Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Астронаутот Рој Мекбрајд (Бред Пит) оди на опасна мисија низ суровиот Сончев систем за да ја открие вистината за својот исчезнат татко и неговата неуспешна експедиција која сега, триесет години подоцна, претставува закана за опстанокот на нашата планета. Маестралната улога на Бред Пит во научно-фантастичен трилер сместен во вселената. Улоги: Бред Пит, Лив Тајлер Режија: Џејмс Греј Астронаутот Рој Мекбрајд (Бред Пит) оди на опасна мисија низ ...
Интеграциите и реформите – ова е во фокус на средбите на еврокомесарката за проширување, Марта Кос која денеска престојува во Македонија. Таа ја пофали земјава дека покажала силни перформанси во спроведувањето на реформската агенда, но потсети и дека досега ниту еден кандидат за членство не добил гаранции оти ќе нема блокади. Известува Марија Котовска Интеграциите и реформите – ова е во фокус на средбите на еврокомесарката за проширување, ...
Google Street View повторно се враќа во Македонија со обемно обновување на панорамските снимки низ целата земја. Во рамки на новото ажурирање ќе бидат опфатени околу 13.000 километри патишта и улици, вклучувајќи ги Скопје, Охрид, Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Штип, Велес, Струга, Струмица и други градови. Од компанијата информираат дека новите снимки ќе овозможат Google Maps попрецизно да ги прикажува промените во урбаната средина, ...
Според најавите, вечер треба да се одржи седница на извршниот одбор на СДСМ, на која не е исклучено да се разговара и за состојбата во партијата, по трибината „Дванаесет и пет“, на која учествуваа активни пратеници и членови на СДСМ. Актуелното раководство ги прозва дека одработуваат за Христијан Мицкоски. Дел од нив пак возвратија дека токму Филипче и неговото раководство играат за власта. Се најавува исклучување на пратеничката Славјанка ...
Комплетирано е осминафиналето на Светското првенство, откако Аргентина ја совлада репрезентацијата на Египет со 3:2, а Швајцарија по изведување пенали беше подобра од Колумбија со 4:3, по нерешените 0:0 во регуларниот дел. Познати се и сите четвртфинални двојки. За пласман меѓу четирите најдобри ќе се сретнат Франција – Мароко, Шпанија – Белгија, Норвешка – Англија и Аргентина – Швајцарија. По денешната пауза, четвртфиналните пресметки ...
Седумкратниот шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, се пласира во полуфиналето на турнирот, откако во најдолгото четвртфинале, кое траеше пет часа и 14 минути, го победи Феликс Оже-Алиасиме со 3:2 во сетови. Со овој триумф, Ѓоковиќ постави рекорд по бројот на одиграни мечеви во решавачки, петти сет на Гренд слем турнирите. Во полуфиналето, кое се игра в петок, ќе се сретне со бранителот на титулата, Јаник Синер. Седумкратниот шампион на ...
„Држи се за мене“ на Мирсини Аристиду од Кипар ќе го отвори годинашното петто издание на Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“, што ќе се одржува од денеска до 15 јули во Дојран, Струмица и во Гевгелија. Во рамките на програмата на фестивалот ќе се одржат проекции на два филма во чест на Тони Наумовски, годинашниот лауреат на единствената награда за високо актерско достигнување во уметноста на филмот „Мето Јовановски“, ...
Серискиот убиец од Старо Нагоричане седнува на обвинителна клупа. 25-годишниот Т. Б. Од село Малотино е обвинет за 4 убиства и два обида за убиство на жени. Обвинителството наведува дека, имајќи во предвид дека со умисла лишил од живот повеќе лица, за делата е предвидена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор. Истрагата утврдила дека делата биле извршувани од ниски побуди. Од јануари 2025-та до февруари годинава, обвинетиот ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос доаѓа во Скопје, на средба со премиерот Мицкоски. Се очекува да го потврди напредокот во реформската агенда, но и да ја охрабри владата истото да го направи и во пристапните преговори, односно да ги спроведе уставните измени. Кос вели дека Европската унија досега никогаш нема дадено гаранции на земја-кандидат дека нема да има никаков спор во процесот на преговори. Покрај заедничката прес-конференција ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринските температури ќе се движат од 9 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 29 до 36 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за ...
Полициски службеници во текот на 6 и 7 јули на повеќе локации во државата лишиле од слобода девет лица поради поседување дрога. Во Скопје биле приведени пет лица, кај кои при преглед биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, грутчеста материја и марихуана. Во селото Леуново, гостиварско, полициски службеници привеле 27-годишен жител на тетовското село Шипковица, кај кого била пронајдена бела прашкаста материја. Во Прилеп, при ...
Жетвата почна, земјоделците загрижени. Никој, велат, не сака да го откупува родот, цената е неизвесна, а не доаѓа предвид ниту да е 10 денари. Нема ниту каде да се складира ожнеаното. Од Асоцијацијата на фармери велат-при квалитетен домашен род, се увезува пченица, земјоделците не се заштитени. Бараат разговори со надлежното министерство. При дозволен увоз и неоткупен род кој се жнее, земјоделците стравуваат за производството. Елизабета ...
На 06.07.2026 во 21:00 часот во ОВР Гостивар, 28-годишна жена од село во гостиварско пријави дека нејзиниот сопруг Ф.А. околу 18:45 часот во нивниот дом физички и со тврд предмет ги нападнал неа и нивниот 10-годишен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 06.07.2026 во 18:50 часот, во СВР Тетово 28-годишен маж од село во гостиварско пријави дека околу 06:00 часот бил физички нападнат од страна на неговата баба. Се преземаат ...
Експлозии го потресоа Дамаск за време на средбата на францускиот претседател Макрон со сирискиот претседател Ахмад ал-Шара. Сириското Министерство за внатрешни работи соопшти дека најмалку 18 лица се повредени. Експлозиите се случиле во близина на хотелот „Фор Сизонс“, каде што наводно престојува Макрон. Француските власти изјавија дека претседателот Макрон е безбеден, а средба со ал-Шара е во тек. Двајцата лидери дискутираат за регионалната ...
Полициски службеници од СВР Велес вчера околу 19 часот ја лишиле од слобода 30-годишната Т.Д. од Велес, поради сомнение дека во семејниот дом со остар предмет му нанела убодна рана на својот 37-годишен вонбрачен сопруг. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес, каде му била укажана лекарска помош, додека осомничената била приведена и задржана во полициска станица. Полицијата го пронашла и го одзела предметот со кој е извршено ...
Позитивната листа проширена со три нови антикоагуланти лекови. Директорот на ФЗО, кој е предложен и за нов министер за здравство, Сашо Клековски, вели дека ова значи помал финансиски товар и за пациентите, но и за самиот фонд. Сепак, Клековски предупреди дека и премногу се користат лекови. Известува Наташа Јанчиќ-Менковски Позитивната листа проширена со три нови антикоагуланти лекови. Директорот на ФЗО, кој е предложен и за нов министер за ...
Хамас објави дека го распушта телото што владееше со Појасот Газа речиси две децении. Групата наведува дека одлуката е донесена во интерес на палестинскиот народ и потребата да се обезбеди ново административно решение. Откако во октомври изминатата година стапи на сила прекинот на огнот меѓу Хамас и Израел, групата постојано изразуваше подготвеност да се повлече од оперативната надлежност, но чувствителното прашање за нивното разоружување ...
Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо потврди дека повеќе нема да настапува на Светските првенства, по поразот на Португалија од Шпанија со 1:0 во осминафиналето на Мундијалот. „Тажен сум што вака го завршив Светското првенство, но заминувам со чиста совест. Го дадов максимумот за мојата земја и сега ќе имам време да размислам за иднината со моето семејство“, изјави 41-годишниот Роналдо. Роналдо дебитираше на Светско првенство во ...
Во Собранието денеска ќе се одржи нова средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик. ВМРО-ДПМНЕ ги очекува ставовите на СДСМ и ДУИ за предлогот за поштенско гласање на дијаспората, а најавува дека е подготвена да прифати и една изборна единица. Меѓу спорните прашања остануваат и финансирањето на изборната кампања, како и начинот на гласање на дијаспората. Во собраниска процедура има околу ...
Иран отвори оган кон два комерцијални брода во Ормускиот теснец, вклучувајќи и катарски танкер за гас. Иранската државна телевизија објави дека танкерот ги игнорирал предупредувањата. Бродовите наводно претрпеле значителна штета од непознат проектил. Претседателот на САД, Трамп, изјави дека или ќе склучат договор со Иран или ќе ја завршат работата повторно заканувајќи се со воена акција. Се очекува преговорите меѓу Вашингтон и Техеран да ...
Шпанија ја продолжи победничката серија на Светското првенство, совладувајќи ја Португалија со 1:0 во осминафиналето. Решавачкиот гол го постигна Микел Мерино во првата минута од судиското продолжение, само неколку минути по влегувањето во игра. Во четвртфиналето Шпанија ќе се соочи со Белгија, која претходно убедливо ги елиминираше САД со 4:1. Натпреварот е закажан за 10 јули. Фото: ФИФА Шпанија ја продолжи победничката серија на Светското ...
Белгија со сигурна игра и победа од 4:1 над домаќинот САД обезбеди место во четвртфиналето на Светското првенство. Двоен стрелец беше Шарл Де Кетелере, а во листата на стрелците се запишаа и Ханс Ванакен и Ромелу Лукаку. Единствениот гол за САД го постигна Малик Тилман. Во четвртфиналето Белгија ќе се сретне со Шпанија, која во осминафиналето ја елиминира Португалија со минимални 1:0. Натпреварот е закажан за 10 јули во Лос Анџелес. Денеска ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје, сончево време со мала до умерена облачност, додека во попладневните часови, во делови од котлината, ќе има услови за ...
Вчера во 13:20 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово, соопштија од МВР. поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „тешки кражба“ во текот на минатиот месец во црквата во с. Брвеница и во две џамии во Тетово. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од МВР. Вчера во 13:20 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, ...
Во Демократска Република Конго потврдени над 1.500 случаи ебола, од кои 500 починале како резултата на вирусот, соопшти Министерството за здравство на земјата. Според податоците на Светската здравствена организација, актуелната епидемија е поврзана со реткиот сој на вирусот ебола – Бундибугио. Од СЗО велат дека ризикот од меѓународно ширење на болеста засега е оценет како низок, но нагласи дека состојбата бара постојано и внимателно следење. ...
На 05.07.2026 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А.(34) и И.Х.(39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно затоа што на 05,07,2026 околу 16.00 часот, предизвикале пожар во напуштен објект на бул. „Македонија“ во Скопје, при што еден пожарникар се здобил со повреди, а две противпожарни ...
Кинеската војска тестираше балистичка ракета со долг дострел од нејзините нуклеарни подморници во Јужниот Пацифик, предизвикувајќи протести и загриженост од земјите во регионот. Австралиската шефица на дипломатијата изјави дека биле информирани за планираното тест-лансирање и го предупредиле Пекинг за дестабилизирачки акции во регионот. Од кинеското Министерството за одбрана велат дека лансирањето било дел од рутинска годишна обука, во ...
Институциите имаат обврска да го почитуваат Законот за употреба на македонскиот јазик, а неговата доследна примена не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки. Во Собранието надзорна расправа за нефункционална и недоследна примена на законските одредби. Опозицијата со критика оти недоволно е сработено во Инспекторатот и со лекторската дејност. Андријана Ѓурческа известува. Институциите имаат обврска да го почитуваат Законот за ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47 проценти во однос на претходната одлука. Според одлуката, цената на дизелот се зголемува за 2,50 денари по литар и ќе изнесува 82,50 денари. Бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за по еден денар и ќе се продаваат по 85,50, односно 87,50 ...