Во реонот на Визбегово, општина Шуто Оризари во близина на дивата депонија, избувнал пожар кој се шири и претставува ризик за проширување кон околните површини. Има опасност бидејќи во близина се наоѓаат станбени куќи, соопштија од Центарот за управување со кризи. По барање на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш побарана е воздушна поддршка за справување со пожарот. Во моментов се интервенира од страна на екипи на Територијална ...

Вчера во 16.30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.И.(29) од Радовиш, информираат од МВР. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и дробилка. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот, против А.И. ќе биде поднесена соодветна ...

Интензивни дискусии за крај на војната во Газа. Американските, катарските и египетските медијатори го зголемија притисокот врз Израел и Хамас за запирање на борбите. Израелскиот премиер двапати се сретна со американскиот претседател Трамп. Нетанјаху вели, разговорите се фокусирале на ослободување на заложниците. „Сè уште треба да ја завршиме работата во Газа, да ги ослободиме сите наши заложници, да ги елиминираме и уништиме воените и ...

Центарот за управување со кризи утринава информира дека заклучно до седум часот на територија на цела држава активни се седум пожари, а два се локализирани. Според информациите на ЦУК, имало вкупно 31 пожар на отворен простор од кои 22 се изгаснати. Активни остануваат пожарите кај селото Самоков и помеѓу селата Црешнево, Локвица и Слатин во општина Македонски Брод, потоа меѓу селата Блаце и Чучер во општина Чучер Сандево, кај селото Љубанци во ...

Неизвесно дали интерпелацијата на ДУИ за претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски ќе се најде на пленарка. На последната координација речиси сите пратенички групи реагирале дека не е добро Собранието преку интерпелација да се меша во судската власт. Не се исклучува некој од пратениците на самата седница да предложи точката да биде тргната од дневниот ред, а пленумот ќе одлучи дали да има или не расправа. Од ДУИ му поднесоа ...

Киев ќе ги интензивира контактите со Вашингтон, објави претседателот Зеленски. Одлуката следува еден ден откако шефот на Белата куќа, Доналд Трамп, изјави дека САД ќе мора да испратат повеќе оружје за Украина и покрај претходната најава за пауза на веќе одобрените испораки на огнено оружје. Кремљ предупреди дека одлуката на Трамп да продолжи со снабдувањето со оружје на Украина нема да придонесе за мирно решавање на конфликтот, туку напротив за ...

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандманската расправа по ребалансот на Буџетот. Според информациите објавени на веб страницата на законодавниот дом, седницата треба да почне во 11 часот. За ребалансот на Буџетот се поднесени околу 200 амандмани, од кои 160 од опозициската СДСМ. Општиот претрес за ребалансот почна на 2 јули, а заедно со амандманската расправа трае вкупно десет дена. Со ребалансот се врши ...

Сончево со мала до умерена облачноста. Во крајните западни и северни делови ќе има зголемена облачност со услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието и во источните од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од ...

Осум лица се повредени, претежно полесно, за време на попладневната бура во Белград. Поради силниот ветер проследен со град, паѓаа делови од покривите и дрвјата. Шестмина повредени се однесени во болницата во Земун, а двајца во Ургентниот центар. Силен ветер собори кран во Нов Белград. Падна и дел од лимен покрив, кој оштети четири паркирани автомобили, додека на булеварот Вудро Вилсон падна семафор. Бурата ги опустоши Бачка, Срем, особено беше ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.Г.(51) од с. Липково, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во текот на 2024, пријавениот, како директор на основно училиште во Липково, склучил договор за вработување, без претходно да обезбеди финансиски средства од Министерство за финансии и без објавување на јавен оглас, оштетувајќи го буџетот на државата ...

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите на „Вреди“ во дел од општините уште во текот на првиот круг-најави премиерот и лидер на партијата Мицкокси. Посочува дека разговорите одат во добра насока. Се разговара и со ЗНАМ начелно во Куманово и во Центар има договор за поддршка на нивни предлози за први луѓе на Општината. Но има потврда дека партиите ќе одат со посебни советнички листи. Додека партиите од македонскиот политички блок ги промовираат ...

Вчера во 14 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Р.(20) од Тетово поради основи на сомнение дека уценувал малолетничка од тетовско, информираат од МВР. Имено, околу 12 часот во СВР Тетово тој бил пријавен од страна на 45-годишна жена и нејзината малолетна ќерка од тетовско село дека ја уценувал малолетничката, со која бил во љубовна врска претходните три години. Тој во текот на 2025 година неколку пати ...

Седумнаесет граѓански организации од Македонија, 13 од Албанија, една европска мрежа од 15 организации, како и 9 организации од балканскиот регион и Обединетото Кралство упатија писмо до Комитетот на УНЕСКО да предложи Охридскиот регион да се стави на Листата на светско наследство во опасност. „Имајќи го предвид степенот на досегашната деструкција, итната потреба за реставрација на природните и културните вредности на подрачјето, екстремно сме ...

Жалам што во 21 век на талибански начин некој сака од еден мал народ, од неговиот јазик и идентитет да направи камен на сопнување, вели премиерот Мицкоски за разгледувањето на извештајот на Вајц во Европскиот парламент. Тој вели дека има пратеници во Европарламентот кои нема да го поддржат амандманот. Амандманите за извештајот за напредокот на Македонија ги гледам како феномен што покажува и докажува демократски дефицит во Европската унија и ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери. Синоќа, на улицата „Ѓорче Петров“, осомничениот 57-годишник со запалена хартија од табла за јајца потпалил сува трева. Со настанатиот пожар биле зафатени и ...

Пожарот кај Блаце е ставен под контрола, но ветерот сè повеќе ја шири огнената стихија во атарот на селото Чучер Сандево. Работата на пожарникарите трет ден им ја отежнува непристапниот терен. Пламените јазици го имаат зафатено ридско-планинскиот предел, од Блаце па до селото Бразда активирани повеќе жаришта. Во гаснењето на пожарот во атарот на село Чучер Сандево од раните утрински часови се вклучија два хеликоптери на МВР, кои исфрлија 70 тони ...

Обвинителството за гонење организиран криминал поднесе обвинителен предлог против осум лица вработени во Казнено поправната установа-Затвор Скопје. Според доказите се товарат дека првообвинетиот како директор на установата и двајца полициски службеници како соизвршители, сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Еден од нив сторил и кривично дело „несовесно работење во службата“, за кое дело се обвинети и ...

Волонтерите на Црвениот крст и денес се активно ангажирани на терен, обезбедувајќи поддршка во справувањето со пожарот кој беснее во регионот. Со несебична посветеност, тие учествуваат во логистичка поддршка и асистенција на службите за заштита и спасување. Нашите базени се ставени на располагање за полнење со вода на хеликоптерите, што значително го забрзува процесот на гасење и овозможува навремена интервенција во најпогодените подрачја. ...

Ексдиректорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, е разочараност од одлуката на Уставниот суд за укинување на дел од методологијата на последниот попис, според која населението беше поделено на резидентно и нерезидентно. Симовски смета дека статистичката операција се злоупотребува во политички цели, посочувајќи и на тогашниот бојкот. „Уставниот суд направи преседан, пописот беше согласно препораките на Обединетите нации и Евростат кои ...

Работиме на решение со Бугарија за да ги почнеме преговорите, вели директорот на Директоратот за ЕУ во МНР, Лепавцов. Посочи дека новата методологија за проширување воведе и билатерализација на критериумите што дополнително прави пречки за земјите-кандидатки. Проширувањето на ЕУ стана приоритет поради безбедносните закани, па мора да се искористи моментот, укажа амбасадорката на Данска како претставник на актуелниот претседавач со Унијата. За ...

Рамномерниот регионален развој треба да биде императив на сите институции а клучна алка се општините кои подеднакво треба да ги развиваат и селата и градовите. Ова е пораката што ја упати министерот за локална самоуправа Златко Перински од Гевгелија според кого, Владата со процесот на децентрализација ќе даде дополнителен инпут. Владата преку инвестиционата линија на општините им нуди 250 милиони евра. Преку овој проект утврдени се 829 локални ...

Работиме на решение со Бугарија за да ги почнеме преговорите, вели директорот на Директоратот за ЕУ во МНР, Лепавцев. Посочи дека новата методологија за проширување воведе и билатерализација на критериумите што дополнително прави пречки за земјите-кандидатки. Проширувањето на ЕУ стана приоритет поради безбедносните закани, па мора да се искористи моментот, укажа амбасадорката на Данска како претставник на актуелниот претседавач со Унијата. За ...

За состојбите во Судскиот совет причина е лошиот закон со несоодветни критериуми за избор на членовите, што овозможуваа политизација и партизација. Претседателката Сиљановска Давкова вели, тоа не се однесува само на оние кои се избираат по нејзин предлог, туку и на избраните од Собранието и од судиите. По оценската мисија се пристапи кон донесување нов закон, вели, и тој е веќе во процедура. Со многу построги, поконцизни и појасни одредби. Таа ...

Трамп ги одложи царините до први август. Земјите кои не потпишале нови договори ќе се соочат со високи царини. Американскиот претседател упати писма до лидерите на десетина земји. Новиот царински режим вклучува тарифи од 25 насто за стоки од Јапонија, Јужна Кореја, Малезија и Казахстан, 40 насто царина за Лаос и Мјанмар, за Србија 32 проценти, Босна и Херцеговина 30 насто. Сите писма се означени како официјални документи. Од април наваму, ...

Праските се нискокалорични и затоа се препорачуваат за сите што се на диета. Во само 100 грама праски се содржани само 40 калории. Овој плод има поголемо количество вода. Помага во исфрлање на наталожените токсини во телото и ја подобрува работата на органите за варење. Праската е ретко овошје што во себе содржи селен. Одлична храна за негување на кожата и токму поради тоа лекарите препорачуваат задолжително јадење праски кога температурата е ...

Комитетот на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен на 47-та сесија во Париз бара охридскиот регион да биде преместен на листата светски природни и културни богатства во опасност. По разгледувањето се посочува дека продолжува деградацијата на атрибутите што го поместија охридскиот регион во заштитено наследство на УНЕСКО и се бара исполнување на забелешките на реактивната мониторинг мисија од минатата година. Се нотираат слабостите за односот на ...

Во Европарламентот во Стразбур, попладне дебата и гласање по предлог-извештајот за Македонија на известителот Томас Вајц. Се повторува целосната поддршка на континуираната и доследна посветеност на земјава за приклучување кон ЕУ, но и дека согласно обврските од заклучоците на советот од јули 2022 година, земјава треба да ги спроведе уставните измени, за да може веднаш да ги почне пристапните преговори, целосно почитувајќи го македонскиот јазик и ...

Можен прекин на огнот во Газа и долгорочен мировен договор, теми на состанокот Трамп – Нетанјху во Белата Куќа. Американскиот претседател уверува дека нема застој во преговорите Израел – Хамас. Во фокусот и актуелните случувања во регионот и неодамнешните напади врз Иран. Трамп потврди дека Техеран побарале разговори во врска со нуклеарната програма. „Закажавме разговори со Иран, а тие сакаат да разговараат. Претрпеа голем пораз кога ги ...

Мира Андреева вчера одигра одличен меч на Вимблдон, покажувајќи ги своите вештини и тениска умешност пред еден од нејзините идоли во публиката – Рожер Федерер. Таа после мечот изјави дека и било сон да го види легендарниот тенисер во живот, а победата пред него има за неа уште поголемо значење. Со вчерашната победа над Ема Наваро, Андреева стана најмладата тенисерка која стигнала до четврт-финале на Вимблдон, уште од времето на Марија Шарапова ...

САД ќе испратат повеќе оружје во Украина за да и помогнат на земјата да се одбрани од руските напади, истакна американскиот претседател. Коментарите следат по најавата на Пентагон изминатата недела дека ќе се воздржи од испорака на некои видови оружје поради загриженоста дека американските залихи се намалиле премногу. Додека борбите на фронтот продолжуваат со засилено темпо, Киев бара од Вашингтон да и продаде повеќе ракети и системи „Патриот“. ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
5.66
57%
1015
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
47%
1014
weather icon

Загреб

29ᴼ / 27ᴼ
2.57
34%
1015
weather icon

Софија

30ᴼ / 27ᴼ
4.12
37%
1012
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
5.87
42%
1010
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
2.06
48%
1016
weather icon

Атина

32ᴼ / 28ᴼ
6.69
50%
1010
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
6.17
42%
1011
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
29%
1013
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
8.75
40%
1011
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
3.6
36%
1014
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
3.09
61%
1010
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.4012

Currency

34.3134

Currency

38.0818

Currency

65.2285

Currency

7.33049

Currency

0.65711

Currency

0.35837

Currency

0.52536

Currency

1.289

Currency

0.60048