
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Во струмичко почна да се интензивира бербата на пролетната зелка. Земјоделците по нивите го прибираат родот. Во моментов таа се откупува за 35 денари за килограм. За дел од струмичките земјоделци оваа цена одговара, за други не. Проблем е добивањето амбалажа од трговците. Цената од 35 денари беше договорена неделава меѓу министерот за земјоделство Цветан Трипуновски и откупувачите трговци. По ова цена зелката треба да се откупува две недели. ...
Социјалдемократите побараа одговорност од министерот Тошковски поради низа скандали како што велат, од кој последниот кога двајца полицајци обезбедувачи на претседателката Сиљановска-Давкова лажно тврделе дека непрописно паркираното возило во Дебар Маало е службено. Според СДСМ, скандалите на обезбедувањето на функционерите на власт покажуваат дека безбедносниот апарат системски се распаѓа. МВР за двајцата полицајци поврзани со настанот во ...
Кочани денес на пладне потона во молк. Голем број граѓани излегоа на најавениот протестен „Марш за ангелите“ во организација на семејствата на починатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“. На тивкиот протестен марш пораките беа испратени преку транспаренти и фотографии од настраданите во трагедијата. „Ова не е несреќа, ова е убиство“, „Коруптивниот систем ги уби нашите деца“, „Марш за 59-те ангели“, беа дел од пораките. „Маршот на ангелите“ ...
Треба да се размисли за воведување механизми каде нема да се дозволи билатералните спорови да бидат пречка во остварувањето на колективната цел. Ако сите заедно ја чуваме куќата, тогаш и заедно имаме право да си ги кажеме нашите проблеми, разочарувања и очекувања, порача премиерот Мицкоски на состанокот на постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО во македонското Собрание. Во тешките моменти бевме сведоци на вистинска солидарност ...
Во незапаметената трагедија во кочанската дискотека каде беа повредени околу 200 млади, соседството и дел од европските земји покажаа солидарност, организираа транспорт и згрижија повеќе од 100-тина најтешко повредени. Состојбата на повредените кои итно беа пренесени во болниците во Србија и во Бугарија е стабилна, потврдија медицинските сестри кои се грижат за нив. Најголем дел од повредите имаат изгореници од втор и од трет степен по телото. ...
Училиштата во прилепскиот регион се безбедни, констатираат од инспекторатот и од училиштата кои се под константен инспекциски надзор. По препораките на инспекторатот, главно од Дирекцијата за заштита и спасување, ги обновуваат задолженијата за безбедност. Контролите се редовни, а сега и зајакнати. Едно од средните училишта мора брзо да обезбеди хидрантска мрежа. Во прилепскиот регион се врши перманентна контрола на училиштата во четири општини. ...
Вчера во село Колешино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.К.(65) од село Колешино. Врз основа на судска наредба бил извршен претрес на три локации кои ги користи лицето, при што на катастарска парцела во село Борисово, струмичко, биле пронајдени неколку вреќи и повеќе најлонски пакувања исполнети со зелена растителна материја, вреќа со остатоци од растителна материја, семки од растение, вага, како и други ...
Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред ...
Во Собранието денеска се одржува редовниот годишен состанок на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО, во кој членуваат шефовите и заменик-шефовите на националните парламентарни делегации. Како што е најавено, предвидени се обраќања на премиерот Христијан Мицкоски и на министерот за одбрана Владо Мисајловски. Од Делегацијата на Собранието во ПС НАТО учество ќе земат шефот на Делегацијата, Драган Ковачки и заменик-шефот на ...
Голем дел од стоките увезени во САД почнаа да се оданочуваат со дополнителна царина од 10 насто. Воведувањето царини веќе создаде потрес на светските берзи, а економистите прогнозираат дека нивното негативно влијание во наредните денови ќе се интензивира. Оваа универзална минимална стапка од 10 проценти, од која одредени производи се ослободени, американската царина ќе ја наплати покрај постојните царини. Пекинг веќе објави дека воведува ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на состанокот на шефови на држави и влади „Акаба Процес Балкан III“ во Софија, оствари средба со кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори. Сиљановска-Давкова ја реафирмираше заложбата за унапредување на вредностите на дијалогот, почитувањето на културната разноликост и регионалната соработка како неопходни предуслови за стабилна и просперитетна Европа. Во разговорот, беше ...
Расте бројот на загинати во рускиот воздушен напад на Криви рог. Црниот биланс достигна 18-мина загинати, над 50 се ранети. Меѓу загинатите има и девет деца. Според градските власти, бил погоден станбен кварт, предизвикувајќи огромна материјална штета. Русија ги продолжи нападите со ракетни и беспилотни летала низ Украина и покрај напорите на САД да преговараат за прекин на огнот. Киев тврди дека нападите на Москва врз цивилни области покажуваат ...
Препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица – Скоропослушница, ќе пристигне денеска во 16 часот во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Побожје, на Скопска Црна Гора, информира Скопската епархија на МПЦ-ОА. Иконата ќе биде донесена од монаси од манастирот Дохијар на Света Гора и верници од Скопската епархија, а ќе биде дочекана пред манастирската порта од Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од четири до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до осум, а максималната ќе достигне ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со шефот на бугарската држава Румен Радев во рамките на „Акаба Процес Балкан“ во Софија. Во фокусот на средбата биле трагедијата во Кочани, но се разговарало и за одблокирање на нашиот евроинтегративен пат. Двајцата претседатели заклучиле дека се неопходни позачестени средби. Претседателката нагласи дека се можни компромиси и очекува исчекор на тој план. „Обајцата се согласија дека ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со претставници на Делегацијата на Европската унија, предводени од Стефан Ходулин, раководител на Одделот за соработка и Даница Стошевска, програм менаџер во канцеларијата. На состанокот беше разгледана досегашната соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Делегацијата на Европската унија во делот на спроведувањето на проектите финансирани преку ...
Растот на зелените кредити кои ги пласираат банките е евидентен во последниот квартал од 2024 година. Податоците покажуваат дека на крајот на декември 2024 година, експанзијата на зелените кредити во споредба со истиот период претходната година достигнува 2,3 милијарди денари, односно 8,5%. „Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, зелените кредити се зголемени за четири пати“, извести ...
Во недела ќе има брз продор на студена воздушна маса од север, кој ќе предизвика значителна промена на времето, соопшти УХМР. Ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 сантиметри. Ќе дува засилен северен ветер со над 70 километри на час и температурите значително ќе опаднат. Во понеделник со засилен северен ...
На денешниот Управен одбор на ЗЕЛС, претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, градоначалниците, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дискутираа за системските решенија за превенција и рана детекција на шумски пожари и поплави. Главен акцент беше ставен на унапредување на координацијата меѓу институциите и преземање конкретни чекори за спречување на природни катастрофи. Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека ...
Вчера ОВР Македонски Брод при СВР Битола до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Б.С.(64) од Македонски Брод поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело казниво по чл.188 ст.5 од КЗ „силување на дете кое не наполнило 15 години“, соопштија од МВР. Б.С. се сомничи дека на 03.04.2025 во Македонски Брод бакнувал и допирал по телото малолетно девојче од Македонски Брод. На настанот од 03.04.2025 му ...
Линеарно покачување од 2.500 денари на мартовската плата ќе добијат сите вработени во јавниот здравствен сектор, е последната одлука која беше донесена на вчерашниот состанок со претставниците на гранковиот и синдикатот на Клинички центар. Здравствените работници се најзначајна алка во општествениот живот кои треба да се почитуваат и вреднуваат, истакна директорот на Фондот за здравство, Аџигогов. Заклучно со ноемвриското покачување, растот на ...
Државниот инспекторат за животна средина изрече максимална казна од 180 до 200 илјади за компанијата и 10 илјади евра одговорното лице за загадувањето на водата воКкрива Река кај Крива Паланка. На компанијата и е наложено да направи анализа од независна лабораторија, како ова истекување ќе влијае на животната средина. Според инспекторите, нема помор на риби и нема зголемено количество цијанид во реката. Обвинија дека градоначалникот шири паника, ...
Судско рочиште за двојното убиство на 14-годишната Вања и пензионерот Панче Жежовски заврши со испрашување на обвинетиот Влатко Кешишев. Обвинетиот Влатко Кешишев одговараше на прашања на првообвинетиот за убиствата Љупчо Палевски, рече дека Палчо имал црна кутија во која чувал снимени телефонски разговори и дека им пуштил некои од нив да ги слушаат. Палевски побара од Кешишев да појасни, како отишол кон куќата на Панче од куќата на Велибор во ...
Пожарот во дискотеката „Пулс“ ја зеде 60-та жртва. Почина 29-годишниот Александар Карадакоски, кој се лекуваше во Литванија. Поради вдишаниот чад, 90 проценти од дишните органи му биле оштетени и тоа била причина за смртта. Проблем претставувале и изгорениците кои зафаќале речиси 40 проценти од површината на неговото тело и предизвикале рани и инфекции. Му откажале и бубрезите, па на 1-ви април бил ставен на дијализа. По пожарот, Карадакоски бил ...
Државната комисијата за спречување корупција сè уште не одговорила по пријавата поднесена од обвинителот Јован Цветановски за судир на интереси на државниот обвинител Љупчо Коцевски и на јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели. Тој за МТВ вели дека во прилог на пријавата доставил докази за изнесените наводи. На адреса на Антикорупциската комисија во својство на службено лице ја доставил во декември. Цветановски смета дека поминало доста ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Варшава, е во редовна комуникација со семејството на починатиот пациент Александар Карадакоски, како и со надлежните институции во Литванија, соопштија од МНР. Од страна на Амбасадата се преземаат сите неопходни активности за завршување на конзуларните постапки и за организација на транспортот на телото на починатиот македонски ...
Успешното Европско првенство во Германија, за кое беа продадени 2,7 милиони билети, придонесе УЕФА лани да оствари рекордни приходи од 6,8 милијарди евра, од кои најголемиот дел, 73,1 отсто, се од медиумски права. И резервите во моментов се над посакуваната граница од 500 милиони евра, што значи стабилно работење до 2028 година. „Често слушам дека УЕФА премногу се фокусира на правење пари. Но, ние не сме бесчувствителна профитна машина. Ние сме ...
Македонија ќе ги користи добрите практики на Словенија, со цел забрзување на реформските процеси во јавната администрација. Македонското и словенечкото министерство за јавна администрација потпишаа меморандум, со цел зајакнување и модернизирање на нашата администрација и обезбедување поквалитетни и поефикасни услуги за граѓаните. Словенија е голем поддржувач на евроинтеграцијата на Македонија, а меморандумот е дополнителен придонес кон процесот, ...
„Свесни сме дека миграцијата е комплексен, повеќедимензионален и брзо-менувачки феномен. Традиционалниот начин на управување со миграцијата е затворен и реактивен на настаните, а сите ние сме соочени со предизвиците да ги анализираме, утврдиме и усогласиме краткорочните потреби со долгорочните можности. Дипломатскиот брифинг на кој учествуваме денес е традиција и обележје на Регионалниот центар со кој се овозможува негова промоција пред ...
Софија е домаќин на иницијативата „Акаба Процес Балкан“. На состанокот учествуваат делегации од 30 земји од Балканот, Блискиот Исток и Европа, меѓу кои и претседателката Сиљановска-Давкова. Ќе дискутираат за регионалната безбедност и координацијата во борбата против тероризмот и радикализацијата. Предвидена е и билатерална средба на Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Радев. Се очекува да продолжат разговорите за унапредување на ...