Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Селекторот на А репрезентацијата, Гоце Седлоски го соопшти списокот на фудбалери кои се во комбинација за претстојните пријателски натпревари на гостински терен против Босна и Херцеговина (29.05) во Сараево и Турција (01.06.) во Истанбул. Предводникот на националниот тим на располагање ќе има 27 играчи, а меѓу нив петмина кои за прв пат ќе го носат дресот на македонската репрезентација, дефанзивецот на романски УТА, Дин Аломеровиќ, десниот ...
Операцијата „Епски бес“, 40-дневната воздушна кампања на САД и Израел против Иран, која започна на 28 февруари и заврши на почетокот на април, зеде голем данок врз американската флота на воени авиони, а Конгресот бара целосен отчет на трошоците и подготвеноста на силите. Според извештајот на Конгресната истражувачка служба од 13 мај 2026 година, 42 американски воени авиони биле изгубени или оштетени, со проценета цена од 2,6 милијарди долари. ...
Владата се фали со средства кои, како што се наведува, ги добиваат сите кандидати на Балканот, со исклучок на Србија, но не дава одговор колку пари земјата изгубила поради забавениот европски процес. Од Европската унија биле одобрени 65,7 милиони евра за Македонија, додека вкупната сума што требало да биде повлечена само за периодот јуни 2025 – декември 2025 изнесувала 134 милиони евра. Се поставува прашањето колку средства Македонија ...
Покрај неуспешните преговори со нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“, Владата најави проширување на мрежата на авиолинии и воведување нови летови од скопскиот и охридскиот аеродром во текот на летната сезона. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека ова лето ќе бидат отворени пет нови дестинации, нагласувајќи дека и покрај глобалните предизвици во авиоиндустријата, земјата бележи раст во авио-сообраќајот. ...
Делови од скопските општини Ѓорче Петров и Петровец денеска ќе останат без електрична енергија поради зафати во електродистрибутивната мрежа, информираат од ЕВН Македонија. Според најавата, во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците 31, 102 и 103 во населбата Волково, во Општина Ѓорче Петров. Дополнително, од 11:00 до 13:00 часот прекин на електричната енергија ќе има и за корисниците од улицата Катланово, ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц предложи Украина да добие статус на „придружна членка“ на Европската Унија како преоден чекор кон полноправно членство, со цел да се олеснат мировните напори и да се зајакне безбедноста на земјата во услови на војна со Русија. Според предлогот, Украина би добила можност да учествува на самитите на Европската Унија и на состаноците на министрите, но без право на глас и без можност за носење одлуки. Мерц смета ...
Европската комисија одобри нова финансиска поддршка од 65,7 милиони евра за Македонија во рамки на Инструментот за реформи и раст, по позитивната оценка за спроведените реформи во образованието и дигитализацијата до крајот на 2025 година. Од вкупната сума, 30,6 милиони евра ќе бидат префрлени директно во државниот буџет како поддршка за реформите во основното и средното образование, како и за развој на дигиталната инфраструктура во ...
Денеска православните христијани го одбележуваат Спасовден – празникот на Христовото вознесение, кој се смета за еден од најголемите христијански празници. Спасовден секогаш се паѓа во четврток, 40 дена по Велигден, а се празнува во спомен на денот кога Исус Христос по своето воскресение последен пат им се јавил на своите ученици. Според христијанското предание, тој ги собрал апостолите во селото Витанија и им најавил дека наскоро ќе се ...
Дел од жителите на скопската Општина Центар денеска ќе останат без вода поради изведување на водоводен приклучок на улицата „Дане Крапчев“. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи, а по известување од ЈП „Водовод и канализација“, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од дел од улицата „Дане Крапчев“. Прекинот започнал од 08:30 часот и ќе трае сè до завршување на работните активности. Од надлежните апелираат ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во текот на денот ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието, каде повремено ќе достигнува брзина над 50 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 6 до 14 степени, додека дневните ќе достигнат од 20 до 28 степени. Во Скопје се очекува слично време – променлива облачност со сончеви периоди ...
Триесет и шестгодишен државјанин на Македонија е уапсен во австрискиот град Салцбург под сомнение дека учествувал во брутален грабеж во Германија, по кој животот го загубил 93-годишен маж. Според информациите од австриската полиција, осомничениот бил баран со европска потерница, а бил приведен во населбата Елизабет-Форштат, во близина на железничката станица во Салцбург. По апсењето, тој бил пренесен во затворот во Пух-Урштајн. Истражителите ...
Силекс е нов освојувач на Купот на Македонија, откако во финалето на Националната арена во Скопје ја совлада Шкендија со 1:0. Кратовци со овој триумф по четврти пат го освојуваат куп-трофејот, а воедно обезбедија и настап на европска сцена следната сезона. Херој на Силекс беше Алиќ, кој во 71. минута го постигна единствениот погодок на натпреварот по брза контра-акција. Додев проби по левата страна и испрати употреблива топка, а Алиќ сигурно ...
Волво размислува повторно да ги врати караван моделите во својата понуда, во време кога SUV возилата веќе подолго време доминираат на глобалниот автомобилски пазар. Извршниот директор на компанијата, Хокан Самуелсон, во интервју за Motor1 изјави дека постои можност пазарот да „отишол предалеку“ во насока на SUV модели, оставајќи простор за враќање на пониски и поаеродинамични автомобили. Според него, караваните нудат речиси иста практичност ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа на гостувањето кај Охрид со 25:22 и на едно коло пред крајот на Суперлигата се вратија на втората позиција на табелата. Битолчани имаа контрола над резултатот во поголемиот дел од натпреварот, а клучна улога во триумфот имаше голманот Никола Митревски, кој забележа 16 интервенции. По овој резултат, Еурофарм Пелистер и Охрид имаат по 50 освоени бодови пред последното коло, но тимот од Битола е во ...
На 19.05.2026 година, околу 22:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода 27-годишниот Н.М. од село Синичане, тетовско, по инцидент што се случил за време на сообраќајна контрола. Настанот се одиграл на регионалниот пат Тетово – Гостивар, во близина на село Долно Палчиште, кога било запрено патничко возило „ауди А6“ со тетовски регистарски ознаки. При контролата, возачот одбил да ги приложи ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во текот на ноќта одржале „долг и драматичен“ телефонски разговор, кој според израелските медиуми претставува нивен втор контакт за само неколку дена. Според израелскиот „Канал 12“, разговорот се случил во чувствителен момент кога, како што се наведува, двајцата лидери се наоѓаат „на прагот на одлука“ во врска со ескалацијата на ситуацијата со Иран. Иако не се ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се на чекор до освојување на нова шампионска титула, откако во вториот натпревар од финалната серија повторно ја совладаа екипата на Маџари со 81:76 на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“. „Сино-белите“ имаа одлично прво полувреме во кое направија значајна предност и на пауза заминаа со водство од 47:31. Избраниците на тренерот Васко Атанасов го контролираа ритамот и во третиот период, и покрај тоа што ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска одржал работен појадок со амбасадорот на Европската Унија во земјата Европска Унија Михалис Рокас, како и со амбасадорите на земјите членки на Унијата акредитирани во Македонија. На средбата, министерот ги информирал присутните за актуелните политички и реформски процеси во државата, со посебен осврт на напредокот во исполнувањето на обврските поврзани со отворањето ...
Судот донесе пресуда против лице од Охрид кое со измама се претставувало како медицинско лице и на тој начин стекнало значителна финансиска корист, злоупотребувајќи ја довербата на граѓаните. Според утврдените факти во постапката, осудениот нудел наводни здравствени услуги и третмани, убедувајќи ги оштетените дека ќе добијат медицинска помош. За услугите наплатувал различни суми пари, иако дел од третманите никогаш не биле реализирани. Во ...
Полицијата поднесе кривична пријава против 37-годишен жител на Крива Паланка, кој се сомничи дека предизвикал инцидент во угостителски објект, при што физички нападнал музичар и оштетил дел од музичката опрема. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил расчистен од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка, по што против Б.Ц. (37) била поднесена кривична пријава поради постоење основи ...
Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Пекинг во обид дополнително да ги зацврсти односите со Кина и да обезбеди нови договори во енергетиката, трговијата и геополитиката. Дводневната посета доаѓа веднаш по посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, што дополнително го засили вниманието кон односите меѓу Москва и Пекинг. Аналитичарите оценуваат дека Кремљ сака да испрати порака дека Русија останува најблискиот ...
Во скопската населба Аеродром бил пријавен физички напад врз 18-годишно момче, кое, според пријавата, подолг период претходно било вознемирувано од врсници во средното училиште каде што учело. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Д.Т. (66) од Скопје пријавил дека неговиот син К.Т. (18) на 14 мај околу 11:10 часот бил физички нападнат од Р.А. (18) од Трубарево и уште едно 17-годишно лице. Како што се наведува во ...
Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ продолжи со изведување докази на обвинителството, при што обвинителите приложија докази – видео снимки и фотографии поврзани со објектот од критичната вечер, па и низ годините во минатото кога работел. – Ќе може да видите дека постојат околности што се однесуваат на безбедносно значајни аспекти за работењето на овој клуб, правно лигитимиран како кабаре – беше кажано на денешното судење. Во ...
„Апсолутно не поддржувам надворешно мешање во внатрешните политики на Македонија како што тоа беше пред некој ден, но исто така ние како Влада немаме намера ниту сме пледирале да се мешаме во внатрешните и независни политики на било која држава, посочи премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги неодамнешните протести пред Министерството за правда и најавениот митинг во Куманово за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ. ...
Во возило на Граничниот премин Табановце Царинската управа при контрола пронајде и заплени половина милион евра, што е досега рекордна сума. Директорот на Управата, Бобан Николовски соопшти дека парите се пронајдени во специјално монтиран бункер во минибус, сопственост на туристичка агенција од Албанија во кој биле превезувани седум патници – Девизите и возилото се трајно одземени, а сторителот е државјанин на Албанија и веќе има изречено ...
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски, според најавите од „Arab Times Online“, ќе има кратка интернационална авантура во Кувајт. Тој треба да настапи за екипата на Кувајт Сити на Азиската Лига на шампиони за клубови, која годинава ќе се одржи во периодот од 6 до 15 јуни. На турнирот се очекува учество на повеќе познати ракометари кои настапуваат во различни лиги, меѓу кои се и играчи поврзани со тимови како ...
Цената на златото денеска остана релативно стабилна, но и понатаму се движи близу најниското ниво во последните месец и пол, под влијание на силниот американски долар и високите приноси на државните обврзници во САД. Според податоците што ги пренесува Ројтерс, цената на спот-златото се движи околу 4.481 долар за унца, додека американските фјучерси за јуни бележат пад од околу 0,6 проценти и се на ниво од приближно 4.483 долари. Иако златото ...
Синдикалната минимална кошница за месец мај изнесува 68.743 денари, што претставува намалување од 54 денари во однос на април, кога изнесувала 68.797 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Според пресметките на ССМ, доколку во трошоците се вклучи и изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупната вредност на синдикалната кошница се искачува на 84.117 денари. Најголем дел од месечните трошоци и понатаму се однесуваат на храна ...
Вечерва македонската фудбалска сцена ќе добие нов освојувач на Купот на Македонија, а финалниот натпревар меѓу Силекс и Шкендија носи и интересна тренерска пресметка меѓу двајца докажани стратези – Александар Васоски и Јетон Беќири. Кога се игра финале, фаворити речиси и да нема. Станува збор за еден натпревар во кој одлучуваат моментите, инспирацијата, тактиката и психолошката подготвеност. Токму затоа, голема улога ќе имаат и двајцата ...
Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди јужниот дел на Турција, во близина на границата со Сирија, предизвикувајќи вознемиреност кај населението во повеќе градови од регионот. Според првичните информации од локалните медиуми, епицентарот на потресот бил лоциран во пограничниот регион меѓу Турција и Сирија, а земјотресот силно се почувствувал во градовите Малатија, Адана и Газиантеп. Потресот бил ...