Европскиот суд за човекови права во Стразбур ги усвои тужбите на тројца македонски судии кои беа разрешени од Судскиот совет поради нестручно вршење на функцијата. Судот минатиот месец одлучил дека на судиите Стојанче Рибарев, Сузана Здравева и Силвана Илиевска им било повредено правото на фер судење. Рибарев беше разрешен бидејќи како в.д. претседател на скопска единица во 2017-та исклучил петмина судии од АКМИС системот за да не добијат во ...

На седница на новоизбраниот Совет на Град Скопје, ребаланс на буџетот за годинава. Според најавите, се очекува да бидат обезбедени средства за системот БРТ, но и како што најави градоначалникот Ѓорѓиевски и за украсување на метрополата за новата година. Во програмата не беа предвидени средства за предновогодишно украсување, ниту пак за новогодишна прослава каква што треба за граѓаните и пречек на новата година, вели скопскиот градоначалник. Од ...

Витаминот Ц е неопходен за здрав имунолошки систем, заздравување рани, здрави коски и правилно функционирање на мозокот. Најчесто се внесува преку овошје и зеленчук, но сè почесто се користи и како додаток во исхраната. Стручњаците предупредуваат дека претераниот внес може да предизвика несакани ефекти. Најчестите симптоми од прекумерно земање витамин Ц се гастроинтестинални проблеми – дијареја, гадење и болки во стомакот. Ризикот расте кога се ...

Од анализираните 19 случаи, кај десет, комисијата од Министерството за здравство утврдила дека биле извршени непотребни кардиолошки интервенции кај пациенти во приватни болници. Комисијата дополнително ќе ги анализира случаите, заедно со странските експерти кои ќе се вклучат во работата. Претседавачот на комисијата, д-р Жарко Христовски рече дека со резултатите од оваа првична анализа, ќе настапат заедно со меѓународната комисија којашто е ...

Во периодот од 10.11 до 13.11.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.518 издадени платни налози, 498 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 11 лица, од кои осум за возење под ...

Едно лцие загина, десетици се ранети и хоспитализирани по рускиот напад врз Киев во текот на ноќта. Властите со повик до жителите да останат во засолништа сè додека не се укине тревогата за воздушниот напад. Предупредија и дека се можни прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода. Нападот доаѓа откако Европската унија оваа недела предупреди дека Украина мора да продолжи со сузбивање на корупцијата по големиот скандал со мито што ги ...

Со роденденска премиера на претставата „Макбет“ од Вилијам Шекспир во режија на Иштван Сабо од Унгарија, Битолскиот театар денеска одбележува 81 година од денот на формирањето и почетокот на Меѓународниот „Битола Шекспир фестивал“. Главната улога, ликот на Макбет го игра Мартин Мирчевски, а заедно со него во најновиот проект вклучени се четириесеттина професионалци, актери и логистички персонал од Народниот театар-Битола, избрани од унгарскиот ...

Во Владата денеска е закажана прес-конференција на која ќе се обратат министерот за здравство Азир Алиу и членовите на интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции. Комисијата беше формирана откако кардиохирургот Сашко Кадев во интервју изјави дека во некои приватни болници се вршат непотребни интервенции само за профит, вклучувајќи и непотребни стентирања и операции. На 4-ти ноември министерот за здравство информираше дека од ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 15.11.2025 година ...

БИ-БИ-СИ му се извини на американскиот претседател за документарецот „Панорама“, во кој беа монтирани делови од неговиот говор пред нападот на Капитол Хил, но го отфрли барањето за отштета од една милијарда долари. Трамп претходно најави тужба-бараше извинување, повлекување на документарецот и прикладен надомест. Претседателот на БИ-БИ-СИ, Самир Шах, се извини и призна дека монтажата оставила „впечаток на повик за насилство“. Генералниот ...

Во Комисијата за финансирање и буџет почнува расправата за Предлог-државната каса за идната година. Ќе тежи 6,73 милијарди евра. Вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на скоро 414 милијарди, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2 ипол, а буџетскиот дефицит на 3,5 насто од БДП. Од Владата велат дека Буџетот претставува реално планирање, ...

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 0:0 на пријателскиот натпревар против Летонија во Скопје. Имавме шанси, меѓутоа затаи реализацијата. Во 14. минута, Милан Ристовски одлично се ослободи од својот чувар, шутираше од 25 метри, но голманот на Летонија, Рихард Матревичс, успеа да одбрани. Десет минути подоцна, возврати и Летонија со опасен напад. По нафрлувањето од левата страна, Владиславс Гутковскис шутираше со глава, но крај голот ...

Бројот на заболени од грип се зголемува. За една недела пријавени се 116 заболени, за 20 проценти повеќе од претходната. Најмногу заболени има во Куманово и Гостивар. Во однос на возраста најмногу заболени има од 15 до 64 годишна возраст. Грипот сè уште не е лабораториски потврден во земјава. Иако, се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, сепак останува на меѓусезонско ниво, карактеристично за овој период од годината. ...

Почнаа разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за испразнетите места во Владата. Премиерот Христијан Мицкоски не открива детали, но најави дека многу брзо ќе биде познато кој ќе го наследи Меџити на вицепремиерското место, но и во Министерството за животна средина. Извесно е само дека Беким Сали седнува на вицепремиерското столче. Меѓу темите на редовните средби на коалициските партнери и назначувањето на владини повереници во четирите општини кои ...

Економски раст од 3,8% и стабилизирање на инфлацијата в година, односно пад на 2,2% очекуваат од Владата. Според министерот за економија, растот на платите и пензиите ќе продолжи и во 2026, а се очекува и раст на минималната плата. Министерот рече дека цените се стабилизираат, но не може да се влијае на одредени производи зашто доаѓаат од странство. Паралелно, се подготвува Законот за финансиска поддршка на компаниите. Целта е поттикнување на ...

Скопје ја живее слободата. Се сеќава на жртвите на оние коишто го положиле животот за денеска градот да се развива во метропола. 81 година сеќавања на хероите што се бореа за идеја, за достоинство, за Скопје што го имаме денес. Почит и достоинствено сеќавање на оние кои ги изгубија своите блиски за во наследство да ја остават слободата за идните генерации. Среќен роденден Скопје, расти со нас во иднина – порачаа најмладите со креативната визија ...

На 13.11.2025 во 03:10 часот на улица „Благој Крстиќ“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода П.М.(35) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.98 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и ...

Информатичари, здравствени, просветни и градежни работници, угостители, занаетчии се едни од најбараните професии во земјава. Современиот и динамичен развој на општеството ја наметнува потребата од зголемена побарувачка на пазарот на труд и од стручни лица од областа на дигиталниот маркетинг и енергетиката, според податоците на Агенцијата за вработување. Вештачката интелигенција не претставува закана за програмерите, може само да ја подобри ...

Државниот секретар на САД, вели дека повикот на Трамп за продолжување на нуклеарните тестирања е соодветен со оглед на тековните акции од страна на американските противници. Рубио рече дека планот на шефот на Белата Куќа вклучува тестирање на системи за испорака, технологии што се користат за лансирање нуклеарно оружје од копно, воздух и море. „Ветувањето на Трамп да продолжи со тестирањето на нашите нуклеарни капацитети, што вклучува и системи ...

Ноќеска во 00:08 часот на ул. „Првомајска“ во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово ги лишија од слобода Т.П.(32) и Р.А.(28), двајцата од с. Миравци, гевгелиско, информираат од МВР. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел корса“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Т.П., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има ...

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против осум лица, поранешни функционери и службеници во Општина Сарај и Град Скопје, како и против еден надзорен инженер. Тие се сомничат за злоупотреба на службената положба, несовесно работење и фалсификување или уништување на деловни книги. Според Управата, осомничените изготвиле и одобриле документи со невистинита содржина за градежна парцела ...

Египетскиот министер за надворешни работи по средбата со турскиот колега во Анкара побара резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации, која јасно ќе го дефинира обемот и овластувањата на евентуалните меѓународни сили за стабилизација во Газа. „Нашите приоритети се многу јасни. Првиот приоритет е да се воспостави договор за прекин на огнот. Следниот чекор е да се добие одлука од Советот за безбедност за ширење на меѓународната моќ. ...

За студентите кои го испуштија рокот за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк (од 1 до 5 ноември), Министерството за образование и наука овозможува дополнителен рок за пријавување – од денеска до 16 ноември 2025. МОН објави дека кандидатите треба да се пријават електронски на e-uslugi.mon.gov.mk/ и при пријавувањето да ги пополнат обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и ...

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, утрово одржа традиционална средба со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија. На средбата, како што објави Ѓорѓиевски на Фејсбук, изразил благодарност за нивната пожртвуваност и храброст да го чуваат жив споменот на борците кои ги положија своите животи за слободно ...

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска игра пријателски натпревар против Летонија, во пресрет на завршницата од овој квалификациски циклус, гостувањето против Велс во Кардиф. Селекторот Благоја Милевски вели дека нема да има калкулации, кога се игра за националниот тим секогаш се дава најдоброто. „Нема потреба да калкулираме или да се штедиме, затоа што имаме доволно време за одмор пред натпреварот против Велс во Кардиф. Ќе се обидеме ...

Денвер Нагетс на гостински терен славеше победа над Лос Анџелес Клиперс на гостински терен со 130:116. Центарот на Нагетс, Никола Јокиќ, го предводеше својот тим со 55 поени, 12 скока и шест асистенции. Свој ден имаше и Стеф Кари кој постигна 46 поени во победата на Голден Стејт над Сан Антонио со 125:120. Во поразениот тим Виктор Вембањама оствари трипл-дабл со 31 гол, 15 асистенции и 11 асистенции. Денвер го доби својот деветти натпревар во ...

Високата претставничка на ЕУ за надворешни политика и безбедност, Каја Калас, изјави дека скандалот со корупција во Украина е крајно несреќен и дека е важно да се сфати сериозно во Киев. Имено, во тек е голема истрага за перење пари во енергетскиот сектор во висина од 100 милиони долари, вмешани се сегашни и поранешни функционери. Разрешен е министерот за правда, министерката за енергетика си поднесе оставка. На фронтот и изминатото деноноќие ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 15.11.2025 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае ...

Претставничкиот дом на САД усвои закон за ставање крај на најдолгото затворање на владата во земјата. Мерката беше потпишана веднаш од претседателот Трамп по историскиот 43-дневен прекин на финансирањето, во кој федералните работници останаа без плати, патниците беа заглавени на аеродромите, а граѓаните останаа без средства за социјална заштита. „Само сакам да ви кажам, земјата никогаш не била во подобра состојба. Поминавме низ оваа краткорочна ...

Владините коалициски партнери се во тековна комуникација, ќе седнат на маса за договарање како на владините повереници за 4-те општини каде не се избраа градоначалници, така и за пополнување на местата во Владата кои се празни. Беким Сали за прв заменик-премиер се чини дека е веќе прифатено, но останува отворено кој и чиј кадар ќе седне во министерското столче на животна средина. И додека се прават коалициските математики за функционерски ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.51
93%
1032
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1029
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
0.0
93%
1032
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.01
75%
1029
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
0.0
99%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 8ᴼ
1.34
83%
1030
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
76%
1030
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1030
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
100%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
95%
1028
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1030
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Злато

139470.53

Родиум

258009.74

Сребро

2128.87

Кобалт

58.42

Калај

42.35

Иридиум

145787.60

Цинк

3.03

Платина

61733.50

Паладиум

52470.02

Рутениум

29192.88

Бакар

10.93

Алуминиум

2.90