Во ...

Соединетите Американски Држави и Република Македонија постигнаа рамковен договор за воспоставување реципрочна, фер и избалансирана трговија, соопшти Белата куќа. Во заедничката изјава се наведува дека договорената рамка има за цел продлабочување на билатералната економска соработка и обезбедување поширок пристап за извозниците од двете земји на нивните пазари. Според договорените услови, Македонија ќе ги укине царинските давачки за ...

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на Божествената Литургија во храмот „Св. Благовештение“ по повод празникот на Светите Три Светители – Јован Златоуст, Василиј Велики и Григориј Богослов, кој народот го познава и како Ден на бакалите. Литургијата ја чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, во сослужение со Епископот Хераклејски г. Климент и Епископот ...

Општина Битола го објави јавниот повик за работно ангажирање на 15 лица невработени со средно образование кои ќе вршат доставување на решенија и покани за данок на имот до граѓаните. Работното ангажирање ќе биде за период април / мај и ќе добиваат надоместок по учинок 20 денари за решение и 5 денари за покана. Кандидатите треба да достават барање и копија од документ за идентификација (лична карта). Заинтересираните кандидати да се јават во ...

Поранешната обвинителка во Специјалното јавно обвинителство, Лејла Кадриу, изјави дека не гледа основ за извинување во врска со нејзините јавни настапи, нагласувајќи дека изнела факти на хронолошки и професионален начин. „Не гледам основ за извинување кога сум изнела факти хронолошки и професионално, но ако за нив вистината е навреда, тоа е веќе нивен проблем, не мој“, истакна Кадриу. Таа потенцира дека секогаш се водела од принципите на ...

Млад возач со камион прегазил пешак на скопскиот булевар „Борис Трајковски“. Како што информираа од полицијата, вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21 годишен скопјанец удрило во 56 годишен пешакот исто така од Скопје. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Млад возач со ...

„Економијата на Европската Унија е во ужасна и катастрофална состојба поради смешни климатски и идеолошки цели“, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо додека заминуваше на неформален самит за конкурентност во замокот Алден Бизен во Белгија, објавија словачките медиуми. Лидерите на ЕУ денеска се состануваат на разговори што ги свика претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за да влијаат врз насоката на економската политика на блокот, ...

Сојузот на синдикати на Македонија денеска го блокираше влезот на Стопанската комора. Насобраните работници се обратија до газдите на фирмите со барање за повисоки плати. Воедно синдикалците побараа од работодавците да седнат со нив на маса и да се договорат за минимална плата од 600 евра. Пред Стопанската комора и на блиската крстосница имаше само по 21 работник колку што е законскиот минимум за да може да се блокира улица. „Да не беше ...

Тешка кражба се случила во скопската населба Аеродром, каде непознати сторители со употреба на сила и алат провалиле во подружница на финансиско друштво и однеле вредни предмети. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен вчера наутро во 03 часот, а кражбата се случила во периодот меѓу 19 и 03 часот. Од објектот биле одземени пари, два сефа, службен печат на подружницата, мобилни телефони и други предмети. Увид на местото ...

„Додека над 200.000 работници едвај врзуваат крај со крај, а вредноста на синдикалната кошница одамна надмина 66 илјади денари, Владата одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра. Работниците протестираат за достоинствени плати на улиците за да може да ги платат сметките и да обезбедат храна, а Владата ги игнорира и најавува купување нов авион,” се вели во соопштението од СДСМ. За опозициската партија ова е навреда за секој чесен ...

Охрид и Охридското езеро не се доволно заштитени, за ова не опоменува и УНЕСКО. Македонија испрати владина делегација, засилена со градоначалниците на Охрид и Струга во Париз во УНЕСКО за да ја увери меѓународната организација дека овојпат сериозно ќе се грижат за охридскиот регион и да не биде ставен на листата на светско наследство „во опасност”. Македонската делегација ги потврдила определбите на државата да ги спроведува преземените ...

Некои луѓе како да носат невидлив магнет што го привлекува хаосот. Каде и да одат, се појавуваат нестабилни врски, драматични пријателства, ризични одлуки, конфликтни работни средини или финансиски турбуленции. Однадвор изгледа како „лоша карма“ или несреќна судбина. Но ако се анализира подлабоко, се открива нешто многу покомплексно – психолошка навика. Човечкиот нервен систем се обликува во детството. Ако некој пораснал во дом каде љубовта ...

Утрово околу 4 часот во СВР Скопје било пријавено дека во гаража во село Батинци, скопско, биле запалени три патнички возила со скопски регистарски ознаки. Сите возила се сопственост на две правни лица од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при гаснењето со повреда се здобил 48-годишен маж од Батинци. На местото на настанот извршен е увид, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на ...

Македонскиот народен театар најави дека роденденската програма ќе ја заврши на 4 април, кога ќе биде изведена претставата „Од другата страна” во продукција на Црногорско народно позориште од Подгорица. Режисер на претставата е Борис Лијешевиќ, а улогите ги толкуваат познати црногорски актери. Со специјалната роденденската програма, која започна минатата година, театарот одбележа 80 години од изведувањето на првата претстава на 3 април 1945 ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски се сретна со делегација на Националниот демократски институт, предводена од вишиот резидентен директор Роберт Скот Хајзлет. Во рамки на разговорите, од Градот ја информирале делегацијата на НДИ за тековните проекти и активности на Град Скопје. Посебен акцент бил ставен на досегашната успешна соработка меѓу Град Скопје и НДИ, при што беа разгледани можностите за нејзино понатамошно унапредување ...

Како одговор на прашање за забрзаното членство на Украина во ЕУ, унгарскиот премиер Виктор Орбан цитираше стихови од оперетата „Кралицата на чардашот“ и рече: „Сонувајте, сонувајте, слатки соништа“. На брифинг пред неговото заминување на неформалниот самит на ЕУ денеска во Брисел, кој ќе се фокусира на наоѓање решенија за економските проблеми, тој потврди дека унгарскиот суверенитет е од најголема важност и дека унгарската влада нема да ...

Една жена загина, а неколку други лица се повредени денеска во Сараево кога градски трамвај излета од шините на еден од најпрометните улици во близина на Националниот музеј на Босна и Херцеговина и Амбасадата на САД. „Едно лице загина. Според моменталните податоци, две лица се повредени. Обвинителот е информиран, а полицајците се на терен“, соопшти Министерство за внатрешни работи. Според достапните информации, трамвајот излетал од шините ...

Се најавува средување на хаосот со паркирањето во Клиничкиот центар „Мајка Тереза”. Ќе се градат три катни гаражи. Денеска пак, министерот за здравство Азир Алиу најави и дека ќе има различни цени за различни категории посетители. „Онколошки пациенти и во иднина ќе имаат бесплатно паркинг место. Пациенти кои се лекуваат тука ќе плаќаат цена што ќе биде достапна за нив и нема да биде комерцијална. Вработените во Клиничкиот центар ќе имаат цена ...

Тројца сопственици и управители на фирма ќе одговараат за сериозно загадување во скопско Визбегово, откако обвинителството поднесе обвинение поради незаконско складирање опасен отпад што доведе до голем пожар и масовно загадување на воздухот. Според обвинението, од крајот на февруари до почетокот на јули минатата година, обвинетите без дозвола складирале и управувале со опасен отпад на парцела во Визбегово. На 9 јули 2025 година на локацијата ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, очекува стабилизирање на ценовните движења во Македонија. Воедно тој очекува дека инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти. „Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.” Тој ...

Денеска се постави камен-темелник за нова спортска сала во училиштето „Димо Хаџи Димов” во Карпош. Објектот ќе има и трибини за 400 гледачи. Како што рече градоначалникот на Карпош, Сотир Луковски, салата ќе биде градена по највисоки стандарди, пропишани од сите меѓународни спортски федерации. Покрај тоа што во салата учениците ќе можат да имаат квалитетни часови по физичко воспитание, клубовите од општината ќе можат да одржуваат тренинзи. ...

Општина Центар и Црвениот крст потпишаа договор за продолжување на соработката за користење на услугата за бесплатен транспорт до здравствените установи. Градоначалникот Горан Герасимовски, истакна дека станува збор за проект кој се покажа како значаен и корисен, и ги повика граѓаните кои имаат потреба од ваква услуга активно да ја користат. Услугата подразбира бесплатен превоз до здравствените установи со наменски возила на Црвениот крст за ...

Земјоделците од српските градови Чачак и Кралево, кои од вчера попладне ја блокираа Ибарската магистрала, одлучија да продолжат со протестот сè додека владата на Србија не ги исполни нивните барања. А Бараат контрола на увозот на млеко и млечни производи, увозни квоти и гарантиран откуп на млеко. Тие цела ноќ ја поминаа во кабините на своите трактори или покрај запалени огнови. Најавена е и блокада на уште неколку патишта во Србија. МОЖЕБИ ЌЕ ...

Скромната – и вкусна – боровинка би можела да биде одговорот за подобрување на здравјето на цревата, мозокот и срцето, покажува голема анализа објавена минатата недела. Експертите одамна нè советуваат да јадеме повеќе боровинки, но за среќа не е потребно да консумираме килограми од оваа суперхрана за да има ефект. Истражувањата покажуваат дека боровинките имаат бројни здравствени придобивки – подобрување на функцијата на крвните садови, ...

Семејството на Џејмс Ван Дер Бик добива поддршка преку донации на GoFundMe откако актерот и неговото семејство се соочија со финансиска криза пред неговата смрт на 48-годишна возраст. Ѕвездата од „Dawson’s Creek“ почина во средата по двегодишна борба со рак на дебелото црево, стадиум 3. Зад себе ги остави сопругата Кимберли и нивните шест деца: Оливија (15), Џошуа (13), Анабел (12), Емилија (9), Гвендолин (7) и Џеремаја (4). Кога Кимберли ја ...

Полицијата вчера го идентификуваше осомничениот напаѓач за смртоносното пукање во училиште во западна Канада. 18-годишна девојка уби осум лица, меѓу кои еден наставник, како и три ученички и двајца ученици на возраст од 12 до 13 години. Уште две тела – на 39-годишната мајка на осомничената и на нејзиниот 11-годишен полубрат – биле пронајдени во куќа недалеку од училиштето. Се верува дека 18-годишната девојка прво ги убила членовите на своето ...

Украинскиот претседател Зеленски повика секој мировен договор за ставање крај на војната во Украина да вклучува конкретен датум за пристапување на земјата во ЕУ. Тој рече дека Украина „ќе направи сè“ за да биде „технички подготвена“ за влез во Унијата до 2027 година. „Сакам конкретен датум“, кажа Зеленски и предупреди дека ако договорот, не содржи датум, Русија ќе работи на блокирање на процесот – индиректно, преку одредени европски ...

Марко Бислимоски поднесе оставка од функцијата претседател на Регулаторна комисија за енергетика. Во писменото известување упатено до Собрание, тој наведува дека се повлекува од функцијата и бара согласно Законот да се утврди престанокот на мандатот. Оставката доаѓа по кривична пријава, во која се наведува дека Бислимоски, иако бил законски обврзан, не покренал постапка за навремено одземање на лиценцата на компанијата Тритерол Петрол ДООЕЛ ...

Во очекување на следните активности на истражните органи во врска со аферата „марихуана”, партиите јавно изнесуваат обвинувања и поставуваат прашања. Па така од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека СДСМ на чело со Зоран Заев и Венко Филипче го злоупотребиле процесот за регулирање на медицинскиот канабис во Македонија, на начин што во 2020 година смислиле план како енормно да заработат од бизнисот, преку целосна легализација на марихуаната. Но тоа не им ...

Заврши истрагата за огромниот пожар во Визбегово, обвинети се три физички и едно правно лице. Имено, тројца сопственици и управители на фирма ќе одговараат за сериозно загадување во скопско Визбегово, откако обвинителството поднесе обвинение поради незаконско складирање опасен отпад што доведе до голем пожар и масовно загадување на воздухот во скопскиот регион. Обвинетите без дозвола складирале опасен отпад на парцела во Визбегово. Станува ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
45%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
3.09
49%
1011
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
45%
1016
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.86
62%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
93%
1011
weather icon

Атина

21ᴼ / 17ᴼ
0.89
50%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
4.63
59%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
49%
1010
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
60%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7072

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Родиум

319899.93

Паладиум

48883.97

Сребро

2840.84

Бакар

12.06

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Платина

64172.89

Алуминиум

3.57

Рутениум

51376.89

Калај

50.03

Злато

166450.52

Цинк

3.35