Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Без покажување на руското оружје годинава ќе се одржи воената парада на 9 мај на Црвениот плоштад во Москва, поради оперативната ситуација поврзана со воените активности против Украина. Руското министерство за одбрана соопшти дека во парадата ќе учествуваат припадници на високи воени училишта и на различни родови на руските вооружени сили, а некои образовни институции нема да бидат вклучени. На парадата ќе учествуваат и стратешките ракетни ...
Сенатот на САД синоќа ја блокираше резолуцијата на Демократите, со која ќе му се забрани на претседателот Доналд Трамп да започне воена акција против Куба без одобрение од Конгресот. Републиканскиот сенатор Рик Скот од Флорида, кој го иницираше процесот со кој се запре резолуцијата, рече дека гласањето за воени овластувања не било соодветно бидејќи Трамп не распоредил трупи. Демократскиот сенатор Тим Кејн од Вирџинија, еден од главните ...
СДСМ деновиве пукаше од сите оружја против Владата – прес-конференции, соопштенија, настапи, анализи… сè во функција на една теза: нема напредок на реформите. Се повикуваа на изјава на европратеникот и известувач за Македонија, Томас Вајц, а лидерот Венко Филипче дури тврдеше дека тоа е потврда за она што со месеци го зборувале. Но, наместо политички поени – добија студен туш. Интервјуто на Вајц за бугарска телевизија се покажа како старо, ...
Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер во источните делови од југозападен, а во западните делови од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и услови за слаб локален дожд. Ќе ...
Поминаа сите уставни рокот, а Собранието на Косово не успеа да избере нов претседател, поради недостиг на потребниот број гласови, што ја доведува земјата на раб на предвремени парламентарни избори. Во гласањето учествуваа само членовите на владејачкото Движење Самоопределување и претставниците на несрпските малцинства, кои во текот на денот се состанаа четири пати, но нивните 64 гласа не беа доволни за избор на претседател, за што е потребно ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, им наложил на своите соработници да се подготват за продолжена блокада на Иран, пренесува „Волстрит журнал“, повикувајќи се на американски претставници. Според извештајот, Трамп решил да продолжи со притисокот врз иранската економија и извозот на нафта преку блокирање на поморскиот сообраќај кон и од иранските пристаништа, сметајќи дека другите опции носат поголем ризик. Во меѓувреме, Иран предложи повторно ...
Законските измени за укинување на техничката влада и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пратениците со чии измени се предлага пратениците да имаат само едно државјанство, се на денешната 98. пленарна сеница на Собранието. Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски појасни дека предложеното законско решение со одложната примена, има за цел да обезбеди стабилност, правна сигурност и заштита на јавниот ...
Вршителката на должноста амбасадор на САД во Киев, Џули Дејвис, ќе се повлече од функцијата и ќе замине во пензија во јуни 2026 година, потврдија американски претставници и Стејт департментот. Иако „Фајненшл тајмс“ објави дека причината е несогласување со политиките на претседателот Доналд Трамп, Стејт департментот ги демантираше тие наводи. Од таму нагласија дека Дејвис останува посветена на напорите за постигнување траен мир меѓу Русија и ...
Соопштение од ЛИДЛ: „Лидл Северна Македонија го освои првото место за најдобар правен субјект во областа на безбедност и здравје при работа за 2025 година. Компанијата е добитник на наградата во категоријата Услужни дејности, која ги опфаќа финансиските, информативните, транспортните, трговските, сервисните и други услуги, како признание за системските инвестиции и високите стандарди што ги применува во грижата за своите вработени. ...
Обвинителството побара максимална затворска казна, за Стојанче Јовановски чија сопруга и ќерка трагично ги завршија животите на 2 март годинава по пад од балкон во Тафталиџе, а неговата одбрана побара ослободителна пресуда во завршните зборови на денешното рочиште. Јовановски е обвинет за три кривични дела – телесна повреда, односно повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување и помагање во ...
Во текот на вчерашниот ден во полиција во Скопје се регистрирани четири инциденти со малолетници, како и случаи на врсничко насилство. Во Карпош малолетник со тврди предмети нападнал полицаец кој извршувал службена дејност, додека во Драчево имало физички напад врз малолетник. Жена од Скопје пријавила дека овој и минатиот месец нејзиниот малолетен син, додека се возел во автобус, бил вербално малтретиран од иста група од четворица ...
Министерството за внатрешни работи води активна истрага за случајот со врсничко насилство во Ѓорче Петров врз шестоодделенка од страна на три други ученички и повикани се на разговор 14 лица, а за дел од нив следат процесни дејствија, изјави министерот Панче Тошковски. Во рамки на предметот е вклучено и Јавното обвинителство и се постапува по насока на надлежен јавен обвинител. Запознаен сум дека се води истрагата, ова е сериозен проблем кој ...
Филипче и СДС за власт се спремни да го продадат македонскиот јазик, култура и идентитет. Лековерноста и лојалноста на Филипче и СДС кон бугарските политичари од ден на ден се зголемува, што директно наштетува на македонските позиции и црвени линии, реагира пратеникот Бране Петрушевски на изјавите на опозициската СДСМ. Петрушевски нагласува дека „Филипче и СДС немаат проблем со тоа македонскиот јазик да е бугарски дијалект, Македонија да е ...
Во првите четири месеци од оваа година шестмина работници го загубиле животот при извршување на своите работни обврски. Минатата година таа бројка изнесувала 31, а во периодот од 2022 до 2024 година, за три години, загинале вкупно 54 работници. На денешниот Светски ден за безбедност и здравје при работа повторно се отвора прашањето – колку се навистина безбедни работниците во Македонија? Одговорот, за жал, го даваат трагедиите што се ...
СДСМ утрово на својата страница на Фејсбук објави соопштение каде што настаните од 27 април 2017 година ги поврзува со историски настани од минатото. Го објавуваме во целост: „Тероризмот е во крвта на ВМРО! На годишнината од бруталниот напад врз македонското Собрание, јасно и недвосмислено го повторуваме: тероризмот е во крвта на ВМРО! Истиот оној терористички менталитет којшто пред дваесет и две години стоеше зад атентатот врз првиот ...
Мексиканските специјални сили го уапсиле водачот на картелот Аудијас, Флорес Силва, познат како „Ел Хардинеро“, што предизвика бран насилства во западниот дел од земјата. По апсењето, во државите Најарит и Халиско беа запалени возила и објекти, а властите апелираа граѓаните да останат во своите домови. Флорес Силва се сметаше за можен наследник на убиениот лидер на картелот „Ел Менчо“. Тој бил следен 19 месеци, а уапсен е додека се обидувал ...
Пропадна последниот обид косовскиот парламент да избере нов претседател, откако на вчерашната седница присуствуваа само 64 пратеници од Движењето Самоопределување на премиерот Курти и нивните коалициски партнери. За избор на претседател во првиот круг е потребно присуство и поддршка од најмалку 80 пратеници, поради што гласањето не беше успешно. Седницата беше прекината и најавено е нејзино продолжување денеска. Опозициските партии ја ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека иранското раководство ги „понижило“ САД и дека Техеран ја надмудрило администрацијата на Доналд Трамп во преговорите, посочувајќи на неуспешните разговори во Исламабад и откажаното патување на американските преговарачи. Во меѓувреме, Иран предложи нов план за прекин на огнот со фокус на отворање на Ормускиот теснец, додека нуклеарното прашање би се одложило. Според аналитичарите, ваквиот пристап ...
Во судир на два воза во Индонезија, во близина на Џакарта, загинаа најмалку седум лица, а десетици се повредени. Несреќата се случила кога меѓуградски воз удрил во задниот вагон на приградски воз кој бил запрен на пругата. Според властите, до застојот дошло откако возило удрило во приградскиот воз на железничко-патен премин. Во судирот се повредени 81 лице, а сите жртви биле во последниот вагон. Сите 240 патници од меѓуградскиот воз се ...
Суперјахтата „Норд“, во сопственост на рускиот милијардер Алексеј Мордашов, минала низ Ормутскиот теснец и покрај ограничувањата за пловидба во регионот. Податоците од сервисите MarineTraffic и VesselFinder покажуваат дека 142-метарската јахта испловила од Дубаи и на 25 април ноќе го преминала теснецот кон Оман. Пловидбата се случила во период на зголемени тензии и поморска блокада, при што низ теснецот минале и други бродови, вклучително и ...
Полицијата уапсила возач на автобус кој вршел превоз на патници без да има возачка дозвола. Според информациите од МВР, објавени на социјалните мрежи, вчера на улица „Панајот Гиновски“ во Ѓорче Петров во Скопје од страна на полициски службеници, контролиран е автобус марка „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој вршел јавен превоз на патници, а шоферот не поседувал важечка возачка дозвола. Против возачот З.С. (54) од Скопје и ...
Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, дел од скопската општина Карпош ќе биде без напојување со електрична енергија, јавија од ЕВН Македонија. Детали за прекинот: Општина: Скопје – Карпош Време: од 09:00 до 14:00 часот Локација: Дел од потрошувачите на ул. Козле 2 и ул. Јуриј Гагарин Од ЕВН Македонија информираат дека прекинот е неопходен поради реализација на планирани активности за подобрување на квалитетот и ...
Човекот кој вооружен упадна на вечерата на Здружението на дописници во Белата куќа е изведен пред федерален суд во Вашингтон и се соочува со три сериозни обвиненија. Обвинителството го товари и за обид за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп, за што му се заканува доживотен затвор. Дополнително, обвинет е за пренос на огнено оружје преку државни граници со намера за извршување кривично дело и за употреба на оружје при насилен ...
Час поскоро треба да се затвори процесот за укинување на насадената т.н. Пржинска влада, која одамна ја изгуби својата смисла. Наместо да биде гаранција за фер избори, таа се претвори во формалност што го оптоварува системот и ја блокира државата во периодот пред избори. Македонија не смее повеќе да троши време на модели што се наметнати однадвор, а не произлегуваат од домашна потреба и реалност. Многу поважно е сега вниманието да се насочи ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за ново намалување на малопродажните цени на нафтените деривати кои стапија на сила од полноќ. Цените на Бензинот од 95 октани како и 98-мицата се зголемени за 2 денари, додека дизелот е за два и пол денари поевтин. Екстра лесното масло ќе се продава за денар помалку односно за 96 денари, а кај мазутот има минимално зголемување на 46,6 денари. Регулаторната комисија за енергетика донесе ...
Осврнувајќи се на реакциите на опозициската СДСМ за предлогот на владата за укинувањето на т.н. Пржинска или техничка влада по наредните парламентарни избори, премиерот Христијан Мицкоски повтори дека политичките партии и на лидерска средба се согласиле за напуштање на овој концепт и тие како влада направиле се што треба, па на СДСМ им посака среќа по најавите дека би можеле да го напуштат и парламентот. Премиерот повикувајќи се на изјава од ...
Ученичка од шесто одделение во два наврати била брутално малтретирана од три постари девојчиња во парк во Ѓорче Петров. Групата ја тепала, ја горела со цигари, ја понижувала и ја присилувала да јаде кучешки измет, а дел од насилството било снимено со мобилен телефон. Инцидентите се случиле среде бел ден на само неколку метри од полициската станица. Девојчето поради претрпеното деградирачко врсничко насилство добива лекарска и психијатриска ...
Јане Ченто, осуден на 13 годишна затворска казна за упадот во Собранието од 27 април 2017 година поднесе кривична пријава против поранешната јавна обвинителка Вилма Русковска за попречување на правдата и за злоупотреба на службената положба” и нагласи дека постојат дополнителни докази кои сериозно го доведуваат во прашање начинот на кој се водела истрагата и судскиот процес против осудените за овој случај. Според Јане Ченто документите ...
Од Општина Кисела Вода најавуваат дека ќе извршат вонреден инспекциски надзор за околностите поради што дошло до несреќата на градилиштето на улицата Козјак во петокот, кога еден градежен работник загина, а тројца беа повредени при ископ на темели за станбена зграда. – Општината иницира вонреден инспекциски надзор со вклучување на сите раководители од надлежните сектори. Ќе се направи целосна проверка на безбедносните услови, вклучително и ...
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, на прес-конференција информираше за тековните и планираните проекти во градот, нагласувајќи дека во моментов се реализираат над 80 проекти со поддршка од Владата и дека се работи на 21 локација. Тој истакна дека и покрај проблемите што се јавуваат на терен, општината континуирано работи на нивно решавање, потенцирајќи дека Битола бележи најголем инфраструктурен развој во последните години. „Работата ...